Tестирање за COVID-19 без закажување и Drive In пункт

Разновидни опции согласно вашите потреби

Со цел да помогнеме во борбата против неконтролираното ширење на пандемијата, почнувајќи од денеска започнуваме со тестирање без закажување. Исто така креиравме и можност да пристапите со вашето возило директно во нашиот Drive In пункт.

Никој нема да биде вратен, а сите оние кои имаат закажано термин истиот ќе биде доследно почитуван. Попустот од 10% за закажување термин оn-line сеуште е актуелен.

Нашиот COVID-19 пункт ќе работи секој работен ден од 7:00 до 19:00 часот, додека за викендите работното време е од 8:00 до 15:00 часот.

Во склоп на овој пункт овозможувме и рентген снимање, CT скен и земање примероци за дополнителни лабораториски анализи за COVID-19 како и сите останати варијанти на тестирање за веќе прележана COVID-19 инфекција како антигени и антитела.

Исто така достапни се и прегледи од лекар за пациенти позитивни на COVID-19, по претходно закажан термин.

Цените на тестовите во зависност од тоа дали се работи за индивидуалци, семејства или компании почнуваат од 1500 денари за индивидуален антигенски тест од кој резултатите ги добивате за 30 минути од земен примерок. Стандардниот SARS-CoV-2 PCR тест сега чини 2900 ден, а резултати добивате во рок од неколку часа од земен примерок. Рентген снимање кое вклучува дополнителна обработка на резултатите со специјална метода со AI – вештачка интелигенција и чини 2000 денари.

За семејства и компании имаме специјална понуда која се движи од 2750 до 2450 денари во зависност од бројот на тестирани.

Секако достапна е и најисплатливата опција т.е сезонскиот комбиниран тест кој освен COVID-19 детектира сезонски грип (Инфлуенца А Инфлуненца Б и RSV), како и други видови вируси типични за ова време од годината, по цена од 3000 ден.

Одбележуваме: 1 декември – Светски ден на борба против СИДА

Епидемијата на ХИВ сè уште е голем и активен проблем на јавното здравје во државава но и во речиси сите земји во светот. Статистичките податоци говорат за загриженост поради фактот дека оваа година е значително намалена стапката на новооткриени случаи на ХИВ и досега изнесува помалку од половина од бројот на откриени случаи минатата година. Според Светската здравствена организација во светот има 42 295 076 инфицирани со HIV-вирусот.

„За да останеме на патеката кон ставање крај на ХИВ-инфекцијата како проблем на јавното здравје, неопходно е значително да го зголемиме бројот на луѓе со ХИВ што го откриле својот позитивен статус и почнале со терапија. Очекуваме буџетот за антиретровирусна терапија да се планира врз основа на потребите и да се сообразува со зголемениот број пациенти што имаат потреба од терапија секоја наредна година. Потсетуваме дека вкупниот број пациенти на терапија во последниве 3 години се зголемил за повеќе од половина во однос на состојбата од крајот на 2017 година. За ова прашање апелираме да се изнајде итно решение за 2021 година“, велат од Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, по повод 1 декември – Светскиот ден на СИДА

Во согласност со насоките на Светската здравствена организација, земјите мора да осигураат непрекината достапност на основните услуги за превенција и лекување на ХИВ-инфекцијата во рамките на ургентниот одговор кон ковид-19, за што се неопходни соодветни ресурси и механизми.

Во нашата земја, во текот на 2020 година, до 30 ноември регистрирани се вкупно 29 нови лица со потврдена ХИВ-инфекција, а новодијагностицираните припаѓаат на различни возрасни групи од 20 до 69 години. Сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 25 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи кои имаат сексуални односи со мажи, а четири лица се изјасниле како хетеросексуалци.

Во текот на 2020 година починале вкупно шест пациенти, при што четири лица биле доцна дијагностицирани, а две лица одбиле да се лекуваат.

До овој момент на Клиниката за инфективни болести вкупно 306 пациенти се вклучени во системот на здравствена заштита во врска со ХИВ, а 99% од нив примаат антиретровирусна терапија, што, според Министерството за здравство, е исклучително висок процент. Само три лица сè уште не почнале да примаат терапија, поради тоа што во тек е спроведувањето на неопходни претходни анализи, средување документи поврзани со здравственото осигурување, или по личен избор на пациентот.

