III сестрински когрес

Викендов (4-6.10.2024г.) во просториите на хотел Дрим во Струга се одржа годишниот конгрес на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри. Во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од националното сестринско здружение ЗА НАС – Здружение на мед. сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри а под покровителство на Kлиника Жан Митрев, на тридневниот конгрес беа одржани над 60 предавања и панел дискусии од регионални и интернационални предавачи.

Присуствуваа над 400 учесници, а опфатени беа голем број едукативни теми. Горди сме на нашите сестри Жанета Богоевска Митева – член на научниот одбор, која освен што беше модератор на панел дискусиите се претстави со своја презентација на тема ,,Подобрување на здравствената нега преку дигитализација,,.

Со теми поврзани за автономијата на сестрите при различни процедури се претставија и сестрите Везире Тасевска ,,Автономија на сестрата при ЕКГ холтер мониторинг,, , Весна Стојановска ,,Улогата на медицинската сестра при ласерски третман на васкуларни лезии,, , Јулијана Цековска ,,Сестринска автономија во ендоскопска процедура,, и Светлана Ончева ,,Употреба на хипербарна комора,, која исто така беше и модератор. Додека пак сестрите Сузана Костовска и Бети Игнатова се претсавија со свој постер за ,,Значењето на сестринската автономија во ангиографска сала,,. Специјален поздравен говор за поддржка одржа и д-р Емил Стоицовски – медицински директор на клиниката.

Розов пикник

Љубовта кон себе е најважна

Викендов со Градскиот парк бевме дел од Розовиот пикник, настан кој традиционално се организира со цел подигање на свеста за карцином на дојка. Настанот беше масовно посетен од голем број жени кои се избориле со оваа болест. Покрај музичкиот дел и инспиративните приказни на дел од нив, поделивме едукативни флаери со совети и промотивни цени на дијагностички прегледи кои се актуелни во клиниката во месецот на женското здравје.
Не заборавајте, превентивните прегледи спасуваат живот.

Закажете навреме термин на 02 3091 484

Заедно можеме да направиме разлика

Во текот на вчерашниот ден на покана на Американската амбасада во Скопје, а во склоп на активностите за одбележување на месецот за подигање на свеста за рак на дојка , тимот од нашата болница со задоволство ја поддржа иницијативата #pedal4pink. Нашиот д-р Никола Христов – кардиоваскуларен хирург ќе биде и дел од екипата велосипедисти кои викендов ќе ја возат захтевната 7 километарска тура.
Им благодариме на U.S. Embassy North Macedonia

Месец на женско здравје

Во светот, месец октомври се смета за розов месец бидејќи е посветен на подигање на свеста за Ракот на дојка, најчестиот вид на рак и главната причина за смртност кај жените ширум светот.
Според информациите на Светската здравствена организација (СЗО), се очекува една од 12 жени да заболи од рак на дојка во текот на целиот свој живот, поради што во текот на овој месец се промовираат кампањи со цел рано откривање на оваа болест.
Ние се приклучуваме со промотивни цени на прегледите со цел подигање на свеста.

  • Eхо на дојка 1800 ден.
  • 2Д мамографија 3000 ден.
  • 3Д мамографија 5000 ден.
  • Пакет хормони остеопороза (витамин D, Ca јонизиран, паратхормон) 2500 ден.
  • Остеодензитометрија 1900 ден.
  • Гинеколошки преглед со ехо и колпоскопија 5000 ден.
  • ПАП тест 2500 ден.
  • Ехо на тиреоидеа 1800 ден.
  • Тироидни хормони (FТ4 и TSH) 1500 ден.
  • Тироидни хормони (TSH, FT4 и FT3) 2000 ден.
  • Тироидни хормони (аTPO, FТ4 и TSH) 2000 ден.
  • HbA1c и гликемија 600 ден.
  • Консултативен преглед со пластичен хирург 1800 ден.
  • Дерматолошки преглед 2000 ден.
  • Стоматолошки преглед 500 ден.
  • Офталмолошки специјалистички преглед 1710 ден.
  • Хипербарна комора (10 третмани) 31500 ден.
  • Дигитална дермоскопија со FotoFinder 5000 ден.
  • Сексуално преносливи болести – 7 микроорганизми (брис гинеколошки) 6000 ден.
  • Сексуално преносливи болести (Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae) од прва утринска урина со ПЦР метода 1800 ден.

