Во нашиот Центар за мајка и бебе, се родија две бебиња во ист ден. Едното девојче – Дафина, се роди во 39 недела со 3kg и 46cm должина и другото машко Роел кој се роди во 40 недела и има 3,2 килограми и 48cm. На родителите им посакуваме безброј радости, а на бебенцата безгрижно детство.
Пациент од Либија дојде специјално во Скопје, во Клиника Жан Митрев за да ги изврши потребните специјалистички прегледи. На Идрис Ал Сенуси од Либија за само еден ден му беа извршени десетина прегледи и тој задоволно ја напушти клиниката, заблагодарувајќи му се на целиот персонал. На Ал Сенуси му беа извршени дерматолошки, стоматолошки, офталмолошки, ендокринолошки, кардиоваскуларни, пулмолошки прегледи како и ултразвук на абдомен. Тој, по сите завршени испитувања, изјави дека се чувствувал како да престојува во хотел, а не во болница. „Тука ја имате сета удобност што можете да ја замислите. Овде се чувствувате како да престојувате во хотел, во ресорт, во спа. Се надевам дека и во мојата земја Либија што е можно поскоро ќе имаме ваква институција“, рече Ал Сенуси, додавајќи дека во меѓувреме ќе ја препорачува Kлиника Жан Митрев на сите негови пријатели и сограѓани. Клиника Жан Митрев со проширувањето на дејностите, воведувањето нови хируршки и терапевтски интервенции и нови стандарди во здравствената пракса во земјава, постојано привлекува пациенти од најразлични делови од светот да доаѓаат во клиниката за да ги извршуваат потребните интервенции и дијагностички прегледи.
Кај пациент со огромни болки и ограничени движења поради протрузија на дискус во зона L5-S1, за прв пат во клиниката беше направено отстранување на парче од дискусот без операција. При оваа процедура која се работи под надзор на ангиографски апарат д-р Африм Халими-специјалист радиолог, со помош на игла го отстрани парчето кое предизвикуваше проблеми на пациентот. По само некулку часа тој си замина дома ослободен од болката.
Повредите на рамото можат да бидат од различна природа и степен. Добрата вест е дека за дел од нив постојат решенија кои не захтеваат класична операција, туку се работат артроскопски под камера. Овој пат д-р Ненад Петков – специјалист ортопед трауматолог, им помогна на двајца наши пациенти. Кај пациент спортист, по настанатата повреда дислокација на десното рамо, беше успешно направена стабилизација на рамениот зглоб со помош на анкери вметнати артроскопски. Додека пак, кај пациентката со смрзнато беше постигнато ослободување на истото со помош на ваков еднодневен зафат под камера.
Г-дин Миомир Тасиќ поранешен оперски пејач, наш пациент, не престанува со пеење. Тој кон крајот на годината беше успешно опериран од нашиот тим кардиохирурзи предводен од д-р Митрев. По санирањето на срцевиот проблем, веќе неколку месеци е дома каде целосно се опоравува. За неговите впечатоци погледнете повеќе од видеото.
Интервју со д-р Емил Стоицовски, специјалист по анестезиологија и реанимација и медицински директор во Клиника Жан Митрев
Клиниката „Жан Митрев“ веќе 25 години претставува пример за тоа како визијата, иновациите и трудот можат да го трансформираат здравствениот систем. Со воведување на современи технологии и минимално инвазивни методи, клиниката не само што поставува нови стандарди во здравствената грижа туку и ја гради довербата на пациентите. Во ова интервју, д-р Емил Стоицовски, медицински директор на клиниката и специјалист по анестезиологија и реанимација, зборува за постигнатите успеси, најновите медицински практики и визијата за иднината.
Клиниката до 2026 година е носител на „Златниот печат“ од Joint Commission International, признание кое го добива по трет пат. Што значи ова за Вас и за тимот на Клиниката „Жан Митрев“ во контекст на глобалната здравствена пракса?
