СТУДЕНТИ ОД МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО САМАРА, ВО ПОСЕТА НА ФИЛИП ВТОРИ

СТУДЕНТИ ОД МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО САМАРА, РУСИЈА, ВО ПОСЕТА НА ФИЛИП ВТОРИ

Како и во изминатите години, така и оваа година Специјалната Болница „Филип Втори“ беше домаќин на група студенти од медицинскиот факултет во Самара, Русија. Преку нивната студиска размена со Универзитетот Гоце Делчев, во периодот од 04 до 12 Август 2014 година, 10 студенти по медицина и еден професор имаа можност да ја посетат болницата. Во рамките на предвидената научно-наставна пракса, студентите се запознаа со работата на болницата, начинот на организација, комплетната дијагностика на пациентите, како и со оперативните техники при извршување на кардиоваскуларни и други типови операции.

Студентите во знак на благодарност на болницата и подарија потпишана слика од нивниот град.

Филип Втори и вработените

Филип Втори и вработените

Ѓорѓи Васев, медицински техничар во Дијагостички Центар Филип Втори од Велес, во својата 1.5 годишна работа во болницата покажа голем ентузијазам и исклучителни залагања.

Како резултат на овие позитивни карактеристики, кои треба да бидат ПРИМЕР за сите млади луѓе кои започнуваат да ја градат својата професионална кариера, Ѓорѓи доби велосипед за награда од управата на болницата Филип Втори.

Фукнционална магнетна стимулација

Инфо за фукнционална магнетна стимулација

Специјалната болница “Филип Втори”, следејќи го новиот технолошки напредок во медицината, редовно, прва во регионот ги набавува најновите медицински апарати со кои можат да се применат нови методи за третман на определени заболувања.Одделот за Физикална терапија веќе неколку месеци го користи новиот апарат “Тесла Стим” и нашите физиотерапевти се единствените во Р. Македонија кои се меѓународно сертифицирани од страна на производителот за да ја применуваат функционална магнетна стимулација.Функционалната магнетна стимулација е нова физиотерапевтска стимулативна метода која го користи рапидното променување на магнетното поле за предизвикување на длабока мускулна контракција која не може да се постигне со класична електростимулација.Предноста на оваа метода е тоа што е безболна, неинвазивна и ефикасно го стимулира мускулното ткиво, дури и без директен контакт со кожата.Индикации за примена на функционалната магнетна стимулација се: намалување на акутни мускулни болки, подобрување на циркулација, намалување на тегоби кај дегенеративен ревматизам, третман на неурит, парези/парализи, невропатии (моторни, сензомоторни, мононевропатии, полиневропатии), посттравматски состојби, рехабилитација по имобилизација, третман на спортски повреди, рехабилитација по инфаркт на миокард, постоперативна рехабилитација. Индикации во урологија: уринарна инконтиненција, инконтиненција по радикална простатектомија, фекална инконтиненција, регенерација по породувањето, рехабилитација на карличното дно по операцијата, хроничен простатитис, еректилна дисфункција.

Контраиндикации: вградени пејсмејкери, Hearing pumps, метални импланти

Успешна брза рехабилитација после билатерална тотална ендопротеза на колената

Успешна брза рехабилитација после билатерална тотална ендопротеза на колената на комплетно неподвижна пациентка

Пациентка на 70- годишна возраст, примена за ортопедски оперативен третман поради силни болки во двете колена и комплетна неподвижност од пред неколку месеци. Ортопедски преглед со наод за гихт и билатерална гонартроза. Коморбидитети: артериска хипертензија, хиперлипидемија, хипотиреоза и обезност со индекс на телесна маса поголем од 30 (BMI 43.3). ТТ 125 кг.После соодветна подготовка, во прв акт се направи- имплантација на ендопротеза на левото колено (implantatio endoprothesis totalis geni l. sin. Cemented LIMA BIOLOX ceramic). Пациентката е мобилизирана вториот постоперативен ден, мобилизациите отежнати поради силни болки во десното (неоперирано) колено!

Пет дена по операцијата на лево колено, се изведе операција и на десното колено со имплантација на тотална ендопротеза (implantatio TEP geni dex. cemented sec. MULTIGEN LIMA).

После вториот оперативен зафат, процесот на рехабилитација продолжи со истиот интензитет и беа третирани двете колена со соодветен физиотерапевтски програм и мобилизациони постапки.Пациентката на вториот постоперативен ден од операцијата на десното колено беше едуцирана и беше во состојба да се мобилизира со одалка и со патерици.

После успешно спроведената рехабилитација, пациентката на 14-иот постоперативен ден од првата операција беше отпуштена од болница комплетно оспособена за самостојни мобилизации.

