Публикација на д-р Петар Угуров,,Рана индикација на хемофилтрацијата-вонтелесно прочистување на крв на пациенти со Covid-19″

На 22.09.2020 година, Zan Mitrev Clinic доби нова публикација на тема Early Initiation of Extracorporeal Blood Purification Using the AN69ST (oXiris®) Hemofilter as a Treatment Modality for COVID-19 Patients: a Single-Centre Case Series

Ова претставува наше оригинално дело и прва публикација во Република Северна Македонија кога станува збор за COVID – 19 болестта, а објавено во престижниот Brazilian journal of cardiovascular surgery.

Тимот што работеше на оваа публикација е составен од искусни доктори специјалисти ( кардиолози, анестезиолози, микробиолог, трансфузиолог) од клиниката Жан Митрев, предводена од доктор Петар Угуров.

Доктор Петар Угуров одговара на неколку прашања поврзани со ова истражување спроведено во нашата клиника и важноста за неговата примена пред се кога се во прашање пациентите нивната безбедност, здравје и брзото и сигурно закрепнување.

Која беше основната причина за да се започне со истражување на ова поле и што е она што ја прави оваа студија толку специфична и значајна ?

Др Угуров – Основна причина за нашата истражувачка работа е самиот SARS-CoV 2– вирусот, вирус кој што стана предизвик за целиот свет.

Веќе сите знаеме дека COVID-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата Коронавирус, кое првично беше откриен во Кина во декември 2019 година.

Пред да кажам за студијава би сакал уште еднаш да го објаснам начинот како самиот вирус доведува до влошување на општата состојба кај пациентите болни од SARS – CoV2  вирусот.

Нарушувањето на функциите на дишењето при заболување на респираторниот систем кај пациенти со COVID-19 се поврзува со промени кои настануваат во механиката на дишењето кај пациентите. Може да дојде до намалена подвижност на дијафрагмата и градниот кош, намалување на контрактилните способности на мускулатурата за дишење, како и намалена движечка активност на болните. Тоа доведува до нарушување на белодробната вентилација и размената на гасови.

Кога луѓето кои имаат COVID-19 започнуваат да кашлаат и да имаат температура, тоа е знак дека инфекцијата стигнала до респираторниот систем.

Заштитниот слој на овие респираторни органи се оштетува, што доведува до воспаление кое и најмалата количина на прашина може да предизвика кашлица.

 

– Она што ја прави студијава единствена и значајна е тоа што сме единствени во државата и ретки во регионот каде што на посебен начин, преку посебно изработен протокол на третман на овие пациенти болни од SARS CoV2 вирусот, успеавме да покажеме и тоа како можеме да го сопреме прогресивното влошување на општата состојба на пациентите со рано започнување на екстракорпорално прочистување на крвта во комбинација со системска хепаринизација и респираторна поддршка.

Како дојдовте до идеја за започнување на оваа студија?

Др Угуров – Студијата која што ја започнавме да ја работиме и самата идеја на оваа студија е заснована од претходните наши искуства и работа со пациенти кои што имаат високо покачени инфламаторни маркери, како и пациенти кои што се наоѓаат во септичен шок.

Главното прашање кое што и самите ние си го имавме поставено како предизвик е како да се спречи прогресивното влошување на општата состојба на пациентите кои што се болни од SARS – CoV-2 вирусот.

  • Целокупниот третман на пациентите болни од COVID-19 го засновавме тргнувајќи од фактот што доколку имаме контрола на воспалителните маркери, би постигнале и контрола на општата состојбата на пациентите, а воедно и на цитокинската бура.

Дали ќе може да ни кажете нешто повеќе за студијата?

Др Угуров – Нашата студија опфаќа серија од 15 пациенти позитивни на SARS – CoV-2 вирусот. Континуираното следењето на нивото на инфламаторни маркери, цитокините, како и диференцијалната крвна слика заедно со Д-димерите, LDH и феритин, претставуваат моќен предикторен фактор за времето на вклучување на хемофилтрацијата како дел од третманот кај пациентите болни со Ковид-19.

Третманот се состоеше со рано започнување на екстракорпорална прочистување на крвта со употреба на хемофилтер oXiris® (AN69ST), системски хепаринизација и респираторна терапија.