Во овој момент кај 91% од пациентите вирусот е супримиран, односно имаат т.н. недетектабилно ниво на вирус во крвта. Се очекува ова да се постигне кај сите пациенти коишто почнале со терапија. Тогаш имунитетот на пациентите може да ја врши својата функција и да се регенерира, а исто така, исклучена е и можноста за пренос на вирусот.

СИДА/AIDS (Acquired immunodeficiency syndrome) е состојба која се карактеризира со постепено намалување на отпорноста на организмот кон инфекции. Предизвикана е од ХИВ (HIV-Human  immunodeficiency Virus), според тоа СИДА-та е терминална фаза на ХИВ инфекција.

  • Каков е животниот циклус на вирусот на СИДА?

Примарна ХИВ инфекција: Непосредно по контактот со ХИВ,

Клиничка латенција: По примарната ХИВ инфекција, може да поминат многу години без никакви симптоми на болест.

СИДА: Како резултат на постојано размножување на вирусот во тек на подолг временски период, настанува постепено намалување на одбрамбената способност на организмот. Затоа во овој краен стадиум на ХИВ инфекција може да се јават различни заболувања (опортунистички инфекции) и малигни болести кои се главна причина за болест и смрт од ХИВ инфекцијата.

  • Кои се изворите на зараза?

 

Секрети и екскрети преку кои може да се пренесе ХИВ инфекцијата кај луѓето се: крв, сперма, вагинален и цервикален секрет,  мајчино млеко, секрет од рана, цереброспинална течност, плeврална течност, синовијална, перитонеална, перикардијална и амнионска течност.

  • Начини на пренесување

Аплицирање на дрога кај интравенски корисници;

Хемодијализа;

Тетовирање, акупунктура;

Трансплантацијата на органи и ткива;

Професионална трансмисија – ги вбројува здравствените работници кои не ги почитуваат општите мерки за заштита;

При ризичен сексуален  контакт, ризикот изнесува 10-15%,

Вертикална трансмисија – во тек на бременост, породување или доење.

 

  • Како се справуваме со сидата?

Третманот на ХИВ е сложен, мултидисциплинарен процес во кој се вклучени повеќе групи на лекови: лекови кои делуваат директно на вирусот (антиретровирусни лекови), лекови кои делуваат на причинителите на опортунистички инфекции, и лекови за одржување и подобрување на имунитетот.

  • Тестирање за ХИВ

ХИВ-тестот е специфичен тест со кој се утврдува или отфрла постоењето на ХИВ во организмот со земање  најчесто на примерок крв или плунка. Периодот кога треба да се направи тестот е најмалку  3 месеци од последното ризично однесување. За дијагностика се користат брзи Rapid test, ELISA и WESTERN BLOOD конфирматорен тест.

Во нашата Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина се прави детекција на Hepatitis C Virus (HCV) , Hepatitis B Virus (HBV) и Human immunodeficiency virus (HIV)  како групен тест.

Преку крв се детектира присуството на нуклеински киселини од HCV, HBV i HIV.  Резултатите од нашите тестирања се добиваат за 24 до 48 часа.

Машко здравје: Неколку симптоми кои се знак дека треба да посетите лекар

Кога мажите треба да одат на лекар? Кои симптоми не треба да се занемаруваат?
Лекарите советуваат редовни контроли, но, колку тоа се почитува?
Еве неколку симптоми кои не треба да ги игнорите и по кои треба веднаш да се јавите на лекар:

Проблеми со инконтиненција (неволно мокрење)

Забележувате дека сè почесто станувате во текот на ноќта за да мокрите или чувствувате дека ви се оди во тоалет, но млазот на урината е многу слаб или мокрењето е болно?

Причина за тоа е зголемената простата, проблем со кој се соочува дури половина од машкото население. Ваквиот проблем се решава со лекови за намалување на непријатноста, а понекогаш потребен е и оперативен зафат со кој се спречуваат поголеми компликации како проблеми со бубрезите. Проблемот со мокрењето може да биде сигнал и за друг здравствен проблем, како дијабетес или рак на простатата. Затоа не треба да се игнорира.

