Средената регулатива е суштинска за функционирањето на една медицинска установа

На оваа конференција, покрај тренд темата – управување со правните ризици, внимание се посвети ѝ на останатите теми како што се: правните технологии кои веќе започнаа и да нè заменуваат во работата, правниот дизајн бидејќи дизајнот е присутен и во правото преку дизајнирање на процесите, човечкиот капитал, особено со младите школувани правнци и како тие да влезат во правните процеси.

Пред учесниците на најголемиот правен настан во регионот, на вториот ден од Меѓународната Конференција за управување со правни ризици: правни трендови, во организација на „Академик“, свое излагање имаше најпознатиот македонски кардиохирург, академик д-р Жан Митрев.

Во својата презентација, д-р Митрев акцентот го стави на начинот на кој се справуваше со предизвиците и со правните ризици при основањето на Специјалната болница по кардиохируршки болести  „Филип Втори“, реномирана институција од здравството во нашата држава на која што тој е основач, сопственик и менаџер. ­

-Бев истраен во својата намера да ја остварам мојата најголема желба да создадам институција по сите светски стандарди која ќе нуди беспрекорни услуги на пациентите, иако бев свесен дека ќе се судрам со различни фактори кои ќе се обидат да ја спречат мојата замисла, рече д-р Митрев во неговиот говор пред многубројната публика.

Дел од тие фактори, како што посочи во периодот кога се обидувал да ја постави на нозе во Македонија, биле неефикасниот правен систем, наследените закони од поранешна Југославија и несредената правна регулатива.

-Средената регулатива е суштинска за функционирање на една медицинска установа, додека пак правните ризици, како и сите други, особено во околности каде што нема  доизграден правен систем, каде што влегувате први во еден простор кој е многу нестабилен, во кој нема дефинирани правци, се како да влезете во џунгла и едноставно не знаете од која страна што ве чека. Правната регулатива внатре во самата болница претставува столб кој дава сигурност и кој е основа за функционирањето на реномираната здравствена институција. Ова за мене е големо искуство, на ваков собир да се измешаат специјалностите е вистински успех. Размента на искуствата кои се случуваат на оваа Конференција се од огромно значење за сите нас. Значи мојот впечаток е повеќе од позитивен, а немам зборови за организацијата. Голема благодарност до целиот тим на Академик“, истакна д-р Жан Митрев.

Во Струга се одржа 6-тиот конгрес на Сојузот на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија

Во периодот од 06-09 октомври 2016 година во Хотел Инекс Дрим во Струга се одржа 6-тиот конгрес  на медицински лаборанти, а воедно  и 44- ти Меѓународни Октомвриски средби, стручен собир на медицински лаборанти. Специјалната болница Филип втори зеде активно учество, претставник од биохемиска лабораторија беше лаборантот  Максимовска Билјана.

Конгресот понуди богата и разновидна програма, поделена помеѓу поканети предавачи, како и паралелени усни и постер сесии, како и технички демонстрации и презентации  на најновите вести и новини од лабораториската медицина.

Пријателства кои траат

Доказ дека болницата може да биде едновремено и место на кое се грижиме за нашето здравје и место на кое стекнуваме пријателства е пријателството кое трае веќе 4 години помеѓу тимот на нашата болница и Ф.М. младо момче кое за првпат го запознавме во 2013 година.

Тој дојде заради комплексна операција на срце и откако поминавме еден интензивен месец заедно Ф. стана неразделен ден од нашето секојдневие. Денес Ф. е здраво, весело и младо момче кое живее со своите родители, братот и помалата сестра во куќа која не соодветствува на минималните стандарди за добри животни и хигиенски услови.

Започнувајќи од 2013 година па се до денес тимот на Филип Втори го поддржува ова петточлено семејство преку донирање на покуќнина, облека и храна. Така и овојпат, јадењето кое Академик д-р Жан Митрев го подготви во прилогот “Ручек со д-р Митрев”, како и храната која ја подготвија вредните готвачи од ресторанот “ПУЛС” кој се наоѓа во склоп на болницата им беа подарени на Ф. и неговото семејство.