Периодов станавме доста интересни за општата популација со хемофилтрацијата која што ја користеме и на кратко би сакал да го објаснам начинот на употребата на овие филтри и нивната функција.

Филтерот кој што го користиме е oXiris®  кој користи модифицирана AN69ST мембрана и кој што има афинитет и за ендотоксините и за цитокините. Овој филтер има три пати поголема адсорптивна моќ за ендотоксините и цитокините.

Допонително сетот oXiris  беше авторизиран, односно одобрен од Американската администрација за храна и лекови ( Food and Drugs administration ) за лекување на пациенти болни од Sars – CoV2 вирусот.

  • Ако се навратиме на нашите почетоци и на она што ви го спомнав претходно, како дојдовме на идеја за започнување на овој начин на третман на пациентите, ќе разбериме дека всушност ова е начинот на кој воспоставивме контрола на воспалителните маркери на цитокинската бура.

Периодов доста се збореше за цитокинската бура, дали може да ни објаснете што претставува цитокинската бура и што е тоа што не загрижува при оваа состојба?

Др Угуров  – Синдром на цитокинска бура се однесува на прекумерно ослободување на цитокини како одговор на надворешни стимули и претставува основна причина за акутен респираторен дистрес синдром како и мултиорганска слабост.

Во услови кога имаме зголемување на нивото на цитокините, како што се TNF-α, IL-6, IL-1 и IFN, тие можат да предизвикат патолошки реакции како што се дифузно оштетување на алвеолите, формирање на таканаречена транспарентна мембрана и белодробна фиброза

Цитокините кои навлегле во циркулацијата, можат да предизвикаат широка ендотелна дисфункција со појава на дисеминирана интраваскуларна коагулација ( DIK ) и мултиорганскка слабост.

Што може да биде заклучокот од оваа студија и зошто е толку специфична и важна ?

Др Угуров – Од самата студија може да се заклучи дека раното започнување на прочистување на крвта со употреба на oXiris® хемофилтер може да биде ефикасен начин во спречување на абнормалното ниво на воспалителните маркери кај пациенти со COVID-19 .

Исто така  континуираниот мониторинг на виталните параметри, биохемиските, имунолошките маркери како и коагулационите фактори и рентгентските снимки ни дава можност за следење на тежината на болеста и ни овозможува прилагодување на терапија.

Комбинацијата на системски хепарин, екстракорпорално прочистување на крвта со употреба цитокини-апсорбирачки хемофилтри може да ја намалат хиперинфламацијата, спречуваат коагулопатија и го поддржуваат клиничкото закрепнување.

Денес е одбележува 25 септември – Светскиот ден на фармацевтите

Фармацевтите се здравствени професионалци кои имаат значајната улога во обезбедување на ефикасна грижа за пациентите. Тие имаат знаења и вештини кои овозможуваат менаџмент на терапијата со лекови, давање на совети за здравјето и превенција од болести, како и примарна здравствена заштита.

Во целиот свет, денес, на 25-ти септември, се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИ!  Овој ден е одбран од страна на Интернационалната фармацевтска федерација – ИФФ (International Pharmaceutical Federation – FIP) во 2009 година, а всушност го означува денот на формирање на самата федерација во далечната 1912 година.

ИФФ ги претставува трите милиони фармацевти и фармацевтски научници, со цел да го потсети општеството за значајната улога на фармацевтите и фармацевтските научници како интегрален дел од здравствените тимови.

На овој ден се организираат активности кои се залагаат за промовирање за улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето ширум светот.

Интернационалната фармацевтска федерација секоја година одбира приоритетна област како тема за Светскиот ден на фармацевтите. Мотото за 2020 година кога се соочуваме со предизвиците на COVID-19 гласи : Трансформација на глобалното здравје.

Целта е да се покаже колку фармацевтите придонесуваат во светот од кои секој има бенефит, како пристап до безбедни,ефикасни,  квалитетни лекови и медицински технологии, така и од давањето на фармацевтска грижа.  Оттука, улогата на фармацевтот е многу ВАЖНА!

Ова ќе биде 10-от Светски ден на фармацевтите и истиот ќе се искористи од страна на членовите на Интернационалната Фармацевтска федерација од целиот свет за да се потенцира влијанието и вредноста на фармацијата како професија, како и улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето.

