Сексуално преносливи болести – дијагностицирање и третман

Секоја година има регистрирано околу 20 милиони нови сексуално преносливи болести.

Иако свесноста за ризиците од незаштитен секс е на високо ниво, често кога се зборува за тоа најчесто се сведува на мал број сексуално преносливи болести (СПБ) – обично гонореја, кламидија и херпес.

Сепак, постојат уште многу сексуално преносливи болести за кои не се зборува многу, но кои можат да бидат подеднакво штетни.

Истражувањата покажуваат дека до 25 годишна возраст, околу половина од сексуално активните луѓе можат да се заразат со некоја  СПБ. Ако сметате дека тоа неможе вам да ви се случи, размислете два пати.

Најчесто овие болести се подмолни и не покажуваат никакви симптоми, затоа најголем број од заразените особи сметаат дека се здрави. Единствен начин за рано дтектирање на  СПБ е преку редовен гинеколошки преглед.

Кои се сексуално преносливи болести?

Сексуално преносливи инфекции се болести кои се пренесуваат преку сексуален контакт, од партнерот кој има сексуално пренослива инфекција.

СПБ се добиваат преку секој вид на сексуална активност, а бидејќи се сериозни болести бараат посебен третман од докторите. Сепак, некои од нив, како ХИВ, се неизлечиви и се смртоносни.

Сексуално преносливи инфекции вклучуваат:

  • Генитален херпес
  • ХИВ / СИДА
  • Гениталните брадавици
  • Хепатит Б
  • Хламидија
  • Сифилис
  • Гонореа
  • Трихомонас

Симптоми

Се случува овие инфекции да бидат и без никакви симптоми. Ако симптомите се присутни, тие може да вклучуваат: чешање, непријатна миризба и променет вагинален секрет. Вагиналниот секрет е секогаш присутен. Но, доколку е пообилен и е со променета боја и непријатен мирис, а проследен и со друга симптоматологија како силен јадеж, црвенило и печење, упатува на генитално заболување кое треба да се лекува. Останата симптоматологија која може да се јави доколку имате сексуално пренослива болест се:

  • рани, израстоци, брадавици на устата, анусот, пенисот или вагината
  • осип на кожата
  • болки при мокрење
  • загуба на тежината, ноќно потење
  • болки, температура и треска
  • пожолтување на кожата
  • крвавење од вагината, освен за време на менструација
  • болни сексуални односи

При каква било промена на вагиналниот секрет задолжителна е посета на гинеколог. Во нашата клиника ќе ги добиете сите потребни информации и соодветни иследувања за овие заболувања, и секако адекватен третман и здравствен совет.

Тимот на гинеколози проф. д-р Васил Илиевд-р Ирена Андовска и д-р Гордана Кипровска ви стојат на располагање.

Закажете:

1. Бесплатен гинеколошки преглед + ПАП тест – цена на пакет 1500 денари – (редовна цена 3500)
2.Бесплатен гинеколошки преглед + 30 % ПОПУСТ на ехо тест – цена на пакет 1680 денари – (редовна цена 4400)
3. Бесплатен гинеколошки преглед + 45 % ПОПУСТ на ПАП и ехо тест – цена на пакет  2200 денари – (редовна цена 5900)
* промоцијата важи од 01.03-31.03.2019

Фолна киселина

Фолната киселина или витамин Б9, е неопходен додаток во исхраната на бремените жени, но не само на нив, туку овој витамин е неопходен на секој поединец, за нормално здравје и живот.

