Денес, по повод денот на срцето ја поддржуваме иницијативата на НВО Здрава иднина со бесплатни прегледи кои ги изведуваат нашите кардиолози. Овој месец како дел од активностите во Жан Митрев Клиника и во двата дијагностички центри Жан Митрев Дијагностик во Струмица и во Битола беа направени речиси 900 бесплатни кардио прегледи за нашите пациенти оперирани од срце. Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот. Бројот на смртните исходи предизвикани од нив е поголем отколку од сите други причини заедно. А, најмногу ги погодува земјите со низок и среден приход. Затоа од 2000 година Светската федерација за срце, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) го одреди овој ден со цел да се подигне свеста за кардиоваскуларните болести, нивната превенција, контрола и третман. Секоја година, Светскиот ден на срцето се фокусира на една тема, а оваа 2022 година темата е преточена во слоганот – Користи срце за секое срце. Промоторите на овој настан бараат од светот да ги искористат нивните срца на најдобар начин за човештвото, природата и за себе, за секој човек. Бидејќи кардиоваскуларното здравје е важно за секое срце кое чука.
Тука нема да запрат нашите активности. Во периодот кој следи, во соработка со неколку геријатриски установи ќе бидат овозможени вакви прегледи и за оваа ранлива категорија граѓани.
Тромбозата е потенцијално животозагрозувачка состојба која може да предизвика згрутчување и стопирање на снабдувањето со крв на органите, што може клинички да се манифестира, меѓу другото, како срцев или мозочен удар. Исклучително е важно да се знаат карактеристиките на тромбозата, нејзините причинители и начини за намалување на ризикот од згрутчување со цел да се избегнат можни сериозни компликации.
Какви болести може да предизвика?
Тромбозата се јавува кога се формира згрутчување во вена или артерија што ја спречува правилната циркулација на крвта во нив. Ако згрутчувањето се појави на вените на долните екстремитети, зборуваме за длабока венска тромбоза. Од друга страна, ако тромб се смести во белите дробови, може да предизвика ургентна медицинска состојба позната како белодробна емболија. Ако згрутчувањето мигрира во артериите на мозокот, може да дојде до цереброваскуларен инсулт (мозочен инфаркт). Ако дојде до прекин на циркулацијата на крвта во коронарните артерии на срцето, зборуваме за миокарден или срцев инфаркт.
Како може да се спречи?
Некои мерки за спречување на создавање на тромби во организмот се:
Намалете го консумирањето на сол.
Пешачете почесто.
Во случај на појава на болест која може да предизвика тромби (срцеви аритмии, проширени вени, проблеми со коагулацијата…) антикоагулантните лекови ќе помогнат да се намали ризикот од тромбоза.
Дали младите лица кои спортуваат и навидум се здрави треба да се грижат за појава на тромбозата?
Иако сигурно возрасната група во која овие згрутчувања се почести е кај лица постари од 60 години, тромбозата може да се појави во која било возраст, особено кај жените кои земаат контрацептивни таблети или доколку постои генетска предиспонираност кон тромбози.
Дали постои начин да се превенира тромбозата?
Иако постојат антикоагулантни лекови кои го намалуваат ризикот од тромбоза, клучот за избегнување на овој тип на згрутчување е избегнување на подолги периоди на неподвижност. Пешачењето, спортувањето или било која друга физичка активност е од суштинско значење за да се намали ризикот од појава на тромбоза.
Дали секогаш болката на нога и мускул е поврзана со присуство на тромб?
Најчестите симптоми во случај на присуство на тромб се оток, зголемена температура на кожата или болка во екстремитетот. Овие симптоми често може да се помешаат со мускулно-скелетна болка или повреда. Во овие случаи, неопходно е да се направи тест наречен „ехо-доплер“, кој овозможува прекинот на протокот на крв да се визуелизира брзо, ефикасно, лесно и да се идентификува местото каде се наоѓа тромбот.
Доколку ги имате овие симптоми или мислите дека можеби сте склони кон згрутчување на крвта, не се двоумете, обратете се кај Вашиот лекар. Во нашата клиника ги имаме најдобрите специјалисти по трансфузиологија, кардиологија, васкуларна хирургија и радиологија кои ќе ви овозможуваат соодветен и персонализиран третман.
