Горди сме на нашата сестра Жанета Богоевска Митева!

Европската федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега (EfCCNa) е непрофитна организација основана во 1999 година, која обединува 35 национални асоцијации од 26 европски држави, со над 30.000 членови.

Нејзината мисија е да ја унапреди соработката меѓу медицинските сестри во Европа, со цел подобра грижа за критично болните пациенти и нивните семејства, како и развој на заедничка европска клиничка пракса, едукација и научни истражувања.

👩‍⚕️ Од 2014 година, сестра Жанета Богоевска Митева е претставник на Здружението на медицински сестри за интензивна нега од Македонија во EfCCNa, а во последните 3 години активно членува во Управниот одбор и во ESNO – европската организација за сестри специјалисти.

Овој викенд (10–12 октомври) во Лондон се одржа есенскиот состанок на федерацијата, на кој, меѓу другото, се одржа и избор за нов претседател и член на одборот со конгресни одговорности.

✨ Со голема чест и задоволство објавуваме дека сестра Жанета Митева беше избрана за нов претседател на EfCCNa! ✨

„Посебна чест и задоволство ми беше што бев номинирана и избрана за претседател. Голема благодарност до сите претставници во EfCCNa, моите колеги од ЖМЦ, моето семејство, а особено до д-р Жан Митрев, кој сите овие години беше моја безрезервна поддршка,“

– изјави сестра Жанета Б. Митева.

💙 Сестра Жанета е дел од клиниката ЖМЦ цели 24 години, со огромно искуство во интензивна нега и анестезија – уште од самите почетоци на клиниката.

Во текот на својата кариера активно учествува во внатрешната и континуираната едукација на медицинскиот персонал, секогаш со посветеност и професионалност.

👏 Честитки, Жанета! Со гордост ја претставуваш Македонија и нашата клиника на европско ниво! 🇲🇰❤️

Повторно успешно изведена сложената интервентна процедура поставување ,,валвула во валвула,,

Поставувањето на ,,валвула во валвула,, овој пат беше изведено кај 78 годишен пациент во тешка општа состојба со проширено и ослабено срце и чести декомпнзации. Овој пациент веќе еднаш опериран во 2014 година и честопати хоспитализиран поради болест на митралната валвула, сега беше реопериран од АНГИО тимот и му беше направена минимална левострана торакотомија, трансапикален пристап на пулсирачко срце, валв ин валв имплантиранње на биолошка валвула на митрална позиција со користење на Мај Валв (Мерил) биолошка протеза која се користи за транскатетер замена на аортна валвула (ТАВИ – процедури).

По интервенција пациентот е во стабилна општа состојба и се подготвува за да го продолжи опоравувањето во домашни услови.

Ова е веќе втор пат да биде изведен ваков зафат во нашата клиника. На пациентот му посакуваме брзо закрепнување.

Центарот за мајка и бебе – 1 година работа, 167 среќни семејства

Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев одбележува една година успешна работа исполнета со радост, посветеност и стотици среќни моменти. Во текот на првата година од функционирањето, овој современ центар за породилна и неонатолошка грижа помогна да се родат 167 бебиња и создаде 167 нови семејства. 

Во изминатите дванаесет месеци низ Центарот поминаа бројни емотивни приказни – од најмалото бебе родено со тежина од само 1270 грама, до најголемото бебе спонтано родено со 4630 грама. Секоја од нив е доказ дека знаењето, искуството и технологијата кога ќе се обединат, создаваат најубавото нешто – нов живот. 

„Создадовме породилен центар каде мајката и бебето се во фокусот – со безбедност, удобност и топлина што секое семејство ја заслужува. Нашата визија е секое породување да биде убаво искуство, ослободено од страв и неизвесност, а исполнето со доверба, професионализам и грижа. Во оваа една година докажавме дека и во Македонија може да се развива акушерство според највисоките светски стандарди – со врвна медицинска технологија, тим од искусни специјалисти и пристап кој ги спојува науката и хуманоста“, изјави медицинскиот директор д-р Емил Стоицовски.

Центарот за мајка и бебе е изграден на површина од над 800 метри квадратни и опремен со најсовремена медицинска технологија. Располага со две родилни сали, операциона сала, соби за будење, неонатолошка и гинеколошка ординација, како и комфорни апартмански соби кои овозможуваат приватност и удобност во постпородилниот период. Областите во кои делува Центарот ги опфаќаат сите три тримесечја од бременоста, спроведување на дијагностички испитувања, ХСГ лабораторија, генетски испитувања како амниоцинтеза, хорионбиопсија, ултразвучни и неинвазивни пренатални тестови.Тимот кој се состои од гинеколози акушери, неонатолози, анестезиолози, акушерки и медицински сестри, овозможува целосна грижа пред, за време и по породувањето, достапна 24 часа дневно.

Одделот за неонатална интензивна нега (NICU), кој работи во склоп на Центарот обезбедува третман и згрижување на предвремено родени и ризични новороденчиња. Еден од најзначајните моменти во изминатата година беше породувањето на тројка бебиња, родени во 31-та гестациска недела. Овој редок природен случај ја потврди високата стручност и подготвеност на медицинскиот тим, но и ја симболизира хуманоста и посветеноста кон секое новороденче.

