Кожата и студот: 8 совети за подобро здравје на вашата кожа

Зимата и студот влијаат на целото наше тело, особено на кожата. Таа е изложена и може сериозно да биде оштетена од температурните промени. Лошите временски услови како што се ниските температури ги засегаат најчувствителните области на лицето, усните, вратот, деколтето и секако рацете.

Затоа, во прилог ќе ви дадеме неколку совети кои треба да ги почитувате, со цел подобро здравје на вашата кожа:

  • Хидрирајте ја кожата секојдневно, неколку пати на ден. Ова е особено важно кај оние кои страдаат од некој тип на дерматоза (атопичен дерматитис, псоријаза…). Соодветна крема за омекнувње на кожата (на база на ланолин, уреа, итн.) ќе помогне да се одржи кожа здрава во текот на зимата.
  • Избегнувајте прекумерно миење раце. Дерматитисот што го зафаќа надворешниот дел на рацете е честа причина за иритации во овој период од годината, особено кај луѓето кои постојано ги мијат рацете од причини поврзаи со нивната работа. За да се избегне тоа, треба да се употребуваат ракавици и бариерни креми.
  • Не користете агресивни производи за миење на лицето и телото. Изберете нежни и дерматолошки тестирани производи.
  • Избегнувајте туширање со многу топла или многу ладна вода. Идеално е млака вода и да не се туширате повеќе од еднаш дневно, бидејќи тоа би ја зголемило дехидрацијата-сушењето на кожата.
  • Хидрирајте ги усните и заштитете ги од ултравиолетова светлина. Усните многу страдаат во зима, уште повеќе ако има некоја основна промена (атопичен, актиничен хелитис…).
  • Не заборавајте ги очилата за сонце и секојдневната заштита од сонце и во зима, особено во областите каде има снег или на планина, бидејќи на тие места се рефлектира 80% од сончевото зрачење.
  • Носете ракавици и топла облека. Особено оние лица кои се осетливи на студ и кои обично страдаат од перниоза или феноменот на Рејно (ладни прсти на рацете кои стануваат бели, сини и црвени)
  • Избегнувајте нагли промени на температура, бидејќи тоа ја зголемува можноста за појава на проширени капилари (пајакови вени) на лицето (особено образите).

Активни состојки препорачливи за нормален тип на кожа: витамин Ц, ретинолна киселина, гликолна киселина и хидрокси киселини, сите со важна функција против стареење. Сепак, кај осетлив тип на кожа, мора да користат смирувачки, вазоконстриктивни и деконгестиви супстанци. Такви се декспантенол, алфабизоболол, глициретична киселина. Покрај тоа, тие мора да избегнуваат производи кои содржат алкохол, конзерванси или парфеми. Поради оваа причина, неопходна е индивидуална дерматолошка проценка на секој тип на кожа.

Идеалниот вид на средства за нега ќе зависи и од типот на кожата и евентуално постоење на некаква состојба, проблем, алергии и слично. Во принцип, лосионите со активни состојки за прочистување се подобри за комбинирана или мрсна кожа, а масните, богати креми за зрела и сува кожа.

Постојат нови маски и третмани, како што е мезотерапијата со хијалуронска киселина, кои помагаат да се хидратира кожата длабински.

Добро е да знаете дека зимата е најдобро време за извршување на интензивни третмани за депигментација на лицето, како дома така и во ординација (хемиски пилинг или маски).

Секако клучно е да внимавате на исхраната. Нека биде богата со витамини и антиоксиданси. Не заборавајте да пиете помеѓу 1,5 -2 литри вода дневно.Избегнувајте тутун и алкохол, бидејќи тие имаат негативно влијание врз здравјето на нашата кожа, создавајќи слободни радикали. Покрај тоа, алкохолот ги влошува проширените капилари на лицето.




Вродените срцеви заболувања

Оваа тема иако безброј пати обработувана, сепак е актуелна и предизвикува интерес кај широката популација, поради фактот што станува збор за вродено заболување. Затоа да се потсетиме:

Што се вродени срцеви заболувања?

Тие се низа малформации на структурата на срцето и/или на големите крвни садови кои се создаваат во феталната фаза, а можат да се откријат за време на бременоста, за време на породувањето или во одреден момент подоцна во животот.

Кои се причините за појава на оваа болест?