Промени на кожата кои траат долго време

Неправилности, израстоци, флеки, пигментации на кожата можат да бидат карцином на базални клетки, облик на рак на кожата кој ги погодува мажите, двојно почесто отколку жените.

Затоа редовно прегледувајте го темето на главата, очните капаци, врвовите на ушите и грбот – особено доколку голем дел од денот го поминувате надвор. Овој рак не метастазира брзо како меланомот, но што подолго го одложувате отстранувањето, проблемот станува посериозен.

Долготрајна и упорна кашлица

Константната сува кашлица која трае подолго од четири недели може да биде знак на гастроезофагеална рефлуксна болест (позната и под името GERB).

Ако во текот на годината не се провери, болеста може да предизвика рак на хранопроводот. Честата кашлица може да биде и сигнал за астма, или многу поретко, рак на белите дробови и срцеви проблеми.

Проблеми со потентност

Овој проблем мачи околу четвртина од мажите на возраст од 40 години, па дури и помлади. Некогаш се јавува поради стрес, анксиозност и лоши навики, како што е пушењето цигари и алкохолот, но еректилната дисфункција може да биде и ран показател за сериозни кардиоваскуларни проблеми.

Затнатите крвни садови го намалуваат дотокот на крв во срцето и пониско, а раниот преглед може да помогне во откривање на причинителот и да спречи можен срцев, па дури и мозочен удар.

Депресија

Мажите често не покажуваат јасни симптоми на депресија, а наместо повлекување и чувствување на тага, тие покажуваат лутина. Исто така, многу малку веројатно е дека ќе побараат помош или ќе земаат антидепресиви.

Ниското ниво на витамин Б12 и витамин Д се поврзува со депресијата, а хроничната болка и болестите (дури и дијабетесот) исто така можат да бидат поврзани со психичката состојба.

Не занемарувајте ги, не само овие, туку и било кои други симптоми кои укажуваат на промени во телото. Навременото препознавање и следствено на тоа дијагностицирањето на можни болести, придонесува кон спречување и нивен развој пред да биде предоцна.

COVID-19 амбуланта: Во склоп на COVID-19 тест центарот можете да добиете и преглед од лекар

Со цел да излеземе во пресрет на што поголем број на засегнати граѓани кои се позитивни на коронавирус, креиравме можност и за преглед од лекар по претходно закажан термин.

Нашата амбуланта во склоп на COVID-19 тест центарот работи од понеделник до петок од 8 до 20 часот, а за време на викендите од 8 до 14 часот.

Овде освен тестовите за утврдување на присуство на COVID-19, можете да направите и комплетна лабораторија, или рендген на белите дробови со што се добива целосна и реална слика за здравствената состоба.

Сите оние пак кои имаат потреба од дополнителни појаснувања, одговори и препораки врзани со нивните COVID-19 резултати и состојба, можат да ја одберат услугата: преглед за пациент со ковид и да закажат во нашиот контакт центар на 02/3091-484 и да дојдат на закажаниот термин.

Оние кои не сакаат да ја напуштаат удобноста на својот дом можат за закажат консултација која ќе се одвива виртуелно.

Веруваме дека брзата и навремена дијагностика и понатаму ќе биде есенцијална алатка во правилното справување со кризата.

Болести на имунолошкиот систем

Што претставува имунолошкиот систем?

Имунолошкиот систем е комплексна мрежа на клетки, ткива и органи. Заедно, тие му помагаат на вашето тело во борбата против инфекциите и другите болести.

Имунолошкиот систем се состои од два основни дела: вроден (оној имунолошки систем со кој сте родени) и стекнат имунолошки систем (оној кој се развива при контакт на вашето тело со микроби или хемикалии продукти на микробите). Овие два дела функционираат заедно.

Вродениот имунолошки систем е системот за таканаречен брз одговор, поточно оној кој одговара веднаш кога телото ќе идентификува ,,напаѓач,,. Клетките на овој имунолошки систем го обиколуваат и го убиваат ,,напаѓачот,,. Клетките кои го прават тоа се викаат фагоцити.

