Нарушувања во исхраната – Сериозни состојби зад маската на „совршен изглед“

Современото општество и медиумите често наметнуваат нереални стандарди за убавина, што особено влијае врз младите. Сè повеќе млади девојчиња – дури и на возраст од 6 години – изразуваат незадоволство од сопствениот изглед. Оваа опсесија со телесниот изглед може да доведе до сериозни нарушувања во исхраната.

Најчести нарушувања во исхраната:

  • Анорексија нервоза – свесно и опасно ограничување на храната, со цел губење на тежина.
  • Булимија нервоза – повторувачки циклуси на прејадување, проследени со повраќање или употреба на лаксативи.

Овие нарушувања најчесто се јавуваат меѓу 14 и 20 години, а честопати се поврзани со професии кои бараат одржување „совршен“ изглед, како што се манекенство, балет, гимнастика и пливање. Атлетската анорексија е чест случај кај спортистки кои го намалуваат внесот на храна под влијание на притисоци од тренерите и општеството. Девојките кои се занимаваат со манекенство пред значајни ревии пијат само вода и јадат памук бидејки тој е чиста целулоза и не е хранлива материја туку само поминува низ стомакот намалувајќи ја гладта.

Физички и психички последици

Нарушувањата во исхраната влијаат на целиот организам:

Анорексија нервоза:

  • Драстично губење на тежина (BMI<17.5)
  • Прекинување на менструалниот циклус
  • Сува, жолтеникава кожа
  • Остеопороза (губење на коскена маса)
  • Намален сексуален нагон и чувствителност на студ

Булимија нервоза:

  • Ерозија на забите
  • Потечени жлезди
  • Електролитен дисбаланс и дехидрација
  • Гастроинтестинални проблеми
  • Рани и иритации на усната шуплина

Рана интервенција е клучна: Брзото препознавање и дијагноза овозможуваат поефикасно лекување и превенција на долгорочни последици. Лекувањето е мултидисциплинарен процес и вклучува:

  • Медицинска стабилизација
  • Нутритивна поддршка
  • Психолошка терапија
  • Контрола на телесната тежина на здрав начин на исхрана

Во тешките случаи се препорачува хоспитализација, а доколку пациентот одбива терапија и неговото здравје е сериозно загрозено, можно е и присилно лекување.

Нутритивна поддршка кај нарушувања во исхранатa

Излезот од порочниот круг на изгладнување, депресија, анксиозност и телесна слабост е можен – но бара стручна поддршка и индивидуално прилагоден нутритивен план. Исхраната кај лица со анорексија или булимија мора да биде внимателно испланирана и следена од лекар и нутриционист.

Цели на нутритивната терапија:

  • Враќање на телесната тежина во граници на нормална телесна тежина
  • Воспоставување на редовни, балансирани оброци
  • Корекција на нутритивни дефицити (електролити, витамини, минерали)
  • Намалување на анксиозноста поврзана со храната
  • Обнова на хормоналната и гастроинтестиналната функција

Зошто е важна правилната исхрана?

Кај лица со нарушувања во исхраната, телото страда од сериозен недостаток на енергија и хранливи материи. Поради тоа може да се јават гастроинтестинални проблеми (опстипација, рефлукс, болки), нарушен метаболизам, оштетени органи, хормонален дисбаланс и ослабен имунитет.

Што значи нутритивен успех?

Нормализирање на телесната тежина не значи само бројка на вага. Таа води кон:

  • Нормализирање на хормоните (лептин, естроген, гонадотропини),
  • Враќање на менструалниот циклус,
  • Подобрување на менталната состојба и енергија.

Самолекувањето или импровизирани режими на исхрана може да предизвикаат дополнителна штета. Од таа причина потребен е индивидуализиран нутритивен план под супервизија на стручно лице – нутриционист, и мултидисциплинарен тим од специјалисти доктори поткрепено со психолошка или психијатриска поддршка зависно од индивидуалната состојба на пациентот.

Контактирајте нè и закажете консултација со нашите психолози, нутриционисти и медицински тим.


