Тестови за коронавирус (SARS-CoV-2) oд 1500 до 3000 ден


Бројките на заразени од вирусот вртоглаво растат, но не секоја покачена температура и кашлица се предизвикани од КОВИД-19.

Со цел соодветно детектирање на вистинската причина, а со тоа и навремено спречување на ширењето на пандемијата, во нашата генетска лабораторија достапни се сите различни видови тестови за корона вирусот и за останатите сезонски вируси и бактерии со аналитички капацитет од 2000 тестови дневно.

Најисплатливата варијанта е комбинираниот тест кој освен КОВИД-19 детектира сезонски грип (Инфлуенца А и Инфлуенца Б) како и други видови вируси типични за ова време од годината, по цена од 3000 ден.

За сите оние кои сакаат да направат само ковид тест, на располагање се следните опции: брз антигенски за 1500 ден, стандарден PCR за 2900 ден. А достапни се и поволности за семејства и специјални пакети за компании.

Резултатите се добиваат од 30 мин до неколку часа, во зависност од типот на тестот.

Клиничката болница Жан Митрев веќе неколку години во својата редовна пракса користи PCR тестови за истовремена PCR детекција на десетици респираторни вируси и бактерии и истите можат да детектираат: само Коронавирус (SARS-CoV-2), комбинација од Koронавирус (SARS-CoV-2), инфлуенца А/Б, или пак и Коронавирус (SARS-CoV-2) + 33 респираторни вирус и бактерии

Придржувајте се строго до мерките и препораките, останете безбедни и заштитете се себеси и Вашите најблиски. Реагирајте соодветното и брзо во оваа ситуација. Закажете термин на 02/3091-484 или он-лајн: https://zmc.tiktak.mk/

 

Виртуелна бронхоскопија

Белите дробови како орган се состојат од серија на дишни патишта и белодробен паренхим. Дишните патишта се т.н. транспортна зона и тоа е серија од бронхи, кои почнувајќи од дишникот (трахеа) континуирано се разгрануваат, станувајќи се пократки и потенки, преку главните лобарни а понатаму преку сегментни и субсегментни бронхи, па се до терминалните бронхиоли кои навлегуваат длабоко во белодробниот паренхим.

Белодробниот паренхим е т.н. респираторна зона која се состои од респираторни бронхиоли, алвеоларни дуктуси и сакулуси се до алвеолите каде што се врши размената на гасови, односно кислородот од вдишаниот воздух преоѓа во крвта и обратно, јаглеродниот диоксид од крвта преоѓа во издишаниот воздух.

Виртуелната бронхоскопија е компјутерски генерирана тридимензионална постпроцесинг техника при компјутерската томографија, која продуцира слики на трахеобронхијалното стебло со висока резолуција и претставува симулација и замена на конвенционалната бронхоскопија (со фибероптичен бронхоскоп). Таа резултира на големиот напредок на компјутерскиот хардвер и софтвер и напредокот во МСКТ (мултислајс компјутерска томографија) скенер технологијата.

Прегледот е неинвазивен, безопасен, се изведува во еден акт на инспириум (во еден здив) и трае 20 – тина секунди. Ретко, како на пример при индикација за трахеобронхомалација, прегледот се изведува и во инспириум (вдишување) и во експириум (издишување), за да се дијагностицира стеснување или колапс на воздушните патишта на белодробието. Кога постои сомневање за туморски процес (карцином итн.) се вбризгува контрастно средство преку периферна вена (најчесто на рака), за да се добие подобра визуелизација на туморот, како и да се види соодносот помеѓу туморот, крвните садови и дишните патишта.

Откако ќе се изврши прегледот (скенирањето), со помош на компјутерскиот софтвер се овозможува симултано анализирање на аксијалните пресеци, мултипланарните пресеци и ендолуминалните слики, со што се добива увид во интралуминалните и екстралуминалните анатомски структури, односно евентуални патолошки процеси.