Болестите кои влијаат на уринарниот систем имаат голема преваленца кај популацијата и иако некои нарушувања се решаваат брзо, дел можат да бидат присутни во текот на целиот живот. Уринарниот тракт е изложен на надворешни влијанија, па затоа многу често е можно да бидете нападнат од патогени микроорганизми кои предизвикуваат инфекции и болести. Покрај тоа, поради генетски нарушувања или стареење на уринарниот тракт, можно е да се развијат состојби кои ја загрозуваат неговата функционалност.
Кои се најчестите уринарни заболувања?
Уролошките болести имаат тенденција да се поприсутни кај женската отколку кај кај машката популација. Ова делумно се должи на природата на самите репродуктивни органи. Имено жените се поизложени на напад на патогени микроорганизми, бидејќи нивната уретра е пократка. Генерално целото население е подложно на болестите за кои ќе зборуваме подолу, а важно е и да се напомене дека доколку ги препознаеме и идентификуваме причините, предизвикувачите, симптомите и содветно ги третираме, можно е да се намали инциденцата на овие состојби.
1. Циститис
Циститисот е едно од најчестите уролошки заболувања и е всушност воспаление на мочниот меур поради бактериска инфекција. Затоа, честопати е позната како „уринарна инфекција“.
Циститисот е многу почест кај жените отколку кај мажите и симптомите се манифестираат со:
Болка при мокрење
Постојана потреба за мокрење
Непријатност во карлицата
Треска (слаба треска)
Притисок во долниот дел на стомакот
Матна урината
Мирис во урината
Хематурија (крв во урината)
Мокрење со мала количина на урина
Најчестиот третман се состои во употребата на антибиотици, бидејќи тие обично имаат бактериско потекло, во комбинација со многу течности и чаеви.
2. Простатитис
Простатитисот е типично уролошко заболување кај мажите бидејќи само мажите имаат простата. Тоа е воспаление на жлездата кој произведува сперма, течност која ја одржува и пренесува сперматозоиди. Кога оваа жлезда е воспалена, тогаш зборуваме за простатитис.
Најчестите симптоми на простатитис се:
Болка при ејакулација
Болка при мокрење
Матна урината
Непријатност во тестисите
Постојана потреба за мокрење
Хематурија (крв во урината)
Стомачна болка
Ако простатитисот се должи на бактериска инфекција, третманот ќе се состои од антибиотици. А лекарот исто така може да препише анти-инфламаторни лекови за ублажување на болката и воспалението.
3. Уретритис
Уретритисот е уролошко заболување кое се карактеризира со воспаление на уретрата односно на така наречениот мочовод т.е цевката што носи урина од мочниот меур кон надвор. Главната причина е инфекција од бактерии или габи, иако можат да го предизвикаат и некои вируси исто така. Обично е предизвикано од сексуално преносливи патогени, како што се хламидија, гонореја или вирус на херпес симплекс, кои ги колонизираат ѕидовите на уретрата.
Главните симптоми на уретритис се:
Секрети од уретрата
Болка при сексуален однос
Болка при мокрење
Крв во урина и сперма
Треска
Невообичаен исцедок од вагината
Болки во карлицата
Доколку инфекцијата има бактериско потекло, антибиотиците ќе бидат ефикасни. Исто така, може да се препишат лекови за ублажување на болката.
4. Камчиња во бубрезите
Камењата во бубрезите се тврди наслаги на минерали кои се формираат во бубрезите како резултат на кристализација на компонентите на урината. Главните причини се недостаток на вода. Недоволното конзумирање на вода резултира со поконцентрирана урината. Истот се случува при исхрана богати со протеини, сол и шеќер. Прекумерната тежина исто така е фактор како и постоењето на дигестивни болести итн.
Симптомите се појавуваат кога „камчињата“ преку мочниот канал се обидуваат да се движат од бубрезите до мочниот меур и се манифеситраат со:
Силна болка под ребрата
Болка при мокрење
Постојана потреба за мокрење
Мокрење во мали количини
Матна или црвеникава урина со непријатен мирис
Гадење и повраќање
Третманот на камчињата во бубрезите се состои од антибиотици ако постои инфекција. Исто така доколку каменот не може да се исфрли по природен пат, третманот може да вклучи изведување оперативен зафат.