Цели 17 години нашето срце чука во сите бои

И оваа година, седумнаесетти пат по ред, традиционално, во организација на Одделот за психологија и психотерапија при нашата клиника, се одржа Летниот камп наменет за децата со вродени срцеви маани, кои беа придружени од своите родители.

Во соработка со Црвен Крст на Град Скопје беа реализирани креативни психолошки работилници и физиотерапевтски вежби чија цел беше да се поттикне целокупниот развој кај децата по направената операција или интервенција на срце.
Сите активности, вклучително игрите, забавата и дружењето се одвиваа под раководство и стручен надзор на тимот психолози доц. д-р Кристина Егуменовска, Александра Петроски и физиотерапевтот Блаже Арсов. Годинава ни гостуваше и нашиот специјалист кардиолог д-р Тања Анѓушева, која одржа интерактивна работилница со дечињата, а преку пригодна презентација обезбеди одговори на големиот број прашања од родителите.
Летниот камп за деца со вродени срцеви мани МОЕТО СРЦЕ ВО СИТЕ БОИ секоја година ги исполнува нашите срца!

Радост што се множи во Центарот за мајка и бебе

По неодамнешното пристигнување на трите мали принцези – прекрасната женска тројка, деновиве се родија близнаци!

Добредојде за двете новородени машки бебенца!

Тие со своето доаѓање на свет, уште еднаш ни потврдија дека животот е најголемото чудо.

Нашиот тим со својата грижа, посветеност и стручност создава среќни почетоци.

Нека и сите следни денови на новите мали јунаци и нивните семејства им бидат безгрижни! ❤❤❤

Клиника Жан Митрев – место каде животот започнува со грижа, љубов и сигурност.

5 знаци на топлотен удар и како да го спречите

Високите температури, топлотниот удар станува вистинска опасност, особено за децата, постарите лица и оние кои се занимаваат со физичка активност на отворено. Раното препознавање на знаци на топлотниот удар може да направи голема разлика.

Што е топлотен удар?

Топлинскиот удар се јавува кога телото се прегрева и не може правилно да се олади, обично поради продолжено изложување на сонце или интензивен физички напор во топли средини. Може да биде опасен по живот ако не се реагира/третира брзо.

5 знаци на топлотен удар

  1. Висока телесна температура (над 39-40°C)
    Ова е најјасен знак. Телото ја губи способноста да ја регулира својата температура, а таа почнува опасно да се покачува.
  2. Топла, црвена и сува кожа
    Топлата, црвена и сува кожа предизвикана од топлина е сериозна медицинска итна состојба особено ако е придружена со други знаци како што се конфузија, гадење или главоболка. Важно е веднаш да побарате медицинска помош. Додека чекате помош, клучно е лицето да се премести на ладно место и да се нанесе влажна крпа или ладна бања.
  3. Силна главоболка и вртоглавица
    Мозокот е исто така засегнат од прегревање. Главоболката е често силна и може да биде придружена со конфузија, дезориентација или дури и несвестица.
  4. Гадење и повраќање
    Кога дигестивниот систем се менува /иритира од екстремна топлина, вообичаено е да се чувствува гадење или повраќање.
  5. Забрзан пулс и отежнато дишење
    Телото се обидува да ја компензира топлината со побрзо пумпање крв. Ова се манифестира како тахикардија и чувство на екстремен замор.

Како да спречите топлотен удар

  • Останете хидрирани: Пијте вода дури и ако не сте жедни. Избегнувајте прекумерен алкохол и зашеќерени пијалоци, бидејќи тие можат да ве дехидрираат.
  • Избегнувајте изложување на сонце во текот на шпицот: помеѓу 11:00 и 16:00 часот, кога сончевите зраци се најсилни. Барајте сенка или ладни места во овие периоди.
  • Лесна, светла облека: Изберете лабава, дишечка и светла облека за да ја рефлектира топлината.
  • Не оставајте никого во затворено возило: не ги затворајте децата или домашните миленици во кола дури ни за многу кратко време. Температурата во затворен автомобил може да надмине 50°C за неколку минути.
  • Правете паузи ако вежбате или работите на отворено: правете чести паузи и пронајдете проветрени или засенчени места.