Според Светската здравствена организација (СЗО), причините можат да бидат од генетско потекло, инфекции, фактори поврзани со животната средина и нутритивниот статус на мајката. Иако во 50% од случаите на генетски абнормалности многу е тешко, скоро невозможно да се идентификува причината.
Повеќето срцеви абнормалности може да се дијагностицираат за време на бременоста преку ултразвук на фетално срце. Сепак, симптомите може да се појават при раѓање или месеци по породувањето, во зависност од условите. Во некои случаи, може и со години да не се појават.

Третман на вродени срцеви мании

Во зависност од видот на срцевата болест и нејзиното влијание, третманите обично се хируршки и се изведуваат од високо специјализирани мултидисциплинарни тимови, кои се лековити во значителен процент од случаите, иако повремено се изведуваат палијативни операции.

Превенција

Бидејќи кај повеќе од половина од случаите не ја знаеме причината за овие вродени срцеви заболувања, најдобар начин за нивно спречување е раното откривање, преку фетална ехокардиографија за време на бременоста или со педијатриски кардиолошки преглед на детето при раѓање.

Вродени срцеви заболувања кај адолесценти и возрасни

Се проценува дека најголем број од пациентите оперирани во неонаталниот период достигнуваат зрелост и водат нормален живот.
За да се обезбеди грижа за сите пациенти со вродени срцеви заболувања, потребна е соработка на мултидисциплинарни тимови за да се понудат соодветни совети, дијагноза и третман за возрасните.

Мултидисциплинарниот тим на одделот за кардиологија во Клиничката болница Жан Митрев, вклучува кардиолози, педијатриски кардиолози, интервентни кардиолози, кардиохирурзи, како и анестезиолози и интензивисти високо специјализирани за пациенти со вродени срцеви заболувања кои периодично се состануваат за да разговараат и заеднички да го одберат најдоброто решение и терапија за секој пациент.

Доколку страдате од вродени срцеви заболувања и/или имате прашања, можете да го закажете вашиот преглед на 02 3091-484. Во моментов кардиоваскуларниот пакет е со намалување од -20%.

Што доколку имате повреда на вкрстените лигаменти на коленото?

Повреди и дијагноза на вкрстените лигаменти


Многу луѓе практикуваат спортови со висок интензитет без да бидат физички подготвени, а една од последиците предизвикани од тие спортови се повредите.
Најчести се оние поврзани со вкрстените лигаменти предизвикани од практикување на спортови кои вклучуваат нагло менување на интензитетот, запирање, скокање и ненадејно менување на насоката на движење како фудбал, кошарка, тенис, скијање итн.

Дали знаете како да препознаете повреда на лигаментите?


Во повеќето случаи, постојат низа симптоми кои можат да ве натераат да се сомневате дека имате повреда од овој тип, но важно е да запомните дека за да поставите правилна дијагноза задолжително треба да посетите лекар.

Дел од симптомите може да бидат:

• Силно крцкање во коленото
• Тешкотии при обидување да ја издржите својата тежина на конкретната ногата
• Силна болка и неможност да продолжите да се движите поради болка
• Оток во зафатениот дел
• Нестабилност

Како се дијагностицира и како да се лекува?


За да дијагностицира, лекарот го испитува коленото на пациентот користејќи конкретни методи како: рентген, МРИ (магнетна резонанца) или ултразвук. Овие испитувања ќе помогнат за лекарот да ја процени сериозноста и да знае како да ја третира ваквата повреда.

Грижата за прва помош може веднаш да ја намали болката и отокот и вклучува:

  • Одмор: неопходен за заздравување и ограничување на тежината што коленото мора да ја поднесе.
  • Мраз: се препорачува да ставате мраз на колено на секои два часа по 20 минути
  • Компресија: Се препорачува коленото да се завитка со еластичен завој за да има компресија околу него и да биде заштитено.
  • Висина: препорачливо е да се стави предмет за потпирање (перница) одоздола за да се подигне ногата.
  • Рехабилитација: Во некои случаи, неопходно е да се оди на сесии за рехабилитација со физиотерапевт за да се изведат одредени вежби кои помагаат да се подобри состојбата.
  • Хирургија: Одлучувачки ќе биде степенот на нестабилност што го прикажува коленото по повредата. Доколку пациентот не реагира добро во зглобот и повредата е сериозна, треба да се направи операција. Во овој случај, процесот на лекување и закрепнување е подолг.

Доколку страдате од некој од горе сппоменатите симптомите, треба да се консултирате со вашиот лекар за да добиете правилна дијагноза. Во Клиничката болница Жан Митрев имаме Оддел за ортопедија составен од стручен тим од специјализирани лекари кои ќе ви направат целосна дијагноза и ќе го следат целиот процес на повреда и закрепнување.

