00389 2 3091 484
јуни 3, 2022
Д-р Анџелка Илиева дел од нашиот тим дерматолози при одделот за естетска дерматологија во нашата клиника, учествуваше на тридневниот конгрес наречен „Наука за естетиката“ во организација на Здружението за интердисциплинарна естетска и анти-ejџ медицина на Србија (СЕСИАМ). Бел Експо Центарот во Белград беше собиралиште на најеминентните експерти од целиот свет, а конгресот беше признат и акредитиран од Националниот здравствен совет и поддржан од тамошното Министерството за здравство.
Со оглед на тоа дека медицината е „жива наука“, при што секојдневно се прават нови истражувања и тестирања со цел да се подобрат постоечките технологии, методи, третмани и процедури, состаноците на експерти се идеална платформа за размена на нови знаења, искуства, вештини, па така, на конгресот во Белград имаше повеќе од 30 локални и регионални предавачи, како и од Америка, Велика Британија, Израел и Романија, потоа 500 учесници, како и над 40 излагачи, меѓу кои и д-р Илиева.
Секако најголемо внимание привлече д-р Себастијан Котофан од Клиниката Мејо кој беше и главен модератор на овој настан.
Ова е прв конгрес од овој тип во регионот каде што сите посетители и учесници можеа да ги слушнат сите најважни информации и иновации поврзани со хиалуронски филери, мезотерапија, мезоконци, ПРП, хемиски пилинг, нега на кожата, биоревитализација и ласери.