5. Уринарна инконтиненција
Уринарната инконтиненција е уролошко нарушување кое во голема мера го компромитира животот на пациентите. Засегнатото лице ја губи контролата врз мочниот меур, и не може да ги контролира нагоните за мокрење, на тој начин може да испушти неволно урина при кашлање, смеење, кивање. Многу често пациентот нема време да стигне во тоалет. Тоа е чест проблем кој влијае на квалитетот на животот. За да се намали веројатноста за развој на ова нарушување потребно е да се избегне или намали прекумерната тежина, тешките физички активности, прекумерна употреба на кофеин, алкохол и цигари. Добар совет е вклучување во исхраната продукти богати со растителни влакна.
6. Ноктурија (ноќно мокрење)
Ноктуријата е многу често уролошко нарушување, особено кај постарите луѓе, кои се принудни да се будат неколку пати ноќе за да уринираат. Ова значи дека засегнатото лице не мирува, појавувајќи здравствени проблеми како резултат на нарушен сон. Може да биде предизвикано од уролошки инфекции, откажување на бубрезите, злоупотреба на кофеин и алкохол, пиење многу течности пред спиење итн. Сето ова потоа доведува и до уште посериозна дсостојба позната како полиурија или прекумерно излачување на урина. Третманот се состои во ограничување на внесот на течности и елиминирање на кафе и алкохол, бидејќи тие се диуретици кои ја зголемуваат активноста на мочниот меур. Може да се дадат и антихолинергици, кои делуваат обратно, односно ја намалуваат активноста на мочниот меур.
7. Пиелонефритис
Пиелонефритисот е уролошко заболување кое се карактеризира со инфекција која започнува во мочниот меур или уретрата, но се шири на бубрезите, предизвикувајќи разни нарушувања на бубрезите.
Главните симптоми на пиелонефритис се:
Постојана потреба за мокрење
Болка при мокрење
Треска
Хематурија (крв во урината)
Крв во сперма
Гадење и повраќање
Матна урина
Оваа болест мора да се третира брзо, во спротивно може да доведе до сериозна бубрежна слабост или бактериемија, која значи преминување на бактериите во крвта. Овие две компликации се опасни по живот. Затоа, итно треба да се започне со соодветен третман со антибиотици.
8. Бубрежна инсуфициенција
Бубрежна инсуфициенција е уролошко заболување кое се карактеризира со ненадејно-акутно слабеење или постепено-хронично откажување, губење на капацитетот за прочистување на бубрезите. Причините за оваа болест се различни: траума на бубрезите, камења во бубрезите, проблеми со циркулацијата, срцева слабост, висок крвен притисок итн.
Најчести симптоми се:
Намален волумен на урина за време на мокрење
Оток во долните екстремитети
Замор и слабост
Тешкотии при дишењето
Гадење
Притисок во градите
Дезориентација
Кога бубрезите веќе не можат да функционираат, третманот ќе се состои од трансплантација на бубрег или терапија со дијализа, машина што вештачки го отстранува отпадот од телото.
9. Нефротичен синдром
Нефротичен синдром е уролошко заболување кое се карактеризира со прекумерно излачување на протеини во урината. Тоа се должи на оштетување на крвните садови на бубрезите, што ги прави бубрежните клетки задолжени за филтрација да не можат да ги задржат протеините и тие да бидат елиминирани. Најчести причини се други болести на бубрезите, земање многу лекови или добивање инфекции, особено хепатитис.
Најчестите симптоми на нефротичен синдром се:
• Пенeста урина • Оток на очите и нозете • Зголемување на телесната тежина • Губење на апетит • Замор Третманот ќе се состои во решавање на болеста што предизвика нефротичен синдром. Лекарот ќе препише лекови за контрола на крвниот притисок, диуретици, разредувачи на крв, супресанти на имунолошкиот систем итн.
10. Рак на мочниот меур
Се развива во уротелијалните клетки на мочниот меур и обично влијае повеќе кај мажите отколку жените. Најчести причини за овој карцином се: пушењето, изложеност на високи дози на зрачење или хемикалии, хронична иритација на мочниот меур и инфекции.
Најчестите симптоми на овој карцином се:
Хематурија (присуство на крв во урината)
Полиурија (потреба за уринирање многу пати на ден)
Болки во карлицата
Болка при мокрење
Болка во грбот
Третманот зависи од фазата на карцином и од самата личност, така што лекарот ќе избере помеѓу хемотерапија, радиотерапија, имунотерапија, итн.
