00389 2 3091 484
февруари 17, 2022
Различни технологии, една цел: попрецизни резултати
Студиите покажуваат дека рутинскиот скрининг за рак на дојка може да ја намали смртноста за една третина, а според најновите испитувања овој процент се зголемува и до 40-50%. Раното откривање на рак на дојка може да спаси животи и да помогне да се избегнат високоинвазивни третмани.
Додека здравствените власти често издаваат опсежни упатства, реалноста е дека не постои еден универзален пристап кој би се применил кај сите видови испитувања за рак на дојка. Затоа лекарите за да донесат одлука кој вид испитување за рак на дојка да применат, земаат во предвид низа фактори, како што се семејната и медицинската историја и секако густината на ткивото на градите.
,,Генералната препорака е секоја жена да направи проценка на ризикот за рак на дојка уште на 30-годишна возраст. Таа проценка ќе помогне да се одреди нивниот личен ризик и согласно тоа да се обмисли и препорача распоред за следни испитувања кои одговараат на конкретната жена,,- вели д-р Лидија Вељаноска-Кириџиевска.
Значи, без разлика дали правите рутински скрининг, сте нашле грутка, или чувствувате необјаснета болка, лекарите користат цела палета на опции кои комбинирани заедно помагаат за откривање на рак во најраните фази кога е најлесно за лекување.
Неколку од најдискутираните методи:
Мамографија Скрининг мамограм е тест кој вклучува снимање со ниски дози зрачење, кој им помага на лекарите да ги забележат промените во ткивото на дојката. За време на 10 минутната процедура, техничар ги поставува вашите гради – една по една – помеѓу две површини за снимање. Со примена на притисок врз плочите се добива подетална слика со помала доза на зрачење. Здравствените власти, вклучително сите домашни, но и светски организации кои се борат за навремено откривање, превенција и лекување на канцер на дојка, препорачуваат жените да започнат со годишен скрининг мамограф на возраст од 40 години.
Но, и во рамките на мамографијата, постојат опции:
2D мамографија: 2Д дигиталната мамографија прави две рендгенски снимки на дојката. Една во горен ракурс т.е одозгора и една од страна. Ова се дводимензионални слики, што значи дека ткивото што се преклопува може да скрие абнормалности што би можеле да бидат знаци на рак. „2D мамограмите се сè уште важни како методологија, особено за зголемување и карактеризирање на калцификациите кои вообичаено се појавуваат во ткивото на дојката“, вели д-р Магделена Поповска-Цветкова
3D мамографија или дигитална томосинтеза на дојка: Со 3Д мамографија, системот за снимање се движи во лак над градите, земајќи повеќе рендгенски слики од различни агли. Со помош на 3Д мамографија радиолозите добиваат 200 до 300 слики, во споредба со само четири со 2Д технологија.
,,Жените треба да размислат за 3Д мамографија, особено ако имаат гради со густо ткиво“, вели д-р Мимоза Толевска
3Д скрининг мамографијата може да ја зголеми стапката на откривање на рак во некои случаи, а студиите сугерираат дека исто така може да ги намали повторените прегледи на пациентите до 30%.
Ако имате опиплива грутка, локализирана болка во градите или сте забележале промени на кожата/брадавицата или исцедок од брадавиците, вашиот лекар може да наложи дијагностички мамографија. Со дијагностички мамограм, радиолог нарачува специјализирани 2D и/или 3D мамографски прегледи, како што се зголемување и компресија на место, и ги прегледува сликите во реално време. На тој начин, доколку е потребно дополнително снимање, тоа се случува во моментот на вашиот преглед.
Препорака: ако се вакцинирате против КОВИД-19 или грип, закажете ги вашите скрининг прегледи пред првото вакцинирање или четири до шест недели по втората доза на вакцина. Вакцинацијата може да предизвика привремено отекување на вашите лимфни јазли. Додека отечените лимфни јазли од вакцината укажуваат на силен имунолошки одговор, тие може да се појават на мамограмите и да биде потребно дополнително снимање и следење. Не одложувајте никаков дијагностички скрининг поради која било друга причина.
Ултразвук Ултразвукот користи звучни бранови за прегледување на градите. Ултразвукот може да биде особено корисен кај поединци кои имаат густи гради, но не треба да се користи како замена за мамограф. Лекарите обично ја користат оваа метода кај жени помлади од 40 години. Тие препорачуваат таргетиран дијагностички ултразвук кога наодот на мамографија бара дополнително истражување, или како дополнителен скрининг метод во комбинација со мамографија кога имате грутка, локализирана болка во градите, промени на кожата/брадавицата или исцедок од брадавиците.
Постои уште еден тип на преглед за дијагностика на дојките. Тоа е Магнетна резонанца (МР)
Технологијата на МРИ се потпира на магнетното поле и радиофреквентните бранови за да произведе слики. Со овој скрининг за рак на дојка, лекарите добиваат слики од градите пред и откако ќе примите интравенски контрастен раствор кој помага да се подобри изгледот на абнормално ткиво.
„МР на дојка е исклучително чувствителна метода за откривање на рак на дојка, поради што ја користиме како дополнителна алатка за скрининг за оние кои имаат генетски зголемен ризик од рак на дојка и оние кои имаат лична историја или силна семејна историја на рак на дојка. “, вели д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска. Лекарите исто така може да нарачаат МР на дојка за да се разјаснат несигурните наоди од мамограм или ултразвук.
За жал, како самостојна алатка за скрининг, МР ги зголемува шансите радиолози да детектираат сомнително ткиво кое не е канцерогено, што може да бара дополнително тестирање.
Без разлика дали вашиот скрининг вклучува мамографија, ултразвук или МР – или некоја комбинација од сите три – може да откријат сомнителен наод. Но не секогаш се работи за рак. Некогаш станува збор и за лажно позитивни наоди. Лажно позитивен наод е оној при кој пациентот бил повикан на понатамошно испитување за наод кој на крајот не потврдува рак.
„Шансите за лажно позитивен резултат се поголеми при направен само основен мамограм. Истражувањата покажуваат дека жените кои претходно направиле мамографија за споредба имаат помалку лажни позитивни резултати“, велат докторките. „Дополнителните мамографски испитувања не се невообичаени, но многу мал дел од бројот на случаи што ги доиспитуваме се покажува како рак“„
Овие лажни наоди се исто така почести кај пациенти кои:
Доколку се случи да ве повикаат повторно на подетални или повторени испитувања, ќе добиете дополнителна снимка за да бидете сигурни дека немате рак.