Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

24 Часовна пХ метрија со импенданцa

ШТО Е 24 ЧАСОВНА ПХ МЕТРИЈА СО ИМПЕНДАНЦА?

Тоа е рефлуксна студија, односно дијагностички тест за да се утврди дали вие или вашето дете имате гастро-езофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). ГЕРБ е состојба во која содржината на желудникот, киселна или некиселинска соджина, се движи нагоре во хранопроводот. Хранопроводот (езофагусот) е мускулна шуплива цевка низ која храна поминува од устата се кон вашиот желудник. Тежок рефлукс може да ја оштети внатрешната обвивка на хранопроводот и да предизвика симптоми како киселина, регургитација, болка во градите, тешкотии при голтање, засипнатост, кашлица, астма и да остави последици врз здравјето. Оваа студија ќе го брои бројот на рефлуксни епизоди, ќе регистрира дали рефлуксите се кисели, слабо кисели или некисели. Студијата, исто така, ќе ги корелира вашите симптоми со епизодите на рефлукс и ќе даде други неопходни податоци. Овие мерења ќе служат за да утврди најдобриот план за лекување за вас/вашето дете.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗА ВРЕМЕ НА ТЕСТОТ?

Докторот го изведува Вашето испитување со помош на сестра или медицински техничар. Студијата се прави со внесување на мала флексибилна сонда, нежно вметната низ носот во хранопроводот. Сондата ќе биде залепена на вашиот образ / на образот на вашето дете, за да не може да се извади и ќе се прикачи на уред за снимање. Сондата нема да ви смета во процесот на дишење, голтање или јадење.

КОИ СЕ МОЖНИ КОМПЛИКАЦИИ И НЕСАКАНИ ПОЈАВИ?

24 Часовна пХ метрија со импенданца е многу безбедна и безболна процедура. Можни но многу ретки компликации се локално крвавење од слузницата на носот или хранопроводот. Екстремно ретко може да се случи посериозен несакан ефект, како на пр. апнеа.