Основната терапија во лекувањето на лимфедем и неговите компликации е компресивната терапија. Таа се изведува со помош на различни еластични и нееластични материјали. Тие поради свои особености создаваат активна или пасивна компресија кај пациентот и тоа како при движење така и/или при мирување. Изборот на завојот зависи од степенот на сериозност на лимфедемот. Притисокот под завојот може да биде различен во зависност од: користениот материјал, употребената сила за компресија, бројот на слоевите кои се користат, како и од начинот на кои се изведува бандажирањето. Компресивната терапија по дефиниција претставува апликација на различни материјали на дел од телото со одредена сила. Притисокот кој се применува го намалува едемот и го регулира лимфниот тек.
Меѓународна класификација на хроничен лимфедем:
Стадиум I – рана акумулација на течност збогатена со протеини – по елевација на екстремитетот, отокот се намалува, а зафатената регија е со скоро нормална големина и форма. Стадиум II – со елевацијата на екстремитетот отокот не се намалува, станува тестест, а при притисок со прст останува вдлабнатина. Дополнително со тек на време, отокот повеќе не е тестест туку станува цврст поради фиброза при што доколку се притисне со прст не останува вдлабнатина. Стадиум III – отокот е сунѓерест со видливи трофички промени на кожата. Примери: депозити на масти, брадавичести кондиломи, губиток на функција на екстремитетот, а во крајна фаза се јавува елефантијаза.
Материјали за компресија
За спроведување на компресивна терапија се користат различни материјали со различни спецификации како на пример еластични или нееластични завои преку кои се постигнува потребната компресија за да се спроведе терапијата.
*Долгоеластични завои, тие се растегнуваат за повеќе од 100% и даваат активна компресија и при движење и во мирување. На истиот начин делуваат и кружно ткаените компресивни чорапи. *Краткоеластичните завои, тие се со слична функција како и долгоеластичните, но нивното истегнување е нешто помалку од 100%. *Нееластични материјали, тие се користат во мирување, кога пациенти не се движат, бидејќи даваат многу ниска или воопшто немаат никаква компресивна функција. Доколку пациентот се движи, при контракциите на мускулите, нееластичните материјали се крути, завоите се оние кои се ефикасни.
Компресивни завои
При мирување, притисоците под завојот се притисоци кои создаваат пасивна компресија. Кога пациентот се движи, притисоците под завојот ги нарекуваме работни притисоци т.е активна компресија. Тие притисоци се различни кај еластичните и нееластичните материјали. Кај долгоеластичните завои притисоците/компресијата под завојот се некаде околу 40 mm/Hg, а во мирување 30 mm/Hg. При мирување, јачината на притисоците под завојот или чорапите е голема и непожелна, затоа истите треба да се отстранат кога пациентот не се движи. Кај краткоеластичните завои притисоците во мирување се некаде до 15 mm/Hg веднаш по поставувањето, и потоа,поради растегнувањето на завојот, уште повеќе се намалува. Меѓутоа, кога пациентот се движи, активната компресија, поради истегнувањето на завојот е многу висока, и достигнува и до 50 – 75 mm/Hg.
Притисок под завојот зависи не само од материјалот туку и од бројот на слоевите, од силата која е користена при бандажирањето, од начинот на бандажирањето (осумка или циркуларно), и од меѓусебно препокривање на завојот.
Главните особини на завојот (акроним од англискиот PLACE):
P: “Pressure“ – притисоци под завојот
LA: “Layers“ – еден или повеќе слоеви
C: “Components“ – еден завој или систем
E: “Elastic proporties“ – еластичните својства на завојот
За бандажирање при лимфедем се користат повеќеслојни системи од различни материјали со различен еластицитет/растегливост. На тој начин влијаеме на притисокот под завојот. За систем на компресија зборуваме кога употребуваме барем два различна завоја, кои се поставуваат еден над друг низ цела должина на бандажирањето. Системот е составен од компресивните завои и различни материјали кои се поставуваат под завојот. Едните имаат за функција да ја заштитат кожата, додека со другите можеме на различните делови на екстремитети да го зголемиме или намалиме притисок (ексцентрична и концентрична компресија).
Една од клучните особини на системите е индексот на крутост (stiffness Index), кој се дефинира како зголемување на притисокот под завојот на сантиметар кој пак настанува поради зголемување на обемот на екстремитетот. До зголемување на обем доаѓа кога се придвижуваме од легната позиција во стоечка положба. Обемот на потколениците се менува и кога од седечка позиција ги движиме стопала горе – долу. Статичкиот индекс на крутост SSI е разлика помеѓу тие два притисока. Кога се зголемува притисокот за повеќе од 10 mm/Hg меѓу лежечка/стоечка позиција, тогаш е SSI висок. Тоа се случува кај користење на нееластични материјали. Кај еластичните материјали разликата е во притисоците под 10 mm/Hg и тие имаат низок SSI.