Малите работи знаат да донесат големи насмевки на лицата за пријателствата кои траат…

Благодарам што ми го направивте тој ден незаборавен

Моето „несекојдневно“ искуство во Специјалната болница од нашиот град

На 29.09.2016 е мојот роденден, додека се подготвував во утринските часови и ги планирав и распоредував моите дневни обврски, добив повик од специјалната болница „Филип Втори“ (ја имам посетено болницата уште додека се наоѓаше во склоп на просториите на ГОБ „8ми Септември“). Случајно или не мојот роденден е на ист ден со светскиот ден на срцето, па си помислив дека причината е таа!? Ми го честитаа роденденот и ми дадоа инструкции како да дојдам во нивната болница. Се до овој момент мислев дека некој се шегува со мене, но кога ми кажаа дека мојата девојка во соработка со тимот на д-р Митрев ја  го организирала мојата посета и дека  ова е мојот роденденски подарок, сфатив дека ќе го добијам најдобриот подарок досега.

Се упатив кон болницата. Додека поминував покрај новиот објект на болницата, убеден сум дека не само јас туку секој оној кој ќе помине и ќе ја погледне таа грандиозна градба, ќе почувствува нешто што тешко се опишува. Јас тоа го викам гордост! Дозволете да објаснам. Имаме болница од светски калибар во нашиот главен град, болница во која се прават исти кардиохируршки интервенции како и во реномираните светски центри, болница во која се имаат спасено многу животи, болница која е последната надеж за тешко болните.

Кога пристигнав и влегов внатре го немав тоа чувство на болница, на мирисот на дезинфициенси, ја немаше онаа слика на редици пациенти и хаос од бели мантили, слика која е непријата за многумина. Напротив се чувствувате како во хотел, навистина! Пристигнав на вториот кат, каде направив како што ми беа дадени инструкциите. Се запознав со медицинскиот директор д-р Анѓушева, која што ми го честиташе роденденот и додека ги впијам импресиите пред мене се отвори вратата од оперативниот блок.

 Ме спроведе тимот на Филип Втори, ми беше покажано сѐ, од самиот прием на пациентот во оперативниот блок до неговото излегување. Толку топло бев пречекан што не забележував како се движиме низ оперативниот блок, за на крај да влезам и да го видам д-р Митрев во неговата работна средина. Тоа чувство не се опишува. Не се опишува како е да се види човечкото срце, да се види „моторот“ што нѐ движи сите нас. Додека го гледав д-р Митрев како работи, неговата смиреност и опуштеност и да не заборавам неговата духовитост и искреност, не забележав дека поминаа 2 часа и дека д-р Митрев ги врзуваше последните шавови. Би го опишал тоа со еден збор,  уметност. Операцијата заврши, се поздравив со персоналот кои беа толку топли, гостопримливи и професионални.

Сега разбирам! Голема благодарност до сите вас! Благодарам што ми го направивте тој ден незаборавен. ВИ БЛАГОДАРАМ!

Масовна поддршка на жените кои се борат со ракот на дојка

Во рамки на манифестацијата повеќе од 1.000 граѓани од различни градови во републиката, во сабота на први октомври со симболична прошетка и хуманитарна трка (во должина од еден километар која немаше натпреварувачки карактер) им дадоа поддршка на болните од рак на дојка и на нивните семејства.

На манифестацијата веќе осма година по ред ја исцртува розовата панделка сопругата на македонскиот претседател Маја Иванова која истакна дека ја радува тоа што розовата прошетка прерасна во традиција.
– Секоја година ја прифаќам поканата на најгласниот и најпосветениот борец против ракот на дојка, здружението „Борка – за секој нов ден“, и сесрдно ја давам мојата поддршка на една од најпрепознатливите манифестации „Напред розово“, рече Иванова.

