Клиника Жан Митрев додели 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за новородечињата од Општина Центар

Настани

ноември 29, 2023

Клиниката Жан Митрев додели уште 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи на новороденчиња од Општина Центар. Ова е веќе третпат годинава како се доделуваат ваучери за бесплатни прегледи за семејствата од оваа општина кои годинава добиле дете и досега се поделени вкупно 300 ваучери.

Доделувањето на ваучерите е согласно меморандумот за соработка што клиниката го има потпишано со Општина Центар и е традиционална активност која се одвива веќе пет години по ред. Со ваквата грижа Клиника Жан Митрев придонесува за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.
Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето. Педијатрите на Клиника Жан Митрев ги очекуваат родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484.