Кардиологија
Преку клик на линкот може веднаш да закажете преглед on-line или преку нашиот контакт број на 02 3091 484
- Кардиоваскуларна проценка – пакет
- Ехо преглед на срце
- Васкуларен преглед на артерии на врат
- Васкуларен преглед на артерии на ектремитети
- 24 часовен ЕКГ холтер
- Мониторирање на крвен притисок (АБП) холтер
- Трансезофагеална ехокардиографија (ТЕЕ)
- Коронарен стрес тест
- Стрес ехокардиографија
- Транскранијален доплер
Кардиоваскуларна проценка
- ЕКГ
- Ехо преглед на срце
- Доплер на крвни садови на врат
- Доплер на периферни крвни садови
- Преглед на аорта.
Електрокардиограм – ЕКГ
Електрокардиограмот е дијагностички тест на електричната функција на срцето. Секоја промена во изгледот на брановите кои се прикажани на ЕКГ записот оди во прилог за некаков вид на отстапка во одредена срцева функција.
Електрокардиограм (ЕКГ) холтер
ЕКГ холтер исто така ја испитува електричната функција на срцето но за период од 24 а некогаш и 48 часа. Со ова дијагностичка процедура се следи ритамот на срцевата работа за подолг период бидејќи некои состојби кои го пореметуваат ритамот се јавуваат повремено или при состојба на сон, промена на положба а телото, психички стрест или физичка активност.
Мониторирање на крвен притисок (АБП) холтер
Мониторирање на крвен притисок (АБП) холтер се користи за мерење на крвниот притисок кај лица во период од 24/48 часа при вршење на секојдневни активности. Целта на оваа дијагностичка метода е следењето на варијациите на крвниот притисок во одредениот период и одредување на правилна медикаментозна терапија или модифицирање на веќе одредената.
Трансторакална ехокардиографија (ТТЕ)
Трансторакална ехокардиографија е стандардна дијагностичка неинвазивна техника преку која се добива подвижна слика од срцевите шуплини користејќи ултразвук кој се насочува на градниот кош преку сонда. Оваа техника овозможува проценка на пумпната сила на срцето, состојбата на валвулите (срцев шум), промена во неговите димензии, индиректно детектирање на инфаркт, белодробна хипертензија, ендокардит, перикардит, срцева слабост, дијастолна функција и коморна дисинхронија.
Трансезофагеална ехокардиографија (ТЕЕ)
Трансезофагеален ехокардиограм (ТЕЕ) е дијагностичка процедура која се изведува преку специјална сонда прикачена на крај на флексибилно црево кое се воведува во хранопроводот со претходно аплицирана локална анестезија.
ТЕЕ има две главни предности:
- Овозможува подобар увид во срцевите структури, особено на срцевата преграда и струкурата и функцијата на срцевите залистоци
- Примена во тек кардиоваскуларна хирургија и кардиолошки интервенции.
Индикации за употреба на ТЕЕ се:
- Иследување на причина за мозочен удар поради постоење мал канал во преградата на преткоморите кој не се гледа на трансторакална ехокардиографија
- Детектирање на тромби во срцевите шуплини кај лица со аритмија
- Дијагностика на ендокардит
- Проценка на функцијата на имплантирани вештачки валвули
- Проценка на структурата на ѕидот на аортата.
Коронарен стрес тест
Коронарниот стрес тест се користи за проценување на ефектите на физичкиот напор врз срцето.
Индикации за спроведување на вакво тестирање се: ангинозни сиптоми, кај условно здрави пациенти со повеќе ризици за кардиваскуларни заболувања, проценка на потеклото на симптоми како губење здив и замор, провоцирање на ирегуларен ритам, проверка на ефектот од антихипертензивна терапија.
Стрес ехокардиографија
Стрес ехокардиографија се користи кај лица кои од различни причини не се во состојба да бидат дијагностицирани со коронарен стрес тест. При ова тестирање медикаментозно се стимулира срцевиот мускул исто како да е под физичка активност.
Транскранијален доплер
Претставува неинвазивна метода која освен за повеќе цели најчесто се користи за проценка на ризик од мозочен удар кај возрасни до 50 годишна возраст предизвикан подади перзистентен форамен овале (PFO) или канал во срцевите преткомори кој нормално се губи по раѓањето.
Интервентната кардиологија се занимава со транскатетерски (минимално инвазивен) третман на одредени срцеви заболувања. Предностите на интервенциите од овој вид се намалена болка, значително смален ризик од инфекции, избегнување на големи лузни и пократко време на заздравување по интервенцијата. Во повеќето случаи пациентите се будни за време на интервенцијата, а анестезија се дава локално и пациентите можат да си одат дома неколку часа.
Срцева катетеризација
Процедура при која кардиологот прави мал засек на раката или ногата преку кој внесува катетер преку крвен сад до срцето. Оваа постапка користи за:
- Одредување на локацијата и големината на стеснувањата на крвните садови
- Одредувањена пупмната сила на срцето и функцијата на валвулите
- Земање на крв од одреден сегмент
- Одредување на крвниот притисок во одреден сегмент
- Инјектирање на контрастно средство видливо под рентген зраци во артерии за одредување на нивното полнење со крв.
Информациите добиени од оваа постапка помагаат за планирање кардиоваскуларна операција или решавање на состојбата со друг вид на интервентна процедура како на пример ангиопластика.
Коронарографија
Селективна корорнарографија е процедура со која се дијагностицираат запушувањата во коронарните крвни садови (крвни садови кои го снабдуваат срцевиот мускул со крв). Оваа метода се изведува во катетеризациона лабораторија во стерилни услови, каде вообичаено преку десната рака лекарот постава пластичен водич (мало цевче) во артеријата, преку кој се воведува катетер до коронарните крвни садови, потоа се вбризгува јодни контрасно средство и крвните садови на срцето се снимаат со помош на Рентген зраци.
Ангиопластика и стентирање
Ангиопластика / перкутана коронарна интервенција
Се користи за отворање на артериите кои биле стеснети од атеросклероза и истата се врши преку катетер внесен со засек од рака или нога до артериите кои го хранат срцето. Катетерот има собран балон на врвот и кога тој ќе стигне во стеснетиот или запушен дел се дува за да ја турне атеросклеротската плака кон сидот на артеријата и ја проширува артеријата со што се подобрува крвниот тек.
Околу 70 % од ангиопластиките завршуваат со стентирање- внесување на мал метален цилиндар наречен стент во артерија.
Постојат 2 вида на стентови: метални – (Bare-metal stents) и стентови кои се обложени со медикамент (Drug- eluting stents) кој спречува создавање лузни и го смалува ризикот од повторно затворање на артеријата.
Балон валвулопластика
Се користи за проширување на стеснети валвули кои не се отвораат соодветно пр. при аортна стеноза. При оваа процедура балонот на врвот на катетерот се дува за да го истегне и целосно отвори залистокот.
TEVAR и EVAR
– Thoracic endovascular aortic repair (TEVAR)
– Endovascular treatment of abdominal aortic aneurysms (EVAR)
Минимално инвазивни процедури кои вклучуваат поставување на специјален стент во ослабениот дел на аортата, со која се нормализира протокот на крв. Оваа метода се користи за решавање на аневризма или дисекција на торакоабдоменалнта аорта.
Transcatheter aortic valve implantation (TAVI)
Минимално инвазивна процедура за третман на тешка аортна стеноза преку катетер (без потреба од отворање на градниот кош).