Врвна медицинска грижа и беспрекорна удобност – Апартмани во Zan Mitrev Clinic

Zan Mitrev Clinic располага со 17 000 квадратни метри вкупна болничка површина во која има 128 болнички кревети, од кои на одделот Апартмани има 10 кои се распоредени во стандардни апартмани и во два луксузни.

Мултидисциплинарниот пристап е нашиот адут во негата на пациентите кои се хоспитализирани во одделот апартмани, исто како и на другите оддели. Брзата достапност на сите специјалисти кои се вработени во болницата придонесува и за брза дијагностика и третман, редовни визити и лесна комуникација со нив од страна на пациентите. Мултидисплинарниот тим е составен од лекари специјалисти, медицински сестри, физиотерапевти, психотерапевти, нутриционисти и болничари. Сите овие наброени профили секојдневно ги посетуваат пациентите кои престојуваат и прават заеднички индивидуален план за нега и рехабилитација.

На одделот се спроведува и продолжена рехабилитација за различни болести и состојби, како на пример постоперативна кардиорехабилитација, постоперативна рехабилитација при ендопротези на долните екстремитети и пост мозочен инфаркт.

Физиотерапевтите се исто така дел од мултидисциплинарниот тим и во соработка со другите специјалисти се спроведува индивидуална медицинска рехабилитација, во определени часови од денот. Нашите физиотерапевти се единствените во државава кои спроведуваат респираторна физиотерапија која е наменета за различни типови на пациенти со респираторни компликации и заболувања. Исто така овде се спроведуваат и кинезитерапевтски третмани со индивидуален пристап според потребите на пациентот. Тимот на физиотерапевти располага со различни софистицирани уреди за електротерапија и механотерапија кои се на располагање на пациентите.

Исто така на овој оддел посетата на пациентите трае три часа т.е. од 15 до 18 часот секој работен ден и од 12 до 15 часот за викенд и празници. Со ова на нашите пациенти им се пружа поголем временски интервал да бидат со своите блиски и да се чувствуваат комотно во нивното опкружување додека престојуваат во нашата клиника.

Освен долгиот временски интервал за посета на овој оддел постои можност за заеднички 24 часовен семеен престој во апартман по избор на пациентот. Со ова се дополнува третманот на пациентот и се врши едукација и подготовка на член од семејството за определени рехабилитациски техники кои можат да им помогнат во домашната рехабилитација по отпустот од болницата.

На овој оддел пациентите има целосна достапност до Интернет, LED ТВ, храна А-ла карт мени од ресторан „Пулс“ и мултидисциплинарен пристап во 24- часовната медицинска услуга за која е задолжен персонал кој 24 часа им е достапен на пациентите.

Секој апартман е опремен со уред за хромотерапија. Станува збор за осветлување кое е уникатно за овие простории и нуди софистициран третман со што се влијае на заздравувањето на пациентите.

Хромотерапијата, е метод на третман при што се користи видливиот спектар на бои и светлината за да се лекуваат различните типови на заболувања. И ова е стар вид на пракса којашто доведува до хомеостаза, односно до релативен баланс помеѓу духот и телото.

Секоја боја има своја енергетска вредност, а светлината е енергија, чијшто феномен, бојата, е продукт на енергијата и материјата. Заедно со бојата, светлината емитира топлина, електрицитет и магнетизам и на тој начин со своите составни бои може да го лекува умот, телото, но и духот. Постојат доволно докази коишто ги покажуваат овие органски реакции во флората и фауната и не залудно на луѓето коишто страдаат од различен вид на постоперативни трауми и шокови им се сугерира да појдат во природа на рехабилитација и релаксација.

Болки во вратот и рамениот појас

Модерниот начин на живеење, честото користење на смарт уреди, намалената физичка активност како и долгото изложување на стрес и на несоодветни позиции на телото може да придонесе до појава на болки во вратната мускулатура и рамениот појас. Силната болка и вкочанетоста во мускулатурата се најчестите симптоми кои се појавуваат. Ненавременото реагирање на првите симптоми по извесен период доведува до неизбежна ситуација во која мора да престанеме со своите работни активности за неколку дена за да можеме да побараме соодветен третман за намалување на болката и подобрување на состојбата.

Од миалгија на вратната мускулатура најчесто страдаат физички работници или работници кои поминуваат подолг временски период пред компјутер во несоодветна позиција. Како превенција од оваа состојба потребно е истите повремено секојдневно да ги прекинуваат своите активности за 10-15 минути и да направат неколку вежби со цел да се подобри периферната циркулација во мускулите и да се раздвижат големите мускулни групи.