Фолната киселина е неопходна за човекот, играјќи улога во многу метаболни процеси. Организмот не може сам да ја произведе, и таа не може да се складира во организмот долго време, па неопходно е потребната количина да ја внесеме преку исхраната, а при зголемена потреба од фолна киселина преку суплементи. Фолат е формата на Б9 витаминот кој се наоѓа во храната, а фолната киселина е форма на витаминот Б9 во витаминските суплементи

Фолната киселина е значајна за многу важни процеси во нашиот организам, а посебно при делба, диференцијација и раст на клетките на ембрионот и фетусот. Важна е за синтеза на ДНК и за функционирање на клетките во организмот. Има улога во метаболизмот на нервните клетки, а заедно со витаминот Б12 е неопходна за создавање на црвени крвни зрнца или создавање на ДНК. Исто така има значајна улога во конверзија на аминокиселините кои му се неопходни на нашиот организам, па така го намалува нивото на хомоцистеинот во крвта. Зголемено ниво на хомоцистеин доведува до појава на зачепување на крвните садови делувајќи тромбогено. Консумирањето на фолна киселина му дава енергија на организмот.

Фолната киселина е еден од клучните витамини којшто се препорачува доколку жената е бремена или планира да остане бремена

Најголема вредност, фолната киселина има кај бремените жени, за нормален раст и развој на плодот, и тоа: во периодот пред бременоста, во текот на бременоста и во тек на доењето на бебето. Фолната киселина делува врз развојот на нервниот систем на плодот, превенирајќи 50 до 70% од појавата на дефекти на невралната цевка кај плодот. Дефекти на невралната цевка се сериозни вродени аномалии на ’рбетниот мозок (како што е spina bifida) или аномалии на глава и централен нервен систем, како аненцефалија кај плодот.

Но, овие иако значајни не се единствените причини за надоместок на фолна киселина пред и за време на бременост. Постојат истражувања кои покажуваат дека таа може да го намали ризикот и од други вродени дефекти кај новородените. Исто така одредена група на трудници кои имаат вроден недостаток на MTHFR (methylenetetrahlorofolate) редуктаза, ензим чиј недостаток битно го отежнува конвертирањето на фолати во фолна киселина, треба да се осигурат во консултација со гинеколог дека примаат доволна доза и правилна форма на овој витамин преку суплементи.

Претходна бременост со дефект на невралната цевка, или позната анамнеза за ваков дефект кај еден од партнерите се од посебно значење, каде суплементацијата треба да биде отпочната со соодветни дози на фолна киселина неколку месеци пред планираната бременост.

Фолната киселина во исхраната, најмногу е застапена во овошјето и зеленчукот

Ја има во сите темнозелени листести зеленчуци (спанаќ, блитва, листовите на зелката…), потоа шпаргли, грав, цвекло, брокули, кељ, карфиол, пченка, грашок, боранија … Од овошјето богато со фолна киселина се издвојуваат: авокадо, портокал, лимон, банана, диња, грејпфрут… Покрај овошјето и зеленчукот, фолната киселина се содржи и во пивскиот квасец, јајцата и црниот дроб.

Кога е неопходно да додадете суплемент на фолна киселина како во исхраната?

Фолната киселина во суплемент вообичаено се препорачува на жените кои имаат намера да забременат (и тоа неколку месеци пред бременоста), на жените за време на бременоста и доилките, но секако пред употреба треба да се консултира лекар.

Голем број на здруженија на гинеколози и перинатолози, препорачуваат жените во репродуктивна доба да примаат 400 mcg фолна киселина на ден, поради тоа што невралната цевка се затвора до 28-миот ден од бременоста, кога е можно и самата трудница сè уште да не знае дека е бремена. Затоа е значајно жените кои планираат да останат бремени, да го отпочнат внесот на фолна киселина три месеци пред и минимум во тек на првите 12 недели од гестацијата.

Но внесот на фолна киселина не е неопходен само кај бремените жени. Нејзиниот внес преку суплементи, поволно делува на организмот и кај други здравствени проблеми: анемија, болести на срцето и крвните садови, покачен притисок, депресија, превенција на рак на дебело црево, неплодност, неврози, несоница, пад на имунитетот, проблеми со метаболизмот, инфекции, слабо помнење, стрес и хроничен замор.

Недостатокот на фолна киселина најчесто се појавува кај луѓето кои имаат проблеми со дигестивниот систем, бубрезите, црниот дроб или што консумираат алкохол. Симптоми кои можат да укажат на недостаток на фолна киселина се: анемија, депресија, инсомнија, раздразливост, загуба на концентрација, загуба на апетит, малаксаност во мускулите.

