Лекарската комора на Македонија на своето одбележување на 31 година од постоењето на комората додели благодарници за тимот што ја направи првата трансплантација на срце во Македонија. Посебното признание е доделено за постигнат особен придонес во развојот на трансплантацијата и органодарителството од починат донор и со тоа започнување на една нова етапа во македонското здравство.
Тимот доктори што го направи овој значаен зафат во трансплантацијата на срце е предводен од д-р Жан Митрев и проф. д-р Сашко Јовев, а заедно со д-р Никола Христов, доц. д-р Тања Анѓушева, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кујтим Џелили, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски.
Успешната трансплантација на срце од починат донор е историски оперативен зафат кој што даде нова шанса за живот за 54 годишен пациент. Изведена е во 2021 година, во екот на пандемијата и во многу тешки услови.
Современите оперативни зафати во кардиохирургијата започнуваат од пред 20 години кога од д-р Жан Митрев беше направена и првата автотрансплантација како револуционерен оперативен зафат во медицинскиот третман на кардиолошките пациенти, а понатаму д-р Митрев продолжи и со вградување на вештачки срца што почна да се применува дури во 2020 година а е исто така е живото-спасувачки метод.
Оваа година на покана на ИПС, а во склоп на едукативниот настан кој се одржа на 30 мај, нашиот специјалист клинички онколог д-р Милан Ристески, одговараше на прашања поврзани со подигање на свеста за карцином на дојка. Овогодишниот проект изработен од група ученици беше од областа на биологијата при што тие ги претставија своите согледувања за потребата од зголемена лична и општествена свесност за ракот на дојката. Прашања имаа не само учениците, туку и на нивните родители кои во голем број беа присутни на овој настан. Како општествено одговорна институција, нашата клиника останува отворена за сите видови едукативна и промотивна соработка со институциите и организациите од државата чија задача е промоција на здравјето.
Што претставува инконтиненцијата, за каква состојба станува збор?
Проф. д-р Илиев: Континенцијата претставува физиолошка, нормална функција на полнење на бешиката, која меѓу две празнења е комплетно сува, односно не доаѓа до истекување на урина. Инконтиненција е спротивното, односно кога доаѓа до губење на урина, не по желба, туку станува збор за неволно, неконтролирано мокрење поради разни причини (подмочување). Ова е сложен термин. Треба да се појде од фактот дека ние се раѓаме без можна контрола на мокрењето и во текот на првата година треба да созреат центрите кои се наоѓаат во‘рбетниот мозок, и во големиот мозок. Тоа се сензибилни и моторни центри кои што пренесуваат информација за степенот на дистензија на мочниот меур, односно степенот на наполнетост. И тогаш кога ќе дојде до тоа, треба да се најде адекватно хигиенско-социјално прифатливо место за да се испразни мочниот меур. Друга карактеристика на мочниот меур која што е многу важна, а која луѓето не ја осознаваат, е дека тоа е мускулен орган. А, мускул кога се полни тој треба да направи реaкција, да се стегне. Инервацијата прави да тој издржи одредена количина на наполнетост без да се стегне, без да контрахира и да изврши празнење. На пример, срцето е мускулен орган исто така но, тоа штом прими крв веднаш се контрахира и ја проследува понатака во циркулацијата. Тоа е една компарација колку е сложена целата софистицирана неуролошка парасимпатична и симпатична инервација на мускулот на мочниот меур која се вика детрусор. Тоа е исклучително важна консталација.
Дали ,,подмочувањето,, е нормална состојба која кај жените доаѓа со возраста?
Проф. д-р Илиев: Апсолутно е неприфатливо постоење на било каков степен на подмочување одн. иконтиненција на урината. Видете, уште во првата класификација на болести на светската здравствна оганизација (сега е во употреба десетата меѓународна класификација на болести) инкотиненцијата на урина беше именувана и класифицирана одн. шифрирана и така ставена во редот на болести кои на светско ниво се пратат и сатистички се обработуваат и компарираат меѓу разни институции и разни земји. Сакам да кажам дека инконтиненцијата на урина треба да се сфати како секоја друга болест -пореметување, кое треба да се санира како би имале здавје.
Подмочувањето кај жените е честа појава. Дали има решение?
Проф. д-р Илиев: Кај женската популација најчесто подмочување се дешава при зголемување на интраабдоминалниот притисок, кое настанува при кашлање, кивање, смеење,трчање, сексуални односи и тн., при што доаѓа до неволно истекување на мокрача, познато како СТРЕС ИНКОНТИНЕНЦИЈА НА УРИНА. Токму овој најчест тип на инконтиненција кај жените има најефикасно решение одн. најдобра досега операција за решавање на стрес инконтиненцијата на урина. Имено станува збор за слинг оперативниата техника (исто така наречен вагинална лента без напнатост или метод ТВТ-О): е најефикасна и најчеста современа операција за лекување на уринарната стрес инконтиненција. За тоа се користи специјлно дизајнирана лентовидна мрежица од посебен мултипорен материјал кој е инертен за организмот и обезбедува трајна сфинктерна функција на мочниот меур. Интервенцијата се изведува во краткотрајна анестезија (обезболување) трае само 15 минути со еднодневна хоспитализација. Оваа слинг метода денес се смета за златен стандарт за решавање на стрес инконтиненција на урина.
