Апартманско сместување

Новата болница во која работи тимот на д-р Жан Митрев е една од најмодерно опремените болници во светот. Освен врвната медицинска услуга која се спроведува според највисоките стандарди во сите делови од болницата, таа им нуди на пациентите и можност за избор на апартманско сместување. Со него е овозможен ВИП третман за време на нивниот болнички престој. Болница со услови како во хотел од висока категорија, тоа се најчестите коментари на пациентите кој пресојувале во овие апартмани. Со тоа е постигната целта , пациентот од кај нас да се чуствува пријатно, опуштено и да замине дома , не само излекуван, туку задоволен и среќен.

ВИП апартманите нудат комплетно изолиран простор, со загарантирана приватност и техничка поддршка за целосна интензивна нега. Во пријатен амбиент, на пациентите им е овозможено присуство на нивните најблиски со засебен дел во апартманот направен токму за нив. Пациентите имаат 24 часовен интернет, ТВ , храна од „ А-ла карт“ мени и 24 часовна услуга од медицинскиот и сервисниот персонал на болницата. Користењето на интернет и ТВ е овозможено според највисоките технички но и медицински стандарди, со апарати кои се мобилни и флексибилни за покомотен пристап на пациентот до нив.
Осветлувањето во апартманите е уникатно за овие простори и нуди софистицирана хромо терапија која помага во релаксацијата и подоброто заздравување на пациентите. Тие имаат можност сами да изберат боја во која сакаат да биде светлината во апартманот како и силината на истата.
ВИП апартманот ДЕ ЛУКС за разлика од останатите ВИП апартмани е со поголема површина како за пациентот така и за престој на неговите посетители. Сите апартмани располагаат со комплетно опремени пространи тоалети, специјално проектирани и изведени за потребите на пациентите.

Опременоста и услугите кои ги нудиме во апартманите обезбедуваат комодитет не само за пациентите и за нивните најблиски. На располагање ги имаат сите видови ресторански услуги, перална и ВИП третман од страна на персоналот.
Сместувањето на пациентите во ВИП апартманите е овозможено и на пациенти кои не се на болничко лекување туку имаат потреба за одредени испитувања при дијагностицирање на некои заболувања.

„ Жал ми е што не му стиснав рака на д-р Митрев онака машки за да му кажам фала за оваа убавина„ – Најстариот жител на Лабуништа спасен од тимот на д-р Жан Митрев

„ Не се изморив од ѕидање, нити животот ме потроши за овие 88 години, можам уште и ќе работам само да си заминам дома, додека има доктори како овдешниве за светот ќе има век “ Низ насмевка ни раскажува дедо Јусуф Саитоски најстариот жител на Лабуништа роден на 1.12.1928 година. Цел живот работел како мајстор, среќен што можел во 1963 да помага во обновата на разурнатото Скопје, со својот ѕидарски занет изѕидал многу објекти на местото на оние кои земјотресот ги урнал.
“ По заминувањето од Скопје највеќе од веков го поарчив во Тетово таму многу ѕидав, и фала на Бога не сум бил болежлив за моиве скоро 90 години. Ама ете се случи во последно време да не можам да си ја терам работата како што си знам и умеам, тоа ми пречеше и дојдов на лекар. И добро е што дојдов, овде веднаш ми кажаа што е и како ама не запамтив многу , најважно е дека ме оперираа и сега сум како нов . Кога ми ги правеа испитувањата докторите тука ми рекоа 99% Ви гараантираме дека Вашиот проблем ќе се реши, па така и треба 1% резерва има во секоја работа а не па во оваа нивнава докторскава. Овде е многу убаво иако е болница не личи на болница, храна е вкусна како дома, ама многу ни даваат не сум копал цел ден за волку да можам да изедам. Што и да побараш овде ќе најдеш , жал ми е само едно д-р Митрев неколку пати е дојден овде да не види, знете што ми е криво што од срам една рака не му пуштив така машки да го поздравам да му кажам фала за се шо ми направи.Сакав мои молитви да му дадам, за среќа дел од мојата среќа за него, Бог да му даде здравје и живот со фамилијата. Оваа болница е дел од сите нас , тој е само човекот кој ја раководи, да му даде Бог можност во секое едно село и град да направи болници да може народ да се лечи и да живее“.
Раскажувањето на најстариот жив жител на Лабуништа продолжи за неговите четири деца и осумте внуци. Дедо Јусуф вели имале и учени во селото со убави дипломи, ама сите биле заминати по странство, среќен што сите негови деца се до него. Не покани и во Љубаништа.
„ Да ми дојдете да ме видите како сум, да пиеме по едно кафе и ајде со здравје“.
А кога сме кај неговото здравје информацијата која ја добивме од д-р Енвер Идоски супспецијалист кардиолог, одговорен на одделението, е следна .
„ Пациентот е примен со тешка аортна стеноза поради што се направени соодветните иследувања дијагностицирана е болеста со препорака за операција. После операцијата која се состоеше со замена на едната валвула со биолошка, Јусуф се чуствува добро, постоперативниот тек е сосема уреден пациентот е самостојно имобилизиран и еве после 5 дена си заминува дома“.
Како што се договоривме со дедо Јусуф само малку да закрепне и ете не во негово родно Лабуниште на кафе.