Всушност употребата на суплемент со фолна киселина делува поволно на многу процеси во организмот, одржувајќи не здрави, штитејќи го нашето потомство во текот на бременоста и ни помага во создавање на здрави поколенија.

Др Ирена Андонова

Специјалист гинеколог- акушер

Zan Mitrev Clinic

Гинеколошки преглед…Како и Кога?

Со почеток на сексуалниот живот, секоја девојка и жена треба да  оди на преглед кај гинеколог најмалку еднаш годишно.

Овие прегледи се многу важни бидејќи на  тој начин навремено може да се реагира доколку гинекологот забележи некои промени на репродуктивните органи и со тоа брзо и навремено да се лекуваат. Гинеколошките преглед се состојат од преглед на надворешните гениталии, вагинален преглед, Пап тест, колпоскопија и ултразвучен преглед.

За време на гинеколошкиот преглед се прави анамнеза и по прегледот со добиените резултати, гинекологот ќе даде препорака за следна контрола или ке препише терапија.

Задолжителни  гинеколшки прегледи се препорачуваат при следниве проблеми:

– доколку се забележат промени во менструланиот циклус (зачестеност, обилност или болки);

– кај болки во долниот дел на абдоменот, зголемен вагинален исцедок, абнормални наоди од ПАП тестот. Чести контроли се препорачуваат и доколку пацинетот користи хормонска терапија, бременост итн.

Посета на гинеколог е важна и по влегување во менопауза и престанок на менструално крварење бидејќи некои од туморите се почести во менопаузата.

Колпоскопија е дијагностичка процедура за гинеколошки преглед на надворешните гениталии, вагината и грлото на матката преку посебен уред за зголемување наречен колпоскоп. Со овој преглед можат да се дијагностицираат промени на вулва, вагина и грло на матка, кои што неможат да се видат со голо око, и врз основа на тоа да се одредат понатамошните постапки. Со оваа метода се надополнува ПАП брисот од грлото на матката и се стекнува целосен увид во неговото здравје. Прегледот се изведува како стандарден гинеколошки преглед, со помош на колпоскоп, кој е безболен и трае 3-5 мин.

Колпоскопија може да се прави при секој гинеколошки преглед, или кога постои причина како при абнормални резултати од ПАП тест, промени на грлото на матката во вид на ранички, при појава на крварење после однос, при постоење на полни брадавици, други промени на грлото на матката како полипи, воспаленија, бели промени, еритроплакии, по терапија или операција на грло на матка.

Во Zan Mitrev Clinic тимот на гинеколози проф. д-р Васил Илиевд-р Ирена Андовска и д-р Гордана Кипровска ви стојат на располагање за секакви консултации и прегледи.

Закажете:

1. Бесплатен гинеколошки преглед + ПАП тест – цена на пакет 1500 денари – (редовна цена 3500)
2.Бесплатен гинеколошки преглед + 30 % ПОПУСТ на ехо тест – цена на пакет 1680 денари – (редовна цена 4400)
3. Бесплатен гинеколошки преглед + 45 % ПОПУСТ на ПАП и ехо тест – цена на пакет  2200 денари – (редовна цена 5900)
* промоцијата важи од 01.03-31.03.2019

 

 

Леомиоми на матка

Types-of-fibroids_Zan_Mitrev_ClinicМиомите или фиброиди  се бенигни тумори кои потекнуваат од мазната мускулатура на матката.

Често пати се асимптоматски, но може да дадат и сериозни симптоми како абдоминална болка, пообемно менструално крварење, притисок во пределот на бешиката со зачестени микции, или отежнато мокрење, притисок на уретери со следствена хидронефроза, притисок на ректумот со тенезии или опстипација, болки во пределот на крстот…

Торквација на петелката на пендикуларните миоми може да даде јака абдоминална болка и состојба позната како акутен абдомен која бара итен хируршки третман.

Во однос на инциденцата, миомите се чести, 20-80% се појавуваат околу 50-тата година од животот.

