Д-р Игневска, Клиника Жан Митрев: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

Интервју со д-р Катерина Игневска, специјалист по микробиологија и директор за квалитет и контрола на интрахоспитални инфекции во Клиника Жан Митрев

Д-р Катерина Игневска е микробиолог во Клиниката Жан Митрев, која воедно врши и исклучително одговорна дејност, како директор за квалитет и контрола на интрахоспитални инфекции. Со неа разговараме за стандардите и прописите по кои се врши заштитата од интрахоспитални инфекции на клиниката, за обуката на кадарот и за потребните механизми со кои треба да располага секоја здравствена установа со цел да го зачува здравјето на граѓаните.

Може ли накратко да ни го објасните начинот и стандардите по кои се води клиниката, а со цел заштита од интрахоспитални инфекции?

Д-р Игневска: Одговорноста на функцијата контрола на квалитет и превенција на болнички инфекции во позадина значи безбедна и ефикасна здравствена заштита за секој пациент. И кога зборуваме за безбедност на пациент морам да истакнам дека е тоа енормно комплексен процес кој опфаќа бројни мерливи елементи  и започнува од самиот влез на пациентот во болницата, првиот чекор – правилна идентификација, па сите последователни медицински постапки за прецизна дијагноза и ефикасен третман на пациентот.

Болницата има јасно дефинирани интерни упатства и мерки за превенција на настанување и спречување на пренос на болнички инфекции кои се креирани според највисоките барања на престижната JCI акредитација, и истите се прилагодени на барањето на националната регулатива во Р.С Македонија.

Болницата од самите почетоци го поддржува концептот на нулта толеранција за болнички инфекции, што навистина бара максимално заложување во креирање на политики и програми, нивно имплементирање, континуирана едукација и вежби со целиот персонал. Секако, на крајот, мониторингот/контролата на сите процеси е она што ни дава потврда за ефикасноста на пропишаните и спроведени мерки.

Дали редовно се врши едукација на вработените, колку често се вршат санитарни прегледи и какви се протоколите за спроведување мерки за заштита од инфекции?

Д-р Игневска: Превенцијата на болничките инфекции е пропорционално зависна од степенот на едукација и подготвеност на целокупниот персонал. Не станува збор само за медицинскиот, тука е и важноста на немедицинскиот и нивното познавање на начинот на пренос на инфекции, важноста на хигиената на просториите, соодветна употреба на дезинфекциони средства, правилно користење на лична заштитна опрема, хигиена на раце и користење на ракавици, ракување со остри предмети, селекција на отпад итн. Секој вработен ги добива првичните насоки при самото вработување, а потоа се вклопува во едукацискиот концепт кој е креиран и се обезбедува од страна на Комисијата за превенција на болнички инфекции.

Континуираниот мониторинг и евалуација на персоналот е клуч за понатамошно правилно стратешко планирање и оптимизација на процесите кои ќе остварат квалитетна  здравствена грижа.

Во однос на санитарните прегледи – тие се во согласност со законските прописи, но интерно тимот за контрола на болнички инфекции дополнително прави ненајавени, рутински проверки на персоналот, на неживата средина и воздухот во болницата со цел да се одржи безбедна средина за пациентите и вработените.

Кој е начинот на изолација на пациентите кај кои се изолирани инфекции, какви се процедурите во клиниката?

Д-р Игневска: Основен принцип при работа со секој пациенти е почитување на стандардните мерки за заштита кои ни се добро познати и универзални. Една од посилните алатки во процесот на превенција на болнички инфекции е изолација на пациенти и/или нивно правилно кохортирање. Во Жан Митрев Клиника сите пациенти при влез во стацинарниот дел на болницата подлежат на микробиолошка обработка која во еден дел има епидемиолошко но, истовремено и дијагностичко значење.

Сѐ до добивање на резултатите пациентите се третираат како во „изолација”, (контактна, капкова или аерогена), а тоа значи дека физички се одделени од другите пациенти и при работа со нив се користи соодветно препорачана заштитна опрема. Дополнително, безбедноста на пациентите се потенцира со можноста да се вклучи негативен притисок во простории каде има пациент кај кој се препорачува аерогена изолација. На тој начин се креира безбедна средина за сите пациенти во болницата, посетителите и за персоналот.