Кога веќе ќе се појави оваа состојба потребно е веднаш да се примени физиотерапија, дури и во периодот на мирување, бидејќи физиотерапијата има широк спектар на техники и методи за третман на болка и можат значително да ја подобрат состојбата. Третманите за болка можат да траат и по неколку дена имајќи ја предвид специфичност на состојбата.

Во третманот на ваков тип на болка може да се употреби: криотерапија-криомасажа, мануелна масажа, кинезиотејпинг, исхемична компресија на тригер точки, електротерапија, а подоцна и вежби за зајакнување на мускулатурата која со сигурност ќе ослабне во периодот на силни болки и имобилност.

Доколку имате чести болки во вратот и чувствувате напнатост во оваа мускулатура консултирајте се со нашите физиотерапевти и закажете си третман на следниот телефонски број 02/3091484 или на 070 257-962.

Ноќната апнеа или престанок на дишење во сон кај децата

Оваа состојба се јавува  кај 1-5 % од  детската популација  помегу 2 -8 годишна возраст. Овој период  на рано детсво се карактеризира со интезивен раст и развој на многу органи и системи. Ноќната апнеа или престанок на дишење во сон кај децата не треба да биде занемарена, доколку родителите забележуваат кај своите деца грчење, немирно спијат, спијат со  отворена уста, имаат краткотраен престанок на дишењето, завземаат невообичаена позиција кога спијат, прекумерно се потат, треба да стапат  во контакт со специјалист педијатар, вели Прим. д-р Благица Манчева, педијатар пулмо-алерголог во Клиничка болница „Жан Митрев“.

Што ја предизвикува ноќната апнеа?

Овие пореметувања  на  дишењето може да се резултат на зголемување на тонзилите и аденоидите, прекумерна телесна тежина, најразлични  аномалии на структурите на лицето како и пореметувањето во преносот на сигналите од нервите кон мускулите (неуромускулни абнормалности) во детството. Пореметувањата на дишењето во тек на сон се појавуваат како резултат на  делумeн и / или  целосен  намален проток на воздух низ  горните дишни патишта во тек на спиење  кои можат да го нарушат нормалниот  внес на кислород  како и  сонот.

Кој се најчести симптоми и кој е ризикот доколку не се забележува и третира навреме

Грчењето е најчесто препознен  симптом од страна на родителите. Многу од децата повремено  грчат  во склоп на  вирусни инфекти на горните дишни патишта, заради зголемена аденоидна вегетација, но доколку  грчењето  перзистира подолго време и е поврзано со престанок на дишењето, често будење од сон, немирен сон, невообичаена положба во  тек на спиење, зголемено ноќно потење, невообичаени движби на градниот кош во сон. Намалениот  внес на кислород во овој период  ќе резултира со сериозни  промени во функцијата на истите. Овде можат да бидат засегнати срцето, белите дробови, бубрезите, сите внатрешните органи одговорни за бројни метаболни процеси.

Најосетлив  орган на  овие промени  е мозокот –  долготрајниот намален  внес  на кислород во тек на раното детство може да даде сериозни проблеми во неуроконгнитивниот развој кај децата, проблеми во однесувањето (агресивно однесување, хиперактивност)  како  и слаб успех  во  училиште.

Полисомнографија – најточна и најсигурна метода за потврда на пореметувањата на дишењето во тек на сон

Метода со која се потврдуваат  престанокот на дишење  во тек на сон (апнеи) со сериозно  намален внес на кислород  е ноќната  полисомнографија. Се реализира  со софистициран  мал апарат кој му се аплицира на пациентот  непосредно пред спиење. Апаратот  регистрира  бројни параметри кои севкупно  анализирани ќе ни дадат пресек на тежината  на состојбата и соодветен приод во разрешување на истата. Во  нашата  Клиника  ваквиот  тип на снимање  се спроведува во домашни услови со претходна едукација на родителите и самото пациентче за  начин на  реализирање на снимањето и  апликација  на  апаратот. Доколку  пациентот е  од  далеку постои можност  снимањето да се реализира во самата Клиника.