Ризик фактори се: наследната компонента, обезност, хипертензија, ПЦО – ЦС, неправилна исхрана…

Во однос на положбата миомите се класифицираат на:

  1. Субсерозни миоми, кои се поставени непосредно под површината на серозата, на надворешната страна на утерусот. Во оваа група се и пендикуларните миоми, т.е. миоми кои само со тенка васкуларна петелка се поврзани со телото на матката.
  2. Интрамурални миоми, локализирани во ѕидот на матката
  3. Субмукозни миоми, локализирани непосредно под ендометриумот на матката, при што го деформираат кавумот и се причина за зголемен обем на менструално крварење, инфертилитет, спонтани абортуси и предвремени породувања.

Дијагнозата е едноставна- гинеколошки преглед и вагинален ултразвук. Во ретки случаи е потребна МРИ на мала карлица.

Третманот може да е:

  •  конзервативен, особено кај асимптоматски пациентки,

– хируршки – отстранување на леомиомот ( лапароскоскопија, лапаротомија)

– хистеректомија – отстранување на целата матка.

  • алтернативен – емболизација на артерија утерине.

 

 

Прва хибрид операција кај бебе со хипопластично лево срце

Интервенцијата кај бебето тешко три килограми е изведена страна на тимот на клиничката болница “Жан Митрев”


 

Во Клиничката болница Жан Митрев за првпат е направена хибрид операција кај три килограми тешко бебе со дијагноза хипопластично лево срце, што е една од  најтешките срцеви мани во детската возраст.

Се работи за вродена срцева мана кај која недостасувана целото лево срце, односно левата комора, левата предкомора и аортата.

Хибридната интервенција се изведува на начин што интервентно се аплицира стент на артериозниот дуктус , а по 48 часа се бендираат (стеснуваат) пулмоналните артерии што носат крв во белите дробови.

По интервенцијата бебето се опоравува и се стабилизира за главната операција која се прави неколку месеци од хибридната процедура.

Хибридната операција беше извршена од страна на д-р. Владимир Чадиковски и д-р.Жан Митрев, а интервентниот кардиолошки дел  беше изведен од страна на д-р. Вилма Ампова.

Најдобрата грижа и најголемо внимание за најмалите

Првите пациенти дијагностицирани со комплексна срцева кардиопатија веќе се примени и се лекуваат на Одделот за интензивна нега и терапија во склоп на Детската кардиохирургија, која од први февруари почна да работи како дел од Клиничката болница „Жан Митрев“.

На Одделот за интензивна нега во моментов се згрижени пет неонатални пациенти со вродени срцеви маани. Сите тие се со тежина од под 3.5 килограми и бараат посебна медицинска нега

Тие се згрижени од тимот на педијатри, анестезиолози, хирурзи и медицински сестри од нашата клиника и веќе се планира нивниот понатамошен третман.

Вашата нова локација за успешен настан

Успешноста на еден настан, покрај другото, многу зависи и од амбиентот, услугата и соработката.

Професионална, но пријатна атмосфера и модерна технологија е идеална комбинација за предиспозиција за успех

Конференциската сала во Жан Митрев Клиника има капацитет од 100 седишта и располага со видео ѕид 4×47″ безжично озвучување, модерно осветлување и најмодерна техничка поддршка.

Ова е идеален простор за организирање на состаноци, обуки, едукации, предавања, симпозиуми, конференции и други настани.

Модерниот изглед на конференциската сала нуди пријатен амбиент за организација на сите настани.

Во склоп на салата е Ресторанот „МедПулс“ кој нуди кетеринг услуги, ручеци и кафе паузи, во зависност од потребите на настанот.

За сите гости на салата е обезбеден бесплатен паркинг простор.

За повеќе информации за слободни термини, цени и услови, обратете се на телефонските броеви:

02/3091-500
02/3091-484

Презентација на Босналијек

Во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic компанијата Босналијек ги презентираше своите производи пред лекарите од клиниката.

Под мотото „Чекор по чекор – До добро чувство“ беше представен лек од избор за третман на невропатска болка.