Со помош на ВБ може со голема точност да се откриваат ендолуминални или екстралуминални лезии, бенигни или малигни бронхијални стенози, бронхогени карциноми, анатомски варијанти, трахеален бронх (за горниот десен лобус), вродени или стекнати трахеобронхијални дивертикулуми, трахеоезофагеална фистула, васкуларни прстени (vascular ring) кои можат да предизвикаат стридoр (свирење) кај деца, аспирација на страни тела (поготово во случај на органски страни тела со нормални конвенционални рентгенографски наоди), потоа како водич за планирање на трансбронхијална биопсија на медијастинални или хиларни лимфни јазли итн.

Виртуелната бронхоскопија како релативно нова метода добива се поголемо значење и е од интерес не само за радиолозите туку и за пулмолозите бидејќи може да биде од голема полза при евалуација на пациентите со суспектна патологија на дишните патишта.

Д-р Ѕвонко Атанасов
Спец. по радиодијагностика  

Магнетна резонанца на простата

Кај возрасен маж, простатата е голема како орев или костен. Таа е сместена под мочниот меур, на основата на машкиот половен орган и непосредно пред аналниот отвор. Низ средина на простатата поминува мочниот канал кој ја празни мочката од мочниот меур, на патот кон врвот на пенисот.

Простатата лачи сок кој е составен дел на спермата при ејакулацијата.

Најчесто бенигно заболување на простата е бенигна простатична хиперплазија (БПХ). Преваленцата на БПХ прогресивно расте од четвртата деценија со преваленца од 8%, до дури 82% во осмата деценија на животот.

Во Евро­па и кај нас има дра­стич­но зго­ле­му­вање на бројот на бол­ни­те и со кар­ци­ном на про­ста­та. Во Ма­ке­до­ни­ја ра­кот на про­ста­та е трет на ли­ста­та на кар­ци­но­ми кај ма­жи­те, а ре­дов­ни­те прег­ле­ди зна­чат и нивно рано откривање и из­ле­ку­ва­ње.

Испитувања кои треба да се направат се: анамнеза, физикален преглед на абдоменот, дигиторектален преглед на простата, ехотомографијa на УГТ, транс-ректален ултразвучен преглед (ТРУС) на мочен меур и простата. Потоа преглед на урина, уринокултура, спермокултура, секрет на простата, крв, тотален ПСА, слободен ПСА, КТ урографија и како најнов и најсофистициран преглед – МРИ на простата.

Магнетна резонанца (МР) на простата е неинвазивно амбулантско испитување со помош на магнетни полиња, радиобранови и компјутерско-софтверски апликации за продукција на слики од простатата со изразено висок квалитет. Тоа испитување е безопасно, а дава најдобра визуелизација на простатата, најрано го открива карциномот на простата идоколку се открие овозможува и ТНМ стејџинг, односно раширеност на карциномот и евентуално зафаќање на соседните анатомски структури.

Единствено треба да се внимава ако пациентот има вградено некои медицински помошни апарати како пејсмејкер, срцев дефибрилатор, потоа некои ортопедски метални импланти и сл. Пред преглед на МР на простата нема потреба од никаква претходна подготовка на пациентот. Пациентот си ја зема редовната терапија ако ја има, а доколку пациентот има клаустрофобија треба да се сигнализира на докторот за да се интервенира со некој седатив или по  желба на пациентот и со анестезија за време на прегледот.

Д-р Ѕвонко Атанасов
Специјалист по радиодијагностика

Брзи тестови за детекција на коронавирусот SARS-CoV-2


Споредба и разлики меѓу досега применуваните PCR тестови и брзите-антигенски

По долги најави, согласно информациите од Министерот за здравство г-дин Венко Филипче, во Македонија ќе се започне со приватно тестирање на пациенти за коронавирусот SARS-CoV-2 со брз антигенски тест во рамките на јавното здравство.

Што е разликата меѓу PCR тестовите и антигенските-брзи тестови?