Каква е улогата на микробиолошката лабораторија во контролата на интрахоспиталните инфекции?

Д-р Игневска: Тимот од микробиолошката лабораторија стои на располагање за пациентите во секое време, со цел обработка на примероци во најбрз временски рок и секако критично е навремено рапортирање до клиничарите со препорака за потребни мерки за превенција на инфекции. Мултидисциплинарниот пристап нѐ прави уникатни и исклучително ефикасни во поставување на микробиолошка во согласност со клиничката дијагноза.

Од кои причини најчесто се шират интрахоспиталните инфекции во здравствените установи и дали е потребно решавање на проблемот на национално ниво?

Д-р Игневска: Болничките инфекции се огромен предизвик кој е невозможно да се решава само на институционално ниво. Пациентите едноставно не можеме да ги поделиме, тие циркулираат низ институциите согласно потребите и можностите.

Нашата борба како институција би била многу полесна доколку во сите болници има унифициран пристап за одржување на хигиена на болничките капацитети, спроведување на стандардни мерки за заштита, достапност на услуги од микробиолошка лабораторија и навремена изолација на пациенти, програми за рационална употреба на антибиотици и сите други мерки кои го сочинуваат квалитетот и безбедноста во здравствената грижа.

Д-р Жан Митрев го честита празникот 8 Март на сите жени 

Во Клиника Жан Митрев над 300 од вработените се жени на раководни позиции мотивирани од стручноста, лидерството и посветеноста на грижата за пациентите

Клиниката Жан Митрев не е само водечко име во здравството, туку и редок пример каде жените доминираат на раководни позиции. Со повеќе од 300 жени меѓу своите вработени, клиниката претставува симбол на родова еднаквост и висока професионалност. Над 90% од менаџерските позиции во клиниката се заземени од жени—доказ за нивната компетентност, лидерство и посветеност.

Жените во Клиника Жан Митрев не се само вработени, тие се основата на оваа институција. Без разлика дали водат медицински тимови, управуваат со оддели или надгледуваат критични операции, овие жени внесуваат експертиза и ефикасност во секој аспект на работењето на клиниката.

Посветеноста на овие жени оди далеку надвор од нивните работни обврски. Нивната непоколеблива решителност да обезбедат највисок стандард на здравствена грижа помогна клиниката Жан Митрев да изгради репутација на извонредност. Од докторки и медицински сестри до административни лидери, тие работат неуморно за да осигураат дека пациентите добиваат најдобра можна нега. 

Една од најизразените карактеристики на жените во Клиника Жан Митрев е нивното длабоко чувство на емпатија. Здравствената грижа не се сведува само на третмани и процедури, таа подразбира разбирање, утеха и поддршка за пациентите во нивните најранливи моменти. 

Нивната компетентност се рефлектира во способноста на клиниката да се прилагоди на медицинските напредоци, да имплементира иновативни третмани и да одржи пристап фокусиран на пациентите. 

Тие се клучни за функционирањето на клиниката. Многу од нив балансираат меѓу напорни кариери и лични обврски, правејќи жртви за да осигураат дека пациентите добиваат нега каква што заслужуваат. 

Посветеноста на Клиника Жан Митрев во унапредувањето на жените во лидерството поставува пример за другите институции. Создавајќи средина во која жените можат професионално да напредуваат, клиниката не само што го подобрува својот успех, туку и придонесува кон поширока општествена промена каде што вештините, интелигенцијата и напорната работа на жените се признаени и вреднувани.

Како и досега, жените од Клиниката Жан Митрев ќе продолжат да бидат пионери во здравствената индустрија. Нивната посветеност, емпатија, компетентност и жртва ќе останат двигател на континуираната извонредност на клиниката, правејќи ја модел институција кон која другите можат да се угледаат.

Клиника Жан Митрев – 25 години постоење

Славиме четврт век грижа и посветенот на Вас пациентите кои ни го доверувате своето здрaвје. Поклон до земја за целиот тим за беспоштедниот ангажман во изминатите години.
Продолжуваме понатаму заедно по патот кон успехот, смело да создаваме медицинска извонредност.