Стекнатиот имунолошки систем, со помош на вродениот продуцира клитки (антитела) кои го заштитуваат вашето тело од конкретен ,,напаѓач,,. Антителата се развиваат од клетките познати како лимфоцити Б откако телото било изложено на ,,напаѓач,,. Тие остануваат во телото, но потребно е неколку дена се развијат антитела. Откако еднаш сте биле изложени, следниот пат имунлошкиот систем препознава и се брани од истиот ,,напаѓач,,.


Декови одговорни за имунолошкиот систем?

И двата имунолошки системи се направени од голем број различни ткива и органи вклучувајќи ги:

Кожата: Таа е првата бариера која помага во спречување на навлегување на микробите внатре во телото

Мукозните мембрани: Тие се влажни внатрешни облоги на некои органи и телесни шуплини. Произведуваат слуз и други супстанции кои можат да ги заробат и да се борат против микробите.

Белите крвни клетки: одговорни за борбата против микробите

Органите и ткивата на лимфниот систем: Тука спаѓаат тимусот, слезината, крајниците, лимфните јазли, лимфните садови и коскената срцевина. Тие ги произведуваат, складираат и ги транспортираат белите крвни клетки.

 

Како функционира имунолошкиот систем?

Вашиот имунолошки систем го брани вашето тело од супстанции што ги смета за штетни или туѓи. Овие супстанции се нарекуваат антигени. Тие можат да бидат микроби како бактерии и вируси; хемикалии или токсини. Исто така тие можат да бидат клетки оштетени од рак или изгореници.

Кога вашиот имунолошки систем препознава антиген, тој го напаѓа. Ова се нарекува имунолошки одговор. Дел од овој одговор е со цел да создаде антитела. Антителата се протеини кои напаѓаат, ослабуваат и уништуваат антигени. Вашето тело создава и други клетки за да се борат против антигенот.

Вашиот имунолошки систем го памти антигенот. Препознавајќи го повторно, може брзо да го идентификува и да ги испрати точните антитела. Благодарение на ова, во повеќето случаи не се разболувате. Оваа заштита од одредена болест е позната како имунитет.

 

Кои се видовите на имунитет?

Постојат три различни типа на имунитет:

Вроден имунитет: Тоа е заштитата со која се раѓа. Тоа е првата линија на одбрана на вашето тело. Вклучува бариери како што се кожата и мукозните мембрани. Тие ги спречуваат штетните материи да навлезат во организмот.

Активен имунитет: Исто така наречен адаптивен имунитет, тој се активира и се развива кога ќе се заразете или вакцинирате против туѓа супстанца. Активниот имунитет обично е долготраен. Кај многу болести, тоа може да трае цел живот.

 

Кои се проблемите што може да ги има имунитетниот систем?

Понекогаш, кај некои лица може да се појави имунолошки одговор, иако не постои вистинска закана. Ова може да доведе до проблеми како алергии, астма и автоимуни болести. Ако имате автоимуна болест, вашиот имунолошки систем погрешно ги препознава и ги напаѓа здравите клетки во вашето тело.

Други проблеми со имунолошкиот систем се јавуваат кога истиот не работи добро. Овие проблеми вклучуваат болести на имунодефициенција. Ако имате болест на имунолошки дефицит, се разболувате почесто. Инфекциите можат да траат подолго, можат да бидат посериозни и потешки за лекување. Најчесто тие се генетски нарушувања.

Постојат и други болести кои можат да влијаат на вашиот имунолошки систем. На пример, ХИВ (вирус на хумана имунодефициенција) го оштетува вашиот имунолошки систем уништувајќи ги белите крвни клетки. Доколку овој вирус не се третира, може да предизвикува СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Луѓето со СИДА имаат сериозно оштетен имунолошки систем и страдаат од многу сериозни болести.

Мажите и кардиоваскуларните заболувањa

Под терминот кардиоваскуларни заболувања се подразбира група на заболувања на срцето и крвните садови, меѓу кои спаѓаат: артериска хипертензија, коронарна артериска болест , срцева слабост и срцев удар.