Поставен нов тип на тестикуларна протеза кај млад пациент

Во Zan Mitrev Clinic беше поставена една од најновите типови на тестикуларни протези кај млад пациент. Доктор Горан Јовиќ, хирург уролог, во нашата клиника вели дека овие протези се безбедна и адекватна замена при загуба на еден или двата тестиса.

– Станува збор за имплантација на тестикуларна протеза. Изведена е кај млад пациент кој во сообраќајна несреќа го губи едниот тестис. Оваа тестикуларна протеза не е само естетска туку помага пациентот да се врати и на нормалниот живот без никакви проблеми. Тој нема да го има чувството на недостаток на орган и ќе има нормален сексуален живот без чувство на некаква хендикепираност. Тоа пак е и една од целите поради која се поставува еден ваков тип на протеза – објаснува доктор Јовиќ.

Оваа поставена протеза е прва од новиот тип протези, тие се меки протези кои се вешта имитација на природниот тестис.

– Постоперативниот период е краток. Пациентот во болничката установа останува 24 часа а најнормално може да функционира по десетина дена – додава доктор Јовиќ.

Тестикуларна протеза може да се имплантира при секоја загуба на еден или двата тестиси од која било причина.

Отстранување на крајниците: Кога се отстрануваат и како тоа се прави во нашата клиника

Тонзилоаденоидектомија претставува хируршка процедура со која се отстрануваат палатиналните тонзили (крајниците) и аденодните вегетации (трет крајник) од ждрелото и сводот на ждрелото (епифарингс). Палатиналните крајници и третиот крајник се акимилација на лимфно ткиво сместено во ждрелото помеѓу предниот и задниот непчен лак и на сводот на ждрелото (епифарингс).

Најчести причини за оперативен третман на крајници:

  • Чести рецидивирачки ангини (3 во една година)
  • Повторливи перитонзиларни абсцеси
  • Назначена хиртрофија на крајниците (која прави опструкции)
  • Отежнато дишење на нос и дишење со отворена уста
  • Хрчење при спиење и Sleep apnea,
  • Доколку честите инфекции влијаат на појавата на чести инфекции на средното уво и намален слух (акутни воспаленија, секреторен отит
  • Клицоносителство, крајниците како жариште (фокус) за инфекции на други органи-(нефритис реуматска треска, алопеција) кога е докажано дека се причина за foetor ex ore.

За да се постави правилна индикација за тонзилоаденоидектомија потребно е да се земе добра анамнеза и да се направат следниве испитувања:

  • ОРЛ преглед (орофарингоскопија, предна риноскопија, отоскопија)
  • Фиберназоепифарингоскопија, брис од нос и грло, ККС со CRP о АСО
  • Тимпанометрија и аудиометрија
  • Полисомнографија (за дијагноза на sleep apnea)

Во Zan Mitrev Clinic оперативните интервенции на крајниците се изведуваат во општа ендотрахеална анестезија со посебен инструмент ULTRACISION-HARMONIC SCALPEL при што се намалува времетраењето на операцијата како и болката и крвавењата во постоперативниот период.

Закажете преглед на 02 / 30 91 484

Реконструирана аортна валвула и креирање на 3 нови залистоци кај шестгодишно дете

Лис Бериша е 6 годишно детенце кое за прв пат доаѓа кај нас за оперативен третман, кој инаку е роден со вродена срцева маана – аортна стеноза, стеснет почетен дел на аортата – голем крвен сад кој излегува од левата комора и служи за пренесување на оксигенирана крв до целиот организам.

Кај пациентот веднаш по раѓањето бил слушнат систолен шум а поради проблеми со исхраната, и слаб напредок во телесната тежина, бил задржан во приштинската болница каде на ехокардиограмот била утврдена тешка аортна стеноза.

– На двомесечна возраст поради неможност за хируршки третман, била реализирана интервентна балон дилатација на аортната стеноза на Универзитетска Детска Клиника во Белград, со што е проширен аортниот влез, со намалување на притисочниот градиент. Потоа детенцето е редовно следено ехокардиографски, со повторно зголемување на притисочниот градиент, појава на левострана хипетрофија на срцето, инсуфициенција на аортната валвула со ризик понатамошен од срцева инсуфициенција, објаснува доктор Јорданка Маџоска, педијатар во нашата клиника.

Јасно било дека состојбата на ова детенце барала хируршки третман кој би бил трајно решение за пациентот без потреба од реоперација.

