Психолог или психијатар? Каде да се обратам?

Психолог, психијатар или психотерапевт…? Каде треба да се обратам? Кај кој од овие профили треба да го барам решението за мојот проблем? Што доколку погрешам при изборот?
Овие дилеми се многу чести кога станува збор за третирање на состојбите со психата и проблемите околу неа… Поимите се слични но во пракса доста различни.
Токму поради тоа, тие треба да се објаснат и да се укаже на разликата помеѓу нив со цел правилен и успешен третман на пациентите. Сите овие профили се занимаваат со менталното здравје, но сепак се работи за различни професии, пристапи и методи на работа.
Психологот е стручно лице кое завршило универзитетски студии по психологија.
Истиот станува лиценциран психолог по една година стажирање и полагање државен испит во Комора на психолози.

Психотерапевт е стручно лице, најчесто психолог, со постдипломска едукација (специјализација) од најмалку 4 години, во кој период минува низ лична работа на себе и искуствена групна работа. Се остручува за низа психолошки интервенции и техники од различни психотерапевтски правци, кои потоа ги применува при индивидуална или групна работа со пациенти.

Психодијагностичар е психолог кој има дополнителна едукација и сертификат за психолошко тестирање на пациенти (односно за задавање, анализа и интерпретација на тестови на личност, тестови на органицитет, неврокогнитивно тестирање, проективни техники итн.). По извршената психодијагностика, психологот изготвува психолошки наод и мислење кој е клучен во диференцијалната дијагноза дадена од психијатар.
Во нашата клиника во Кабинет за психијатрија работи доктор специјализиран по психијатрија, а на Одделот за психологија и психотерапија работат здравствени психолози кои се психодијагностичари, Европско сертифициран семееен советник и Европско лиценциран психотерапевт.

Психијатар е доктор кој има завршено студии по општа медицина и специјалистички студии од психијатрија на Медицински факултет. Во својата работа вклучува утврдување на психичката состојба, која може да е резултат на одредено телесно заболување, комбинација на телесно со психичко заболување или чисто психичко заболување.

Психијатриската консултација или психијатрискиот преглед вклучува дијагностицирање на состојбата, психоедукација, психотераписки и / или психофармаколошки пристап во третман на:

  • состојби на психички раст и развој,
  • состојби на стрес и трауми,
  • анксиозно депресивни растројства,
  • депресија,
  • психосоматски растројства,
  • афективни растројства,
  • психотични растројства,
  • болести на зависност,
  • психички растројства во старечка доба,
  • когнитивни нарушувања по повреди, операции или трауми на мозок, други болести на мозок,
  • психички растројства кај лица со ментална ретардација.

Утврдување на состојбата се остварува преку разговор со пациентот (понекогаш и од член на фамилија), набљудување, како и со реализирање на одредени дијагностички процедури, како на пр. Психолошко тестирање, Магнетна резонанца или Компјутерска томографија на мозок, Електроенцефалографија.

По утврдување на состојбата се креира индивидуален план за третман, кој може да вклучи лекување со медикаменти, психотерапија ( со разговор ) или двете терапии паралелно или вклучување на доктор од друга специјалност, во зависност од утврдената здравствена состојба.
Во нашата клиника работи и доктор специјалист психијатар.

За да закажете јавете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484

Полна куќа радости 💗

Особена чест и задоволство ни е што нашиот искусен тим гинеколози акушери, педијатри, анестезиолози и неонатолошки сестри денеска се погрижија за дури 6 👶 👶 👶 👶 👶 👶 бебиња. Радоста навистина се раѓа во нашиот Центар за мајка и бебе. Им посакуваме на сите безгрижно детство 💕

Храната како утеха

Сигурно сте слушнале како некои луѓе се жалат дека јадат на нервна база. Всушност ова и не е далеку од вистината. Станува збор за емоционален глад. Состојба предизвикана не од потребата за храна, туку од емотивни причини.