Рано откривање на ракот на дојката спасува животи, затоа се препорачува да се води здрав начин на живот за да се намали ризикот од заболување од оваа болест:

  • Одржувајте соодветна тежина
  • Конзумирајте здрава исхрана
  • Вршете секојдневна физичка активност
  • Избегнувајте консумирање алкохол и тутун
  • Избегнувајте продолжена употреба на хормони

Дополнително, треба да се земе предвид дека, доколку имате некој од долу наведените фактори, ризикот да страдате од оваа болест може да се зголеми:

  • Возраст над 40 години, иако може да се појави порано
  • Семејна историја
  • Почеток на менструацијата пред 12 годишна возраст и менопауза на подоцнежна возраст
  • Жени кои го родиле своето прво дете по 40 години
  • Жени кои никогаш не биле бремени (не родиле деца).

Ракот на дојката е тивка болест бидејќи не секогаш покажува знаци и симптоми, поради што се препорачува жените да вршат редовни физички самопрегледи на дојките за да откријат какви било абнормалности и, почнувајќи од 40 годишна возраст, да прават мамографија секоја година или на две години. Вашиот лекар специјалист ќе ви каже/одреди.
Не дозволувајте да биде доцна, закажете преглед и добијте совет за превентивни испитувања. Запомнете дека раното откривање е од суштинско значење за да се олесни третманот.

Клиниката Жан Митрев располага со искусни лекари и најсовремена апаратура за навремена дијагноза и третман на промените на вашите дојки.

Закажете преглед на 02 3091 484

Гинекомастија – ендокринолошки и естетски проблем

Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се јавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и женските хормони. При изразена гинекомастија, дијаметарот на дојките е поголем од 4cm и чувствителноста е зголемена. Зголемувањето на жлезденото ткиво треба да се разликува од натрупување на масно ткиво. Гинекомастијата е нормално да се појави кај новороденчињата, во пубертетот и кај постарите лица.

Патолошката гинекомастија може да настане заради недостаток или намалено количество на андрогените хормони (машките полови хормони), независно која е причината за намалувањето, што укажува на нарушен сооднос меѓу естрогените и андрогените хормони. Кај речиси две третини од момчињата и половина од хоспитализираните возрасни мажи со симптоми на гинекомастија се јавува бенигна жлездена маса која може да се осети при допир. Доколку постои неодамнешна активација на болеста, нејзино брзо напредување и при зголемена чувствителност, особено кај лицата со помала телесна тежина, се препорачуваат подетални ендокринолошки иследувања.

Доколку навреме се дијагностицира и контролира причината која предизвикува гинекомастија, симптоматското зголемување на дојките кај пациентот обично се повлекува за неколку месеци. Сепак, доколку се работи за подолготрајна форма на болеста, се препорачува хируршка интервенција како најефикасна терапија.
Најкарактеристични фактори кои укажуваат на потребата од хируршка интервенција се сериозни психолошки или естетски проблеми, продолжено зголемување на дојките и зголемена чувствителност. Кај речиси половина од пациентите со болна гинекомастија не може да се изведе хируршка интервенција и се препорачува терапија со антиестрогени лекови како најефикасни во намалување на симтомите и големината на дојките.

Минимално инвазивно решение за ,,враснато влакно,,

Оваа состојба е позната уште под неколку стручни термини како пилонидална циста или сакрококцигеална фистула, но всушност се работи за појавата широко позната како враснато влакно.