Кога пред скоро 25 години започнувавме со работа, нашата визија водилка беше – создавање на здравствена институција што ќе ги следи највисоките светски стандарди и ќе им овозможи на нашите пациенти грижа каква што ја заслужуваат. Тогаш можеби изгледаше далечно, но постепено прерасна во цел која што етапно ја достигнувавме и надминуваме. Со секое ново унапредување на работата на клиниката, одевме чекор понатаму во подигнување на стандардите на здравствена заштита во земјава. Денес, со третата последователна реакредитација и добивање на „Златниот печат“ од Joint Commission International, ја гледаме реализацијата на тој сон и целосно достигнување на целта. Ова признание е симбол на континуираната посветеност на врвниот квалитет, безбедноста и хуманоста во здравствената грижа од сите што биле дел од Клиника Жан Митрев. Првото добивање на „Златниот печат“ е голем успех, но второто и третото кога реномирани експерти во здравствената пракса доаѓаат и проверуваат се што претходно констатирале и дали има дополнително унапредување, значи дека и во највисоките кругови, во глобални рамки веќе сте препознаени како врвна институција што има капацитет и може да постави уште повисоки стандарди и континуирано го прави тоа. За тимот, ова е повеќе од награда, тоа е потврда дека упорност, знаење и љубов кон оваа професија прават вистинска разлика. Ние работиме со луѓето и со највредното што го имаат – здравјето и тоа е нашиот поттик во зголемување на грижата и негата, во функцијата на здравјето на нашите пациенти. Горди сме што сме пример за тоа како посветеноста, визијата и трудот можат да го трансформираат здравствениот систем.
Во последните месеци, Клиниката Жан Митрев направи значителни инвестиции во нова дијагностичка опрема и технологии, како отворање на STROKE центар и рутинска употреба на современинеинвазивниметоди како радиофреквентната аблација. Како овие иновации го подобруваат квалитетот на здравствената услуга за пациентите?
Работејќи долги години и со целото искуство што го имаме зад нас,често сме соочени со трка со времето и знаеме колку значи добра и прецизна дијагностика и брза интервенција. Кога првиот пат беше отворен STROKE центарот, лично сведочев на моменти кога брзата интервенција им го спасува животот на пациентите. Технологијата ни ја дава таа моќ, како доктори и експерти да бидеме побрзи и попрецизни во борбата за нечие здравје и живот. Можноста да имаме технологија која буквално менува судбини е најголемата награда за нас како доктори и за нашите пациенти. STROKE центарот овозможува моментална дијагностика и третман на мозочни удари, додека радиофреквентната аблација значи современо решение за многу состојби и ја користиме рутински секојдневно во ангио сала при неинвазивни кардио интервенции, без класични хируршки зафати. Со ова на нашите пациенти не само што им нудиме најдобар третман, туку и надеж и нова перспектива. За мене лично, секој пациент што ќе излезе од клиниката со насмевка и нов почеток во животот е потврда дека сето она што сме го направиле е вредно и секоја нова инвестиција во медицинска опрема е уште еден спасен живот.
Вложувате и во минимално инвазивни зафати како решенија за дискусхернии без операција. Можете ли да споделите детали за успешноста и прифаќањето на овие процедури меѓу пациентите?
Кога зборувамеза пациентите кои доаѓаат со силни болки, често кај нив постои страв однеизвесноста. Минимално инвазивните зафати за дискусхернии се вистинска промена за нивниот живот. Наместо да минуваат низ долги и ризични операции, тие добиваат решение кое е брзо, безболно и ефикасно. Така пациенти кои пред само неколку дена биле неподвижни со неподносливи болки, се враќаат на работа и повторно играат со своите деца. За тоа работиме и за тоа се грижиме, за да помогнеме некому да си ја врати слободата на движењето. Повторно ќе кажам, науката, медицинската пракса и технологијата работат заедно и даваат решение за многу здравствени проблеми, само треба тоа да се примени, да се обезбеди опрема, да се обучат специјалисти и да се убеди пациентот дека спасот постои. Успехот на овие процедури, поткрепен со довербата на пациентите, е уште еден доказ дека иновациите и човечката грижа одат рака под рака.
Во изминатите месеци се прошири спектарот на услуги со акцент на неврохирургија, васкуларна хирургија и абдоминална хирургија. Што претставува приоритет во идните инвестиции и развој на клиниката?
Инвестицискиот циклус во Клиника Жан Митрев произлезе од идејата и желбата да ги поставиме темелите на еден здравствен систем кој ќе биде фокусиран на иднината. Целосно интегриран врвен здравствен систем со сите услуги на едно место. Денес имаме клиника со целосна дигитализација, нова и технолошки најнапредна опрема и тим од доктори кои се посветени на својата работа и експерти во својот домен на работа. Нашите следни чекори се насочени кон развој на онкологијата и воведување на најсовремените терапии, дигитализација на медицинските услуги и отворање на истражувачки центри кои ќе носат нови можности за пациентите и за медицинските професионалци. Секогаш се потсетувам дека сè што изградивме, го направивме со силна желба да донесеме позитивна промена во животите на луѓето. Приоритетите на клиниката остануваат фокусирани на пациентите и најдобрата можна нега, а тоа го правиме со инвестирање во иновации кои носат реална разлика и постојана едукација на нашиот тим, за да продолжиме да се надградуваме и прошируваме во функција на здравјето и животот.