За 25 годишнината од Клиника Жан Митрев – 25 илјади нови садници: Потпишан е Меморандум за соработка со ЈП Национални шуми

По повод 25 годишнината од основањето на Клиниката Жан Митрев, денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу основачот на клиниката, д-р Жан Митрев и в.д. директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов.
Во неколку фази, а како симболика на четвртина век постоење, во периодот што следува ќе бидат засадени 25 000 садници, со што уште еднаш, Клиниката Жан Митрев ќе ја потврди својата амбиција и мисија – дека приказната на оваа здравствена установа не е ограничена само на медицината, туку и на општествената одговорност, здравата животна средина, посветеноста кон иднината и зачувувањето на здравјето на граѓаните.

Пошумувањето првично ќе започне во опожарените делови од штипскиот регион. Основачот на Клиниката, д-р Жан Митрев, при потпишувањето на Меморандумот за соработка изјави дека засадувањето 25 000 садници не е само симболичен чин, туку конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на воздухот, создавање поздрава средина и оставање наследство на идните генерации.

„Изминативе 25 години, Клиниката Жан Митрев постави високи стандарди во кардиоваскуларната медицина, но нашата мисија отсекогаш била поширока – да создадеме подобри услови за здрав живот. Здравата животна средина е еден од клучните фактори за кардиоваскуларното здравје, бидејќи загадениот воздух, намалената зелена површина и климатските промени имаат директно влијание врз кардиоваскуларните заболувања“, изјави д-р Жан Митрев.
Директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов, рече дека засадувањето 25 000 садници, во соработка со Клиниката Жан Митрев, не е само чекор кон обновување на шумите, туку и директна инвестиција во почист воздух, подобра животна средина и поздрава иднина за сите граѓани.

„Најдобар начин да се вложи во иднината на нашата Република Македонија, покрај останатото, е да пошумуваме. Со тоа, оставаме аманет и за идните генерации – пошумувањето значи повеќе чист воздух и на некој начин претставува и инвестирање во здравството. Големо задоволство ми е што сум овде и се надевам на многу соработки во иднина“, изјави Трајанов.
Во последниве 25 години, во Клиниката Жан Митрев имало 1,1 милиони посети од страна на повеќе од 400 000 пациенти од Македонија, но и од голем број други држави од светот. Досега, во оваа престижна здравствена установа извршени се повеќе од 45 000 оперативни зафати, благодарение на тимот составен од врвни професионалци кои применуваат најсовремените методи во медицината, благодарение на пристапот до најсовремената технологија.

Први март 2000 година е датумот кога започнува нова историјата во македонското здравство и нова ера во кардиоваскуларна хирургија – тогаш е направена првата бајпас-операција во Клиниката Жан Митрев. Две години подоцна е направена и првата операција на отворено срце врз буден пациент. Во 2019 година продолжува и развојот на детската кардиохирургија. Во 2020 година, д-р Жан Митрев, д-р Тања Анѓушева и д-р Никола Христов заедно со уште неколкумина доктори од јавното здравство ја вршат првата трансплантација на срце во земјава за што ја добиваат престижната награда „13 Ноември“. Во 2023 година, Клиниката Жан Митрев третпат го добива Златниот печат од Joint Commission International (JCI) и со оваа ре-сертификација уште еднаш се потврдува дека здравствената институција поседува највисоки стандарди од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите.

Денеска, Клиниката Жан Митрев претставува водечка приватна здравствена установа во регионот, позната по врвната експертиза, примената на современите медицински технологии и индивидуалниот пристап кон пациентите.

Д-р Амбаркова Виларова од „Жан Митрев“: Сѐ почнува и сѐ завршува со нашата главна определба дека пациентот е во центарот на нашето внимание

Д-р Елена Амбаркова Виларова е специјалист по трансфузиологија, директор за менаџмент на процеси и акредитација и дел од тимот за дигитализација во Клиничка болница „Жан Митрев”. Во ова интервју таа говори за сите нејзини ангажмани во клиниката, почнувајќи од тоа зошто е потребно да се акредитираат и реакредитираат медицинските установи со цел да се задржи квалитетот во работењето, до важноста од воведување на дигитализација во сите процеси од работењето.

Претходно медицински директор, а од минатата година сте именувани за директорка за менаџмент на процеси и акредитација во Клиниката Жан Митрев. Што значи оваа функција?