Центарот нуди целосен спектар на услуги за мајката и бебето – следење на бременоста, дијагностички и генетски испитувања, неинвазивни пренатални тестови, постпартална нега и советување. Особено внимание се посветува на индивидуалниот пристап, при што гинекологот кој ја водел бременоста е присутен и при самото породување, овозможувајќи доверба и континуитет во најважниот момент.

Со само една година работа, Центарот за мајка и бебе се позиционира како водечки породилен и неонатолошки центар во земјата, кој секојдневно докажува дека успехот се мери во најубавата мерна единица – нов живот.

Младите уметници имаат пријател – Клиника Жан Митрев

Клиника Жан Митрев продолжува со својата посветеност кон поддршката на младите таленти и македонската култура и уметност. Во рамките на оваа своја мисија, клиниката беше мецена на младото музичко дуо Јанев и Лазарова, кои го претставија нашето музичко богатство на големата сцена во Њујорк.

Во преполната сала на престижниот музички центар „The DiMenna Center for Classical Music“ во срцето на Менхетн, беа одржани концертите на победниците од International Youth Music Competitions (IYMC) – глобална манифестација која ги собира најталентираните млади музичари од целиот свет.

На сцената настапи дуото Јанев и Лазарова – Златица Лазарова и Јулијана Јанев, ученички во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, кои со виртуозна изведба на „Рапсодија бр. 2“ од Франц Лист ја воодушевија публиката и добија долготраен аплауз.

„Голем предизвик е да се настапи на ваков свечен концерт меѓу најдобрите инструменталисти од целиот свет. За мене ова беше остварување на сонот и огромен поттик за понатаму. Му благодарам на доктор Жан Митрев за поддршката што ми овозможи да го реализирам ова патување за кое сонував со години. Ќе продолжам со уште поголем ентузијазам, знаејќи дека постојат луѓе и институции кои искрено ја ценат уметноста,“ – изјави младата пијанистка Златица Лазарова, споделувајќи ги впечатоците од настапот во Њујорк.

Со вакви иницијативи, Клиника Жан Митрев уште еднаш го потврдува својот статус како општествено одговорна организација, која верува дека вложувањето во младите уметници претставува инвестиција во иднината на нашето општество.

Светски ден на менталното здравје

Светскиот ден на менталното здравје, кој се одбележува на 10 октомври, ја истакнува важноста на менталната благосостојба. Тоа е време за подигање на свеста за борбата против стигмата и промовирање посилни политики и услуги што го поддржуваат менталното здравје за сите. На овој ден се потсетуваме дека менталното здравје е исто толку важно како и физичкото здравје.

Светската федерација за ментално здравје за прв пат го воспостави овој датум во 1992 година со цел да ја подигне глобалната свест за проблемите со менталното здравје и да мобилизира напори за поддршка на менталното здравје. Менталното здравје е од суштинско значење за целокупната благосостојба; милиони луѓе жирум светот сè уште се соочуваат со пречки во пристапот до здравствена заштита. Не станува збор само за бројки: станува збор за нашите соседи, колеги, пријатели и членови на семејството. Влијанието оди подалеку од поединците и влијае на работните места, училиштата и заедниците.

Менталното здравје не е само лична грижа, туку и заедничка одговорност. Поддршката на менталното здравје ги зајакнува семејствата и заедниците. Кога даваме приоритет на менталната благосостојба, создаваме поздрави работни места, ги намалуваме социјалните и економските трошоци и негуваме општество каде што секој може да напредува. Исто така, негуваме отпорност. Им помагаме на луѓето и заедниците да се соочат со животните предизвици со сила и надеж.

Овој Светски ден е потсетник дека менталната благосостојба нè поврзува сите нас, низ искуства, места и улоги. Сите заслужуваме сочувство, поддршка и алатки за да напредуваме.

Традиционална поддршка за Годишниот сестрински конгрес 2025

Во периодот од 03.10 до 05.10.2025 година се одржа четвртиот по ред годишен сестрински конгрес, на кој присуствуваа бројни стручни лица од сите здравствени установи од државата и регионот.

Оваа година на конгресот имаше повеќе од 300 учесници – медицински сестри, техничари, доктори и фармацевти. Програмата опфати предавања, презентации и панел-дискусии посветени на современите предизвици и трендови во сестринството, создавајќи можност за размена на искуства и нови знаења.

Голема чест и гордост за нас како клиника беше активното учество во неколку сегменти, најпрво како спонзор на Здружението „ЗА НАС“, преку учество во организацијата на настанот, и со тим од сестри кои со своите презентации придонесоа за унапредување на професионалните знаења и промоција на нашата установа.

Исто така во соработка со Фила Фарм и нашиот бренд Ортомол, го претставивме тимскиот дух и посветеноста кои секојдневно ги негуваме во нашата клиника.

