Караванот „Здравје за сите“ за бесплатните кардиоваскуларните прегледи на пензионерите спроведени од тимот доктори од Клиника Жан Митрев продолжува во Западна Македонија. Бесплатните кардиоваскуларните прегледи од тимот доктори од Клиника Жан Митрев беа спроведени на пензионерите во Кичево и Струга а следат градовите Македонски Брод, Прилеп и Крушево.
Сите пензиониери од овие градови што се пријавија за бесплатни прегледи од тимот составен до специјалисти од Клиника Жан Митрев добија анамнеза, ЕКГ и читање, ултразвучен кардио васкуларен преглед, контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања.
Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Клиниката ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор. Покрај прегледите се прави и советување и едукација за правилно и навремено дијагностицирање на можни заболувања.
Здравствениот караван и спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиничката и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а се спроведува во соработка со локалните организации.
Во периодот од 20 – 23.05.2023 година се одржа Европскиот конгрес за срцева слабост во Прага, Чешка република. Работата со пациентите со срцева слабост, беше идеја за пишување на труд на проф. Д-р Милка Клинчева. Трудот кој беше прифатен за усна презентација на овој реномиран Европски конгрес, беше инспириран од неколку последни научни студии, кои ја разбрануваа светската кардиолошка јавност. Веруваме дека со нашата работа, ќе успееме да се приближиме до одговорот на неколку клучни прашања околу реваскуларизацијата и коронарната артериска болест. Презентирањето на трудот поттикна прашања и пофалби кон нашиот тим за добро сработената работа, од страна на научната комисија и колегите.
Клиниката Жан Митрев е во финални преговори за стратешко партнерство со Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare. Преговорите се однесуваат за влез на Фондот како партнер во Клиниката што ќе овозможи оваа врвна здравствена установа да ги проширува своите дејности и да ги подигне уште на повисоко ниво стандардите во медицината во Македонија.
„Ова стратешко партнерство е поддршка на веќе започнатиот проект за прераснување на Клиниката Жан Митрев во регионален медицински центар. На овој начин стануваме финансиски помоќни за да растеме побрзо и да се развиеме во вистински регионален центар за здравствени услуги со највисоки стандарди. Според договореното доктор Жан Митрев како и досега така и понатаму ќе ја предводи целата операција на трансформација на Клиниката во регионален центар каде учат и се развиваат и нови кадри на лекари во делот на кардиохирургијата и останатите дејности. Ќе се овозможи и поголема соработка со експерти од странство, а нашиот know how ќе биде искористен за медицинските центри во сопственост на Холандскиот фонд што значи проширување на дејноста на Клиниката Жан Митрев на регионално ниво“, изјавија од Клиниката Жан Митрев.
Balkan Alliance Healthcare е формиран во 2006та од страна на повеќе европски и американски инвестициски фондови како Southeast Europe Equity Fund II (SEEF II) менаџиран од SEAF – Small Enterprise Assistance Funds. Предводен е од David Lyle Mathewson и Andrei Christian Krikliwy кои се истакнати бизнисмени во делот на инвестициите во здравствениот сектор, телекомуникации, медиуми и финансии услуги.
Во делот на здравствениот сектор имаат свои инвестиции во Албанија, Косово, каде поседуваат 6 медицински центри. Во планот за реионално проширување се: Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Турција и Романија. Вредноста на Фондот во моментов изнесува 320 милиони американски долари.
Во периодот од 20 – 23.05.2023 година се одржа Европскиот конгрес за срцева слабост во Прага, Чешка република. Работата со пациентите со срцева слабост, беше идеја за пишување на труд на проф. Д-р Милка Клинчева. Трудот кој беше прифатен за усна презентација на овој реномиран Европски конгрес, беше инспириран од неколку последни научни студии, кои ја разбрануваа светската кардиолошка јавност. Веруваме дека со нашата работа, ќе успееме да се приближиме до одговорот на неколку клучни прашања околу реваскуларизацијата и коронарната артериска болест.
Презентирањето на трудот поттикна прашања и пофалби кон нашиот тим за добро сработената работа, од страна на научната комисија и колегите.
Обвинителот неточно ја изложува содржината од одобрението за користење на филтрите цитирајќи делови кои се однесуваат на дистрибутерите и продавачите на филтри, а не на докторите и клиниките, кои потоа неосновано му ги припишува на д-р Жан Митрев, кој не е дистрибутер на филтри за хемофилтрација. Ова го прави за да го оправда обвинението“, беше наведено во воведното обраќање од одбраната на д-р Жан Митрев на денешното рочиште.