Преку PCR тестовите директно се детектира генетскиот материјал (РНК) на вирусот, додека пак преку антигенските тестови со помош на антитело како детектор, се открива специфичен протеин (или дел од него) составен дел на самиот вирус. Ова значи дека и двата теста директно детектираат присуство или отсуство на вирусот во примерочниот брис.

Поради самата природа на PCR методата таа е посензитивна и поспецифична, бидејќи најниското ниво на детекција е една молекула и има пониско ниво на вкрстена реакција со сродни вируси.

Додека пак кај брзите тестови т.е антигенската детекција, најниското ниво на откривање е илјадници молекули, но нивната предност е во тоа што се побрзи и не е потребен специјализиран кадар за работа со нив.

Антигенските тестови се навистина побрзи, но може да испуштат пациенти кај кои инфекцијата туку што започнува или пак е во завршна фаза.

Најсензитивни се во првите 3-5 денa од појавата на симптоми, односно може да ги откријат луѓето коишто се најинфективни, но не сите.

Како и при PCR, потребен е материјал земен од нос, грло, назофаринкс или слично. Самата припрема на брисот е склона кон формирање на аеросоли, а аеросолите се еден од главните преносители на вирусот. Бидејќи во самиот примерок може да има инфективен материјал, според Светската Здравствена Организација неговата севкупна манипулација треба да се одвива во лаборатории со ниво на биолошка сигурност 2 т.е во биолошки кабинети со негативен притисок во нив, со лимитиран пристап за персонал. Работа во несоодветни лаборатории и ординации, сериозно го зголемува ризикот за инфекција на медицинскиот персонал којшто го изведува тестот и блиската околина.

Оваа технологија има силна апликативна вредност, овозможува омасовување на тестирањето во Македонија и треба да се охрабри, но само доколку се изведе правилно.

Иновативна Рентген дијагностика со вештачка интелигенција

Доколку сте COVID-19 позитивни или чекате резултати од PCR тестирање, направете рентген на бели дробови кој ќе ви овозможи детектирање на промени на белите дробови предизвикани од COVID – 19 веднаш, без чекање

Сведоци сме дека пандемијата предизвикана од вирусот Cov-SarS2 секојдневно зема се поголем замав. Во тој контекст, примената на иновативни методи како што е вештачката интелигенција (AI – Artificial intelligence), станува се поактуелна.
Ова особено се однесува на детектирање на промени на белите дробови предизвикани од COVID -19 кое досега се изведуваше од страна на радиолозите со помош на направена рентген снимка. Отсега, интерпретацијата на рентген снимката е придружена со напредна софтверска  алатка за дијагностицирање која користи вештачка интелигенција.
Системот се темели на алгоритам кој функционира паралелно со рентген снимањето и ги потенцира промените на белите дробови предизвикани од COVID-19, но и дава визуелен приказ на штетата направена од истиот. Овој начин на дијагностицирање на корона олеснува побрзо откривање, а со тоа помага да се спречи и контролира ширењето на новиот коронавирус. Исто така со негова употреба може да се квантифицира прогресот и закрепнувањете од болеста, со што се овозможува ефективно следење.
Во светски рамки ваквото дијагностицирање е веќе во употреба и постојат бројни потврди за тоа како оваа иновативна алатка ги комбинира откритијата на радиолог со податоците на алгоритмот CAD4COVID-AI на остроумен начин. 
Во Клиничката болница Жан Митрев со секоја направена рентген снимка вклучен е и овој начин за дијагностика кој пациентите го добиваат бесплатно како поддршка на борбата против пандемијата. Им благодариме на Делфт Кер https://www.delft.care/cad4covid/
 
Дел од предностите кои би сакале да ги истакнеме се:
1) генерираниот резултат на скала од 0 до 100, што укажува на степенот на аномали поврзани со COVID-19;
2) приказот на абнормалности на белите дробови преку топлинска мапа (heatmap);
3) определувањето на процентот на видливо ткиво на белите дробови што е засегнато;
4) покажувањето резултат во рок од 20 секунди; и
5) можноста за чување на податоците во облак (со и без интернет конекција).
 