Што да се прави во случај на топлотен удар?

  • Веднаш јавете се на службите за итни случаи.
  • Преместете го лицето на ладно место.
  • Ставете ладни крпи или вода на телото но не мраз за да избегнете преголема температурна разлика
  • Не давајте течности ако лицето е во несвест или дезориентирано.

Топлиот удар е медицински итен случај, но е целосно спречлив. Слушањето на вашето тело, одржувањето на хидратација и заштитата од сонцето може да ви помогне да го избегнете.

Вистински херои на патот – живот спасен благодарение на брза реакција

Брачниот пар Голабоски од Охрид доживеа вистински кошмар при патување кон Маврово. Додека се возеле во нивното возило влегла пчела која ја каснала сопругата Соња алергична на пчелни 🐝 убоди. Поради состојбата која брзо се влошувала, нејзиниот сопруг Владимир веднаш одлучил да се вратат назад упатувајќи се кон охридската болница.🏥

За среќа, на патот кон Охрид ја пресретнале мобилната единица на Клиниката Жан Митрев. Нашата екипа сестра Весна Наумоска – анестетичар и колегата шофер Тони Антониевски, иако со друга задача, без размислување застанале да ја укажат побараната помош. Со брза и стручна интервенција, веднаш биле преземени неопходните чекори за спасување на сега веќе пациентката Соња Голабоска.

,,Не направив ништо посебно. Постапив онака како што сум обучена и како што треба да направи секој човек. Своето знаење и опремата и средствата кои ми беа на располагање во амбулантното возило ги употребив за спасување и стабилизирање на жената,,- објаснува сестра Весна.

По убодот на инсектот веќе биле видливи отоци и имало трнење на ногата. ,,Немавме време да ја чекаме брзата помош која доаѓаше од Охрид, затоа одлучивме веднаш да ја ставиме во нашето возило и се упативме кон Охрид. Во меѓувреме аплицирав антиалергиски лекови и постојан мониторинг додека брзавме кон болницата,, – ни објаснува Весна која додадва дека вакви случаи се чести кога се патува со амбулантно 🚑возило.

Семејството Галабоски изрази огромна благодарност до нашиот медицински тим, чија подготвеност да се стават на располагање на граѓаните не штедејќи се себе и ресурсите кои им се на располагање уште еднаш покажа дека животот е скапоцен. ❤❤🍀

Мелис, Мира и Малахат – тројката родена во Жан Митрев Клиника заминува дома

Мелис, Мира и Малахат, трите предвремено родени бебиња во Клиника Жан Митрев, по неколку недели поминати во Центарот за мајка и бебе, денеска си заминуваат дома.

Тројката се роди на 4 јуни 2025, од природно зачната бременост, што е реткост во современата медицина. Родени со царски рез 9 недели пред очекуваниот термин, во 31 гестациска недела, новороденчињата се во стабилна состојба и подготвени да си одат во својот дом.  

Ова породување претставуваше не само медицински успех, туку и симбол на надеж, живот и хуманост. Доаѓањето на свет на Мелис, Мира и Малахат за Жан Митрев Клиника претставуваше огромна радост, но и потврда дека можат да се надминат и најголемите предизвици кога ќе се соединат знаењето, искуството и современата технологија.

Со ова породување и официјално започна со работа Одделот за неонатална интензивна нега (NICU) во Клиника Жан Митрев.
Во последните три децении, стапката на повеќеплодови бремености е зголемена за 70%, а тројните бремености по природен пат, како оваа, се вистинска реткост и во светски рамки се појавува во 1 на 8000 случаи.

Центарот за мајка и бебе при Жан Митрев Клиника на мајката Мубеџел Бектешова од Скопје ѝ посакува брзо закрепнување, а на Мелис, Мира и Малахат живот исполнет со љубов, здравје и сила.

Родено 100-тото бебе во Центарот за мајка и бебе на Клиника Жан Митрев – нов живот започна во безбедни и грижливи раце!