Обраната со бројки образложи дека успешноста во лекување во ПЗУ Клиника Жан Митрев целосно го демантира обвинението. Смртноста во Клиника Жан Митрев заклучно со јули 2022 година изнесува 25,4%, додека во јавното здравство процентот на смртност изнесува 51,3%. „Во Клиниката Жан Митрев КОВИД-19 пациентите се лекуваат во современ МЕДИЦИНСКИ СИСТЕМ за интензивна нега, единствен во регионот акредитиран од JCI (Joint Comission International) што значи дека ги исполнува највисоките стандарди за безбедност при лекувањето на пациентите и највисок стандард во превенција на интрахоспиталните инфекции, составен од 51 лекар, 86 среден медицински персонал и останати вработени, a не се лекувани лично од д-р Жан Митрев“, потенцираше одбраната во воведното обраќање.
ОЈО нема кредибилни докази со кои ќе го убеди судот надвор од разумно сомневање дека д-р Жан Митрев хемофилтрацијата ја применувал со намера да прибави противправна имотна корист, а таквата намера ја реализирал само кај 282 пациенти од вкупно 1738 лекувани од COVID-19 во клиниката, или 16% од вкупниот број лекувани. Доколку хемофилтрацијата д-р Жан Митрев ја употребувал со намера да ги измами пациентите за да прибави противправна имотна корист, тој би ги измамил сите 1738 пациенти кои веќе имале депонирано парични средства за хемофилтрација доколку биде потребно, а не би измамил само 16% од нив како што тврди обвинителството.
Во клиниката Жан Митрев од Ковид-19 биле лекувани вкупно 1738 пациенти и сите според препораките на производителот на филтрите и според препорачаните индикациони вредности. Одбраната потсети на општествено одговорната и јавно корисна улога што ја одигра д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев во услови кога државното здравство од пандемијата со Ковид-19 беше на колена и пред колапс и кога во вонредна ситуација власта се извршуваше со Уредби со законска сила, говори и фактот што на 16.06.2020 година Клиниката Жан Митрев беше повикана од државата да лекува Ковид-19 пациенти. По тој повик медицинскиот тим на Жан Митрев од над 300 лица не вршеше измама туку деноноќно се бореше да спасува животи од Ковид-19 по барање на државата
Исто така одбраната го изнесе податокот дека државата на Клиниката Жан Митрев и го стави сопствениот апарат за хемофилтрација на располагање во екот на пандемијата за Клиниката да може на направи повеќе хемофилтрации, а сега го обвинува дека правел измама со вршењето на хемофилтрација.
„Со ова неосновано обвинение и овој процес, Македонија станува единствената држава во светот која што покренала судски процес против доктор и клиника кои лекувале во вонредна ситуација на Ковид-19, додека во САД се донесени Закони за имунитет на давателите на здравствени услуги поврзани со Ковид-19, потенцираше одбраната во воведното обраќање. „Кардиохирургот Жан Митрев лично со свои раце има извршено 25 162 кардиохируршки и васкуларни операции што во една Германија е стандард за 5 работни века на кардиохирурзите, во својот ум единствено што смислува е како да спаси живот а не да измами пациенти“, потенцираше обраната на д-р Митрев.
Инфективна мононуклеоза е инфективно вирусно воспаление кое често се среќава. Претставува инфекција која ги засега лимфните јазли од валдејеровиот прстен, цервикалните лимфни јазли, тонзилите. Позната е и како “болест на прв бакнеж” или “моно”, а најраспространета е кај тинејџерската популација. Неретко се сретнува и кај децата, но често се прележува недијагностицирано.
Етиологија
Причинител е Епштејн-Бар или хуман херпес вирус 4 кој го наоѓаме во сите телесни течности, но најчесто во плунката. Овој вирус е склон на пролонгирана циркулација, односно опстојување во човековиот организам, при што може да остави неповратни последици на повеќе органи и системи.
При навлегување во човековиот организам вирусот веднаш почнува да се размножува (реплицира) во мукозните мембрани на клетките на назофаринксот (зоната на носот и грлото) од каде потоа навлегува во циркулацијата и директно го напаѓа имунитетот, поточно б-лимфоцитите кои продуцираат антитела. Инкубацискиот период може да биде од неколку дена до два месеца. Во просек околу 30 дена. Инфицирањето настанува при бакнување, при користиње на ист прибор, исти чаши, лични предмети или контакт со телесни течности од инфицирано лице.