Ракот на дојка е излечлив доколку се дијагностицира навреме

Ракот на дојка е втор најчесто дијагностициран рак кај жената, после ракот на кожа, а е втор по причина за смрт од рак,  после ракот на бели дробови.

Статистиките покажуваат дека честотата на болеста во последните 30 години расте на глобално ниво, и тој пораст изнесува 3,1% годишно, а морталитетот варира.

Истражувањата покажуваат дека во просек 1 од 8 жени во својот живот ќе развијат рак на дојка. Околу две третини од жените се над 55 години, а останатите се меѓу 35 и 54 години.

Жените во постменопауза се во двојно поголем ризик од заболување од рак, доколку имаат проблеми со дебелина.

ШТО Е РАК НА ДОЈКА

Директната причина која доведува до промена на нормалната клетка во малигна сеуште не е потполно разјаснета, но гените  вклучени во клеточниот развој, раст и смрт се одговорни за тој процес на промена. Во клетката постои рамнотежа помеѓу нејзиниот раст и смрт. Со губењето на контролата на оваа рамнотежа, настанува неконтролирано размножување на биолошки променетите клетки. Доколку овие клетки отпатуваат до места каде обично не се наоѓаат, велиме дека тој рак е матастатски.

Ракот на дојка најчесто почнува во ограничено подрачје во жлездите  кои произведуваат млеко (лобуларен калрцином) или во каналчињата(дуктален карцином) кои носат млеко до брадавицата. Може да расте во дојките и да се прошири во блиските лимфни јазли или низ крвоток до други органи.

Мажите може да добијат рак на дојка, но се 1% од сите случаи од овој вид на рак.

Симптоми

Кои се раните симптоми на рак на дојка?

  • Промени во формата на брадавицата
  • Болка во градите, посебно по менструација
  • Грутка која не исчезнува по циклусот
  • Секрет од брадавицата со црвена или кафеава боја
  • Необјасниво црвенило, оток, воспаление на кожата, чешање или осип на кожата на дојката
  • Оток или грутка околу пазувите или на крајот на дојката.

Ризик фактори

Постојат повеќе фактори кои го зголемуваат ризикот од ова заболување.За жал на најважните и не можеме да влијаеме

Возрасна група – колку е жената постара , толку е ризикот поголем

Фамилијарна анамнеза -жени кај кои сестра , мајка или ќерка се веќе заболени од оваа болест

Наследен фактор – околу 5 до 10% од сите заболувања на дојка се предизвикани од фактор наследување

Прва менструација пред 12 години, а последна после 55 години

Жени кои не раѓале, или покасно родиле после 30 –та година

Хормонска терапија

Прекумерно консумирање алкохол

Преголема телесна тежина.

Превенција

Да се посвети повеќе внимание на здрава и разноврска исхрана

Почесто движење

Избегнување хормонски препарати.

Рано откривање на заболувањето

Самопреглед

Мамографија на пациентки над 40 години или порано-по одлука на специјалист радиолог

Ехотомографија на дојки

Магнетна резонанца на дојки.

ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТО ОДОБРУВАМЕ 30% ПОПУСТ НА СИТЕ МР ПРЕГЛЕДИ НА СРЦЕ, ЗАКАЖАНИ ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Во мај 2012, светските лидери се обврзаа да работат на намалување на смртноста од некомуникабилни болести (НДЦ) за 25% во глобални рамки. Оваа цел треба да биде остварена до 2025 година. Кардиовакуларите заболувања се причина за речиси половина од сите НДЦ смртни случаи, што ги прави број еден убиец во светот.

Затоа светскиот ден на срцето е совршена платформа за обединување во борбата против кардиоваскуларните заболувања и намалување на последиците од оваа глобална потешкотија.

Креиран од Светската срцева федерација – ,,Светскиот ден на срцето,, ги информира луѓето во целиот свет  дека кардиоваскуларните заболувања (вклучувајќи го срцевиот удар и заболувањата на срцето) се водечка причина за смрт, која одзема 17,9 милони животи годишно. Исто така ги истакнува и активностите кои може секој индивидуално да ги преземе со цел да се превенираат и контолираат кардиоваскуларните болести. Главната цел кон која се стреми федерацијата е да покрене активности за едуцирање и подигање на свеста на луѓето дека преку контролирање на ризик факторите како употреба на тутун, нездрава исхрана и физичка неактивност, би можеле да бидат избегнати најмалку 80% од прераните смртни случаеви кои се последица на срцев удар или срцево заболување.