Кај лимфедем во стадиум I може да се користат и долгоеластични и краткоеластични завои. Кај стадиумите II и III се употребиуваат само краткоеластични завои. Компресивната терапија со краткоеластични завои е основна терапија кај лимфедем и едеми од друга етиологија. Истата се користи за компресија во фаза на деконгестија со цел намалување на едем. Таа се изведува со долгоеластични или краткоеластични завои, во зависност од стадиумот на лимфедем. Во втора фаза – за одржување на едем – за компресија можат да се користат нелепливи краткоеластични завои или медицински компресивни ногавици.
Во клиничката болница Жан Митрев на располагање ви е тимот физиотерапевти кои се соодветно едуцирани за третман на лимфедем и неговите компликации. Третманите се изведуваат со специјални компрезивни завои од производната програма на Лохман и Раушер. За да закажете термин кој ќе ви одговара јавете се на 02/3091-484
Според Американската асоцијација за дијабетес (АДА) предијабетесот претставува состојба на покачени нивоа на глукоза во крвта од нормалните вредности, но сеуште не доволно високи за да бидат дијагностицирани како дијабетес. Пациентите со дијабетес речиси секогаш поминале низ период на предијабетес, најчесто без да забележат некаква промена.
Ризик факторите за појава на предијабетес, во основа, се идентични како и факторите за дијабетес. Тука спаѓаат возраст над 45 години, позитивна семејна историја за дијабетес, покачена телесна тежина (пратена со хиперинсулинемија или инсулинска резистенција), присутен метаболен синдром (покачен крвен притисок, покачен холестерол и телесна тежина), физичка неактивност и сл.
Симтомите може, но и не мора да бидат присутни. Најчесто се јавуваат симптоми како кај дијабетесот, сува уста, жед, често мокрење, зголемен внес на храна и сл., а може да се јави и некоја од компликациите што се јавуваат кај дијабетесот.
Предијабетесот се манифестира во две состојби – нарушена гликемија на гладно и нарушена глукозна толеранција. Нарушената гликемија на гладно се дијагностицира со евидентирани покачени гликемиски вредности на гладно со уреден наод на оралниот глукоза толеранс тест, додека кај нарушената глукозна толеранција имаме повисоки вредности од нормалата во вториот час при оралниот глукоза толеранс тест, но сепак пониски од 11.1 mmol/l. Некои пациенти може да ги имаат и двете состојби во исто време.
За дијагноза се користат следните критериуми: измерена гликемија на гладно од 5.6 mmol/l – 6.9mmol/l, вредност на гликолизиран хемоглобин ХбА1ц 5.7% – 6.4% и вредност на гликемија измерена во вториот час при орален глукоза толеранс тест од 7.8 mmol/l – 11.1 mmol/l.
Најчесто префиксот ”пре” во називот на предијабетес дава потценувачки ефект и смисла на целокупното значење на оваа состојба која се прифаќа доста несериозно, па дури и се заборава дека воопшто постои. Треба да се знае дека во оваа фаза веќе започнува процесот на оштета на малите крвни садови на срцето, очите, мозокот, бубрезите. Според Американската асоцијација за дијабетес, овие пациенти имаат постојан ризик да развијат дијабетес тип 2 (25-40% ризик во наредните 5 години) и зголемен ризик од кардиоваскуларна болест.
Добрата вест е што оваа состојба може во целост да се повлече и организамот да се врати во здрава хомеостаза или во наjмала рака да се одложи појавата на дијабетес за подолг рок. Со намалување за 5-7% од вкупната телесна тежина и редовна умерена физичка активност (30 минути дневно во тек на 5 дена од неделата) ризикот за појава на дијабетес значително се намалува, а состојбата на предијабетес се повлекува.
Во Клиниката Жан Митрев стоиме на располагање за навремено да го дијагностицираме предијабетесот и правилно да интервенираме, за што поскоро да се вратиме на вистинскиот здрав пат.