Емоционален глад – Симптоми и совети како да се справите

Од суштинско значење е да го согледаме нашиот однос кон храната. Честопати, се наоѓаме себеси како јадеме не само од физичка потреба, туку и од емоционални причини. Емоционалната глад може да стане штетна шема која влијае на нашата целокупна благосостојба. Во овој текст ќе објасниме што е емоционален глад, кои се симптомите и неколку совети за тоа како да се справите со него.

Што е емоционален глад?

Емоционалнниот глад се однесува на потребата да се јаде како одговор на емоции како што се стрес, анксиозност, тага или осаменост. За разлика од физичкиот глад, кој е сигнал од телото дека му се потребни хранливи материи, емоционалниот глад може да нè доведе до прејадување, честопати барајќи утеха во нездрави и несоодветни опции.

Симптоми на емоционалниот глад

Идентификувањето на емоционалниот глад е првиот чекор за борба против него. Дел од симптомите вклучуваат:

  • Јадење како одговор на емоции: Конзумирање на храна кога се чувствувате тажно, вознемирено или ви е досадно.
  • Специфични желби: Барање храна која обично дава задоволство, како што се слатки или друга вкусна храна.
  • Прејадување: Имате тешкотии, проблем ви е да престанете со јадење, дури и ако не сте гладни.
  • Чуство на каење/вина после јадење: Чувство на каење за она што сте го изеле, често поврзано со недостаток на контрола.
  • Исклучување од физичка глад: Не обрнувате внимание на сигналите за ситост или глад кои ви ги испраќа вашето тело.

Совети за борба против емоционалната глад

  • Препознајте ги вашите емоции: направете свесен напор да идентификувате што чувствувате пред да јадете. Прашајте се дали сте навистина гладни, можеби жедни или се обидувате да се справите со некоја емоција.
  • Барајте алтернативи: наместо да се свртите кон храната, обидете се да преземете други активности кои ви помагаат да ги врамотежите емоциите, како што се вежбање, медитација, разговор со пријател или пак прошетка.
  • Одредете време/распоред за оброци: Следењето редовен распоред за вашите оброци и закуски може да ви помогне да направите разлика помеѓу емоционалниот и физичкиот глад.
  • Потрудете се да бидете внимателни: јадете свесно, уживајќи во секој залак и обрнувајќи внимание на знаците за ситост. Ова може да ви помогне да препознаете кога навистина ви е доста и треба да прекинете со јадење.
  • Практикувајте добро осмислени оброци со здрава исхрана и ограничете го пристапот до суплементи кои зголемуваат апетит.
  • Побарајте професионална поддршка: Ако сметате дека емоционалниот глад значително влијае на вашиот живот, консултирајте се со стручно лице.

Во одредени моменти храната може да биде извор на утеха, но важно е да се направи разлика меѓу физичката и емоционалната потреба за храна. Потребно е да одвоиме малку време да размислиме за нашите избори и да го балансираме нашиот однос со храната.

Прецизна уролошка метода за решавање на машкиот стерилитет

Во нашата клиника, тимот уролози д-р Горан Јовиќ, д-р Горан Балевски и д-р Виктор Грујевски успешно ја извршија првата биопсија на тестис со микродисекција – микро-ТЕСЕ процедура.
Оваа напредна хируршка техника им нуди надеж на мажите со опструктивна азооспермија.
Со користење на високо-моќен оперативен микроскоп, тие успеаја да ги идентификуваат и извлечат семиниформните тубули кои имаат поголема веројатност да содржат сперма. Новата метода го подобрува успехот на пронаоѓањето на сперматозоиди, а воедно и го минимизира оштетувањето на ткивото на тестисите.

Примената на најсовремена опрема и методи ја нагласува посветеноста на Жан Митрев Клиника за усвојување на врвни медицински процедури со цел обезбедување подобри резултати за потомство кај пациентите со ваква дијагноза.