Прочитајте повеќе на следниот линк:

https://bit.ly/3jJIvAI

Успешно изведена операција на вертебрална артерија кај 51 годишна пациентка

Пациентката во нашата клиника пристигна во Ургентниот центар со јаки болки во десната рака па се до рамото. Таа имаше толку силни болки од кои буквално не ја движеше не само десната рака туку и на целата десна половина на телото.

Со вакви болки веднаш ќе си помислите дека пациентот има проблеми со зглобовите или коските. Но, при кардиолошкиот преглед што веднаш и го направивме утврдивме дека левата вертебрална артерија има сигнификантен “kinking”.  За да потврдиме дека тоа е така веднаш направивме компјутерско иследување на 256 – слојниот компјутер по што се установи еден изразен “kinking” на излезот на левата вертебрална артерија. Овој проблем во телото предизвикува неадекватно снабдување на мозокот со крв поради што се јавуваат голем дел од невролошките симптоми кои ги чувствуваше пациентката – објаснува доктор Енвер Идоски, кардиолог во Клиничка болница Жан Митрев.

Операцијата којашто ја направи доктор Жан Митрев е перфектно направена и нема никакви несакани појави, циркулацијата е исто така перфектна, а болките ги нема за што сведочи и самата пациентка.

Да напоменеме дека оваа операција беше финансиски покриена од Фондот за здравствено осигурување. Исто така, Фондот ги покрива и сите други кардиоваскуларни операции кои се извршуваат во нашата клиника, т.е. операциите на срце и операциите на крвните садови.
Целото сведоштво погледнете го на следниот линк:

 

Зголемена достапност на кардиолошките и кардиохируршките интервенции – селективна коронарографија

Излегувајќи во пресрет на сите оние пациенти, кај кои е неопходно изведување на кардиохируршка интервенција, а пред тоа,  предоперативна коронарографија, едно потсетување,  дека  предоперативната коронарографија во Клиничка болница Жан Митрев и понатаму е бесплатна. Истата се изведува неколку часови или денови пред планираниот оперативен зафат на срцето, и влегува во групата на предоперативните иследувања.

Што е коронарографија?

Коронарографијата е инвазивна дијагностичка процедура, која се изведува во сала за катетеризација и под рентген зраци и истата е сеуште златен стандард за одкривање на стеснувања на крвните садови  на срцето, т.н коронарни артерии. Методата е релативно безболна, безбедна, се изведува на буден пациент, најчесто преку артерии на раката под локална анестезија. Трае десеттина минути, со мал ризик (помал од 1 промил за голема компликација) и е неопходна за секој пациент кај кој се планира операција на срцето. Ангиографската хибридна сала на нашата клиника е опремена со современ Philips-ов ангиограф кој се одликува со добра резолуција, јасен приказ на артериите и ниска доза на зрачење.

Предоперативната коронарографија се изведува на сите пациенти кај кои е потребно да се изврши бај пас операција, операција на срцев залисток или операции на срцевите мани и проширувањата (аневризмите) на почетниот дел на аортата. Во дијагностички цели кај пациент кој имал претходен срцев инфаркт и кај кој има повеќе запушувања кои не се решаваат со стент, коронарографија може да доведе до прецизна дијагноза и бај пас операција на срцето со што се завршува лекувањето на пациентот.

Врз основа на актуелниот договор со ФЗОМ секоја коронарографија која претходи на операција на срцето во Клиничка болница Жан Митрев е бесплатна, и се завршува во рок од неколку дена, после претходниот преглед од нашите кардиолози и лабораториските иследувања.

И покрај секојдневните потешкотии со кои се соочуваат нашите пациенти во пандемијата со COVID-19,  благодарејќи на брзите тестови, протоколи за работа во епидемиски услови, заштитните фактори и опрема, Клиничка болница Жан Митрев  постои безбеден систем за работа, и ризиците од интрахоспиталните инфекции се сведени на минимум. Затоа, процедурите се изведуваат континуирано, без застој со посебни протоколи, а се со цел, да се продолжи со лекувањето на кардиоваскуларните заболувања, без одолговлекување, бидејќи за жал, тие се сеуште на прво место според бројот на починати пациенти, насекаде.