Фактите за хемофилтрација коишто започнавме да ги објавуваме продолжуваат со објавување на бројките за пациенти со Ковид-19 кои се третирани во ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев со оваа метода. Сите овие податоци, бројки и проценти се стручно обработени од тимот на Клиниката Жан Митрев и се доставени до Институт за јавно здравје и сите надлежни тела. Во периодот од јуни 2020 до февруари 2022 во ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев се лекувани вкупно 1738 пациенти од КОВИД 19. Од овие, 625 пациенти или 35,9% беа третирани со ЦРРТ-хемофилтрација со Огзирис филтер. Методот е искористен само кај оние пациенти чија клиничка слика се вклопуваше во индикационото подрачје за употреба на Огзирис филтерот за третман на пациенти со КОВИД-19, дадено во препораките од самиот производител Бакстер и одобрено од страна на ФДА (Федерална агенција за храна и лекови на САД).
Од овие пациенти, 599 или 95,8% беа во тешка и критична состојба, 140 (22,4%) во критична состојба и 459 (77,6%) во тешка состојба согласно параметрите за дефинирање на тежина на клиничка слика пропишани од Светска здравствена организација.
Од вкупно третираните пациенти за Ковид-19, 400 пациенти или 64% имале сатурација под 80%, 139 пациенти (22,2%) биле со сатурација под 70% на прием, а најниска измерена сатурација при прием е 37. Рентген наод во стадиум 3 имале 315 (50,4%) од примените пациенти, што покажува тешка форма на АРДС, додека 264 (42,2%) беа во стадиум 2 (веќе развиен АРДС), 40 (6,4%) со РТГ наод за пневмонија- стадиум 1.
Дури 544 пациенти или 87,04% биле со високи вредности на ЦРП над 50, а 408 од нив имале ЦРП и над 100, 408 пациенти (65,3%) биле со високи Д-димери, од кои 87 (13,9%) биле со енормно високи над 10 000, а 441 (70,6%) биле со високи вредности на феритинот. После направената хемофилтрација (ЦРРТ) кај 353 пациенти (56,5%) е намалена вредноста на ИЛ6 (интерлеукин 6), а кај 142 (22,7%) се нормализирани вредностите на ИЛ6, што укажува на подобрување на состојбата кај пациентите.
Пред да се вклучат на хемофилтрација (ЦРРТ) кај пациентите е констатирано влошување на клиничката слика што се гледа од фактот дека при вклучување на ЦРРТ 428 (74.9%) од пациентите биле со РТГ снимка во стадиум 3 т.е. тешка форма на АРДС, 264 (42.2%) со РТГ наод во стадиум 2 – развиен АРДС и само 7 биле во стадиум 1 со развиена пнеумонија. Притоа, последните имале високи инфламаторни маркери (ЦРП и ИЛ6), 483 (77,3%) биле со високи ИЛ6, а 191 (14,6%) биле со цитокинска бура при прием и 123 (19,7%), ја развиле во тек на хоспитализацијата. Од лекуваните пациенти потреба од третман со неинвазивна вентилација имало кај 502 (80,3%), а 338 (54.08%) биле интубирани и поставени на механичка вентилација.
Од пациентите кои се третирале од Ковид-19 во Клиника Жан Митрев, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.
Напоменуваме дека, во ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев не се вршени никакви експерименти со примена на хемофилтрацијата. Напротив, станува збор за стара метода и медицинско средство чија примена за лекување кај пациенти со Ковид – 19 се практикуваше во САД, Канада, Германија, Швајцарија, Шпанија, Италија, Хрватска и други земји, а први ја употребиле лекарите во Кина при првиот бран на пандемијата во Вухан.
Tироидната жлезда произведува тироиден хормон, кој контролира многу од активностите на вашето тело, вклучително и колку брзо согорувате калории и колку брзо чука вашето срце. Различните патолошки состојби на тироидната жлезда предизвикуваат помало или поголемо производство на тироидни хормони. Во зависност од тоа колкав квантитет на хормон произведува вашата тироидна жлезда, може да се чувствувате активно или уморно, или може да покачите или намалите телесна тежина. Жените имаат поголема веројатност да развијат болести на тироидната жлезда отколку мажите, особено по бременоста или по менопаузата.
Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка која се наоѓа во основата на вратот, веднаш под Адамовото јаболко. Од оваа жлезда се излачува тироидниот хормон кој допира до сите делови на телото преку крвотокот и го контролира метаболизмот на телото.
Како проблемите со тироидната жлезда влијаат на жените?