Кога е најдобро време за операција на тонзили-крајници

Тонзилектомија и тонзилоаденоидектомија

Тонзилите познати народно како крајници се орган сместен во човечкото грло и се дел од имуниот систем на организмот. Тие се орган кој постојано работи на елиминирање на патогени микроорганизми од телото како бактерии, вируси, габи и др. Со тек на време од различни причини, најчесто поради повторливи инфекции на грлото , стрептококни инфекции или проблеми со имуниот систем, доаѓа до намалување и потполно исцрпување на одбрамбената функција на тонзилите. Така тие стануваат депонија на вируси, бактерии и патогени микроорганизми кои потоа навлегуваат во нашиот организам. Во таа состојба, клетките на останатиот имун систем на нашиот организам, не можат да ги покријат тонзилите односно да навлезат во нив и да го елиминираат тој патоген детритус. Ова може да доведе до континуирани инфекции , воспаленија како на грлото, така и на останати органи во нашето тело.

Во тој случај препорачуваме отстранување на тонзилите со што овозможуваме подобра заштита на организмот од патогените микроорганизми.

Индикации за тонзилектомија се:

  • чести гнојни инфекции на грлото и тонзилите,
  • присуство на пиоген и бетахемолитичен стрептокок,
  • слип апнеа,
  • чести секреторни отитиси и воспаленија на уши и др.

Оперативниот третман се прави во општа анестезија, детето останува во болница два до три дена. По отстранување на тонзилите ложите на непцето се оставаат на самостојна регенерација на слузокожата. Тоа е период од 21 ден при што потребно е да се внимава со посебна диета која значи консумирање ладна, бела и мека исхрана во тек на 2-3 недели.

Не постои одредена возраст за одстранување на тонзилите, туку зависи од индикациите и децата над 4 години може да се оперираат.
Најдобро време за отстранување на тонзили е времето кога родителите можат една до две недели да бидат посветени на закрепнувањето на детето.
Закажете ја вашата консултација со специјалист оториноларинголог на 02 3091 484

Акцијата продолжува

На барање на нашите пациенти, специјалистичкиот офталмолошки преглед повторно со поволна цена.

Центарот за офталмологија при клиника Жан Митрев во соработка со Промедика офталмологија ви овозможува -50% на специјалистички офталмолошки преглед кој опфаќа мерење на рефракција, одредување на видна острина, мерење очен притисок и преглед на преден/заден сегмент на око.
Превенцијата за вашите очи е секогаш добредојдена.

Закажете го вашиот преглед на 📞02/3091-484

Револуционерен пристап за лекување на дијабетични рани на стaпалото и спречување ампутации

Третманот на пациенти со дијабетес, покрај основната терапија за одржување на нормална гликемија, треба да вклучува и рана детекција на невропатијата. Исхемијата, невропатијата и инфекциите претставуваат три основни фактори кои придонесуваат за развој на дијабетични улкуси на стапалата. Често, инфекцијата која настанува како последица на веќе присутна невропатија и исхемија води кон ампутација. За да не се случи тоа потребо е да се реагира навремено и соодветно.

Дијабетесот е глобален здравствен предизвик со сè поголема инциденца на светско ниво. И покрај континуираните напори за развој на нови лекови и стратегии за одржување на нормални гликемиски вредности, потребно е внимателно следење на можните компликации на оваа болест.

Кај дијабетичарите, хроничната хипергликемија доведува до акумулација на сорбитол во нервните клетки, што резултира со задржување на вода и оток на нервот. Кога едематозниот нерв минува низ тесни анатомски структури, како што се нервните тунели, тој е подложен на компресија, што доведува до периферна невропатија – еден од главните фактори за појава на дијабетични улкуси. Покрај тоа, кај овие пациенти е зголемен ризикот од периферни васкуларни заболувања, оштетено заздравување на раните и намалена способност за справување со инфекции.

Тарзалниот тунел, лоциран на внатрешната страна на глуждот, е анатомски ограничен простор кој е формиран од коските на стапалото и цврстиот флексорен ретинакулум. Внатре во него се наоѓаат и неколку значајни структури нерви, тетиви и мускули.

