Basic Life Support – работилници за реанимација – пракса во секојдневието на Филип Втори каде секоја

Basic Life Support – работилници за реанимација – пракса во секојдневието на Филип Втори каде секоја секунда се брои

Филип Втори неуморно се залага за обезбедување на најдобриот квалитет на услуги кои ги пружа на оние кои своето здравје го доверуваат токму на нас. Од тие причини вработените секојдневно поминуваат најразновидни обуки. Работилниците за кардиопулмонална реанимација се нераздвоив дел од континуираната едукација во Филип Втори и се изведуваат два пати во текот на годината под водство на анестезиолог и медицинска сестра. Овие работилници се спроведуваат според препораките од Европскиот совет за ресусцитација за Advanced Life Support. Целта е секој вработен кој е вклучен во работа со пациенти да се стекне со неопходното знаење за Basic Life Support и Advanced Life Support, да знае навремено да препознае критичен болен и да ги превземе соодветните мерки, според европските препораки. На овој начин успеваме секундите да ги ставиме во полза на оној на кој му се најпотребни.

Филип Втори дел од мултицентричната интерационална студија IC-GLOSSARI

Филип Втори дел од мултицентричната интерационална студија IC-GLOSSARI

Филип Втори и одделот за интензивна нега влегоа во мултицентричната интернационална студија за тешки акутни респираторни инфекции во одделите за интензивна нега. Оваа студија под името Intensive Care Global Study on Severe Acute Respiratory Infection (IC-GLOSSARI) се спроведува од страна на Европското здружение за интензивна нега (ESCIM). На овој начин продолжува нашето континуирано залагање да придонесеме кон новите сознанија во функција на подобрување на квалитетот на здравјето.

Филип Втори влезе во Статистичкиот регистар на Европската асоцијација за кардио-торакална хирургија

Филип Втори влезе во Статистичкиот регистар на Европската асоцијација за кардио-торакална хирургија (EACTS)

Од оваа година СБХБ Филип Втори официјално влезе во Статистичкиот регистар на Европската асоцијација за кардио-торакална хирургија (The European Association for Cardio-Thoracic Surgery (EACTS) database). Целта на оваа интернационална датабаза е формирање на Европски регистер на податоци од областа на кардиохирургијата, проценка на степенот на развој на истата и компарација на добиените резултати по кардиохируршки центри и земјите на Европа. Ова претставува голема чест но и реална потврда за квалитетот на работата на кардиохируршкиот тим при СБХБ Филип Втори.

15 – ти Европски Конгрес за Екстракорпорална Циркулација и Технологија

15 – ти Европски Конгрес за Екстракорпорална Циркулација и Технологија

Во периодот од 12 – 15.06.2013 година, се одржа 15-от Европски Конгрес за Екстракорпорална Циркулација и Технологија во Толедо, Шпанија, на кој беа присутни елитни имиња од областа на кардиоперфузијата, анестезијата и кардиохирургијата.

СБХ “Филип Втори” за прв пат беше застапена со орална презентација на тема “Операција на акутна аортна дисекција тип А со умерена хипотермија и антеградна церебрална перфузија преку десна субклавикуларна артерија”. Носител на темата беше кардиоперфузионистот Александра Темелковска.

Хронична пострауматски мекоткивна болка и оток во предел на скочниот зглоб

Хронична пострауматски мекоткивна болка и оток во предел на скочниот зглоб:Артроскопски наод и хируршки резултат

Пациентка на 36 годишна возраст се јавува на преглед поради болка,оток и ограничена подвижност на скочниот зглоб. Пациентката оперирана пред 2 години поради скршеница на скочниот зглоб задобиена при пад од мотор. По направените клинички и ртг иследувања се констатира предно надворешен импиџмент или појава на т.менискоидна лезија во предел на предно надворешен компартмент на скочниот зглоб.

Слика – РТГ профил

Направена артроскопија на скочен зглоб констатирани задебелување и пролиферација на синовијално ткиво, и задебелен дистален сноп од долен тибиофибуларен лигамент кое беа третирани со дебридман,синовектомија и адхезиолиза.

Слика 2,3–дебридман Слика 4 -после дебридман (чистење ) на зглобот

Постоперативно резултатите евалуирани со AAFS- скоринг системот (America foot and ankle score) od 66 бода достигнаа 92 бода ,следуваше брза физикална терапија, со сукцесивно подобрување на движењата (исправање и виткање ) и силата на скочниот зглоб.На 1 месец од операција пациентката без оток и болка во предел на афектираниот скочен зглоб при секојдневни активности.

Слика 4- 1 недела од операција

На 1 месец од операција пациентката без оток и болка во предел на афектираниот скочен зглоб при секојдневни активности .

Обука за нов дата менаџмент софтвер “Sorin-Connect” за машините за вонтелесна циркулација

Обука за нов дата менаџмент софтвер “Sorin-Connect” за машините за вонтелесна циркулација

Во период од 27.05.2013 до 29.05.2013 под покровителство на Sorin(Stockert) групацијата во Минхен Германија се одржа тренинг обука за користење на најновaта генерација на дата менаџмент софтвер ‘’Sorin Connect” за автоматско собирање и обработка на медицински податоци од машините за вонтелесна циркулација “ Sorin-S5”, “Sorin C5”, “Sorin S3” и” Sorin SC”. Како преставник од “Филип Втори” учествуваше перфузионист Игор Кајевски кој се здоби со сертификат од Sorin групацијата со валидност во следните три години.

“Моето срце во сите бои”

“Моето срце во сите бои”

Од 9. до 14. јуни оваа година, во комплексот “Солферино” во Струга, заедно со Црвениот крст на град Скопје, по четврти пат се одржа летниот камп “Моето срце во сите бои” под мотот “Дружбата и смеата во боите на виножитото”. И оваа година, децата со вродени срцеви маани заедно со нивните родители имаа прекрасна прилика да се дружат, и низ организирани работилници и игри да се доживеат себе како здрави личности на кои им претстои живот со многу предизвици на кои ќе можат да одговорат без стравот од болеста која претходно ја имале. На кампот учествуваа деца кај кои е направена некаква интервентна кардиолошка процедура или пак операција на срце. И овојпат родителите имаа одлична можност меѓусебно да ги споделат трауматските искуства низ кои поминувале заедно со нивните деца и со помош на психолозите, лекарите и младите волонтери да ги редефинираат од денешен аспект низ концептот “Моето дете е сега здраво”.

Оваа активност, единствена во земјава, која е препознатлива веќе за Специјалната болница за хируршки болести “Филип Втори” ќе продолжи и понатаму, со цел да се афирмира проактивниот и просоцијалниот капацитет кај оваа ранлива група, а со тоа и можноста кај овие засегнати личности да се поддржи здравиот концепт на индивидуално, семејно и пошироко општествено живеење.Во духот на негување на хуманите вредности, Специјалната болница за хируршки болести ја продолжува својата мисија.

ALCAPA Sy

ALCAPA Sy

Пациентка на возраст од 36год., која доаѓа на преглед заради градни тегоби. При кардиолошки преглед и е дијагностицирана дилатативна кардиомиопатија, ЕФ 35%, митрална регургитација 2 степен, ТР 2 степен, СПАП 50 ммХг. Состојба после транзиторна АФ – актуелен синус ритам, АВ блок од 1 степен.

Слика бр 1Ангиографија

Во следен акт на пациентката и беше направена 64МСКТ коронарографија, при што беше детектиран аномален излез на ЛМА од трункус пулмоналис и тоа нерпосредно над пулмоналната валвула и се потврди дијагнозата ALCAPA Sy.

Слика бр. 2МСКТ