Жените во текот на животот имаат поголема веројатност да добијат заболување на тироидната жлезда од мажите. Болеста на тироидната жлезда кај жените може да предизвика:
Проблеми со менструалниот циклус. Тироидната жлезда овозможува правилен менструален циклус.
Проблеми со забременување. Кога болеста на тироидната жлезда влијае на менструалниот циклус, таа влијае и на овулацијата. На тој начин може да го отежне забременувањето.
Проблеми во текот на бременоста. Проблемите со тироидната жлезда за време на бременоста може да предизвикаат здравствени проблеми како на мајката, така и на бебето.
Понекогаш симптомите предизвикани од проблеми со тироидната жлезда се мешаат со симптомите на менопауза. Голема е веројатноста болестите на тироидната жлезда (особено хипотироидизмот) да се јават по менопаузата.
Овие се болестите на тироидната жлезда кои најмногу ги погодуваат жените:
Нарушувања кои предизвикуваат хипотироидизам
Нарушувања кои предизвикуваат хипертироидизам
Тироидитис
Гушавост
Јазли на тироидната жлезда
Карцином на тироидната жлезда
-Хипотироидизам – кога тироидната жлезда не произведува доволно тироидни хормони. Тогаш имаме забавување на различните телесни функции и метаболизмот. Најчеста причина за хипотироидизам во САД е Хашимото-овата болест. Кај оние со Хашимотоова болест, имунолошкиот систем им создава автоантитела против тироидната жлезда. Овој процес ја оштетува тироидната жлезда и истата не произведува доволно хормони. -Хипертироидизам – состојба кога тироидната жлезда произведува повеќе тироидни хормони отколку што му е потребно на телото. Тогаш имаме забрзување на телесните функции и метаболизмот. -Тироидитис – воспаление на тироидната жлезда.
Причините за тироидитис вклучуваат:
Автоимуни болести, како што се дијабетес тип 1 и ревматоиден артритис
Генетски фактори
Вирусна или бактериска инфекција
Одредени видови на лекови
Два вообичаени типа на тироидитис се Хашимото-виот тироидитис и постпарталниот тироидитис.
– Гушавост – абнормално зголемување на големината на тироидната жлезда. Може да се појави само кратко време и да помине самостојно без третман. Или тоа може да биде симптом на друга состојба на тироидната жлезда која бара третман.
Некои од факторите кои предизвикуваат гушавост вклучуваат:
Хашимото-тироидитис
Грејвсова болест
Јазли на тироидната жлезда
Тироидитис
Карцином на тироидната жлезда
Единствениот симптом на гушавост е оток на вратот. Може да биде доволно голем за да може да се види или да се почувствува на допир. Силно изразена гушавост може да предизвика вкочанет врат, кашлица, проблеми со голтањето или дишењето како и компресија на крвните садови на вратот. Во овој случај вашиот лекар ќе ви направи одредени тестови за да види дали оваа состојба е предизвикана од присуство на друга болест на тироидната жлезда.
– Јазол во тироидната жлезда. Јазолот може да биде цврст или исполнет со течност или крв. Единечен или неколку. Јазлите на тироидната жлезда се чести и се јавуваат многу почесто кај жените отколку мажите. Сеуште не е познато зошто се формираат јазли во нормална тироидна жлезда.
-Карцином на тироидната жлезда – повеќето луѓе претходно постоечки јазол на тироидната жлезда што не предизвикува никакви симптоми. Доколку се појават симптоми, тоа може да биде оток, чувство на стегање во грлото, отежнато голтање или дишење, засипнат глас. За да се открие природата на јазолот, потребно е да се направат дополнителни испитувања. 95% од дијагностицираните јазли се бенигни.
Тимот од специјалист ендокринолог и интернист тиреолог-диабетолог во Клиничката болница Жан Митрев ви стои на располагање за дијагностика и третман на сите промени на тироидната жлезда.
По повод претстојниот Светски ден на срцето – 29 септември, организираме БЕСПЛАТНИ КАРДИО ПРЕГЛЕДИ за сите наши пациенти оперирани од срце.
Кога станува збор за болестите на срцето, нашата цел е да работиме и на подигнување на свесноста во однос на исклучителната важност на превентивните прегледи. Токму затоа почнувајќи до крајот на септември Клиничката болница Жан Митрев за сите свои пациенти оперирани од срце овизможува бесплатен кардио преглед.
За да закажете термин јавете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484