Новини и трендови во кардиоваскуларната медицина

 

Во рамки на одбележување на 18 години од започнувањето на работата на Специјализирана Болница по Хируршки Болести „ЖАН МИТРЕВ“ од Скопје, во аудиториумот на болницата на 2 март 2018 се одржа 7-миот собир на Здружението за кардиоваскуларна хирургија и работилница на тема „Новини и трендови во кардиоваскуларната медицина“.

Голема чест ми е да одржиме еден ваков собир од повисок ранг со професорите со кои јас работев на почетокот на мојата кардиохируршка кариера, истакна во поздравниот говор Академик д-р Жан Митрев потсетувајќи дека и тој прославува личен јубилеј – 30 години од почнувањето на својата хируршка дејност. Тој нагласи дека се работи за луѓе кои имаат огромно искуство и ги знаат почетоците на кардиохирургијата, ги следат сите новини, активно учествуваат на многу светски конгреси и се најголеми авторитети во светски рамки.

Се надевам дека ќе имате можност да чуете некои работи кои се непознати, но и за сегашноста на кардиохирургијата и кои се идните развојни правци, рече д-р Митрев поканувајќи ги гостите предавачи да ги заземат своите официјални места.

Во рамки на семинарот со свои излагања учествуваа: проф. д-р Марко Турина со „Кардиохирургијата вчера, денес и утре“, проф. д-р Антон Мориц со „Рос процедура“, проф. д-р Теодор Фишлајн со „Suturless аортна валвула“, проф. д-р Џорџ Сарис со „Double Outlet Right Ventricle: комплексна лезија…“, проф. д-р Бојан Биочина со „Левокоморна потпора“, проф. д-р Сотирис Прапас со „Неаортна бајпас хирургија-долговременски резултати“ и Академик Жан Митрев со „Реконструктивна хирургија на аортен корен“.

Излагањата можете да ги погледнете на нашиот Youtube канал.

 

ZMC – 18 години растеме со Вас

Под мотото „18 години растеме со Вас“ Специјализирана Болница по Хируршки Болести „ЖАН МИТРЕВ“ од Скопје на 1 март 2018 во Музејот на Македонската борба ја одбележа 18-годишнината од започнувањето на работата.

Во преполната сала на Музејот беа присутни видни претставници на дипломатскиот кор, политичкиот и општествениот живот, како и доктори од земјава и странство.

Академик д-р Жан Митрев во поздравниот говор истакна дека е горд што, наспроти сите проблеми, потешкотии и недостатокот од поддршка и разбирање од државата, неговиот медицински тим успеал да ги оствари највисоките медицински стандарди во Македонија, кои се крунисани со добивањето на лиценца за работа според американскиот JCI стандард.

„Жан Митрев Клиника“ ја прославува својата „матура“ со 300-тини вработени, кои работат во ултра модерна болница од светски ранг, каде биле лекувани над 1.500.000 пациенти и се извршени повеќе од 30.000 операции на пациенти од цела Европа.

Уметничко-забавниот дел од свеченоста беше колаж од балетски настап, хорска музика, проекција на документарен филм и настап на гитаристот Влатко Стефановски и Петар Ренџов со „Тумбао салса бенд“, а гостите можеа да уживаат во специјалитетите на ресторанот „Пулс“ – здравата и квалитетно подготвена храна и врвните вина и пијалоци.

Едукативни предавања посветени на инструментарките во „Жан Митрев Клиника“

Светскиот ден на инструментарките како важен дел од медицинскиот кадар во една медицинска установа се одбележува и во „Жан Митрев Клиника“. Под мотото „Со континуирана едукација безбедно чекориме напред“ во текот на неделава се одржаа голем број интерни едукативни предавања.

Според светските статистики медицинските сестри ја сочинуваат половината од вкупниот број на вработени во системот на здравствената заштита, а според податоците на СЗО тие пружаат 69% од услугите. Тука секако влегуваат и инструментарките како неопходен дел од системот а кои се грижат за стерилноста на хируршките инструменти за време на операција.

 

Оглас за вработување

ПЗУ Жан Митрев има потреба од:

Доктор на медицина

Потребни квалификации:

Завршен медицински факултет
Без работно искуство,
Познавање на англиски јазик,
Работно користење на компјутер – MS office.