Клиничка слика
Започнува со симптоми на вирусна инфекција, се јавува повишена температура, која во првите денови може да е околу 37-38°C а потоа да се повиши и над 39°C. Се јавува и општа слабост, со мускулни болки и болки во зглобовите. Постепено отекување на крајниците и регионалните лимфни жлезди на вратот, околу вратот и аксиларно. Состојбата на тонзилите може да се влоши до загнојување, појава на лакуни и гнојни колекции во нив. Првите денови се јавува назална конгестија (затнат нос), исто така и хепатоспленомегалија односно зголемемување на црниот дроб и слезената, а може да се јави главоболка и кожен осип.
Крвната слика покажува зголемени мононуклеари, леукоцити, лимфоцити, моноцити и атипични клетки. Често е придружено со повишено ЦРП и црнодробни ензими – трансаминази.
Дијагностицирање
Дијагностиката се прави согласно земена анамнеза, симптоматологија, направена лабораторија и испитување за присуство на Епштејн-Бар ИГМ+ИГГ антитела.
Компликации
Во ретки случаи може да се развијат секундарни бактеријални инфекции како пневмонија или синузитис, како и стоматитиси. Во изолирани случаи идентификувани се дури и руптури на слезена, откажување на црниот дроб, акутна хепатална инсуфуциенција, хемолитична анемија, автоимуни болести /лупус еритематодес, дијабетес, ревматоиден артритис, тироидит Хашимото и невритис.
Третман
За лекување на инфективна мононуклеоза најдобро е навремено откривање, со што би се спречиле компликациите, односно би се третирало симптоматски. Третманот е со високи дози витамини, мултивитамини и б-комплекс, Ацикловир, парацетамол, аеросоли против болка за грло, деконгестиви за нос.
Доколку е започната лакунарна ангина на тонзилите тогаш во лекувањето се вклучува и антибиотска терапија. При користење на Пенцилински антибиотици во 80% од случаите се јавува кожен осип по вратот, лицето, рамената и горниот дел од грбот.
При хепатоспленомегалија и повишени трансаминази се користат хепатопротектори, имуномодулатори и специјална диета /нискомаслени млечни производи, варено месо, риба, морски плодови, зеленчуци, салати, овошје, растително пире и слично.
Лекувањето може да трае во период од една до неколку недели, а следењето на пациентот треба да се спроведува до 6 месеци, со цел да се утврди/исклучи присуство на атипични мононуклеари во крвната слика.
Во периодот од 10 – 12 05. 2023 година се одржа Европскиот конгрес по кардиоваскуларен имиџинг во Барселона, Шпанија. На конгресот активно учество имаше и проф. Д-р Милка Клинчева. Од големиот број пријавени апстракти, нејзиниот апстракт беше прифатен за усна презентација. Активното учество на конгрес, организиран од Европското кардиолошко друштво, е голем успех не само за нашата болница, туку и за нашата држава. Посетите на научни настани со највисок рејтинг во кардиологијата во Европа и светот, ни овозможуваат да бидеме во чекор со најновите научни достигнувања во кардиологијата, но особено сме горди, дека можеме и да придонесеме во развојот на современата кардиологија и медицина воопшто.
Изминатиов период до нас пристигнаа огромен број писма со поддршка, имаме постојани јавувања и пораки од наши пациенти каде се искажува поддршката за Клиниката и за доктор Жан Митрев. Благодарни сме за довербата и поддршката што ни ја давате од самиот почеток на „процесот“. Зад нас имаме големи успеси во подигнувањето на стандардите на здравствените услуги и резултати во државата, голем број пациенти побарале помош и спас кај нас и ни го довериле своето здравје. Денес тие се дел од нашето семејство.
Со оглед на тоа што се ближи почетокот на првото рочиште и минатиот пат дел од пациентите самоиницијативно се организираа за да ни дадат поддршка, овој пат ги повикуваме да останат во своите домови. Претстојат 4 последователни рочишта кои што се закажани на кратки временски интервали, на 13 јуни, па на 15ти, 16ти и на 19ти јуни и поддршката со физичко присуство би претставувало оптоварување на вашата здравствена состојба. Временските услови, топлото време и променливите температури не се добри за срцевите болни или оние кои имаат состојба што се следи со терапија. Колку и да ја сакаме вашата поддршка пред судот, вашето здравје е пред сѐ наша обврска.
Затоа ве замолуваме да не доаѓате пред Судот за да ја искажете вашата поддршка.
Исто така, апелираме и до нашите вработени кои се револтирани од притисоците на кои се изложени сето ова време, да се фокусираат на она во што се најдобри, а тоа се својата работа и беспоштедната грижа за пациентите. Нашата борба продолжува во судницата со помош на вистината и фактите кои се на наша страна. Борбата ќе трае, но исходот кој го очекуваме е ослободителна пресуда. Се надеваме за разбирање на оваа наша молба и уште еднаш им благодариме на сите за поддршката.