Задниот тибијален нерв (N. tibialis posterior) е главниот нерв што минува низ тарзалниот тунел и е одговорен за сетилната инервација на стапалото и глуждот. Движејќи се низ овој анатомски простор, тој се разгранува на неколку сензитивни гранки кои инервираат различни региони на стапалото. Покрај сензорната функција, задниот тибијален нерв (N. tibialis posterior) и неговите гранки играат клучна улога и во моторната контрола на стапалото. Кај пациенти со дијабетес, невропатските оштетувања на овие нерви можат да доведат до губење на чувствителноста, со што стапалото станува подложно на механички повреди и појава на дијабетични улкуси. Намалената перцепција на болка кај овие пациенти често резултира со ненавремено препознавање на повреди, што дополнително ја влошува состојбата и доведува до компликации кај веќе присутните улкуси.

Современите истражувања и искуства од водечки медицински центри ја нагласуваат важноста на декомпресијата на тарзалниот тунел во подобрување на функцијата на нервите и микроциркулацијата. Затоа, раната детекција на невропатијата кај пациенти со дијабетес е од суштинско значење за превенција на тешки компликации. Покрај контролата на гликемиските вредности, неопходно е редовно следење на состојбата на кожата на стапалото и присуството на невролошки симптоми како што се болка (со проценка на нејзиниот интензитет и локализација), парестезии, вкочанетост, чувство на пецкање, губење на моторните вештини и судомоторни нарушувања.

Методот на Делон

Ова е ефикасен метод воведен од д-р Делон (Dellon) професор по пластична и неврохирургија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор – САД, инаку истакнат хирург и научник, кој се смета за еден од пионерите во хирургијата на периферни нерви поради воведените бројни техники и постулати во оваа област. Овој негов метод се користи за декомпресија на тарзалниот тунел и се применува кај пациенти со дијабетична невропатија. Бидејќи дијабетесот е системско заболување кое, меѓу другото, ги зафаќа и периферните нерви, кај пациентите често се развива невропатија, особено во пределот на стапалата. Ова води до намален сензибилитет, чувство на тежина, нестабилност при одење, чувство на горење и зголемен ризик од развој на дијабетични улкуси. Овие улкуси често се хронични и тешко заздравуваат, а нивната инфицираност може брзо да напредува, што во многу случаи доведува до потреба од ампутација на погодениот екстремитет.
Токму благодарение на соработката со него и личната подршка, овој метод се применува во Македонија.
Секако клучно за постигнување на оптимални резултати кај лица со дијабетична невропатија е дали тие одговараат за оваа процедура. За важен клинички показател за периферна невропатија се смета позитивниот Тинел (Tinel) знак, со 92% позитивна предиктивна вредност кај дијабетична невропатија и 88% кај идиопатска невропатија. По успешна декомпресија на тарзалниот тунел, често се забележува негативизирање на овој знак (Слика 2).

При клиничката евалуација на пациент со дијабетична невропатија на стапалото, често се забележуваат симптоми како болка, вкочанетост, чувство на печење и тежина во стапалото. При проценка на болката, посебно внимание се посветува на нејзиниот интензитет, локализација и отпорност на стандардна аналгетска терапија.
За објективна проценка на сензорната функција на периферните нерви на стапалото, се користи уредот така наречен Делонов дискриминатор (Dellon discriminator), со кој се изведува тестот за дискриминација во две точки (Two-Point Discrimination). Овој тест се спроведува на три специфични сензитивни региони на стапалото: медијален плантарен (MP), латерален плантарен (LP) и калканеален регион. Овие региони се инервирани од различни гранки на задниот тибијален нерв, што овозможува детален увид во состојбата на нервната функција. (Слика 3)

Слика 4: Процедурата на Dellon за декомпресија на постериорниот тибијален нерв
Стапало, лекувањето на хронични рани и долгорочната превенција на ампутации на долните екстремитети кај пациенти со дијабетес. (Слика 5)

Оваа процедура во нашата клиника ја применува д-р Софија Пејкова која како гостин предавач сподели свои искуства на годишната конфереција на Американската Асоцијација на Периферни Нерви (АСПН) која се оджа во јануари годинава

Презентација на нашите искуства од примената на техниката Делон за декомпресија на тарзалниот тунел кај пациенти со дијабетична невропатија на годишната конфереција на Американската Асоцијација на Периферни Нерви (АСПН).

