Едукативна посета на истанбулската болница Медипол

Настани

март 03,2022


Надградување на искуства и знаење

Минатиот месец, уролошкиот тим од Клиничката болница Жан Митрев во состав д-р Горан Јовиќ, сепецијализантот д-р Виктор Грујевски и сестра Александра Ристовска-Тунев беа во едукативна посета на болницата Медипол во Истанбул. Целта на посетата беше да се учествува во изведбата на неколку литотрипсии-операции на кршење на камен во бубрег со ласерскиот апарат Јета. За време на операциите на кои присуствуваше нашиот тим, беа извршени кршења на камен во бубрег и уретра при што беа споделени конкретни искуства и насоки за начионт на изведување на овие зафати. Истовремено беше разработена и примената на техниките за отстранување на тумори на бешика и простата.
По оваа едукативна постатапка нашиот тим е подготвен да ги изведува овие операции со ласерскиот апарат Јета кој го поседуваме во нашата болница.

Дали некогаш сте слушнале за литотрипсија?

Ви звучи сложено и непознато? Всушност станува збор за процедура за разбивање на камења (калкули) во урогениталните зони со помош на ласерски уред.
Проблемот на постоење на наслаги најчесто од калциум, кои создаваат камени формации со различна големина е чест и може да биде многу нелагоден и болен. Најчесто, освен со силни болки во долниот дел од стомакот, може да се манифестира со присуство на крв, па и ситни парченца во урината. Овие камчиња може да предизвикаат и инфекции кои можат да додведат до различни проблеми со уринарниот тракт.

Присуството на камења се дијагностицира со помош на ехо на уретрата, мочниот меур или бубрзите, по што лекарот ќе препорача следни чекори за решавање на овој проблем.
Ние во Клиничката болница Жан Митрев за разбивање на камења во урогениталниот тракт користиме ласер кој е ефикасен за третман на сите различни видови и хемиски состави на камења и претставува оптимално решение дури и за оние камења кои се особено тешко достапни. А самиот зафат се изведува во болнички услови од страна на соодветно обучен уролог.

Овој пристап е одлична алтернатива за традиционалната литотрипсија бидејќи вклучува помал ризик од компликации и повисок степен на ефикасност и безбедност, без оглед на типот на камењата што треба да се третираат. Во споредба со другите хируршки процедури, ја има непобитната предност за минимизирање на крварењето и движењето на камењата (ретропулзија) за време на операцијата.

Предности за пациентите има многу, а дел од нив се:

  • Минимално инвазивна метода
  • Веднаш се решаваат симптомите
  • Многу кратко време на опоравување и враќање на секојдневните активности
  • Минимални нусефекти