За да закажете термин може да се јавите на 02/3091-484

Дали некогаш сте слушнале за литотрипсија?

Ви звучи сложено и непознато? Всушност станува збор за процедура за разбивање на камења (калкули) во урогениталните зони со помош на ласерски уред.

Проблемот на постоење на наслаги најчесто од калциум, кои создаваат камени формации со различна големина е чест и може да биде многу нелагоден и болен.
Најчесто, освен со силни болки во долниот дел од стомакот, може да се манифестира со присуство на крв, па и ситни парченца во урината. Овие камчиња може да предизвикаат и инфекции кои можат да додведат до различни проблеми со уринарниот тракт.

Присуството на камења се дијагностицира со помош на ехо на уретрата, мочниот меур или бубрзите, по што лекарот ќе препорача следни чекори за решавање на овој проблем.
Ние во Клиничката болница Жан Митрев за разбивање на камења во урогениталниот тракт, го користиме Ласерот Ho:YAG. Овој ласер има двоен ефект, фото-термички и фотомеханички. Импулсната емисија, со бранова должина од 2.100 nm која е високо апсорбирана од водата, пренесува енергија во форма на ударни бранови кои произведуваат ефект на кавитација во течната околина, предизвикувајќи пулверизација (разбивање на каменот во форма на многу мали честики како прашина) или фрагментација на каменот, без инвазивни хируршки процедури.

Ефикасен е за третман на сите различни видови и хемиски состави на камења и претставува оптимално решение дури и за оние камење кои се особено тешко достапни. Покрај тоа, неговата поголема моќност од 35 W му овозможува на овој систем да управува со големи калкули со ефикасни и побрзи операции. Широкиот опсег на повеќекратни комбинации на фреквенција и енергија му овозможуваат на урологот да ја избере соодветната поставка за секој третман.

Ниската фреквенција и високата енергија се користат за брза и груба фрагментација, додека поставките со ниска енергија и висока фреквенција овозможуваат пулверизација на камењата во толку мали честички што може да се исфрлат со минимална непријатност за пациентот.

Се користи во ендоурологија и при ендохируршка литотрипсија. А самиот зафат се изведува во болнички услови од страна на соодветно обучен уролог.
Во зависност од големината, текстурата и локацијата на каменот, како и од симптомите и степенот на опструкција, хирургот може да изврши различни хируршки зафати: URS – уретерескопија, RIRS – ретроградна интраренална хирургија и PCNL – перкутана нефролитотомија.

Литотрипсијата направена со MultiPulse Ho е одлична алтернатива за традиционалната ESWL (Extracorporeal Shockwave Lithotripsy), бидејќи вклучува помал ризик од компликации и повисок степен на ефикасност и безбедност, без оглед на типот на камењата што треба да се третираат. Во споредба со другите хируршки процедури, ја има непобитната предност за минимизирање на крварењето и движењето на камењата (ретропулзија) за време на операцијата.

Предности за пациентите има многу, а дел од нив се:

  • Минимално инвазивна метода
  • Веднаш се решаваат симптомите
  • Многу кратко време на опоравување и враќање на секојдневните активности
  • Минимални нусефекти

Д-р Горан Јовиќ
Хирург уролог

Совети како правилно да го држите вашето тело

Правилната постура-држење на телото е многу повеќе од само стоење исправено за да изгледате убаво. Постурата е важен дел од вашето целокупно здравје во текот на животот. Одржувањето на телото во правилна положба, без разлика дали се движите или стоите, може да ви помогне да избегнете болка, повреди и други здравствени проблеми.

Правилното држење на телото може да опфаќа две главни позиции. При седење или при движење.
Динамично држење – се однесува на тоа како се држите кога се движите, како на пример кога одите, трчате или се наведнувате за да земете нешто.
Статично држење – се однесува на тоа како се позиционирате кога не сте во движење, како на пример кога седите, стоите или спиете.

Важно е да се одржува правилна постура и во двата случаеви, а за тоа да се случи клучна е положбата на вашиот ‘рбет. Вашиот ‘рбет има три природни кривини: во вратот, во средината на грбот и во долниот дел на грбот. Правилното држење значи дека треба да бидат присутни овие облини, но не и да ги зголемува. Главата треба да се држи исправено на рамената, а рамената треба да бидат во линија со колковите.