Што претставува нарушената статика на матката?
Проф. д-р Илиев: Пролапсот на гениталните органи и мочниот меур или уро-гениталниот пролапс е сложен комплекс на пореметена анатомска позиција и нарушена функција на односните органи. Значи, поедноставно кажано, кога збориме за пореметена анатомска позиција се работи за кила (хернија) на некој или на повеќе делови од вантрешните генитални органи на жената и на мочниот меур и/или уретрата (изводниот мочен канал). Кога збориме за нарушена функција на некоја компонента на уро/гениталниот пролапс станува збор за проблеми со мокрењето во смисол на зачестено мокрење со или без чувство на нагон за мокрење , стрес – инконтиненција (подмочување при некој напор, кашлање, кивање, смеење, сексуален однос и тн.), некомплетно прзнење на мочниот меур, уроинфекции, пореметени или неможни сексуални односи. Причини се многубројни но пред се доминира возраст, породувања (особено вагинални), обезност, физичка работа, наследни фактори, слабост на мускулно – потпорни структури и т.н. Што се однесува до пролапсот жената не е свесна дека постои се додека е интравагинален и се открива при вагинален преглед. Понапреднати степени на спуштање на вагината, мочниот меур и/или утерусот веќе самите пациентки го осеќаат и/или забележуваат како влечење особено кога се движат, болки, често и во лумбалниот дел на кичмата, проблеми со празнење на мочниот меур и чувство дека е непотполни испразнет и/ии болка, печење при мокрење. Најчесто пролапсот е пратен со постоење и на стрес инконтиненција на урината.
Во што се состои третманот на гениталниот пролапс и дали кај нас се достапни реконструктивни оперативни интервенции?
Проф. д-р Илиев: Видете, и мотивот за ова интервју е токму подигање на свеста за постоење на ефикасен третман на пролапсот на гениталните органи како и на стрес инконтиненцијата на урина. Се работи претежно за вагинални операции кои се минимално инвазивни, краток престој во болница и брз опоравок. Долгогодишна е токму мојата пракса во имплементација на овие модерни реконструктивни интервенции за разни типови на пролапс на матката и/или вагината. Особено би ја истакнал интервенцијата за решавање на стрес инконтиненција на урината која има најдобри резултати на компаративните анализи со светските центри за урогинекологија. За одбележување е фактот дека се постигнува трајно решение на пролапсот на било која компонента од уро-гениталниоте органи кои учествуваат во пореметувањето што води до значително подобрување на квалитетот на живот и видно допринесува до одржување на здравјето, особено во понапреднатите години од животот кога, за жал, и други заболувања се почести.
Денес е Светскиот ден на тироидната жлезда. Овој ден за прв пат започнува да се одбележува во 2008 година, со цел да се поттикне поголема свесност за заболувањата предизвикани од нарушената функција на тироидната жлезда. Превенцијата и навремената дијагноза и третман, претставуваат најдобар начин за намалување на бројот на овие заболувања. Нарушувањата на тироидната жлезда може да бидат од морфолошки или од функционален карактер. За да се утрвдат истите потребно е да биде направен ендокринолошки преглед и лабораториски иследувања.
Морфолошките или нарушувањата во структурата на жлездата се манифестираат како нодуларни или цистични формации, додека функционалните нарушувања може да стимулираат прекумерно создавање на тироидни хормони (хипертироидизам) или да предизвикаат уништување на жлездата и недостиг на хормони (хипотироидизам). Во нарушувања на тиродната жлезда спаѓаат и акутното воспаление (субакутен тироидитис) и хроничното воспаление (Хашимото тироидитис). Карциномот на тироидната жлезда е најчесто малигно заболување на ендокриниот систем. Диференцираните тумори како папиларниот карцином или фоликуларниот карцином на тироидната жлезда, често може да се излекуваат, а прогнозата е добра за пациентите кај кои заболувањето е откриено во рана фаза. Анапластичниот карцином е агресивен, слабо реагира на третман и е со лоша прогноза. Медуларниот карцином опфаќа 5-10% од сите типови карциноми на тироидната жлезда.
Лекувањето на карциномите првенствено се состои од хируршка интервенција.