Кaрдиоваскуларните болести се една од водечките причини за смртност  во Европа. Од кардиоваскуларните заболувања секоја година во Европа умираат околу 3,9 милиони жители.

За жал и покрај сите превентивни мерки кои се преземаат во европските држави за намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања (кампањи за здрав животен стил , ограничување на продажбата на цигари и алкохол), статистичките податоци сеуште не покажуваат значаен пад на бројот на жители кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања, ниту пак се забележува значаен пад на морталитетот.

Главни ризик фактори за развој на кардиоваскуларните заболувања

На оваа тема се напишани огромен број на  статии кои укажуваат на главните причинители за развој на кардиоваскуларните болести. Знаеме дека машката популација е поподложна на овој тип на заболувања и затоа во месецот на машкото здравје би сакале да ве потсетиме на само некои од нив, кои ќе помогнат во намалување на ризиците.

1.Физичка активност

Редовната умерена физичка активност која подразбира 30 минути физичка активност 5 дена во неделата,  а не интензивниот третнинг, треба да бидат вашата цел.

Стандардните препораки од голем број на студии кои се однесуваат на превенција од кардиоваскуларните заболувања укажуваат на значајна редукција на кардиоваскуларниот ризик кај мажите кои практикуваат  редовна умерена физичка активност 5 дена во неделата. Целта е да се постигна конзистентност во физичката активност, а да се избегнува навиката спорадични интензивни тренинзи, кои може да предизвикаат повеќе штета отколку бенефит за вашето здравје.

2.Телесна тежина

Одржувањето на нормална-здрава телесна тежина е еден од главните фактори за оджување на здрав кардиоваскуларен систем. Под терминот здрава телесна тежина се подразбира одржување на BMI (body mass index)-индексот на телесната маса помеѓу 18-25. И покрај сите превентивни укажувања статистиките покажуваат дека покачената телесна тежина сеуште е еден од водечките ризик фактори за развој на кардиоваскуларните заболувања во Европа. Студиите укажуваат дека тоа е резултат на зголемен внес на мрсна и високо калорична храна помеѓу жителите на Европа и покрај секојдневните кампњи за подобрување на животните навики. Овие тенденции се особено изразени во таканаречените земји во транзиција.

3.Здрава исхрана

Умерениот внес на здрава храна , е една од основните цели во подобрување на состојбата  на кардиоваскуларниот систем. Под терминот здрава храна се подразбира внес на храна која е богата со диететски влакна и има низок процент на животински масти.Тука се вклучени овошјето и зеленчукот, интегралните зрна  како и рибата и белото месо. Целта е да се фокусираме на редовниот внес на здрава храна, а не опсесивно да ги броиме калориите кои што ги внесуваме при консумација на нездрава храна богата со животински масти. Секако треба да се води сметка и на внесената количина  на сол во исхраната. Ова е особено важно за лицата кои имаат дијагностицирана артериска  хипертензија и срцева слабост.

4.Стрес

Стресот влијае на нарушувањето на состојбата на кардиоваскуларниот систем не само дирекно туку и индиректно. Многу студии покажуваат дека луѓето кои што се под големо ниво на стрес, често посегнуваат по нездрави навики (пушење и прекумерен внес на алкохол) со цел да го намалат стресот. Наш предлог е да ги замените со редовна умерена физичка активност и квалитетно време поминато со вашето семејство.

4.Ниво на холестерол во крвта

Зголемените нивоа на холестерол во крвта се силно поврзани со зголемен ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања. Целта е да се оддржува нивото на холестерол во границите на нормала што изнесува помалку од 5,2  mmol/l. Лицата кои во неколку последователни лабораториски анализи имаат зголемени нивоа на холестерол во крвта треба веднаш да го консултираат својот матичен лекар или кардиолог за воведување на хигенодиететски режим или терапија со хиполипемици доколку хигенодиететскиот режим не дава резултати.

5.Покачен крвен притисок

Артериската хипертензија е исто така еден од водечките ризик фактори кои придонесуваат за појава и развој на кардиоваскуларните заболувања. Раниот третман на артериската хипертензија е една од најважните цели. Ова особено се однесува на машката популација , бидејќи статистиката укажува на тоа дека мажите многу помалку практикуваат да одат на превентивни прегледи. Токму затоа во Жан Митрев клиника во месецот на машкото здравје креиравме кампања кој овозможува 10% намалување на сите превентивните прегледи, закажани on-line.