Со оглед на тоа дека по литература се опишуваат три можности за оперативен третман а тоа е: замена на аортната валвула со механичка протеза која е сигурно и долготрајно решение но бара превенција од тромбоемболиски компликации и наложува забрана на физичка активност или други процедури кои предизвикуваат крвавење; третманот е максимално одложен до поголема возраст кога ќе може да се имплантира најголемата протеза со повторен ризик од повторна замена поради растот на пациентот. Втората опција е со замена на валвулата со биолошка протеза кои пак не издржуваат доволно долго и повторно е со потреба од антикоагулантна терапија.

Третата опција е Рос процедура со автотранспланатација на пулмонална валвула на аортната позиција. Од сите можности ниту една, поради возраста на пациентот не беше решение за пациентот.

По разгледување на случајот од нашиот стручен тим на чело со доктор Жан Митрев одлучено беше Лис да биде згрижен во нашата клиника и да биде опериран со што се направи проширување на стеснетиот дел на аортата и дополнително со перикарден материјал „матрикс“ доктор Жан Митрев конструираше аортни валвули. Веднаш по операцијата на направените контроли се утврди одлично функционирање на валвулата и проширениот дел на стеснетата аорта.

– Со ова се доби трајно решение за пациентот, поради својството на материјалот да расте со растот на пациентот и да нема потреба од понатамошни оперативни зафати, нема хронична терапија и може да се занимава со спорт, појаснува доктор Маџоска.

Пациентот за цело време по оперативниот третман беше со стабилни витални параметри и веќе денеска си заминува дома една недела по операцијата.

Целиот случај би го дефинирале како одличен оперативен и постоперативен тек на една специфична срцева маана која беше решена на начин кој може да кажеме е нов, уникатен, сè уште не применуван во педијатриска кардиохирургија, со која ќе испишува нови протоколи во оперативниот третман на аортна стеноза!- заклучува докторката.

Лис и неговата мајка денеска се подготвуваат да заминат дома спокојни дека се заврши најдобро што може.

– Јас како мајка немам зборови со кои би ја искажала благодарноста кој целиот тим на оваа клиника а посебно кон доктор Жан Митрев. Благодарам за сè што направивте за моето дете. Целокупниот персонал којшто го сретнав во Zan Mitrev Clinic е крајно професионален со пријателски пристап без што се би поминало за мене многу потешко. Одиме дома каде што не очекува нашето семејство а посебно братот на Лис, Маљ којшто е брат близнак на Лис – задоволно вели госпоѓа Бериша.

Лис биди здрав, силен и среќен… животот е пред тебе.

Со искрена љубов Zan Mitrev Clinic.

Во државава за прв пат поставена протеза која ја заменува дел од ногата и комплетниот зглоб

– Имав огромни болки во ногата. Не можев да одам со месеци. Целото тело ме болеше. Немав нормален живот неколку години. Ми се влоши целиот живот… бев во агонија. И покрај направените две операции во државните болници туморот кој го имав во коленото повторно ми се врати. Бев очајна и не знаев дали има спас за мојата нога кој освен што не можев да ја употребувам ми причинуваше страшни неподносливи болки. Не спиев, не јадев, не живеев…–вака ја почна својата животна приказна младата велешанка која деновиве замина од нашата клиника одејќи исправено на двете нозе и покрај тешката состојба во која беше првично примена кај нас.

Тимот ортопеди од Zan Mitrev Clinic, а во случајов на чело со Д-р Сашо Младеновски, ортопедски хирург имаа вистински предизвик да спасат еден млад живот и да му овозможат зачувување на екстремитетот т.е. левата нога и нормален живот во иднина. Во повеќечасовната комплицирана операција беше отстранет голем дел од потколеничната коска и за прв пат во државава беше успешно поставена ревизиско-туморска протеза LPS rotation hinge (Limb Preservation system) што подразбира модуларен систем на импланти со кои е можно да се сочува екстремитетот во целост и да се воспостави неговата нормална функција.

Доктор Младеновски објаснува за тоа како пациентката беше примена во Zan Mitrev Clinic со која дијагноза и како течеше нејзиното лекување:

– Пациентката беше со дијагноза на агресивен гиганто-целуларен тумор на потколеничната коска. Два пати веќе била оперирана во друга медицинска установа во јавното здравство, меѓутоа, и по тие две операции истиот тумор повторно расте прогресивно и ја уништува потколеничната коска и зглобот во горниот дел во должина од 12 сантиметри.