Иследувања – Лабораториско испитување (хормонски анализи) – Радиодијагностичко иследување (Ултразвук на тироидна жлезда, КТ на врат) – Тенкоиглена биопсија на јазол (ФНАБ)
Учесниците во Ракометниот камп „40х20“ добија целосен здравствен преглед во Клиника Жан Митрев. Како медицински партнер и општествено одговорна здравствена установа, Клиника Жан Митрев ги презеде целосните испитувања на психо-физичката состојба на сите учесници на кампот. Утврдувањето на здравствена состојба на младите ракометари опфаќаше повеќе сегменти и беше спроведена во најсовремени услови од високо стручниот кадар на клиниката.
Ракометниот камп е „40х20“ се одржува втора година по ред во Охрид и е наменет за момци и девојки на возраст од 7 до 17 години. Проверката на моменталната здравствена состојба е врвен приоритет на организаторот на кампот како и на медицинскиот партнер Клиника Жан Митрев.
Анатомски различно од мажите, кај жените предниот ѕид на вагината го поддржува мочниот меур. Со возраста вагиналниот ѕид може да ослабе, да се олабави или да се оштети како резултат на значителен физички напор, како што е породувањето. Ако состојбата многу се влоши, може да дојде до пролапс/испаѓање на мочниот меур, што значи дека мочниот меур ја изгубил поддршката и оди надолу во или надвор од вагината.
Она што треба да се знае е дека мочниот меур не се спушта изолирано туку секогаш е дел од комплексен, комбиниран спад на гениталните органи (вагина, матка). Спуштениот мочен меур може да предизвика проблеми како што се потешкотии со мокрењето, непријатност или пак стресна инконтиненција на урината при која се случува неволно истекување на урина предизвикано од на пример: кивање, кашлање и напор.
Пролапсот на мочниот меур уште е наречен цистоцела. И тој како и пролапсот на вагината и матката има четири различни степени на спуштање согласно тоа колку мочниот меур и гениталните органи се спуштени во или надвор од вагината.
Симптоми на спуштен мочен меур
Првиот симптом што жените со пролапс на мочниот меур обично го забележуваат е присуството на ткиво во вагината. Истото вообичаено жените го опишуваат како топка.
Останатите симптоми кои се присутни го вклучуваат следново:
Непријатност или болка во карлицата
Ткивото излегува од вагината (ткивото може да биде чувствително и може да крвари)
Отежнато мокрење
Чувство дека мочниот меур не е празен веднаш по мокрењето (нецелосно празнење)
Стресна инконтиненција (истекување на урина при кивање, кашлање или напор)
Почести инфекции на мочниот меур
Болен однос (диспареунија)
Болка во долниот дел на грбот
Третман на спуштен мочен меур и генитални органи
Добрата вест е дека постои решение за оваа состојба. Најпрво, веднаш по дијагнозата, се прави индивидуална проценка на состојбата, по што следува препорака за оперативна корекција адекватна на степенот на пролапс, возраста на пациентката како и нејзините очекувања. Овој зафат успешно го изведуваат искусните гинеколози при Клиничката болница Жан Митрев, а претставува златен стандард во третманот на спуштен мочен меур, вагина и матка. Истиот зафат обезбедува трајна корекција на сите елементи на пролапсот.
Европското Здружение за Kардиоваскуларни сликовни техники (EACVI) традиционално и оваа година го организираше најзначајниот настан од областа на кардиоваскуларната дијагностика. Овој пат град домаќин беше Барцелона каде се сретнаа искусните експерти со почетниците за да ја разработат овогодинешната тема во фокус насловена како: ,,Бидете во срцето на повеќенаменскиот имиџинг,,. Доц. д-р Планинка Зафировска беше еден од модераторите на Сесија во која се презентираа и дискутираа сложени случаи на кардиомиопатии и улогата на магнетната резонанца во нивната дијагностика. Допонително, на главната сцена како дел од ехокардиогравскиот квиз, д-р Планинкна престави необичен случај од клиничката пракса кој привлече многу внимание.
Современата кардиоваскуларната дијагностика промовира употреба на комбинирана имиџинг технологија (ехокардиографија, МР на срце, нуклеарна кардиологија и КТ на срце) со цел рано дијагностицирање и менаџирање на исходот од кардиоваскуларните заболувања. Жан Митрев Клиника ги следи современите кардиолошки трендови и препораки и располага со ехокардиографија вклучувајќи напредни техники како 3Д и “Strain” имиџинг, компјутерска томографија на срце вклучувајќи калциум скоринг и неинвазивна коронарографија и од неодамна достапна е стрес перфузија со магнетна резонанца на срце, тест кој уште го нарекуваат “one stop shop” бидејќи со еден преглед кој не употребува радијација може да се добијат комплетлни и детални инфорамции за морфологија и функцијата на срцето и неговите структури.
Кога се најмалите во прашање секогаш ни е чест да бидеме вклучени. Како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар, на настанот кој се одржа во паркот на Франкофонија, Клиничката болница Жан Митрев додели ваучери за бесплатен педијатриски преглед за 130 новороденчиња од општината. Доделувањето на вакви ваучери е веќе традиционално. Нашите педијатри ги очекуваат родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484.