Д-р Амбаркова Виларова: Сѐ почнува и сѐ завршува со нашата главна определба „Пациентот е во центарот на нашето внимание” и сите процеси се поставуваат, развиваат и оптимизираат за прво, да се подобри квалитетот на здравствената услуга и второ, да се олесни и забрза работата на медицинските работници, да се скрати „празниот од” во текот на нивното работење и да се оптимизираат човечките и материјалните ресурси во дадените процеси. Ова е континуиран ангажман, затоа во суштина воспоставување на еден процес е условно кажано полесниот дел, а контролата дали тоа се спроведува по пропишаниот протокол е потешкиот и поважен дел, затоа што тоа директно влијае на континуираниот квалитет на медицинските услуги, а со тоа и на задоволството на пациентот.

Што значи акредитацијата за една болница?

Д-р Амбаркова Виларова: Нашата болница е акредитирана и реакредитирана со престижната JCI акредитација, но исто така и со македонската акредитација на здравствени установи. Акредитацијата всушност значи етаблирање на меѓународно прифатени правила и процеси во здравствената дејност и нивно континуирано спроведување од страна на целиот персонал, а сѐ со цел подигнување на квалитетот на медицинските услуги и безбедноста на пациентот, како и безбедноста на персоналот и болницата. Едно е самите да мислиме дека сме најдобри, но само евалуацијата од релевантни институции може всушност да го потврди тоа. Мислам дека сите здравствени установи во Македонија би требало да се акредитираат, македонската акредитација е солидна, а понатаму и континуирано да се реакредитираат. Според мое мислење, овој процес е важен дел од унапредувањето на квалитетот на здравствените услуги во Македонија, но уште поважно, од причина што реакредитациите се на секои 3 години за да се одржува истиот.

Клиниката Жан Митрев е првата целосно дигитализирана болница во регионот. Koja е Вашата улога во тимот за дигитализација во Клиничка болница „Жан Митрев”?

Д-р Амбаркова Виларова: Да, ние сме прва целосно дигитализирана болница во регионов, а јас сум медицинската поддршка во тимот за дигитализација. Ние имаме сопствен медицински болнички информациски систем (HIS) кој самите го креиравме согласно нашите процеси на работа. Покрај медицинскиот софтвер имаме и софтвери за материјално и сметководствено работење, софтвер за правни работи и човечки ресурси, софтвер за ресторантско работење и сите тие се интегрирани со HIS. Mојата улога е да им ги условно кажано “дообјаснам” процесите на IT инженерите за да можат тие да ги трансформираат од аналогни во дигитални, да ги тестирам и да понудам конкретни решенија за оптимизација на истите. Во креирањето на HIS беа вклучени сите медицински профили, а сѐ со цел да се олесни транзицијата и прифаќањето на дигитализацијата од страна на персоналот, што всушност е и најтешкиот дел од процесот.

Како лекар клинички трансфузиолог, кој е Вашиот секојдневен ангажман во болницата?

Д-р Амбаркова Виларова: Примарната дејност на еден трансфузиолог е навремено обезбедување на крв и крвни компоненти за секој пациент. Крвта е ограничен ресурс од хумано потекло што може да спаси живот, но трансфузија на истата може да предизвика и низа на несакани ефекти кои сериозно може да го загрозат здравјето на пациентот. Затоа, рационалната употреба на крв од секогаш била главна определба на болницата. Тука е и секојдневниот ангажман во амбулантата за дијагностицирање и третман на тромботични и хеморагични заболувања, како и дијагностика на венската слабост (проширени вени), кои понатаму ги третираат хирурзите. Тромбемболиските заболувања се потенцијално животозагрозувачки состојби и можат да предизвикаат сериозни компликации кај оперираните и тешко болните пациенти. Затоа, навремената дијагноза и терапија, но и превенцијата на венскиот тромебмболизам е многу важна, особено што денес медицината со модерни дијагностички процедури и лекови го овозможува тоа.

Совети за одржување орална хигиена кај деца со посебни потреби

Воведувањето здрави навики кај децата со цел одржување на оралната хигиена е предизвик за секој родител. Детската возраст носи несвесност за тоа колку е важно четкањето заби и какви последици може да има по општото здравје во иднина, доколку не се прави редовно и темелно. Со значително поголем предизвик се среќаваат родителите чии деца имаат посебни потреби.