Д-р Илија Нешковски
Специјалист по интерна медицина

 

КАКО ДО ОТКРИВАЊЕ И ЛЕКУВАЊЕ НА ХРОНИЧНАТА БУБРЕЖНА БОЛЕСТ КАЈ БОЛНИТЕ?

Хроничната бубрежна болест претставува современа епидемија на развиеното општрество денес во светот. Според американските научници до 15% од светското население има некој тип на намалување на стапката на гломеруларната филтрација а со тоа се наоѓа во некој стадиум на Хроничната бубрежна болест. Најтешкот стадиум на ХББ е петтиот кога треба да се започне со таканаречена ренална заместителна терапија, односно да се примени некој тип на замена на бубрежната функција како што е тоа хемодијализа, перитонеална дијализа и/или бубрежна трансплантација. Се дотогаш болните се во наши раце и секогаш е можно нешто да се направи, да се забави процесот кон дефитивно уништување на благородното бубрежно ткиво. Впечатлив придонес во развојот на ХББ денес претставуваат болните од нашата Клиника, оние кои се оперираат од срецви и крвносадовни болести и оние кои се во напредната возраст. Срцево-садовните болести ги оштетуваат не само срцето и ткивата на периферијата на организмот, туку претставуваат значаен чинител во оштетувањата на другите органи како што се бубрезите. За жал се работи за најчесто истородни процеси кои се одвиваат насекаде во организмот кои се најчесто и најдоминантно срцеви но кои имаат исто или слично дејство и врз бубрезите, мозокот и другите органи. Скоро сите болни кои се лекуваат денес од срцеви заболувања по хируршки пат имаат некој тип на ХББ кој е веке присутен со самиот прием на Клиниката. Оттаму е многу значајна нефролошката обработка на болните која покрај срцево-садовната болест ќе ни ја открие и бубрежната лезија, а со тоа, ќе ни укаже на натамошните мерки и процедури кои ни стојат на располагање за да го спречиме развојот на ХББ до фамозниот  петти стадиум кога мораме да започнеме со дијализа или трансплантација на бубрег.

 Кои мерки ни стојат на располагање за спречување на натамошниот развој на ХББ кај болните кои се оперирани од кардиошки или васкуларни феномени? Ке ги набројам подолу:

  • Прво треба да се увериме дека ХББ е присутна кај 90% од нашата популација на болни кои ги имаме секојдневно на нашата Клиника. Откако тоа ке го сфатимје, ке треба да се определи стапката на гломеруларна филтрација која ни е главен мериторен факт според која го определуваме стадиумот во кој болниот се наоѓа. За тоа ни е потребна едноставна формула која најчесто ја имаме на нашите мобилни телефони. Од досегашното искуство, сметам дека повекето болни се наоѓаат во 3-4 стадиум на ХББ што значи дека 5 стадиум е доволно блиску на него да размислуваме.

 

  • Сите овие болни со различен стадиум на ХББ треба интензивно да следат и лекуваат согласно нефролошката доктрина, што значи дека покрај кардиолошката треба да имаат и редовна контрола од нефролог. Редовните контроли треба да бидат следени со контрола на стапката на гломеруларната филтрација, појава на пропуштање на протеините во урината и крвната слика. Честотата на контролните прегледи зависи од стадиумот на ХББ. Оттаму доколку е тој повеќе од 4 степен, треба да се гледа почесто, односно секој 1-2 месеци. Доколку е тој, пак, трет степен ( особено ако е а) тогаш контролите треба да бидат на секој три месеци.

 

  • Основна цел на нефрологот кај овие болни е да го сочува стадиумот на ХББ, односно да не дозволи болеста да продолжи да се шири кон стадиумиот 5. За оваа цел тој има повеќе механизми кои се делотворни доколку болниот до нив се приджува. Оттаму болниот треба да се убеди дека е бубрежен болен и дека оштетувањето на бубрезите може да го изненади и да започне со лекување на хемодијализа. Со други зборови, ХББ е една од најважните задачи на секој срцев болен, особено тиа пациенти кои се наоѓаат во напредната возраст.