Лошото држење на телото може да биде штетно за вашето здравје. Одењето наведнато може да доведе до:

  • Погрешно усогласување на мускулно-скелетниот систем
  • Трошење на вашиот ‘рбетен столб, правејќи го покревок и склон кон повреди
  • Појава на болка во вратот, рамената и грбот
  • Намалена флексибилност
  • Неправилно движење на вашите зглобови
  • Нарушување на вашата рамнотежа и зголемен ризикот од паѓање
  • Несоодветно варење на храната
  • Тешкотии и нарушено дишење

Како може да го подобрите целокупното држење на телото?

  • Бидете свесни за држењето на вашето телото за време на секојдневните активности, како што се гледање телевизија, миење садови, одење или работење пред компјутер.
  • Останете активни. Секаков вид на вежбање може да помогне да се подобри вашето држење на телото, но одредени типови на вежби може да бидат особено корисни. На пример, јога и други видови на вежби кои се фокусираат на свесноста за телото. Исто така, добро е да правите вежби кои ги зајакнуваат мускулите околу грбот, стомакот и карлицата.
  • Одржувајте здрава тежина. Прекумерната тежина може да ги ослаби вашите стомачни мускули, да предизвика проблеми со карлицата и ‘рбетот и да придонесе за болка во долниот дел на грбот. Сето ова може да го наруши вашето правилно држење на телото.
  • Носете удобни чевли со ниски потпетици. Високите потпетици можат да влијаат на вашата рамнотежа и да ве принудат да одите поинаку. Ова може да го зголеми притисокот врз вашите мускули и да го оштети правилното држење на телото.
  • Погрижете се вашите работни површини да бидат на удобна висина за вас, без разлика дали седите пред компјутер, подготвувате вечера или јадете.

Како да го подобриме држењето на телото при седење?

  • Многу луѓе поминуваат премногу време седејќи, без разлика дали се на работа, училиште или дома. Важно е правилно да седите и да правите чести паузи.
  • Често менувајте ја седечката положба.
  • Направете кратки прошетки низ вашата канцеларија или дома.
  • Нежно истегнете ги вашите мускули од време на време за да помогнете во ублажување на мускулната тензија.
  • Доколку вашите стапала не го допираат подот, користете потпирач за нозе
  • Опуштете ги рамената. Тие не треба да се наведнуваат или да се повлекуваат назад
  • Држете ги лактите блиску до телото. Тие треба да бидат свиткани помеѓу 90 и 120 степени
  • Погрижете се грбот да ви е добро потпрен. Користете перница или друга потпора ако вашиот стол нема потпора за кривината на долниот дел на грбот.
  • Проверете дали бутовите и колковите се добро поддржани. Треба да имате добро обложено седиште, а бутовите и колковите да бидат паралелни со подот.

Иднината е во комплетното мапирање на кожата. Добредојде FotoFinder!


Уште еден новитет во центарот за естетска дерматологија

Иако вообичаено мај е месецот кога зборувавме за подигање на свеста за ракот на кожата, сепак би сакале да потсетиме дека редовните прегледи кај дерматолог се неопходни за вашето здравје. Особено поради фактот дека меланомот-ракот на кожа се развива подмолно, без речиси никакви симптоми, а неговото навремено откривање може да спаси живот.
Свесни дека иднината е во комплетното мапирање на кожата на целото тело, а со цел да го подигнеме нивото и да обезбедиме уште поквалитни дерматолошки прегледи, од сега на располагање е технолошки напредниот апарат за комплетно мапирање на кожата на целото тело познат како ФотоФајндер (FotoFinder).

ФотоФајндер обезбедува врвна технологија која вклучува вештачка интелигенција со помош на која веднаш се детектираат нови, изменети и сомнителни бенки. При тоа прегледот се изведува на хигиенско растојание од повеќе од 1,6 метри, што е особено важно во време на Covid-19.
Благодарение на модуларниот дизајн, функционалноста на FotoFinder може да се прилагоди на поширок опсег на услуги во секое време, без разлика дали се работи за дермоскопија, фотографирање на целото тело, консултација за коса (трихоскопија), капилароскопија или естетика. Неговите иновации ќе ги воодушеват пациентите!

Како работи ФотоФајндер (FotoFinder)?

Во време на КОРОНА секој миг е важен
Со ултра брзиот процес на скенирање и интегрираната технологија на вештачка интелигенција, заштедува време, а контролите на кожата ги подига на сосема ново ниво на квалитет. Самиот преглед е безбеден бидејќи се случува на оддалеченост од пациентот на повеќе од 1,6м.