Настаните од ваков тип се потсетник дека сестринството е професија со срце – професија која обединува, мотивира и инспирира, истовремено промовирајќи ги вредностите на заедништво, едукација и хуманост.
За време на овој 4-ти Конгрес на Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари на Македонија се одржа и Регионалната ESNO Конференција.

По инспиративните воведни обраќања од претставниците на ESNO, IFNA и Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари на Македонија, следеше динамична панел дискусија на тема „Сестринство во транзиција: Регулација, Специјализација и Системско влијание“, модерирана од претседателот на ESNO – д-р Адријано Фригановиќ.

Размената на експертиза, визија и професионални искуства уште еднаш ја истакна важноста на напредните сестрински улоги и меѓународната соработка во унапредувањето на здравствените системи.

Тимот на Клиника Жан Митрев со нов меѓународен натпревар во шутбал – walking football

Меѓународниот натпревар во шутбал – walking football се одигра меѓу екипите на Клиника Жан Митрев „Wild hogs” и хрватскиот клуб „Mladi Starci“ од Загреб во присуство на лица од дипломатскиот кор на Хрватска, делегацијата на Здружението ‘‘Сриједе Вриједе‘‘, авторизиран претставник на Хрватската фудбалска федерација за промоција на овој вид спорт и публика. Двете екипи приредија инспиративен натпревар кој уште еднаш ја потврди силата на спортот да обединува, а средбата заврши во вистински фер-плеј, со нерешен резултат од 2 : 2, а притоа, најголем победник беше самата идеја за шутбалот, новата спортска дисциплина која ја добива својата заслужена видливост и поддршка и во Македонија.

Настанот се одржа во организација на Клиника Жан Митрев, која е основоположник на овој спорт во нашата земја. Преку овој проект, Клиниката потврдува дека медицината и спортот можат да одат рака под рака кога целта е промоција на здравјето, физичката активност и инклузивноста. Со оваа средба, Македонија и Хрватска уште еднаш покажаа дека спортот е најдобар мост за пријателство и соработка, а шутбалот – новиот симбол на здравје и заедништво.
Дополнително, во просториите на Клиника Жан Митрев се одржа широк аудиториум за состојбите и условите во кој се развива овој спорт, а кој во светот добива неверојатна експанзија и се шири многу брзо. Беа разменети мислења, искуства и поставени се темели за посериозно понатамошно развивање на овој спорт , кој во Македониј навистина има голем потенцијал со оглед на тоа дека ова е спорт за лица во поодминати години и луѓе кои што сакаат да „стареат здраво“.

Walking football, познат и како шутбал, претставува револуција во спортот: игра без трчање, со акцент на одење, рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален избор за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани лица и за сите кои сакаат да водат активен и здрав животен стил
Екипата на Клиника Жан Митрев „Wild hogs” WILD HOGS е веќе редовен учесник на меѓународни турнири, претставувајќи ја Македонија во овој спорт како основоположник, борец за развој и промотор на нешто што во европски и светски рамки е во апсолутна експанзија создавајќи свои национални лиги и федерации.

Со поддршка од FIFA и UEFA, овој спорт бележи глобален раст и станува препознаен како здравствено корисна и безбедна алтернатива на традиционалниот фудбал. Преку ваквите меѓународни натпревари, Клиника Жан Митрев ја зајакнува својата мисија, да создаде движење што ќе ја шири културата на спортот и здравиот начин на живот во Македонија и регионот.

Респираторна физиотерапија

Респираторната физиотерапија може да им помогне на пациентите кои имаат тешкотии со дишењето. Третманот се нуди на лица со основна хронична белодробна болест, како што се хронична опструктивна белодробна болест (емфизем и хроничен бронхитис), бронхиектазии, белодробна фиброза, астма и постоперативни ателектази.

  • Физиотерапевтска проценка – 1800 денари.
  • Респираторна физиотерапија – 2000 денари.
  • CPAP – 1800 денари.
  • Респираторна физиотерапија + CPAP – 3000 денари.
  • Мотомед терапија – 1800 денари.

Респираторните состојби можат да имаат значително влијание врз вашата физичка активност и врз независноста во спроведувањето на секојдневните активностиа воедно може да се одрази на вашата емоционална благосостојба. Третманот и неговите резултати ќе зависат од вашата индивидуална состојба и симптоми. Вашиот физиотерапевт ќе ја прилагоди програмата според вашите индивидуални потреби во консултација и препораки на вашиот лекар .
Ако страдате од респираторни нарушувања, физиотерапијата може да ви помогне подобро да се справите со:

  • Чувство на замор поради недостаток на воздух
  • Практични интервенции / перкусиона / вибро терапија
  • Постурална дренажа
  • Вежби за помош при искашлување / чистење на секрети
  • Помош за подобрување на ефикасноста на дишењето
  • Вежбање и стремеж кон подобрување на физичката кондиција и зајакнување
  • Совет за самоменаџирање
  • Подобро разбирање на состојбата.

Нашата клиника има 25 годишно искуство во спроведување на респираторната физиотерапија. Закажете го вашиот термин на 02 3091 484