Во Скопје се одржа Регионалната школа за срцева слабост, настан кој обедини врвни професори и експерти од Европа со цел размена на знаење и најнови практики во областа на кардиологијата.
После завршување на две годишната школа за срцева слабост во Лондон која е под раководсво на проф. д-р Томас Лушер, доц. д-р Тања Анѓушева дел од организаторите на школата за срцева слабост и во нашата земја член на Македонското здружение по кардиологијa заедно со претседателот проф. д-р Јорго Костов и организациониот одбор ја организираа реализацијата на школата. Регионалната школа по срцева слабост беше подржана од Асоцијацијата за срцева слабост (Heart Failure Association – HFA) и реномираните центри London Heart House и Zurich Heart House кои неколку децении наназад традиционално ја одржуваат оваа школа. Истата е акредитирана и во Европсакиот Акредитацијски совет за континуирана медицинска едукација. Клучни предавачи на школата беа еминентниот проф. д-р Томас Ф. Лушер претседател на Европскот здружение по кардиологија, проф. д-р Марко Метра претседател на Европската асоцијација за срцева слабост, проф. д-р Петар Сеферовиќ поранешен претседател на Европското здружение по кардиологија, проф. д-р Јакопо Оивиото лидер во третманот на хипертрфичната кардиомиопатија, проф. д-р Филипо Креа одогворен за едитирање на стручни списанија при Европското здружение, проф. д-р Јадранка Стојановска лидер во Магнетната дијагностика, и многу други страни и домашни предавачи.
Клиничката болница Жан Митрев имаше активно учество преку предавањето на доц. д-р Тања Анѓушева, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија, кoja e еден од директорите на Школата. Експозето на доц. д-р Анѓушева беше на тема „Справување со акутна срцева слабост“ во сесијата наменета за Акутна и напредна срцева слабост. Свое учество имаше и проф. д-р Милка Клинчева, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија на тема „Магнетната резонца на срце во дијагностика на срцевата слабост“.
Конференцијата дополнително ја збогатија и предавачи од Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Холандија, Словенија, Шведска, Норвешка, Србија и Бугарија, кои со 250 кардилози како присутни споделија искуства и најнови сознанија, отворајќи нови перспективи за третман и истражување. На школата имаше пријавено слушатели и од Холандија, Италија, Турција и Грузија.
По повод Светскиот ден на срцето – 29 септември, клиника „Жан Митрев“ со големо задоволство беше домаќин на малите истражувачи од групата „Стапалчиња“ при ЈДГ „Весели Цветови“ – Скопје.
Дваесет деца на возраст од 3 до 4 години, заедно со своите воспитувачки и директорката на установата, ја посетија нашата клиника и одблиску да се запознаа со работата на лекарите, значењето на здравото срце, хуманата мисија на медицинскиот тим, како и со возилата за „брза помош“.
Преку едукативна и забавна програма, најмладите научија основни информации за тоа како чука срцето, зошто е важно да се грижиме за него и како изгледа секојдневието на оние кои го посветиле својот живот на спасување други животи.
На овој начин, заедно ја поттикнуваме љубопитноста и свеста кај најмалите бидејќи здравите навики почнуваат од најрана возраст.
Во пресрет на 29 септември – Светски ден на срцето, а со цел подобро здравје и навремена превенција, кардиоваскуларниот пакет е со акциска цена од 4000 денари. Овој специјалистички преглед вклучува:
ЕКГ и консултација
Ехо преглед на срце
Доплер на крвни садови на врат
Доплер на периферни крвни садови
Преглед на аорта.
За да закажете, јавете се во нашиот контакт центар 02 3091 484
Тимот предводен од д-р Илина Гаџевска Томулевска, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија во нашата Клиника изврши естетска операција, подигнување на веѓи со Direct brow lift техника.
Direct Brow lift е иновативна оперативна техника која овозможува подигнување на веѓите, а со тоа овозможува да го вратиме свежиот и млад изглед. Оваа хируршка техника е сѐ поприфатена и популарна поради брзото опоравување и веднаш видливите резултати.