Мозаикот наречен бенки

Мајсторот за скенирање на тело (Bodyscan Мaster) ги идентификува лезиите во сите направени слики на телото и интелигентно ги распоредува според нивната важност на еден екран. Софтверот ги категоризира како: нови, променети и непроменети невуси. Овој таканаречен ,,мозаик приказ,, помага да се идентификуваат сомнителните лезии уште веднаш. Со тоа, видео-дермоскопскиот преглед се фокусира само на неколку атипични лезии за кои е потребна дополнителна проценка. Ова заштедува многу време и го намалува блискиот контакт на минимум.

Tехнологија на вештачка интелигенција AI за комплетно мапирање на кожата

Комплетното дермоскопско мапирање на кожата како процес, комбинира извонреден квалитет на слики, со нови софтверски функции и вештачка интелигенција (AI).
Токму Фотофајндерот со вештачка интелигенција овозможува исклучителни рeзултати на овој комбиниран систем. Од една страна тоа значи оптимизација на резултатите од скенирањето на телото (Bodyscan) и комплетното дермоскопско мапирање (Total Body Dermoscopy), а од друга страна ги поддржува анализите на поединечни лезии со анализаторот на бемки Moleanalyzer Prо кој дозволува пред-проценка на меланоцитски и немеланоцитски лезии користејќи алгоритам базиран на,,длабоко учење,, тестиран при клинички испитувања.

Дермоскопија со максимална хигиена

Во случај лезијата да бара дополнително испитување, можете да ја искористите видео дермоскопијата со зумирање во најдлабоките структури на невусот со големо оптичко зголемување и моментално зумирање на областа. FotoFinder medicam доаѓа со заменливи предни капачиња кои може да се менуваат за дезинфекција после секој пациент.

Особено во услови на Корона пандемија која трае подолго време, сигурни сме дека не сте направиле редовна контола и затоа би сакале да ве потсетиме дека особено во случај на малигнен меланом, раното откривање може да спаси живот!

За да закажете кај нашите дерматолози јавете се на 02/3104-910

Д-р Катерина Игневска – Многу брзо ќе се соочиме со пандемија на инфекции на кои антибиотиците нема да делуваат

Нерационалната употреба на антибиотиците не е нова појава, но во време на КОВИД пандемијата се започна со масовна злоупотреба на овие лекови што со енормна брзина не носат во т.н постантибиотска ера, вели во разговор за „Локално“, д-р Катерина Игневска микробиолог од Жан Митрев Клиник.

Микробиологот објаснува дека многу брзо ќе се соочиме со инфекции предизвикани од микроорганизми на кои достапните антибиотици воопшто нема да делуваат.

-Полека но сигурно чекориме кон пандемија во која бактериските инфекции кои не беа сериозна закана затоа што ги имавме антибиотиците како силно оружје, сега веќе ги губиме, а со тоа и битката со бактериските инфекции, објаснува Игневска.

Докторката нагласува дека со превентивното пиење на антибиотиците се создава катастрофална ситуација која со себе носи огромна отпорност и нивно неделување.

-Има протоколи кога и кај кои пациенти се дава антибиотик превентивно. Тоа се специфични процедури кои се изведуваат во болница. При ваков случај се знае точно кој антибиотик, кога, во која доза и колку долго треба да се прима за да го сметаме за превентива. За жал, со ова што се случува денес, достапноста и превентивното пиењето антибиотик во домашни услови, а особено антибиотици од широкоспектарен тип кои вообичаено се даваат само во болниците, се креира една иреверзибилна катастрофална ситуација која со себе носи огромна отпорност и неделување на постоечкиот арсенал антибиотици, вели микробиологот, додавајќи дека антибиотик се дава кога имаме потврдена бактериска инфекција.

-Исклучиво, повторувам исклучиво бактериските инфекции се лекуваат со антибиотик. Но ова како да се заборави, па иако согласно етиологијата на КОВИД пневмонијата – каде причинителот е вирус, прв лек кој се пишува како третман е токму антибиотик. Во однос на пробиотиците, доколку имаме краткотраен курс на антибиотска терапија и не е неопходно да се зема пробиотик, истото може да се постигне и со природните пробиотици кои ги има во секојдневната исхрана на пример јогурт. Но, доколку станува збор за подолготрајна антибиотска терапија со антибиотик со широк спектар на дејство, тогаш земањето пробиотик е оправдано, подвелкува Игневска.