Животот мора да продолжи, и пациентот мора да го најде својот пат и решение.

Д-р Иван Милев
Спец. по педијатрија – Супспец. по кардиологија

7 прашања и одговори кои секоја жена треба да ги знае

1. Колку често треба да се прави ПАП тестот?

– Еднаш годишно

ПАП тестот е цитолошки брис земен од површината на грлото на матката. Ако клетките се нормални, тогаш треба да го правите еднаш годишно, но доколку лекарот ви пронајде атипични клетки, потребни се понатамошни испитувања кои ќе ви ја дадат точната дијагноза.

Со чести прегледи имате поголема можност да ги откриете на самиот почеток сите заболувања и инфекции, и во тој случај, ракот на грлото на матката е во голем процент излечлив ако се открие на време.

  1. Кога е најдобро да се направи ПАП тест?

– Било кога, освен во периодот на менструалното крвавење и ден-два пред и по него.

Порано препораките беа врзани со средината на циклусот, затоа што тогаш брисот е најчист, но заради усовршувањето на техниките, денес тоа не игра голема улога.

Ако жената која прави ПАП тест нема никакви симптоми и болки, а се најде неуреден ПАП брис, веројатноста за нејзино оздравување е високо, дури до 92%.

  1. Кога треба да се направи тест за ХПВ?

– Ако резултатите од ПАП тестот не се уредни.

Денес се смета дека поголем број од жените имале контакт со ХПВ вирусот, но кај само 3 до 10 проценти од нив перзистира вирусот. Останатите успеале да создадат антитела и така да го елиминираат заболувањето во текот на 2 години.

Ако вирусот опстојува подолги години во телото, може да доведе до рак на грлото на матката. Тоа најчесто се случува кај лицата заразени со високо ризичните типови. Познати се околу 120 типови, од кои повеќе 40 се високо ризични.

  1. Каде се чувствува болката која е поврзана со здравјето на јајниците?

– Во долниот дел од карлицата, во ниво на колковите.

Јајниците се мали органи кои се наоѓаат во малата карлица, лево и десно од матката. Болката во тој предел може да биде предизвикан од јајниците, заради можно воспаление, тумори или цисти.

Најчесто овие болки се појавуваат заради бенигни цисти на јајниците, кои се честа појава и најчесто не побаруваат посебни терапии. Само во 5% од сите случаи се работи за сериозни тумори и цисти, кои најчесто се појавуваат кај повозрасни жени.

  1. Кои симптоми не смеат да се игнорираат?

– Крвавење по или во текот на сексуалниот однос, како и секое крварење надвор од менструалниот циклус.

Крвавењето по сексуалниот односот е еден од знаците за промена на грлото на матката. Често се работи за сексуално преносливи инфекции.

Белиот секрет е исто така причина за грижа, и болката при односот дефинитивно не е нормална појава. Затоа, проверете!

  1. Дали се јавува меланом на интимната зона?

– Да, возможно е да се јавува меланом и на интимната зона.

Околу 3% од меланомите кај жените се на интимната зона. Меланомот се воочува со промени на пигментацијата, крвавење, чешање и болка. Често пати овие симптоми се игнорираат затоа што се слични со некои инфекции, па се дијагностицира многу доцна.

  1. Кое е најважното гинеколошко прашање кое треба да си го поставите себеси?

– Дали оваа појава е нормална за мене?

Секое прашање е важно, но само откако ќе го запознаете своето тело и ќе ја воочите промената која настанала во него, ќе бидете способни да си го поставите.

Ако на прашањето немате соодветен одговор или пак тој гласи кратко и јасно „не“ време е да си закажете термин кај гинеколог.

Во Zan Mitrev Clinic тимот на гинеколози проф. д-р Васил Илиев, д-р Ирена Андовска ви стојат на располагање за секакви консултации и прегледи.