Личен профил:

Професионален и позитивен однос,
Љубезност, учтивост и хуманост,
Способност за самостојна и тимска работа.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве молиме испратете го Вашето CV на следната е-маил адреса: info@zmc.mk. Ве молиме во предметот на пораката задолжително наведете ја работната позиција „Доктор на медицина“ за која аплицирате.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Огласот e објавен на 07.02.2018 година и ќе трае до 15.02.2018 година.

 

Оглас за вработување

ПЗУ ЖАН МИТРЕВ има потреба од лекари специјалисти и тоа:

Специјалист по интерна медицина
Специјалист по кардиологија
Специјалист по анестезија и интензивно лекување
Специјалист по микробиологија

Потребни квалификации:

Завршен медицински факултет и специјализација од соодветната област,
Со работно искуство,
Познавање на англиски јазик,
Работно користење на компјутер – MS office.

Личен профил:

Професионален и позитивен однос,
Љубезност, учтивост и хуманост,
Способност за самостојна и тимска работа.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве молиме испратете го Вашето CV на следната е-маил адреса: info@zmc.mk. Ве молиме во предметот на пораката задолжително наведете ја работната позиција „Специјалист по (соодветната област)“ за која аплицирате.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Огласот e објавен на 07.02.2018 година и ќе трае до 15.02.2018 година.

 

Визија претворена во реалност – потврдено со академско признание

 

Д-р Жан Митрев се стекна со уште една академска титула, а благодарение на неговата визија за развој на современата медицина, која виртуозно, со години ја претвора во реалност. Денес, тој беше избран за почесен член на Европската академија за наука, уметност и книжевност, а во таа чест беше организирана и Конференцијата „Иднината на медицината и трансформацијата на општеството во Европа“, во Аудиториумот во Жан Митрев Клиник.

Претседателот на Европската Академија, Жан Патрик-Конрад, во присуство на претставници од академските кругови од земјата и странство, од дипломатијата, образованието, науката и медицината, соработници, му честиташе на д-р Митрев за неговиот придонес во науката и медицината, а како потврда на тоа е всушност и неговиот избор за почесен член на Европската академија за наука, уметност и книжевност.

Придонесот на д-р Митрев во областа на медицината и науката и признанијата кои ги стекнувал низ годините наназад, тој го претстави во неговото излагање каде низ фотографии, видео и факти зборуваше за средношколските денови, периодот кога работел како млад доктор во Загреб, Франкфурт, за па потоа да се наврати на неговата одлука за враќањето во Македонија, потоа отворањето на првата приватна болница, па се до денес, кога веќе 2 години функционира ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК како еден современ медицински центар, низ кој поминале околу 1.500.000 пациенти во изминатите 17 години. Современ медицински центар, пример во регионот каде се прават бројни специфични операции и интервенции, каде се поставуваат нови стандарди преку континуирани новитети. Неговата приказна тој ја нарече Донкихотска, затоа што низ овој развој наидувал и на препреки, но кои не го поколебале да продолжи со остварување на неговата визија. Пораката која ја упати д-р Митрев треба да биде мотивација за младите кои треба да ја следат својата визија, да бидат истрајни во тоа, и со дела да го докажуваат тоа што го замислиле, а при тоа да знаат дека сето тоа е остварливо во својата земја.

Потоа следуваше обраќање и на Жан – Патрик Конрад, претседателот на Европската академија на наука, уметност и книжевност, кој е годинешниот добитник на наградата за хуманизам која веќе 10 години ја доделува Охридската академија за хуманизам. Во таа насока и беше неговото обраќање каде придонесот на медицината во европската и светската медицина го претстави низ призмата на хуманизмот.

На конференцијата зборуваше и Фредерек Фапани фон Лотринген од Фондација Ротшилд, Париз за предизвиците на медицината меѓу сегашноста и иднината.

На крај се обрати и госпоѓа Одре Готие од Интернационална организација за социјална интеграција од Париз која се фокусираше на општествената интеграција и медицинската практика во Европа.

Академско обраќање имаше и Амбасадорот Јордан Плевнеш, генерален секретар на Academia Balkanica Europeana кој го истакна значењето за изборот на д-р Митрев за почесен член на Европската академија, како потврда за исклучителниот и огромен придонес на д-р Митрев за светската медицина и наука.

Хируршката корекција на деформитет на градниот кош – козметика или непоходна процедура за долгогодишен здрав живот?