Таа вели дека во случаевите кога антибиотиците често се даваат треба да се измери користа наспроти штетата, бидејќи како што објаснува “секој лек во исто време е и отров“.

-Покрај корист, кога се дадени соодветно-тогаш кога е неопходно, антибиотиците имаат и бројни несакани ефекти. Тие може да предизвикаат токсични реакции, реакции на преосетливост, една од позначајните во моментов – механизми на резистенција и креирање на мултирезистентни бактериски соеви, и секако многу значаен постантибиотскиот колит – кој може да доведе до многу сериозна здравствена состојба, смета микробиологот.

Во однос на тоа дали граѓаните треба да бараат од своите лекари да им препишат антибиотик „за секој случај“ или да си ги купуваат на своја рака, Игневска децидно вели дека пациентот кој ја доверил грижата за здравјето на лекарот каде се прегледува, треба да го испочитува и неговото знаење.

-За пациентите добар лекар е тој што ќе им даде антибиотик. Но, всушност умешноста на лекарот се состои во тоа да му објасни на пациентот кога му е потребно антибиотик и да го предупреди пациентот кои се позитивните и негативните страни, односно штетата од непотребното земање на антибиотици. Улогите на доктор-пациент се јасно поделени. Не се пациентите тие кои треба да,,бараат,, терапија, туку напротив тие доаѓаат за совет и објаснување кај својот лекар. Доколку пациентот ја доверил грижата за здравјето кај тој лекар, треба да го испочитува неговото знаење, искуство и совети, секако за негово добро, објаснува таа.

Докторката објаснува дека дeцата кога примаат антибиотици во комбинација со кортико-препарати потребно е да внесуваат витаминска исхрана.

-Како и секогаш кај децата исхраната е многу важна. Секако треба да се земат в предвид како калорискиот внес така и витаминскиот. Препорачливо е внесот на витамини да биде преку храна – кога е тоа возможно и достапно, на здрав начин без непотребно додавање на сирупи – витамини и суплементи. Многу е важна постојаната нега на децата, вниманието кое им го посветуваме и љубовта со која се грижиме за да бидат тоа здрави деца, објаснува микробиологот.

За тоа како може да ги разликуваме сезонските настинки и грипот од ковидот, Игневска посочува дека секогаш кога ќе се појават симптоми на горно респираторно заболување треба да бидеме внимателни.

-Со оглед на тоа дека сите тие почнуваат неспецифично, а и сведоци сме на модификации на клиничката слика, секогаш кога ќе се појават симптоми на горно респираторно заболување треба да сме многу внимателни бидејќи се уверивме сите дека правило нема. Предизвикувачот на КОВИД инфекцијата е високо контагиозен (заразен) вирус и наша одговорност при сомнение за инфекција е да останеме дома и да ја потврдиме или исклучиме истата со тест како би спречиле понатамошно пренесување на лица во околината. Но, не треба целиот фокус да биде насочен само кон КОВИД, бидејќи секогаш постоеле и ќе постојат и други вирусни и бактериски инфекции кои не се за потценување, вели микробиологот.

Д-р Катерина Игневска
Специјалист по микробиологија

Извор – Lokalno.mk

18-24 ноември е Светската недела за рационална употреба на антибиотиците

Шири свесност, спречи отпорност (Spread awareness, stop resistance) е слоганот под кој се одвива овогодинешната недела за подигање на свеста за рационалната употреба на антибиотиците.

Оваа глобална кампања се одржува секоја година од 18 до 24 ноември и има за цел да ја зголеми свеста за антимикробната резистенција (AMR); и промовирање на најдобрите практики меѓу јавноста, здравствените работници, ветеринарите и сите кои работат со животни, здравствените работници во земјоделството како и креаторите на политиките за употреба на антибиотици се со цел да се спречи појавата и ширењето на инфекции отпорни на микроби.

Антимикробните средства – вклучувајќи антибиотици, антивирусни, антигабични и антипаразити – се лекови кои се користат за спречување и лекување на инфекции кај луѓето, животните и растенијата. Низ целиот свет, бактериите, вирусите, габите и паразитите се менуваат, прилагодувајќи се и повеќе не реагираат на лековите што се користат за лекување на инфекциите што ги предизвикуваат. Оваа антимикробна отпорност го отежнува лекувањето на инфекциите, што го зголемува ризикот од ширење на болеста, тешка болест и смрт.
Одговорно користете ги овие лекови за да се зачува нивната делотворност и за следните генарции!