Пилонидалниот синус претставува хронична инфективна состојба која се карактеризира со формирање на циста или абсцес во предел на глутеалната или интерглутеалната регија.

Дознајте повеќе за методата од видеото со д-р Живорад Коцевски, спец. по пластична реконструктивна и естетска хирургија

Доцен развој на говорот кај децата – дијагностичка дилема

Стравот на родителите поврзан со непрозборувањето на децата често пати знае да иницира недоумици. Децата кои доцнат во развојот на говорот најчесто претставуваат дијагностичка дилема и за клиничарите. Ова се однесува особено на тоа кога и колку рано, да се отпочне со дополнителни испитувања/тестирања. И дали можеби пак да треба да се почека до 3 година од животот на детето, за да се види дали ќе има спонтано разрешување на состојбата, што е инаку често се случува кај децата до 3 годишна возраст.

Педијатрите предлагаат дефинирани критериуми според кои треба да се водиме во инвестигирање на состојбата на развоен проблем на говорот. Првичната педијатриска проценка подразбира категоризирање на формата и степенот на доцнење на говорот.


Примарната форма на доцнење во говорот подразбира нарушување и на експресивниот и на рецептивниот говор. Додека пак, секундарната форма се манифестира како дел од губиток на слух, интелектуално засегање, аутистичен спектар, физички попречен говор или селективен мутизам.

Дополнително, педијатриската проценка подразбира дефинирање на обликот и тежината на јазичниот и говорен дефицит, при што истите се групираат во три степени: блага форма, средна форма и тешка форма. Поопсежната, длабока проценка подразбира откривање на комплексни невролошки состојби, метаболни болести, инфекции, интоксикации, но и изолирани нарушувања како аномалии на уво, нос и грло, сензоневрална глувост, или психијатриски состојби како аутизам, АДХД и первазивни нарушување проследени со когнитивен дефицит.

Основа за добра дијагноза е темелно земената анамнеза за медицинската историја на детето и податоците за фамилијарни заболувања. Потоа следи невролошка проценка, морфолошка проценка и проценка на уво, нос и грло.
Втората група на иследувања опфаќаат специјално дизајнирани тестови за невроразвојна проценка, психијатриска проценка, проследени со аудиометрија, електроенцефалографија и магнетна резонанца.

Во лесната форма на доцнење во говорот влегуваат деца над 1 година кои сеуште немаат говор и деца над 2 години кои започнале со говорот со доцнење од 3-6 месеци. Во оваа група влегуваат и децата кои започнале со лесна форма на пелтечење.
Во средната форма спаѓаат деца до 3 години кои зборуваат тешко разбирливо, деца од 1-3 години кои сеуште не зборуваат и деца кои пелтечат подолго време, но немаат инхибиција во говорот.
Во тешка форма се вбројуваат деца под 5 години кои имаат неразбирлив говор или немаат говор и тежок облик на пелтечење кое е асоцирано со страв и прави инхибиција на говорот.

По дефинирањето на состојбите се пристапува кон тимска терапија, а тоа подразбира логопедски, психолошки третмани и терапија од невропедијатар. Паралелно се прави редовно следење и евалуација на состојбата преку разни форми на тестирања кои даваат насоки за менување и подобрување на третманските можности.

Задоволен пациент од Англија

Г-дин Шон Молој дојде во Скопје во Клиниката Жан Митрев минатата недела со цел да добие замена на двете колена со вештачки. За клиниката дознал истражувајќи на интернет и консултирајќи се со пријатели. Инаку тој е по потекло од Англија и живее во близина на Оксфорд. Сега е ѕидар по професија, а претходно бил рагби играч. Како резултат на истрошеноста на неговите колена поврзано со неговите занимања и остеоартритисот потребна му беше билатерална операција. Нашиот д-р Сашо Младеновски му направи успешна операција по која тој веќе се движи и наскоро ќе се врати дома. Неговото нескриено задоволство и пофални зборови ни значат многу. Погледнете ја неговата видео изјава.