Со отворањето на Центарот за мајка и бебе и инвестицијата од над 5 милиони евра, кои се новите услуги што ги нудите, и како го подобривте пристапот до грижа за трудниците и новороденчињата?
Кога ја замислувавме идејата за Центарот за мајка и бебе, мислевме на секоја мајка што заслужува поддршка, грижа и сигурност во најважните моменти од нејзиниот живот. Овој Центар не е само инвестиција, тоа е нашата желба да бидеме дел од првите чекори на секое ново семејство. Фокусирајќи се на потребата на мајката и новороденчето, создадовме центар што овозможува мултидисциплинарен пристап со сите потребни капацитети, апаратура и персонал да одговори пред, за време и во постпородилна фаза, како и за сите потреби поврзани со мајката и бебето. Новите услуги вклучуваат најсовремена неонатална грижа, индивидуализирани програми за следење на бременоста и породилна грижа, како и 24/7 поддршка од нашиот тим. Мислам дека најголемата потврда за успехот на овој центар е кога ќе видам новороденче во рацете на својата мајка, здраво и сигурно. Тоа се моментите кога сфаќате дека сите наши напори вредат.
Во центарот за стоматологија и естетска дерматологија воведовте уникатни услуги со технолошки најсовремена опрема, како вештачка интелигенција при видеодермоскопија со „Фотофајндер“. Кои се Вашите очекувања од овие услуги во однос на привлечноста за пациентите?
Никогаш не се фокусираме само на технологијата – таа е алатка. Суштината е во тоа како таа може да го промени животот на пациентите. Со воведувањето на технологии како 3Д мапирање на усната шуплина и видеодермоскопијата со Фотофајндер, создаваме нови стандарди во стоматологијата и естетската дерматологија. Ја направивме првата безболна имплантација на заби, единствено ние применуваме седатација на пациентите и интравенска потенцирана анестезија, што овозможува секој стоматолошки зафат, колку и да е комплексен и за секој пациент, да биде направен во еден акт и безболно. Тоа е работа на медицината а технологијата е алатка што го овозможува тоа. Ние, во Клиника Жан Митрев, медицинското знаење и технологијата ги применуваме во обезбедување најдобра здравствена грижа и нега. Очекуваме овие услуги не само да ги привлечат пациентите, туку и да создадат доверба кај нив, знаејќи дека кај нас ќе добијат исклучителна грижа. Овие технологии ни овозможуваат да направиме повеќе од лекување, да понудиме решение што ќе ја врати самодовербата и квалитетот на животот на секој пациент.
Соработувате со повеќе од 50 доктори од јавното здравство, а исто така тимот се надополнува со професионалци кои се враќаат од странство. Како успевате да ги мотивирате и привлечете овие медицински кадри да ја поддржат вашата визија и да останат во земјата?
Денес, со повеќе од 50 доктори од јавното здравство и професионалци кои се вратија од странство, се чувствувам благодарен што создадовме средина каде што секој член на тимот знае дека неговата работа е вредна. Создаваме култура на работа која е во интерес на пациентите, кои ќе добиваат подобри услуги, каде се подигнуваат стандардите за тоа како треба да изгледа една Клиника во Македонија и каде може да го реализираат својот максимален капацитет. Ги мотивираме нашите кадри преку континуирана едукација, обуки со меѓународни експерти и создавање можности за професионален раст. Условите за работа кај нас отскокнуваат од локалните стандарди, а истовремено стандардите на организациската поставеност се рамнат со оние во многу понапредни здравствени системи во странство па дури и во приватно здравство. Но најважно, секој од нив чувствува дека е дел од нешто поголемо, визија што ја започнавме заедно и која ќе трае долго по нас.
Нашата болница е наставно-научна база за студентите од УГД Штип, каде предаваат најголемиот дел наши доктори, се пишуваат трудови, книги. Во академската надградба воспоставивме соработка со Универзитетот од Косово медицински факултет, од каде имаме двајца специјализанти на анестезија и интензивно лекување.
Создавање на клиника каде докторите и младите специјалисти може да работат во заштита на здравјето и животот е нашата заложба и нашата посветеност на тоа да го подигнеме здравствениот систем во државата прво со тоа што ќе го вратиме младиот медицински персонал дома и каде заедно ќе понудиме врвна медицинска услуга.
Кое е според вас најголемото достигнување на клиниката во изминатите шест месеци, и како планирате да го одржите и проширите овој успех во иднина?