,,Светскиот ден на срцето,, е глобална кампања во тек на која поединци, фамилии, здруженија и влади од целиот свет учествуваат со свои активности за преземање одговорност за здравјето на своето и срцата на другите. Преку оваа кампања Светската срцева федерација ги обединува луѓето од различни земји и потекло во борбата со кардиоваскуларните заболувања и покренува меѓународни активности за да се поттикне здрав живот во светски рамки. Здружението и неговите членови веруваат во свет каде здравото срце е основно човечко право и клучен елемент за глобална здравствена правда. Клиничката болница Жан Митрев, се приклучува во одбележувањето на овој ден, со одобрување на 30% попуст на сите МР прегледи на срце закажани до крајот на октомври 2020 година.

Иницијални резултати од PCR тест за корона за само 12 минути

Лабораторијата за генетска и персонализирана медицина во склоп на клиничката болница Жан Митрев разви брз тест за детекција на коронавирусот

Нашата лабораторијата, покрај своите дијагностички пристапи е единствената приватна лабораторија којашто извршува и научно-истражувачка дејност. Во склоп на таа дејност лабораторијата разви брз тест за детекција на коронавирусот со примена на реверзно-транскриптазна јамково посредувана изотермална амплификација (RT-LAMP).

Тестот е интерно валидиран на PCR-валидирани примероци од 503 пациенти и има одлична сензитивност и специфичност. Слично како PCR и RT-LAMP обавува директна детекција на вирусот во примерокот.

Преку овој тест возможно е иницијалните резултати да се добијат од 12 60 минути, во зависност од вирусната концентрација кај пациентот. Лабораторијата е во контакт со овластените институции во однос на добивање на дозвола за работа со овој уникатен тест.​

Исто така во лабораторијата се извршува брз RT-PCR тест одобрен на листата на вонредна употреба на СЗО и FDA. Преку овој тест, резултатите се добиваат од 30-45 минути од примање на материјалот во лабораторијата.

Имено, лабораторијата е првата којашто го секвенционираше геномот на новиот коронавирус (SARS-CoV-2) од македонски пациенти и откри дека “македонскиот сој” на вирусот полесно се пренесува од “Wuhan-скиот сој”.

Малиот Ајнур успешно опериран во нашата клиника

Малиот Ајнур од Гостивар е еден од нашите најмали пациенти кои деновиве ја напушти нашата клиника по извршената комплексна операција на срцето. Откако му била дијагностицирана аномалијата на срцето веднаш на родителите им било предложено да одберат во која болница ќе сакаат да ја направат операцијата на своето дете.
Мајката вели дека без размислување се одлучиле операцијата да ја направи доктор Жан Митрев, по што и добиле упат за хоспитализација во нашата клиника.
Вака започнува приказната на малиот Ајнур кој сега е веќе дома и после направениот зафат има функционално срце кое понатаму ќе му овозможи нормален развој и живот. За професионалноста и врвната посветеност на тимот доктори, сведочи неговата мајка.
Повеќе детали за она што се случуваше во операционата сала и во оделот за интензивна нега во педиијатрискиот оддел говори доктор Ѓорѓи Филев во видеото што следува:

 

Инконтиненцијата на урина и циститот кај жените можат да предизвикуваат онколошки заболувања на грлото на матката

Не треба да сте рамнодушни кон сопственото здравје!

Податоците од последните испитувања на големи серии покажуваат дека  циститот и/или инконтиненцијата на урина (најчесто стрес инконтиненција на урината) се бележат кај 68% од жените постари од 48 години и кај 35% од жените постари од 30 години. Најстрашното кај овие заболувања е тоа што со текот на времето подобрување нема. Ако заболувањето не се излечи и санира сосема, тогаш истекувањето на урина ќе се повторува и зголемува.

Неизлечениот цистит предизвикува болки во долниот дел од стомакот, како и слабост, зачестено мокрење (над 15 пати за 24 часа), а тоа е пречка за здрав сексуален однос и воопшто за нормалната животна активност.

Колку се опасни циститот и инконтиненцијата на урина кај жените?