Кој е предизвикот кај оваа категорија деца?

Без разлика дали се работи за деца кои се со физички или психички попречености, станува збор за особено чуствителна категорија деца кај кои родителите заедно со стоматолозите имаат сериозна задача поради фактот дека кај нив потешко е да се зачува оралното здравје. Токму овие деца се соочуваат со значително поголем ризик од кариес на забите.
Фактори кои влијаат на оваа состојба се: користење на лекови кои имаат висока доза на шеќери во нив или лекови кои предизвикуваат сува уста, исхрана со мека храна која потешко се отстранува од забите и неможност за редовно четкање на забите и редовна посета на стоматолог.

Совети за родителите како да го одржуваат оралното здравје во домашни услови

Кај овие деца се препорачува користење на флуоридни пасти и течности. Но, доколку детето нема можност или навика да исплакне и плукне, се советува користење на истите во многу мали количини (паста на четката колку зрно ориз) со што доколку ја голтне истата, нема да има ризик од несакани ефекти. Родителите на овие деца исто така треба да внимаваат на внесот на шеќери и дневната фрекфенција на хранење. По секое јадење, ако не се во можност да ги исчеткаат забите на детето, да му даваат повеќе вода, со што би се оневозможило наталожување на поголемо количество на храна на забите. Непцата кај овие деца заради сите горенаведени причини често можат да се воспалени, па затоа се препорачува користење на гелови кои во својот состав имаат природни антисептични и смирувачки ефекти.

Стоматолошки третман кај овие деца

Се советува децата со специјални потреби да бидат водени од специјализирани медицински установи каде ќе се следи нивното орално здравје и каде тие ќе имаат можност и пристап до стоматолошки зафати со седација или општа анестезија. Доколку самата состојба дозволува комуникација и соработливост со детето, потребно е често да се носи на стоматолог, со што детето ќе стекне сигурност, ќе биде поопуштено, ќе го запознае стоматологот и ќе стекне доверба. Клучно е исто така секоја интервенција да се одвива со максимален фокус и трпение од страна на лекарот бидејќи тоа ќе креира позитивното чувство кај детето.


Најчест метод на работа кој е добро прифатен од страна на децата е Кажи-Прикажи-Направи. За овој метод е потребен подолг термин во кој терапевтот ќе има доволно време да му презентира на пациентот детали за самата процедура. Пожелно е докторот да има модели кои визуализираат како изгледа работата на самите заби. Кога детето согледува дека се работи за едноставна маневрација, и се запознава со природата на работата, се намалува стравот од непознатото и анксиозноста исчезнува.
Но, доколку сепак не може да се воспостави комуникација и воопшто не постои можност да се работи на забите на детето, тогаш се препорачува примена на една од следниве техники на работа: Инхалација на диазотен оксид, седација и општа анестезија.

Во нашата клиниката сите овие техники се достапни, водени од стручно едуцирани медицински лица во оваа област. За да закажете термин, јавете се во нашиот контакт центар 02/3094-484

Без страв и без болка

Во стоматолошкиот центар при клиниката Жан Митрев достапни се најнови технологии и иновативни методи од областа на ендодонција, ортодонција, фиксна и мобилна протетика, орална хирургија и имплантологија и високо стручен тим кој ќе ги предложи најдобрите решенија.
За сите оние кои се плашат или имаат состојба која бара потполна анестезија без разлика дали се деца или возрасни, ние имаме решение.

БЕЗ БОЛКА

Современата стоматолошка технологија и третмани се далеку помалку инвазивни и многу понежни и поудобни. Дополнително, нашите стоматолози ќе направат сè за вашиот третман да биде безболен.

БЕЗ СТРАВ

Наша цел е секој пациент да се чувствува целосно опуштено, релаксирано и удобно. Имајќи предвид дека сè поголем број луѓе страдаат од анксиозност и стравови, многу сериозно пристапуваме кон овој дел од нашата работа.

Закажете консултација 02/3091-484

Грип=Инфлуенца

Инфлуенцата или попозната како грип не е само обична „настинка“. Инфлуенцата лесно може да предизвика сериозни компликации, особено кај малите деца, кај постарите и кај сите со ослабен имунолошки систем.
Затоа треба да се внимава на симптомите и да се земат во предвид сите фактори.
Прочитајте повеќе од текстот на д-р Катерина В. Димовска – педијатар.