“Филип Втори” – Специјализиран центар за женска реконструктивна пелвична хирургија

Голем број на луге мислат дека инконтиненцијата и пролапсот на гениталните органи се редок проблем кој се среќава кај мал број на постари жени. Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените кои одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно повремено испуштање на урина , а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од постменопаузалните жени имаат неволно презнење на цревата.

Голем број на жени не бараат медицинско решение за оваа нивна состојба поради срам или страв дека позади овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно или пак сметаат дека ваквата нивна состојба е нормална за нивната возраст.

Нашиот центар е специјализиран за дијагностика и третман на жени со:

– Уринарна инконтиненција ( неволно испуштање на мокраќа)
– Фекална инконтиненција ( неволно испуштање на гасови /столица)
– Спуштање на гениталните органи
– Интерстицијален цистит
– Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс

Терапијата на горенаведените состојби може да е хируршка и не- хируршка. Ние , лекарите од „ Филип Втори“ имаме индивидуален пристап кон секој пациент и го спроведуваме третманот според најновите ставови во медицината, со најсовремена опрема и секако според потребите и желбите на секоја жена.

Секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состојби треба да побара соодвета високо специјализирана медицинска помош.

Препознајте ги своите симптоми

1 Дали се случува несакано да испуштите урина кога кашлате, кивате, трчате, се смеете, носите товар или при сексуален однос ?
2. Дали ви се јавува силна желба да мокрите, па да испуштие урина пред да стигнете до тоалетот, или мокрите секој час во текот на денот, па дури станувате и навечер да мокрите ?
3. Дали случајно (несакано )испуштате гасови или столица , барем еднаш во текот на неделата или имате силна желба за дефекација, па се случува да испуштите столица пред да стигнете во тоалет ?

4. Дали забележувате испакнување ( топче) кај вагината при бањање?

5. Дали мора да го вратите назад во вагината за да мокрите или дефецирате ?

7. Дали чувствувате притисок и тегнење кај вагината кој се намалува и се губи откако ќе легнете ?

Доколку одговорите со да на било кое од горенаведените прашања, закажете преглед со нашите специјалисти за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија.

Д-р Енвер Идоски предавач на Првиот македонски конгрес по орална и имплантна хирургија

Со предавање на тема „ Профилакса и третман на ендокардит“ д-р Енвер Идоски супспецијалистот кардиологкој е дел од тимот на д-р Жан Митрев се обрати пред многуте присутни на Првиот македонски конгрес по орална и имплантна хирургија. Зад организацијата на конгресот се потпишува Здружението на специјалисти по орална хирургија на Македонија, при Македонското стоматолошко друштво . Конгресот беше меѓународен карактер со учествуво на предавачи од повеќе европски земји меѓу кои и Германија, Унгарија, Италија, Словенија, Шпанија, Холандија, Англија, Турција како и гости од Дубаи. Темите кои беа застапени на овој конргес се од областите на оралната хирургија, имплантаната хирургија, коскена и мекоткивна реконструкција, трансфузиона медицина, 3D дијагноза и планирање , компликации.

Тимот на д-р Жан Митрев медицински партнер на Кошаркарската Федерација на Македонија

Тимот на д-р Жан Митрев од денеска е медицински партнер на Кошаркарската Федерација на Македонија. Македонските репрезентативци во сите категории: кадети , јуниори, младинци, сениори ( во машка и женска конкуренција) ќе добијат врвна здравствена контрола и дополнителен третман доколку се појави проблем со некој од репрезентативците.
Ова го потенцираше д-р Жан Митрев на денешното официјализирање на оваа соработка преку потпишување на договор со претседателот на КФМ кошаркарската легенда Петар Наумовски. Ова не е прв пат Специјалната болница да биде заедно со најдобрите македонски кошаркари.
Само за потсетување во 2011 година кога кошаркарите го постигнаа најдобриот резултат на сите времиња во колективните спортови во Македонија, 4 –то место на ЕП, за нивното здравје беше задолжен исто така тимот на д-р Жан Митрев. Тој како лекар дава несебична поддршка на сите генерации спортисти, во различни спортови , со што сака да ја потенцира здравиот начин на живот како избор на сите генерации. Оддруга страна и одговорноста на секој од нас како поединец за доброто на колективот- државата.