 

  • Хигиено-диететски режим претставува еден од основните механизми со кој сигурно се помага на организмот да се справи со покачената уреа и креатинин. СМисолот на овие мерки е да се даде таков тип на исхрана која ке биде сиромашна со протеини заради тоа што од метаболизмот на протеините зависи и концентрацијата на уреа во серумот на болниот. 85% од вкупно внесебитѕе протеини во црниот дроб се претвораат во уреа. Доколку болниот земе исхрана богата со протеини тогаш ке скокне и вредноста на уреа во серумот а таа може да се исфрли само преку бубрезите. Диетата сиромашна со протени може да биде различна по форма и големина. Тоа зависи во кој стадиум на ХББ се наоѓа болниот. Построга диета сиромашна со протеини означува внес на протеини од 0.5-0.6 грама на 1 кгр телесна тежина. Полабавата диета подразбира внос од 0.8 грама протеини. Секој болен добива специјален лист на протеински структури кои се познати и вообичаено се наоѓаат во фрастителен или животнски облик.

 

  • Употребата на медикаменти значи воглавно земање на средтсва кои ја зголемуваат алкалноста на организмот, односно средства како што е Натриум Хидроген Бикарбонат ( сода бикарбона) која треба да се земе два пати дневно. Освен ова треба да се земе и табелти Калциум Карбонат најчесто два пати дневно во тек на јадење. Овој медикамент спаѓа во групата на врзувачи на фосфор во гастро-интестиналниот тракт со што започнува една долга борба против секундарниот хиперпаратироидизам, толку чест кај ХББ. Доколку вон еден момент повеќе не се успее во контролата на фосфорот во серумот на болните, треба да се превземе паратиреодектомија, односно да се извадат паратироидните жлезди.

 

  • Останатите медикаменти се усмерени за контрола на крвниот притисок од кои директно зависи натамошното оштетување на бубрезите. Овие медикаменти се мошне значајни затоа што болен со срцево-садовно заболување и ХББ не смее да има покачен крвен притисок. Денес постојат антихипертензиви од најразлична генеза и потребна е умешност и знаење кога и со што да се делува.

 

  • Современ пристап на болните со ХББ претставува е давањето на Еритропоетин, хормон кој ја помага еритрогенезата и е прилично поволен и ефективен кај болни кои имаат некој степен на анемичен синдром. Анемијата е речиси постојан придружник на болните со срцево-садовни заболувања а добрата крвна слика е непходна за подобро преживување на болните. Значаен дел во генезата на анемијата кај овој тип болни доаѓа и од ослабената функција на бубрезите затоа штотој хормон се лачи во нормални количини кога имаме здрави бубрези. Еритропеотинот е добиен со генетски инжињеринг и денес се наоѓа во огромна примена кај сите болни со ХББ.

 

  • Исто така е важно болните со напреднат стадиум на ХББ да не се испраќаат рутински на КТ или МРИ затоа што контрастот што се добива најчесто е штетен за оштетените бубрези. Денес многу од овие болни на кои им треба КТ нефрологот ги испраќа на снимање со назнака колку треба да примаат контраст или дали воопшто треба да примаат. Тоа е еден од начините на штедење на бубрежното ткиво кое е оштетено кај овие болни. Исто така веке постојат сериозни зафати на нашата Клиника дел од овие болни да се поштедат од прекумерен контраст. Во овој смисол постои и правилник за постапување кога ке се јави ваков случај.

На овој начин е можно да се лекуваат овој тип болни кога е потребна здружена акција на интренистите кардиолози и нефролози. Пристапот е комплексен и зависи од состојбата насекој болен одделно. Исто така е неопходно секој болен да биде свесен за својата состојба и да се придржува до хигиено-диететските мерки, да ја разбере хипертензијата, склоноста кон дебелеење и начиниуте за нивно отстранување од организмот. Грижата за бубрезите кај овој тип болни ја чини поуспешна и интервенцијата на колегите кардиохирурзи во операционата сала.