Под мотото ,,Превенцијата е важна а прегледите спасуваат животи“  специјалната болница Филип втори додели 10 ваучери за бесплатен ехо-преглед на дојки на учесници во трката кои беа извлечени на лотарија на која учествуваа сите кои со симболични средства од котизација ја помогнаа манифестацијата. Котизацијата за учество на прошетката и хуманитарната трка изнесуваше 350 денари со вклучена маичка со логото на манифестацијата, а сите собрани средства ќе бидат наменети за реализација на планираните активности на Здружението „Борка“.

Хуманата пораката од организаторот во оваа прилика беше дека е неопходно  да се прават редовни самопрегледи и внимателно да ги слушаат и применуваат препораките на лекарите за превенција.

Дајте му сила на вашиот живот!

Проценките покажуваат дека најмалку 80% од сите срцеви болести, срцев удар и дијабетес тип 2 може да се спречат, со РЕДОВНА ПОСЕТА НА ВАШИОТ ЛЕКАР, кој ќе ви даде совет како да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести, и како да го подобрите здравјето!

Затоа, со оваа кампања целта е ДА СЕ ПОДИГНЕ СВЕСТА КАЈ ГРАЃАНИТЕ ЗА ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО!

Школа за магнетна резонанса на срце

Во период од 01.03.09. 2016година во Загреб, Хрватска,  се одржа школа за магнетна резонанса на срце  во организација на Европското Здружение за Магнетна Резонанса во Медицина и Биологија во склоп на  Европско Здружение за Радиологија.

Школата беше олична комбинација на предавања и интерактивни работилници во мали групи на учесници од страна на  предавачи, експерти од областа на радиологијата од различни европски земји.

Учесниците имаа можност да се запознаат со предностите на магнетната резонанса како одлична имиџинг метода која прецизно ги прикажува срцевата морфологија и функционалност.

Др. Лидија Вељановска Кириџиевска, радиолог, активно учествуваше на курсот како претставник од Македонија и дел од тимот на Др. Жан Митрев.

Теми кои беа обработени на курсот :

Базични принципи на магнетна резонанса на срце

Компјутеризирана томографија на срце

МР карактеристики кај: Фиброза, Амилоидоза, Кардиомиопатија, Срцева слабост, Вродени срцеви заболувања, Валвуларни заболувања

Исхемични срцеви заболувања: Инфаркт, Вијабилитет, Перфузија, Стрес, Туморски промени на срце, заболувања на перикарда

Директор на курсот :

Jens Bremerich, Basel/CH

Локален организатор:

Maja Hrabak Paar, Zagreb/HR

Место на одржување : Клинички болнички центар , Загреб,  Хрватска

Предавачи:

F. Santini,Phd, MRSE, –  J. Bremerich Peter T. Buser, MD, Phd, University hospital Basle , Basle Switzerland
Marcus Carlsson, MD, PhD, Assoc Prof, Lund University, Sweden
Prof.Dr.med Matthias Gutberlet, Cardiovascular Center , University of Leipzig
Luigi Natale MD, Chatolic Universitu of Rome, Italy
Peter Hunold University hospital Schleswig-Holstein, Lubeck, Germany,

A.Jacquier, MD,PhD, Center for magnetic resonance in medicine and biology, Marseille , France

– A.Redheuil MD, PhD University of Sorbone

– Maja Hrabak Paar, University Hospital Center Zagreb , Croatia

По  завршувањето на школата секој учесник доби тест по чие завршување беа доделени и сертификати за присуство.

Научен клуб

На 07.09.2016 година продолжи со работа интерниот научен клуб во рамките на специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” чија цел е информирање и едуцирање на персоналот за новитетите во медицината.

На првиот состанок од новиот циклус на собири на научниот клуб се одржаа неколку предавања од областа на физиотерапијата по повод светскиот ден на  физиотерапевти 08.09.2016 година.