Инфлуенцата т.е грипот, особено кај нас, зазема поголеми размери во текот на зимскиот период. Може да оди во комбинација со инфекции чиј пораст е очекуван исто така во овој период.
Главниот вообичаен предизвикувач е вирусот Инфлуенца А. Она што треба да се знае е дека истовремено се јавуваат и придружни инфекции со РСВ-вирусот, Аденовирус, Норовирус или Инфлуенца Б. Комбинираните инфекции дополнително допринесуваат за влошување на клиничката слика кај децата.

Повеќето од нив ќе ја поминат инфекцијата со лесна форма. Но, има и такви кои ќе развијат компликации како што се: пневмонија, инфекција на ушите, а тоа често доведува до хоспитализација. Ретки случаи може да завршат дури и фатално.
Ризикот за заболување од Инфлуенца А е највисок кај децата под 5 години, а особено кај оние помали од 2 години.

Кои се симптомите на Инфлуенца?

  • Ненадејно покачување на телесната температура (кај 95% од децата температурата е енормно висока до 39,9°C)
  • Респираторни симптоми (кашлица, секреција од нос, затнат носо, воспалено грло)
  • Главоболка, болки по телото
  • Замор, млитавост и треска
  • Повраќање и пролив (особено ако е присутен и Норовирус).

По изложеност (експозиција) на вирусот, симптомите се развиваат за 1-4 дена

Како се пренесува Инфлуенцата?

  • Контаминирани површини (може да остане жив на површините и со часови па и денови)
  • Контакт со респираторен секрет (кашлање, кивање)
  • Аерогено пренесување (честички во воздухот).

Како се дијагностицира?

Најчесто се базираме на податоци за и од околината
Прецизна дијагностика/потврда се прави со назофарингеален брис (антигенски тест и ПЦР генетски тест).

Колку долго може да траат симптомите?

Симптомите на настинка може да траат до 2 недели.
Замор, ,,мозочна магла,, кашлица можат да се провлекуваат од 2 до 4 недели.
Доколку симптомите се влошуваат, неопходна е помош и болнички третман.

Како се лекува Инфлуенза?

Вообичаен третман подразбира супортивна терапија: земање многу течности – хидрација, антипиретици, одмор.
Најчесто, не се третира со антибиотик доколку децата се опоравуваат во рамки на 7 дена.
Антивирусна терапија (Тамифлу) се дава во привате 24-48 часа од појава на привате симптоми и може да придонесе за полесна клиничка слика и скратено траење на болеста.

Дали Инфлуенцата може да биде сериозна?

  • ДА, МОЖЕ! Особено кај децата под 2 години, кај деца со астма, деца со невролошки или невроразвојни состојби, кај деца со болести на срцето, кај имунокомпромитирани деца и кај постарите лица (осбено доколу не примиле вакцина за грип)
  • Кај 50% од заболени деца настанала смрт според извесни статистики 2019-2020
  • Секундарен развој на бактериска пневмонија е најчестата компликација
  • Инфекции на уво, абсцес на грло
  • Кај 5% од заболените деца се јавуваат фебрилни конвулзии
  • Ретки комплакции можат да вклучат: менингитис, миозитис, миокардитис.

Кои симптоми кај дете со Инфлуенца се ,,црвено знаменце,,?

  • Било кој симптом кај доенче под 6 месечна старост и секое дете со дополнителна состојба (астма или имуносупресија).
  • Тешко дишење
  • Неможност за хранење и хидрација преку уста
  • Иритабилност, голем замор или летаргија
  • Фебрилнсот која се јавува, исчезнува, па се повторува после повеќе денови
  • Фебрилност која не заминува после 3-5 дена
  • Секој друг симптом или знак кој е сомнителен за родителот.

Во сите овие случаи родителот треба да се консултира со педијатар за да се продолжи со терапија која ќе биде најсоодветна за неговото дете. Доколку е потребен болнички третман и третман со Тамифлу, потребно е да се знае дека тоа е антивирален лек кој не се дава кај деца под 6 години, дека има свои несакани ефекти и може да се даде исклучиво под надзор на педијатар и во болнички услови. За сите други прашања и совети исто така потеебна е консултација со педијатар.
За да закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/3091-484