 

Пектус инфундибилиформе- екскаватум (вдлабнат граден кош) е најчест вроден деформитет на градниот кош

При вдлабнатиот граден кош најчесто неколку ребра од градната коска растат абнормално, правејќи конкавитет(вдлабнување) на предниот ѕид од градниот кош и стернумот.

При деталното испитување и проценката за степенот на пектус деформитетот се прави нативна компјутерска снимка- која служи да го објективизира компресивниот ефект врз белите дробови, потоа спирометрија- со која пак се проценува функционалното нарушување на белодробието. Ехокардиографското испитување е значајно за да се процени компресивниот ефект врз десната комора и десната преткомора на вдлабнатиот преден дел на стернумот. Воедно со ехокардиографскиот преглед треба да се исклучи евентуално постоење на миксоматозни промени на самите залистоци на митралната валвула и евентуално нарушена функција на истата. Од ова е и евидентно дека хируршката корекција на овој деформитет не е само козметичка туку и превентивна процедура за трајни и тешки последици на белодробната и срцевата функција кај детето во развој.

Постојат неколку хируршки техники за корекција на градниот кош, меѓу кои и минимално инвазивната процедура на Dolnad Nuss, кој од 1987 година наоѓа се поголема примена во секојдневната пракса.

При оваа процедура со помош на метални шипки кои се нарекуваат бар-ови се влегува од едната до другата страна на градниот кош на висина на деформитетот и со свртување на шипката се поткрева градниот кош и се коригира.

Пектус бар-шипки

Шематски приказ на поставање на шипките и подигање на вдлабнатиот дел од градниот кош

 

После корекцијата на градниот кош бар шипките како остеосинтетски материјал се носат 2 години и потоа се вадат. Корекцијата е трајна. Во тек на првите 2-3 месеци следи поштеда од физичка активност и носење на товар, а потоа детето се враќа во сосема нормален живот.

Во Жан Митрев Клиник до сега се коригирани 20 вакви случаи на пациенти на возраст од 9 до 32 години. Пациентите се од земјава и пошироко од регионот (Хрватска, Косово и еден пациент од Велика Британија).

Најекстремен беше пациентот Х. Б на возраст од 25 години, кој веќе претходно имал 2 интервенции за корекција на градниот кош во друга установа.

КТ приказ – изразенкомпресивен ефект на вдлабнатиот граден кош на ткивото од белодробието и на десносрцевите шуплини

Предоперативно и постоперативно

Комплетна корекција на деформитетот

Берат Хакифи (25), пред да дојде во Жан Митрев Клиник, имал две неуспешни интервенции на градниот кош. Неговиот проблем со т.н. кокошкини гради (Pextus excavatum) му создавале проблеми по здравјето, а физичкиот изглед бил дополнителна причина за да бара решение за истиот…

“ Глад за воздух, проблеми при спиењето, како и физичкиот деформитет на градниот кош беа силни показатели за здравствениот проблем. Тргнав низ болничките лавиринти за да најдам решение за истиот, но тоа беше неуспешно, се до сега… Два пати претходно имав неуспешни операции во државните клиники, по што побарав друго решение. Од ФЗОМ ме насочија кон две приватни клиники, меѓу кои и Жан Митрев Клиник“, раскажуваше Берат. Одлуката да се прави интервенцијата овде „паднала“ по убавиот прием, професионален однос кој го добил при првиот преглед. „По деталните објаснувања и уверувања дека овде ќе биде успешна интервенцијата, се одлучив“.

На 07.12.2017 кај пациентот се направи хируршката корекција и се поставија 2 пектус бар шипки, со адекватен корективен ефект на белите дробови.

„Сега сум добро и среќен што се добро помина. Презадоволен сум од севкупната услуга и среќен што имав трета среќа“, дополни тој.

Дедо Мраз и кај нас

 

Последните денови од година се резервирани и за најмалите… Над 200 деца на вработените од Жан Митрев Клиник добија пакетчиња од Дедо Мраз, а тој ги слушаше нивните желби за Новата Година… Таблет, ховерборд, телефон, плејстешн, велосипед, часовник, копачки, ранче беа желбите на поголемите деца, а помалите пак, со поскромни желби за пакетче, сликовница, боенка…

А после тоа, следуваше и фотографирање со Дедо Мраз и меѓусебно дружење, вистинска предновогодишната атмосфера во болницата.

 

Нека сите желби им се реализираат, а насмевките и радостите да им бидат секојдневие!

Среќна Нова Година!