Thrombosis management- setting standards, Барселона, Шпанија

Thrombosis management- setting standards, Барселона, Шпанија

Во периодот од 13- 14.06.2014 година во Барселона, Шпанија, беше одржан традиционалниот симпозиум насловен “thrombosis management, settings standards”. Во рамките на континуираната медицинска едукација, Специјалната Болница за хируршки болести “Филип Втори” беше претставена од страна на др. Иван Милев, кардиолог, координатор на Ургентниот Дијагностички Центар.На семинарот беа присутни околу 1200 учесници од сите земји на светот (повеќе од 90 држави) и од сите континенти. Беа обработувани теми од типот на третман и превенција на атријалната фибрилација, акутниот коронарен синдром, белодробната тромемболија, длабоката венска тромбоза, во сенка на новите антикоагулантни лекови.

Исто такa, беа одржани повеќе работилници во мали групи со специфични комбинирани теми од гореспоменатите области, а предавачи беа еминентни професори од најреномираните факултети од Европа и САД.Генерално, одличен настан одржан под покровителство на Bayer, од кој може да се извлечат многу поучни заклучоци и препораки за најновите ставови и гајдлајнси за лекување на горенаведените состојби.

CSI Focus workshop imaging (iCi)- Франкфурт

CSI Focus workshop imaging (iCi)- Франкфурт

На 25.06.2014 година во Франкфурт, Германија, беше одржан традиционалниот симпозиум насловен CSI Focus workshop imaging (iCi), како увертира на CSI (конгенитални и структурни интервенции) на кој беа претставени дијагностичките процедури кои се изведуваат пред или за време на интервентните процедури на структурните или вродените маани на срцето. Во рамките на континуираната медицинска едукациј, Специјалната Болница за хируршки болести “Филип Втори” беше претставена од страна на др. Иван Милев, кардиолог, координатор на Ургентниот Дијагностички Центар, кој настапи со свој приказ на случај: “Transcatheter closure of giant coronary fistula in 22 old male patient with dyspnea”, кој беше третиран во “Филип Втори” пред неколку месеци.

На семинарот беа присутни околу 800 учесници од сите земји на светот (повеќе од 60 држави) и од сите континенти. Всушност, CSI е еден од најзначајните собири на интервентните кардиолози, педијатри и радиолози кои ги вршат овие интервенции. Беа обработувани теми од типот на улогата на магнетната резонанца како водич при срцевите интервенции, 3Д трансезофагеалната ехокардиографија, васкуларниот ултразвук, ротациската ангиографија со 3Д реконструкциите, како и новите технолошки достигнувања на имиџинг технологиите. Исто така, беа одржани повеќе работилници во мали групи со специфични комбинирани теми од горенаведените области, а предавачи беа еминентни професори од најреномираните факултети од САД и Европа.Во целина, одличен настан, кој веќе традиционално се одржува 18-та година по ред, на кој се презентираат многу иновативни техники, кои потоа постепено се шират по повеке центри во светот во кои се вршат интервенции на структурните и вродените срцеви маани.

Најдобар здравствен менаџер и најдобра болница

Најдобар здравствен менаџер и најдобра болница

Секоја година EUROPE BUSINESS ASSEMBLY, http://www.summitofleaders.co.uk/, прогласува најдобра здравствена установа со најдобар менаџер, како и најдобар велнес центар на територијата на Европа и Блискиот исток.

Изборот на номинирани установи и менаџери се прави од страна на European Market Research Centre (Белгија), Baden-Vurtennberg Export Academy (Германија), the Association of Consultants and Marketologists (Република Чешка), the Institute of Quality Standards (Швајцарија) според следниве критериуми:- Eлоквентност и стручност на персоналот- Мултидисциплинарни медицински служби- Национални и интернационални акредитации- Научно истаржувачка работа- Модерна медицинска опрема- Писма на задоволство од пациентите- Ефективност, фокусирање кон пациентите и нивното задоволство и процес на безбеден третман. – Примена на нови методи и технологии

Во тек на два работни дена лидерите на многу еминентни центри од областа на здравството и велнест медицината ги прикажаа своите просторни капацитети, начин на работа и организираност.Оваа година EUROPE BUSINESS ASSEMBLY и Сократ комитетот , престижната интернационална награда од областа на здравството “ Најдобар здравствен менаџер и најдобра болница” ја додели на Академик др Жан Митрев и Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори. Во конкуренција беа и многу други центри ширум цела Европа и блискиот исток.На самитот Академик Жан Митрев со 10минутна презентација на тема “Специјална Болница Филип Втори , минато, сегашност иднина” го пренесе секојдневиото во работата на овој реномиран центар.

Третман на цистоцела со PERMACOL

Третман на цистоцела со PERMACOL

PERMACOL е биолошки материјал кој содржи колаген од свињи и се користи како реконструктивен материјал во хирургијата. Наоѓа примена во абдоменалната хирургија како помошен материјал за реконструкција на абдоменалниот ѕид кај хернии, во урологијата како материјал за реконструкција на вагиналниот ѕид кај цистоцели, во пластичната хирургија за покривање на кожни дефекти, во детската хирургија за корекција на гастрошизи и други конгенитални аномалии, како и во другите хируршки гранки.

Третман на Цистоцела со PERMACOL

Case Report Пациентка на 63 годишна возраст, субјективно се жали на често мокрење и печење при мокрење со почеток од пред пет години со тенденција на интензивирање на симптомите со тек на годините. Направен е уролошки преглед – цистоскопија без знаци за воспалителни или присуство на Ту промени во мочниот меур. Клинички е дијагностицирано присуство на цистоцела. Поставена е индикација за оперативен третман – пластика на вагиналниот ѕид со Permacol

После соодветна подготовка, направено е Plastica vaginae anterior cum Permacol. Пациентката е водена во спинална анестезија. Се постави уринарен катетер. Се направи вагинален пристап преку преден вагинален ѕид и инцизија од задна уретра се до цервикс. Вагиналниот ѕид се одвои од задниот ѕид на мочниот меур се до пубовагиналните лигаменти.Се подига задниот ѕид и се постави потпора од Permacol со димензии 5цм по 4 цм. Истата се фиксираше со 4 поединечни шавови за пубовагиналните лигаменти. Следи редукција на предниот ѕид на вагина, a потоа и негово затворање со поединечни шавови. Поставена е тампонада од две гази. Оперативниот тек помина уредно, без крвозагуби.

Постоперативен тек уреден. После пет болнички денови, пациентката во добра општа состојба, со уреден наод на оперативно поле, се испишува на домашно лекување.

Курс за радиолошки имиџинг методи- Палермо, Италија

Курс за радиолошки имиџинг методи- Палермо, Италија

Во периодот од 05-ти до 06-ти јуни 2014 година во Палермо, Италија, се одржа курс за радиолошки имиџинг методи, прегледи на кардиоторакалната регија со компјутеризирана томографија и магнетна резонанца, во организација на Европската школа за радиолози.

Голема посетеност на курсот, со предавачи, експерти од областа на радиологијата од различни европски земји. Одлична комбинација на предавања и интерактивни работилници во мали групи на учесници. Беа презентирани измени во препораките и протоколите на прегледитe, базирано на богати претходни искуства на врвни радиодијагностички центри од различни земји од Европа.Др. Лидија Вељановска Кириџиевска активно учествуваше на курсот како претставник од одделот за радиодијагностика од специјалната болница за хируршки болести “Филип Втори“.