Со процесот на стареење доаѓа до спуштање на веѓите, насобирање на вишок на кожа што натежнува на горните очни капаци и знае да предизвика покрај естетски и функционален проблем. Потешкотиите во видот, брзиот замор се чести причини пациентите да го бараат ова решение.
Благодарност до пациентката која ни дозволи да ги споделиме фотографиите. Само неколу дена постоперативно пациентката се чувствува одлично и задоволна од резултатот.
Д-р Синоличка Џамбазова, специјалист по ортопедија, на покана од Италијанската асоцијација за хирургија на рака и Научно-истражувачкиот центар ICLO во Верона, ја презентираше својата иновативна оперативна техника, која беше наградена со прво место на светско ниво.
Ова признание претставува голем успех не само за докторка Џамбазова, туку и за современата македонска хирургија која практично се применува во клиника Жан Митрев. Благодарение на иницијативата на проф. Franco Bassetto, воспоставена е нова рамка за соработка со Италијанската асоцијација за реконструктивна хирургија, со цел продлабочување на стручната и научната соработка, размена на знаења и искуства како и заедничко учество во сложени интервенции.
Ова партнерство отвора нови можности за развој на современи хируршки практики и унапредување на здравствените услуги на меѓународно ниво.
Нашата д-р Џамбазова – синоним за инспирација, иновација и посветеност за подобро здравје!
Овие два органи се во постојана комуникација и тоа не е само субјективна сензација. Науката докажа дека постои директна врска меѓу она што се случува во нашиот дигестивен систем и нашата емоционална, когнитивна, па дури и имунолошка состојба. Во прилог ви ја објаснуваме оваа фасцинантна врска и како таа влијае на вашето целокупно здравје.
Оската црева-мозок е информациски суперавтопат
Цревата и мозокот се поврзани и остваруваат двонасочна комуникација која ги вклучува централниот нервен систем, ентеричниот нервен систем и имунолошкиот систем. Оваа врска е исто така посредувана од цревниот микробиом-збирот на микроорганизми што ги населуваат нашите црева. Затоа, емоциите како што се стресот, вознемиреноста или тагата можат да го нарушат варењето на храната, а во исто време, цревната нерамнотежа може да влијае на нашето расположение или да предизвика ментален замор.
Микробиомот е невидливиот актер што менува сè
Цревната микробиота игра клучна улога во оваа врска. Иизбалансираниот микробиом може:
Да ја подобри меморијата и концентрацијата
Да ја намали анксиозноста и депресијата
Да го подобри сонот и целокупната благосостојба
Да го зајакне имунолошкиот систем.
Од друга страна, неврамнотежениот микробиом (дисбиоза) може да се поврзе со невропсихијатриски заболувања како што се оние од аутистичниот спектар на нарушувања, Паркинсонова болест или Алцхајмерова болест, како и дигестивните нарушувања како што е синдромот на иритабилни црева.
Како да се грижите за здравјето на цревата (и воедно, за здравјето на мозокот)?
Ви препорачуваме практикување на навики кои ја подржуваат оваа здрава врска:
Исхрана богата со растителни влакна и пробиотици, како што се јогурт, кефир, кисела зелка, банани или мешунки.
Намалување на стресот преку вежбање, техники на дишење или јога.
Добар сон, бидејќи одморот ја регулира и функцијата на мозокот и дигестивниот систем.
Избегнувајте непотребни антибиотици, кои го нарушуваат микробиомот.
Доколку чувствувате постојана дигестивна непријатност, необјасниви промени во расположението или продолжен замор, не двоумете се да се консултирате со медицинско лице. Во Клиника Жан Митрев, располагаме со специјалисти за дигестивни заболувања, неврологија и ментално здравје кои ќе ви помогнат да го пронајдете потеклото на проблемот и да го подобрите квалитетот на вашиот живот.