Последните шест месеци беа период на интензивен раст и големи достигнувања. Но, ако треба да издвојам едно нешто, тоа е довербата на пациентите. Од отворањето на STROKE центарот до проширувањето на спектарот на услуги, секој чекор беше направен со мисла на нив. Посебно значаен за нас и за граѓаните во овој период е актуелизацијата на ургентниот центар, кој работи секој ден 24/7, со подготвен интердисциплинарен тим лекари во кој било дел од денот и ноќта. Преку Ургентниот центар функционира и бесплатен превоз за пациенти кои ќе се хоспитализираат кај нас од кој било град од Македонија и Косово, а тоа е многу важно за пациентите и навремената реакцијата за нивната состојба. Овие заложби, ваквите решенија и проширувањето на здравствените области во Клиника Жан Митрев се повеќе од значајни достигнувања. Тоа е подобрување на здравствената нега и грижа во земјава во целост. Секој ден гледам луѓе кои ни ја доверуваат својата најголема надеж – своето здравје. Тоа за мене е најголемото достигнување. Планот за иднината е јасен, продолжуваме со истиот жар, иста посветеност, тимски дух и истата верба дека можеме да направиме промена во животите на луѓето.
Грижата за забите започнува уште од најраната возраст. Затоа носењето на децата на стоматолог е клучно за мониторирање на правилниот раст и развој на забите, но и за спречување на потенцијални проблеми во иднина и создавање навика за грижа за оралното здравје во текот на целиот живот. Првиот контакт на детето со стоматолог е битен зошто тоа прави прва импресија во животот, и е длабоко поврзана со чувството кон посета на стоматолог за цел живот. Главна цел кај детето во мали години е да не се дозволи стоматолошката ординација да ја перцепира како страшно и болно место.
Зошто е важна редовната посета на стоматолог?
Редовните контроли помагаат да се откријат и спречат кариес, заболувања на непцата, деформации и други орални проблеми пред да станат сериозни.
Стоматологот може да препорача дополнителни заштитни мерки како флуоридни третмани или заптивки за заби.
Контролите овозможуваат стоматологот да го следи правилното нижење на млечните и постојаните заби.
Навремено се препознаваат потенцијални проблеми, како неправилно збиени заби или малоклузија (неправилна положба на вилицата).
Посетите на стоматолог од рана возраст помагаат кај детето да не се создаде страв, туку да се прифати како нормална активност.
Децата учат за важноста на хигиената и правилното четкање на забите, а родителите добиваат насоки за правилна грижа за детските заби, исхрана и навики кои го штитат оралното здравје.
Кога да се започне со редовни контроли на детските заби?
Првата посета на стоматолог треба да биде околу шест месеци откако ќе никне првиот млечен заб, или најдоцна до првата година на детето. Откако ќе се направи првата посета, препорачливо е да се посетува стоматолог во следните 6 месеци до 1 гоина. Оваа пракса овозможува рано откривање на проблеми и нивно брзо решавање. Редовната стоматолошка грижа и контрола уште од најраната возраст придонесува за здрави заби, здрава насмевка и самодоверба кај вашето дете! Периодот по растењето на првите млечни заби, за оралната хигиена главно е задолжен родителот на детето. Во овој период од развојот на забите, едукацијата од страна на стоматолог е насочена токму кон родителите.
Како да ги заштитиме детските заби?
Почнете со чистење на забите уште кога ќе никне првиот заб. Користете мека мала специјализирана четка за најмала возраст и мала количина на паста која е потврдена дека може да биде користена на оваа возраст. Овие пасти во својот состав може но не мора да имаат флуор. Количината на пастата до 3 години треба да биде со големина на зрно ориз. По третата година се дуплира оваа количина на паста. Избегнувајте шеќери и слатки пијалаци, особено пред спиење. Многу честа грешка која ја прават родителите посебно и да се строги во однос на детската орална хигиена, после вечерното миење на заби тие сепак ќе му дозволат на детето да конзумира храна или напиток кој содржи шеќер. Дури и најмала количина на внес на шеќери пред легнување кај млечните заби може да има големи последици. Како родители поттикнувајте внес на свежо овошје, зеленчук и млечни производи за зајакнување на забите.
Исто така важна е и флуоридната заштита. Флуоридот е важен за спречување на кариесот. Консултирајте се со стоматолог за употреба на паста за заби или флуоридни третмани. Залевањето на заби е исто така препорачливо. Залевките се течни пломби кои често имаат и различна боја а се ставаат на здрав заб. Тоа е тенок слој материјал кој се нанесува на длабоките бразди на катниците за да ги заштити од кариес. Ова е особено препорачливо кај постојаните/трајните заби.
Ограничете ги шишенцата со млеко или сок за време на спиење, бидејќи може да предизвикаат кариес. Поттикнете го одвикнувањето од цуцли и шмукање палци навреме, за да се спречи неправилен развој на вилицата. Со редовни посети на стоматолог, правилна хигиена и здрава исхрана, можете да обезбедите вашето дете да има здрави заби и насмевка која трае цел живот.