 

Проф. Д-р Нинослав Ивановски
Спец. по интерна медицина, Супспец. по нефрологија

Импотенција кај мажите: Кога и како настанува и може ли никогаш да не ја почувствувате?

Машката импотенција е позната и како еректилна дисфункција. Таа претставува неможност мажот да постигне ерекција или да ја задржува истата до завршувањето на сексуалниот чин. Проценките се дека меѓу 15 и 30 милиони мажи во светот страдаат од импотенција, при што најголемиот процент е дијагностициран кај мажите над 65 годишна возраст.

Иако импотенцијата се смета за нарушување типично за повозрасни години, таа може да се јави кај сите мажи во било која возраст по пубертетот. Се смета дека еден маж страда од импотенција ако во повеќе од 25% од случаите не може да изврши сексуален однос.

Главни причинители за појава на импотенција можат да бидат како физички така и психички. Физичките причини се всушност повреди, додека пак во психолошки причини се вбројуваат вознемиреноста, депресијата или стравот.

За да подобро се разберат причините за импотенцијата, неопходно е да се разбере како настанува ерекцијата.

Ерекцијата на пенисот претставува низа од бројни настани кои што се случуваат со определен редослед. Вклучува присутство на возбудување при што нервите испраќаат сигнали кон мозокот, кој што пак одговара со испраќање на сигнали кон ткивата на пенисот.

Поради тоа, доаѓа до зголемување на протокот на крв во ткивата на пенисот, кои што кога ќе се наполнат предизвикуваат ерекција. Нарушувањето во било која етапа од претходно набројаните може да резултира со импотенција.

Психолошки и физички причини
Машката импотенција кај лужето во поодминати години од животот генерално се поврзува со постоечки болести кои што влијаат на снабдувањето на ткивата со крв и пропусноста на нервите, повреди или пак несакани дејства од некои лекови.

Дијабетесот, нарушувањата на бубрезите, артериосклерозата, нервните нарушувања и состојбите како хроничниот алкохолизам може да имаат големо влијание во снабдувањето со крв и поради тоа, причинуваат импотенција.

Животните навики, како што се пушењето, преголемата телесна тежина, летаргичниот животен стил можат исто така да афектираат врз текот на крвта и можат да предизвикаат импотенција. Исто така, една од причините може да биде и недостаток на хормони.

Во некои ретки ситуации, може да се забележи импотенција ако имаме повреда на пенисот, неговите структури или нервните клетки. Исто така, слични ефекти можат да предизвикаат и оперативни зафати во тој регион.

Консумацијата на определени групи на лекови исто така може да доведе до импотенција. Антидепресивите, лековите за снижување на притисокот, антихистаминиците, потиснувачите на апетит, се познати како намалувачи на проткот на крвта во пелвичниот регион што резултира со импотенција кај мажите.

Психолошки причини
Околу 10% до 20% од мажите страдаат од психолошка импотенција. Овој вид на импотенција може да се забележи при секоја возраст. Најчестите психолошки фактори се: депресија, стрес, вознемиреност поради импотенција или сексуална средба, чувство на вина, ниска самодоверба и страв.

Ризик фактори
Секој фактор кој влијае врз протокот на крвта или врз нервните завршетоци во ткивото на пенисот, се смета како ризик фактор за машката импотенција. Најчестите ризик фактори се:

  • Возраст над 60-65 години
  • Присуство на други нарушувања како што е дијабетесот
  • Прекумерна тежина
  • Пушење
  • Летаргичен стил на живот
  • Лекарства
  • Недостаток на тестостерон
  • Присутство на психолошки нарушувања или состојби како вознемиреност, депресија и други.

Овие ризик фактори влијаат или на протокот на крвта или на преносот на нервните сигнали. Некои од овие фактори можат и заеднички да делуваат за да придонесат кон појава на импотенција. Староста се смета како најголем ризик фактор, но таа не е единствениот. Постојат индивидуалци кои што можат да доживеат успешна ерекција и сексуален однос, а имаат над 70 години.

Мажите кои што се импотентни, можат да страдаат и од депресија, анксиозност или иритантност поради неможноста да имаат сексуален однос.