„Филип Втори“ учесник на Шестиот Меѓународен Конгрес на Фармацевти во Охрид

Во период од 01-05 јуни 2016 година во „Метропол езерски комплекс“ во Охрид беше одржан Шестиот Конгрес на Фармацевти со меѓународно учество на тема: „Современиот фармацевт – мост меѓу науката и практиката“ . Во научната програма беа вклучени пленарни предавања, усни и постер презентации на кои беа изнесени новите современи предизвици во сите области на фармацевтската наука и професионалната практика, со цел збогатување на знаењето и размена на искуства.

Претставник од тимот на д-р Жан Митрев беше фармацевтот Емилија Костоска со постер презентација од областа на клиничка биохемија на тема: “Улогата на срцевите маркери во дијагноза на акутен миокарден инфаркт и ангина пекторис.“
Предавачи беа еминенти професори и научници од Србија, Германија, Словенија, Полска, Швајцарија, Франција, Австрија, Велика Британија.
Домаќини на овој Конгрес кој се одржува на секои четири години беа Македонското фармацевтско друштво и Фармацевтскиот факултет, УКИМ, Скопје.

Д-р Тања Анѓушева предавач на Меѓународната конференција “Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето“

Медицинскиот директор на специјалната болница „Филип Втори“ д-р Тања Анѓушева имаше предавање на Втората меѓународна конференција „Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето“. Темата со која се обрати д-р Анѓушева беше насловена „ Генетиката, спортот и квалитетот на живот“. Во неа беа опфатени сегментите , причините и последиците од можностите кои ги нудат генетските испитувања кај спортистите. Првенствено во подобрување на квалитетот на живот до крајната цел постигнување на најдобри резултати . Наскоро тимот на д-р Жан Митрев ќе започне со овие испитувања со што нашата болница ќе биде прва во регионот и пошироко која ќе ги нуди генетските анализи за спортистите но и за сите кои сакаат подобро здравје. На конференцијата учествуваа видни експерти од повеќе европски земји , Шпанија, Германија, Словачка , Романија како и од земјите кои некогаш беа во составот на СФРЈ . Организатор е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поточно Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје, а истата завршува утре.

Трикратниот светски шампион Горгиев од д-р Митрев доби МЕНИ ЗА ШАМПИОНИ

Три пати злато за свои 20 години, светските височини беа негови на секое учество од 2011 до денес. Но желбата на шампионот во кик бокс Димитар Горгиев да се биде најдобар  на стариот континент се уште ја има сребрената боја.  Интензивните подготовките за следното ЕП ќе започнат наскоро, а добриот тренинг, дисциплинираноста и мал милион причини ќе влијаат на резултатот. Кон целта  да биде најдобар во Европа, на Димитар ќе му помогне д-р Жан Митрев со својот тим. Имено врвните професионалци кои се задолжени за исхраната  и подготовка  на храната во болницата, ќе направат специјало мени за Димитар – МЕНИ ЗА ШАМПИОНИ. На денешната средба помеѓу д-р Митрев и светскиот шампион беа договорени деталите согласно потребите на Димитар за храната која му е неопходна пред големи натпревари, бидејќи борбите во кик боксот  максимално ја трошат  енергијата на спортистот. Од страна на д-р Митрев на Георгиев му беше посочено дека ќе му биде изработено специјално листа на исхрана  со сите неопходни намирници кој ќе му помогнат да се задржи својата психо физичка кондиција на саканото ниво . Во нашата болница како што истакна д-р Митрев се изработуваат менија за различни потреби на здравите луѓе,  но и на оние со здравствени проблеми. Новина е ова МЕНИ ЗА ШАМПИОНИ, кое ќе го промовираме преку Димитар. Огромни зборови на благодарност за подршката од д-р Митрев упати трократното златно момче од Неготино,  кое рече дека нема друг начин да се заблагодари  освен да освои злато. Во што искрено верува и д-р Митрев кој континуирано ги поддржува спортистите. За таа цел лани по негова иницијатива започна  кампањата „За подобро здравје на шампионите“, а еден од шампионите во неа е и Димитар Георгиев.