Награда за најдобра веб страна

Награда за најдобра веб страна

Во рамките на меѓународниот избор за најдобра здравствена установа со најдобар менаџер, како и велнес центар, специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” во конкуренција со многу други иновативни, квалитетни и впечатливи сајтови, ја доби интернационалната награда за најдобра веб страна. Наградата е големо признание за тимот кој посветено работи на веб страната и континуирано го следи нејзиниот развој.

Покрај достигнувањата од областа на медицината, ова е уште една потврда за стручноста и високата едуцираност на персоналот од немедицинскиот сектор во специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори”.

Тренинг, обука – “Sorin Connect”

Тренинг, обука – “Sorin Connect”

Во периодот од 27.05.2014 до 28.05.2014 година, под покровителство на Sorin (Stockert) групацијата во Минхен, Германија, се одржа тренинг- обука за користење на најновaта генерација на дата менаџмент софтвер “Sorin Connect” за автоматско собирање и обработка на медицински податоци од машините за вонтелесна циркулација “ Sorin-S5”, “Sorin C5”, “Sorin S3” и” Sorin SC”.

Како преставник од “Филип Втори” учествуваше кардиоперфузионистот Игор Кајевски, кој се здоби со сертификат од Sorin групацијата.

Thrombosis management- setting standards, Барселона, Шпанија

Thrombosis management- setting standards, Барселона, Шпанија

Во периодот од 13- 14.06.2014 година во Барселона, Шпанија, беше одржан традиционалниот симпозиум насловен “thrombosis management, settings standards”. Во рамките на континуираната медицинска едукација, Специјалната Болница за хируршки болести “Филип Втори” беше претставена од страна на др. Иван Милев, кардиолог, координатор на Ургентниот Дијагностички Центар.На семинарот беа присутни околу 1200 учесници од сите земји на светот (повеќе од 90 држави) и од сите континенти. Беа обработувани теми од типот на третман и превенција на атријалната фибрилација, акутниот коронарен синдром, белодробната тромемболија, длабоката венска тромбоза, во сенка на новите антикоагулантни лекови.

Исто такa, беа одржани повеќе работилници во мали групи со специфични комбинирани теми од гореспоменатите области, а предавачи беа еминентни професори од најреномираните факултети од Европа и САД.Генерално, одличен настан одржан под покровителство на Bayer, од кој може да се извлечат многу поучни заклучоци и препораки за најновите ставови и гајдлајнси за лекување на горенаведените состојби.

СЕ ОДРЖА ЛЕТНИОТ КАМП ЗА ДЕЦА СО ВРОДЕНИ СРЦЕВИ МААНИ

СЕ ОДРЖА ЛЕТНИОТ КАМП ЗА ДЕЦА СО ВРОДЕНИ СРЦЕВИ МААНИ

Традиционално како и секоја година во периодот од 23-28 јуни во Солферино, Струга, се одржа летниот камп за деца со вродени срцеви маани МОЕТО СРЦЕ ВО СИТЕ БОИ. Мотото на овогодинешниот камп беше “Боите на виножитото во сите нас”. Овој камп е проект кој Филип Втори во соработка со Црвениот крст на град Скопје веќе петта година го реализира и одбележува. Децата со вродени срцеви маани, кои имале интервенција или операција, заедно со нивните родители имаа прекрасна прилика да се дружат и низ организирани работилници и игри да се доживеат себе како здрави личности на кои им претстои живот со многу предизвици на кои ќе можат да одговорат без стравот од болеста која претходно ја имале.

Работилниците предводени од тимот на психолози им овозможија на родителите меѓусебно да ги споделат искуствата и емоциите кои долго време ги носеле во себе и преку поддршка да ги затворат процесите врзани за болеста на нивното дете која е решена и да започнат на своето дете да гледаат низ призма на ЗДРАВО ДЕТЕ. Волонтерите од Црвениот крст со поддршка од психолозите од Филип Втори направија прекрасни работилници за децата во кои тие имаа можност да работат на својата самодоверба и слика на здраво дете.

Оваа активност е активност по која Специјалната болница за хируршки болести “Филип Втори” стана препознатлива во годините кои изминаа. Задоволството и насмевките на децата и родителите се тие кои не мотивираат и понатаму да продолжиме со афирмирација на проактивниот и просоцијалниот капацитет кај оваа ранлива група и да го поддржиме здравиот концепт на индивидуално, семејно и пошироко општествено живеење.Во духот на негување на хуманите вредности, Специјалната болница за хируршки болести ја продолжува својата мисија.