Пациентката со силни болки и неможност да гази се јави кај нас, препратена од Фондот за здравство, со повик до приватните болници а меѓу кои беше и нашата, со прашање дали може овој пациент да биде згрижен и лекуван во Zan Mitrev Clinic. Ние како ортопедски одел со нашето искуство после 2000 операции на примарни, ревизиски и туморски примарни ендопротези на колена, колкови и рамења како тим ја прифативме и изјавивме дека може да биде лекувана така да пациентката остана тука и го доби лекувањето во нашата установа – појаснува доктор Младеновски.

Тој потенцира дека со оваа операција за прв пат во нашата држава се вгради LPS revision rotation hinge безцементна протеза на колено.

– Се работи за модуларен систем што се употребува кај големи коскени дефекти, предизвикани од деструктивни неопластични процеси на коските и зглобовите, кај луѓе со состојби по незараснување или лошо зараснување на интраартикуларни скршеници и изразена остеопороза, кај пациенти кои имаат потреба од повторни ревизиски операции а биле претходно поставени примарни или ревизиски импланти на големите зглобови. Кај оваа пациентка се направи радикална ресекција на самиот тумор, значи недостасува повеќе од една третина од потколеничната коска и на нејзино место се постави систем којшто во целост ја надополнува изгубената коскена структура. Овој систем освен коскената структура го надополнува и недостатокот на сите потребни лигаменти на самиот коленски зглоб кои се жртвувани во процедурата за отстранување на туморот – објаснува доктор Младеновски.

Овој комплексен систем беше успешно имплантиран и по завршувањето на операцијата пациентката престојуваше во болницата уште 7 дена со постепено започнување на рана физикална терапија во смисла на крио-терапија, постепено станување и благо оптоварување на ногата бидејќи мора да се почека временски период од 6 до 8 недели за комплетно враснување на бесцементните тела кои се пласирани внатре во коските.

– Пациентката имаше одлично заздравување и моментално е пратена на физикална терапија, почна да гази 100% на ногата, значи почна да ги извршува секојдневните активности и можам со задоволство да кажам дека операцијата е успешно завршена со најдобар можен резултат којшто постои во овој тип на хирургија – заклучува доктор Младеновски.

На првата контрола по престојот дома пациентката се чувствуваше одлично одејќи со двете нозе. Наскоро се очекува да се ослободи и од патерицата како средство за потпирање и комплетно да се врати на секојдневниот живот.

 

Градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, на средба со доктор Жан Митрев

Во организација на невладината организација „Хрватско-македонска тангента“, денеска во посета на Zan Mitrev Clinic беше градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ со соработниците Мирјана Журиќ, начелник за општествени дејности и Дино Караџоле, директор на туристичката заедница на Град Шибеник. Тие имаа средба со првиот човек на клиниката, доктор Жан Митрев, на која разговараа на повеќе теми поврзани и со медицината и со организациските сегменти на еден колектив.

– Оваа посета на Zan Mitrev Clinic е многу интересна од неколку аспекти. Со оглед на тоа дека јас сум доктор, специјалист за очни болести, а бев и управител на болницата во Шибеник 14 години, а сега сум и градоначалник на Шибеник од 2013 година, па оттука имаме многу полиња за разговор кои за мене се интересни. За оваа болница знам од порано читајќи за неа и гледајќи видеа и репортажи. За мене е многу важно да видам како функционира една модерна беспрекорно организирана приватна клиника која има така широк програм на медицински услуги и тоа да можам да го пресликам во јавното здравство во Хрватска, кое има организациски проблеми. Штом влегов тука, во вашата болница, веднаш ја воочив разликата, од висината на инвестицијата до начинот на организација. Она што посебно ме воодушеви е контролата на интрахоспиталните инфекции што пак е огромен проблем речиси на сите состави на јавното здравје – изјави градоначалникот Буриќ

Тој најавува можна соработка во насока на медицински туризам а пред сè во еден вид купување знаење и пресликување на системот од Zan Mitrev Clinic во нивната општина па и држава.

По посетата на нашата клиника за гостинот од Хрватска и неговата делегација предвидени се средби со личности и институции од јавниот и политичкиот живот на македонскиот главен град. Покрај средбата со градоначалникот на Скопје, Петар Шилегов, делегацијата на Градот Шибеник ќе го посети и македонскиот парламент, како и владините агенции за иселеништво и промоција на туризмот.

Исто така, предвидена е средба со претставниците на Заедницата на Хрватите во Македонија.