Всушност, најголем дел од жените воопшто не претпоставуваат дека се работи за сериозни патологии, па затоа често ги потценуваат овие состојби без да ги земат во предвид нивните последици. Тие се надеваат дека со текот на времето ќе им помине, но за жал тоа не се случува бидејќи ваквите состојби имаат потреба за медицински третман

Што е цистит?

Тоа е сериозно инфекциско заболување што го оштетува мочниот меур, а самата инфекција може да продре во бубрезите при што доаѓа до сериозни компликации.

Што е инконтиненција на урина?

Тоа всушнот претставува неможност за задржување на урината. Ваквата појава го руши квалитетот на живот кај афектираните  жени – поради постојаното истекување и непријатниот мирис кај жените се развиваат комплекси. Истовремено, тоа придонесува за нарушување на интеракцијата со другите луѓе и нивен нормален социјален живот.

Сепак главната опасност од инконтиненцијата произлегува од тоа што во влажната и топла средина бргу се размножува патогената микрофлора што навлегува внатре во вагината и се таложи на нејзината слузокожа. Според современата статистика веќе по 1-2 месеци редовно “подмочување” кај жената, во вагината се појавува дисбактериоза, а по 3 месеци почнува да се развива вагинит. Приближно по една година кај жена со ваква патологија (која не била лечена на соодветен начин) се откривааат бенигни епителни промени на грлото на матката. Зголемената фреквенцијата на инконтиненција и/или цистит, во комбинација со нездравата микрофлора, со тек на време може  епителните промени да ги претвори во малигни.

Денес постојат многу ефикасни начини за лекување како на инконтиненцијата на урина, така и на циститисот. Минимално инвазивна еднодневна нтервенција ја решава инконтиненцијата на урина. А, со решавање на инконтиненцијата, значајно се намалува можноста за цистит за кој денес располагаме со ефикасна медикаментозна терапија.


Проф. д-р Васил Илиев

Специјалист по гинекологија и акушерство

Ако сте COVID-19 позитивни, не сте сами!

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАШИОТ ЧЕТБОТ

Согласно нашето искуство од досегашниот третман на пациенти позитивни на коронавирусот, увидовме дека постои голема потреба за следење на состојбата на оние пациенти кои се позитивни, но без симптоми и во домашна изолација. Се случува симптомите многу брзо да прогресираат и да ги доведат во животозагрозувачка состојба. Тие многу често имаат потреба од  дополнителни информации или совети од лекар. Имаат прашања или не се сигурни во кој момент да побараат помош од лекар, а истите им се потешко достапни бидејќи се во изолација. Со цел да понудиме опција за нив, развивме систем кој комбинира он-лајн следење на нивната состојба, со препораки за следни чекори. Го поврзавме нашиот болнички софтвер со апликација (четбот) за закажување и следење.

Апликацијата е достапна за секој кој ќе направи тестирање во нашата лабараторија. Со тоа добива пристап до истата.

Можат да се вклучат и пациенти позитивни на корона вирусот кои не се тестирани во нашата лабораторија, по направен консултативен преглед и лабараторија, кои можат да ги закажат на нашата веб страна.

Процесот е прилично едноставен. Заедно со резултати секој пациент добива единствен линк кој го води до апликацијата каде со внесување на своите генералии веднаш добива можност да закаже онлајн видео консултација со некој од нашите лекари и влегува во системот за следење. Пациентот секојдневно одговара на прашалник во кој внесува параметри како температура, сатурација и слично. Тоа комбинирано со лабараториските параметри го покренува механизмот на совети и препораки од страна на нашиот лекарски тим.

Доколку параметрите се во рамките на нормала, пациентот го известуваме дека треба да продолжи да работи на својот имунитет во домашни услови. Но, доколку параметрите влезат во ризична зона, веднаш се покренува механизам кој препорачува следни чекори како правење рентген снимка или доаѓање во клиниката.

Директниот секојдневен контакт на пациентот со нашиот тим преку апликацијата овозможува рано превенирање на можните компликации и секако навремена реакција која понекогаш за неколку часа може да биде од клучно значење за спасување на живот.

Важно е редовно и точно внесување на информации за состојбата кое не одзема повеќе од 2 (две) минути дневно, како и внимателно следење на информациите кои ги добива пациентот секојдневно.