Брза дијагностика на белодробна емболија

Белодробна емболија претставува болест која се карактеризира со згрутчување на крвта кое го блокира, запира протокот на крв во белодробните артерии кои ги снабдуваат белите дробови. Во повеќето случаи, згрутчувањето на крвта започнува во длабока вена на ногата и патува до белите дробови, и тогаш зборуваме за венски тромбемболизам. Но постои белодобрна емболија која настанува ин ситу, без предходна длабока венска тромбоза и тогаш најчесто се работи за генетски пореметувања во коагулацијатана крвта.

Бидејќи е можно едно или повеќе згрутчувања да го блокираат протокот на крв во белите дробови, белодробната емболија може да биде опасна по живот. Сепак, навременото дијагностицирање и навремено започнато лекување во голема мера го намалува ризикот од смрт.

Како да препознаете дека имате белодробна емболија?

Симптомите на белодробна емболија може да варираат во зависност од тоа колкав дел од вашите бели дробови се засегнати, големината на згрутчувањето и дали имате друга белодробна или срцева болест.

Вообичаените симптоми вклучуваат:

-Губење здив, задишување – овој симптом обично се појавува ненадејно, присутен е и кога се одмарате и се влошува при физичка активност.
-Болка во градите – можеби ќе се чувствувате како да имате срцев удар. Болката е често остра и се засилува при длабоко вдишувње, а може и да ве спречи да земете длабок здив. Може болката да ја почувствувате и кога кашлате, се наведнувате или се свиткувате.
-Несвестица – може да се онесвестите ако ненадејно ви падне пулсот или крвниот притисок. Ова се нарекува синкопа.

Други симптоми кои можат да се појават со белодробна емболија вклучуваат:

-Кашлица која може да вклучува крвава или крвава слуз
-Брзо или неправилно чукање на срцето
-Зашеметеност или вртоглавица
-Прекумерно потење
-Треска
-Болка или оток во нозете, или и двете, обично во задниот дел на потколеницата
-Бледило или модра кожа на лицето, наречена цијаноза

Сите овие симптоми ги среќаваме и кај други заболувања, особено срцеви, заради што може да се случи да бидете несооодветно дијагностицирани и лекувани. А всушност, кога се работи за венски тромбоемболизам, лекувањето е специфично. Затоа, мора да споменеме дека брзото започнување со соодветна, ефикасна антикоагулантна терапија може да овозожи целосно излекување на болеста.

Кога да одите на лекар?

Белодробната емболија е болест која  е животозагрозувчка. Побарајте итна медицинска помош ако почувствувате необјаснет губиток на здив или отежнато дишење, болка во градите или несвестица.

Кои пациенти се склони кон развој на белодобрна тромбоемболија?

Сите оние кои имаат елементи од Вирхофовата тријада: стаза, хиперкогулабилност и повреда на крвниот сад, се склони кон развој на венски тробоемболизам. Оваа состојба може да се појави и како компликација од други различни заболувања на организмот.  

Засегнати се старите изнемоштени лица и бремените жени, односно сите оние кои поради друга причина се легнати во кревет, неподвжни, лица кои работат долго во седечка положба (заседнати), обезни и пациенти со разни видови на карцином кои имаат хиперкоагулабилност на крвта, како и луѓе со генетски проблеми на коагулација на крвта.

Дијагностика

Откривањето на белодробна емболија може да биде тешко, особено доколу имате други заболувања на белите дробови и срцето. Но добрата вест е дека искусен кардиолог може брзо да постави дијагноза и да даде соодветни насоки за лекување. Вообичаена пракса во нашата клиника е: земање анамнеза, комплетен ултрасонографски преглед на срце и крвни садови и крвна слика со Д-Диметри кои служат за исклучување на ВТЕ. Понекогаш се потребни и дополнителни тестови и испитувања како РТГ на белите дробови, КТ на белите дробови, Пулмоангиографија или МР на бели дробови. Во нашата клиника сите овие видови испитувања се веднаш достапни, а искусната д-р Снежана Бонгард – специјалист кардиолог е достапна за прегледи и консултации на оваа и сите останати кардио теми