Во Центарот за мајка и бебе на Клиника Жан Митрев се роди 100-тото бебе, момент кој го одбележува растот и довербата што стотици семејства им ја даваат на нашите медицински тимови. Овој значаен настан не е само бројка, туку симбол на љубов, посветеност и современа медицинска грижа, која овозможува секое породување да биде најубаво и најбезбедно искуство за мајките и нивните семејства.

Центарот за мајка и бебе е создаден како место каде што животот започнува со највисока можна грижа и внимание. Од моментот кога беше родено првото бебе во Центарот, пред нешто повеќе од половина година, па сè до денес, нашата мисија останува иста: да обезбедиме врвни услови и безбедност за секоја мајка и секое новороденче. Со комплетно опремени породилни сали, современа неонатолошка интензивна нега, приватни и удобни соби, и тим од искусни гинеколози, неонатолози, анестезиолози и медицински сестри, Центарот претставува дом за безбедни породувања и топол почеток на секој нов живот.

„Секое бебе е посебна радост и огромна одговорност. Со секое бебе родено во Центарот на Клиника Жан Митрев, испраќаме порака дека секој живот е бесценет и заслужува најдобра можна грижа уште од првиот здив. Благодарни сме за довербата која секојдневно ни ја укажуваат идните родители,“ велат од тимот на Центарот за мајка и бебе на Клиника Жан Митрев.
Безбедноста и индивидуалниот пристап се темел на работата на Центарот. Се применуваат највисоки стандарди за хигиена и стерилност, а секое породување се одвива со 24-часовна медицинска поддршка и внимателно следење на здравјето на мајката и бебето. Со ова, Клиника Жан Митрев ја продолжува својата посветеност кон создавање здрави генерации и обезбедување најсовремена медицинска грижа во земјава.

Успешен настап на тимот на Клиника Жан Митрев на меѓународниот турнир во шутбал во Будимпешта

Тимот на Клиника Жан Митрев оствари забележителен успех на меѓународниот турнир во шутбал (walking football), кој се одржа од 11 до 13 јули на терените на клубот „Ференцварош“ во Будимпешта, Унгарија. На турнирот учествуваа вкупно 16 екипи од Унгарија, Италија, Австрија, Израел, Англија и Македонија, во категории над 50 и над 60 години возраст, а натпреварите беа организирани под покровителство на Унгарската федерација.

Во силна конкуренција со реномирани екипи, меѓу кои и АС Рома од Рим, екипата на Жан Митрев Клиник го освои високото 8-мо место, постигнувајќи значителен број голови и оставајќи силен впечаток како достоен претставник на Република Македонија. Овој успех е особено значаен имајќи предвид дека шутбал односно фудбал со одење, е спорт кој доживува експанзија во Европа и светот, а во некои од земјите-учеснички е веќе на значително повисоко развојно ниво.

Покрај спортските резултати, тимот на Клиника Жан Митрев активно ја предводи иницијативата за развој и официјализирање на шутбал и во Македонија. Очекувањата се дека до крајот на годинава, нашата земја, предводена токму од овој тим, ќе стане полноправна членка на Меѓународната федерација на Walking Football. Со тоа, Македонија ќе се вклучи уште посериозно во развојот на спортот кој носи здравствени и социјални бенефити за луѓето во постара возраст, кои и понатаму се чувствуваат активни и полни со енергија.

Според планот на екипата, веќе од септември се очекува почеток на формирање на национална „Македонска лига“ со повеќе домашни тимови, што претставува нова страница во спортската сцена на земјата. Дополнително, во текот на следната година, Клиниката Жан Митрев планира организација на голем меѓународен турнир под името „Walking Football Tournament – Macedonia Open 2026“, со учество на екипи од повеќе европски земји. Овој настан ќе ја позиционира Македонија не само како спортски центар, туку и како гостопримлива дестинација за спорт, дружење и позитивна енергија.

Tимот на Клиника Жан Митрев останува посветен на мисијата да ја промовира културата на здрав и активен начин на живот, истовремено носејќи нов спорт на македонската сцена и претставувајќи ја државата во најдобро светло на европските и светски натпревари.