Здравјето на цревата не само што влијае на варење на храната: тоа влијае и на вашиот ум, вашите емоции и вашата целокупна благосостојба. Не заборавајте, доколку се грижите за здравјето на вашите црева, истовремено се грижите и за вашиот мозок.
Летото остава сериозни последици врз кожата – од пресушување и појава на темни дамки, до забрзано стареење и ризик од кожни заболувања.
Д-р Анџелка Илиева, дерматовенеролог од Жан Митрев Клиника, објаснува како да се препознаат и ублажат овие состојби и кои третмани се најефективни за нега по завршувањето на летото.
Во интервјуто, д-р Илиева се осврнува и на употребата на хијалуронски филери и колаген-стимулирачки третмани, кои денес се меѓу најбараните методи за подмладување и ревитализација на кожата.
Летото е време кога настануваат најголемите проблеми со кожата кога станува збор за дехидратација и штети од сончевото зрачење. Може ли прво да ни објасните на кој начин сончевите зраци ја оштетуваат кожата?
–Фотостареењето, наречено дерматохелиоза, настанува како резултат на хронично фото оштетување на кожата, од повторувачки соларни повреди во текот на годините и преголемо и кумулативно изложување на сончева светлина. Оштетувањето при дерматохелијозата ги опфаќа сите слоеви на кожата, започнувајки од површинскиот (епидермис ), потоа дермис и васкуларниот систем во подлабокиот слој. Основниот фактор кој учествува во процесот на фотостареењето се ултравиолетовите зраци. Се смета дека до 90 отсто од симптомите на предвремено стареење на кожата се предизвикани од УВ радијација. Еден од основните процеси кој води до загуба на волумен и еластичност на кожата е загубата на колаген и еластин, како и намалување на способноста на кожата да ја задржува својата влажност, а како резултат на ова настанува нејзино пресушување, збрчкување, може да има појава на телеангиектази и хиперпигментации познати како темни дамки или старечки флеки. Додека УВА зраците предизвикуваат индиректно уништување на клеточната ДНК преку нејзин оксидативен стрес, а со тоа и предвремено фотостареење, УВБ сончевите зраци предизвикуваат директно оштетување на клетките кои, покрај изгореници, можат да предизвикаат кожен карцином, вклучувајќи и меланом.
Како може да се намалат штетите од сончевото зрачење и да се заштити кожата?
–Најдобар начин да се заштити кожата од штетното влијание на УВ зраците е нејзиното изложување на сонце да биде сведено на минимум. Нашата улога во превенција на фотостареењето е важна, но и негата со која ќе ѝ овозможиме хидратација преку нанесување соодветни креми со висок заштитен фактор (SPF) најмалку 30+ или 50+, во зависност од фототипот на кожа. Секако, потребна е и физичка заштита со носење соодветна облека, темни наочари со УВ заштита, шапка и облека во светли бои. Кога наведените мерки не се доволни, потребно е спроведување на медицински козметолошки и ласерски третмани кои ќе ги избришат последиците од фотостареењето.
Честа е појавата на пигментации на кожата за време на летниот период. Како настануваат овие промени и кои методи за заштита ги препорачувате?
Токму пигментациите се едни од последиците од изложувањето на УВ зраците. Настануваат така што пигментот меланин кој нормално се лачи од клетките наречени меланоцити и се наоѓаат во базалниот слој на кожата, под дејство на УВ зраците се стимулираат да лачат повеќе меланин. Тој вишок меланин кожата го складира во вид на пигментации. Најсоодветна заштита е редовната апликација на креми со заштитен фактор и избегнување на изложување на сонце во одредени периоди од денот кога УВ индексот е висок.
Како треба да се третира кожата по завршетокот на летото, на што треба особено да се внимава?
–По завршувањето на летниот период, на кожата, освен третмани за отстранување или намалување на пигментации, ѝ требаат и доста третмани за хидратација со цел да ја надополни изгубената влажност. Кај масните кожи потребно е длабинско чистење со цел отстранување на комедоните кои се фаза на акните и кои понатаму може да прогресираат во гнојаници со оставање последици од типот на лузни.
