Бесплатни кардио прегледи за сите наши пациенти оперирани од срце

Настани

септември 09,2022

Користете го срцето, направете нешто од срце

По повод претстојниот Светски ден на срцето – 29 септември, организираме БЕСПЛАТНИ КАРДИО ПРЕГЛЕДИ за сите наши пациенти оперирани од срце.

Кога станува збор за болестите на срцето, нашата цел е да работиме и на подигнување на свесноста во однос на исклучителната важност на превентивните прегледи. Токму затоа почнувајќи до крајот на септември Клиничката болница Жан Митрев за сите свои пациенти оперирани од срце овизможува бесплатен кардио преглед.

За да закажете термин јавете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484