Кои методи и третмани се применуваат во Клиника Жан Митрев за навремена заштита и обнова на кожата?
–На одделот за дерматологија при Клиника Жан Митрев ги имаме на располагање сите модерни методи и начини на третирање на гореспоменатите проблеми. Па така, започнувајќи од базични третмани за чистење и хидратација , преку Hydrafacial, безиглени и иглени третмани за мезотерапија и биоревитализација, до ласерски третмани со најсовремени ласерски платформи од типот на Candela Nordlys за отстранување пигментации, лузни, брчки и други неправилности на кожата.
Освен во овој сегмент, како се развива Одделот за дерматологија на Клиника Жан Митрев во однос на естетската дерматологија, дермалните филери и колагенскиот третман на кожата?
–На одделот за естетска дерматологија од самиот почеток се стремиме кон тоа да воведеме нешто што е ново на овие простори, а воедно веќе докажано на светски рамки. Хијалуронски филери како такви се работат долго време, но сепак новите технологии на прочистена хијалуронска киселина до максимум ветуваат најголема безбедност за пациентот. Кога станува збор за колаген стимулирачките третмани ова е веќе навистина големо откритие – да се пополнува кожата без притоа да има изглед на отечено и наполнето лице.
За кои регии се применуваат филерите а каде колагенската инјекција?
–Хијалуронските филери се сѐ уште водечки препарат за пополнување на несовршености и брчки на лицето, додека колаген стимулаторите се користат буквално на цело тело, секаде каде што има опуштање на кожата и потреба од безоперативно затегнување, односно освен за лице – и за врат, дланки, надлактици, натколеници, абдомен.
Како делуваат филерите на подмладувањето на кожата, а како колагенската инјекција?
–Хијалуронските филери се тие кои најуспешно го надополнуваат загубениот волумен и во истиот момент „ги бришат“ брчките, додека колаген-стимулирачките препарати ја стимулираат кожата да создава нов колаген и на тој начин буквално се подмладува и измазнува. Ефектот кај филерите пак, настапува веднаш и трае до една година, додека кај сите препарати за стимулација на колаген настапува најрано за 3-4 недели, период за кој е потребно да започне создавањето на новиот колаген, а со тоа и подмладувањето на кожата да стане видливо.
Употребата на филери станува сѐ попопуларно и се применува и надвор од здравствени инстанци. Што е важно да се знае пред аплицирање филери, кога, каде, како, колку?
–Ова прашање е најсензитивната тема за сите нас лекари специјалисти кои работиме во оваа област. Употребата на филери кои преставуваат дермални импланти регистрирани како класа медицински помагала во Агенцијата за лекови апсолутно не смее да биде надвор од медицински установи. Ова помагало може сериозно да загрози живот на пациентот, не само поради можноста од бурни алергиски реакции туку и компликации како длабоки инфекции, апсцеси и некроза на кожата поради апликација во несоодветни и нестерилни услови. Затоа додека не започне примената на законите и мерки на терен, апелираме пациентите да внимаваат каде и кому ќе го доверат своето здравје, бидејќи за жал желбата за разубавување не смее никогаш да прерасне во сериозна медицинска компликација со трајни последици.
Викендов Штип беше центарот на најголемото музичко случување во Македонија – спектакуларниот концерт на балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин. Настанот собра над стотина илјади посетители кои уживаа во незаборавна вечер исполнета со емоции, светска продукција и извонредна атмосфера.
Како дел од својата мисија за поддршка на културни и општествени настани кои носат радост и заедништво, Клиника Жан Митрев со гордост застана зад овој голем музички спектакл.
Со ваквите иницијативи, клиниката уште еднаш ја покажува својата посветеност не само кон здравјето на луѓето, туку и кон поддршката на настани кои ја збогатуваат нашата заедница.
Нашата мисија отсекогаш е поврзана со грижата за луѓето. Поддршката на настани кои обединуваат, инспирираат и носат радост во заедницата е дел од таа мисија.