Подмочувањето не е нормална работа за жените кои родиле – Проф. д-р Васил Илиев

Inkontinencija_ZanMirevClinic_Ginekologija

 

Инконтиненцијата, или неволното испуштање на урина е проблем, состојба која иако почесто се јавува кај жените, не ги одминува ниту мажите. Постојат повеќе типови на инконтиненција, нејзино дијагностицирање, и секако решавање на проблемот.

Квалитетот на живот на пациенти со инконтиненција е исклучително редуциран. При контакт со луѓе, контакт со внуци (ако се повозрасни), постои мирис поради урината. Тие имаат постојано чувство на мокрост и иритација на кожата која се јавува релативно брзо, бидејќи урината е полна со киселина. За жал кај нас, но според моето искуство од работата во странство, и во некои останати земји, многу често жените мислат дека инконтиненцијата, подмочувањето, е нормална работа за жена која што родила, што апсолутно не е точно.

Континенцијата претставува физиолошко, нормално полнење на бешиката, која меѓу две празнења е комплетно сува, односно не доаѓа до истекување на урина.

Инконтиненција е спротивното, односно кога доаѓа до губење на урина, не по желба и не по чувство на потреба за уринирање, туку станува збор за неволно, неконтролирано мокрење поради разни причини. Ова е сложен термин. Ние се раѓаме без можна контрола на мокрењето. Во текот на првата година треба да созреат центрите кои се наоѓаат во ‘рбетниот мозок, и во големиот мозок. Тоа се сензибилни и моторни центри кои што пренесуваат информација за степенот на дистензија на мочниот меур, односно степенот на наполнетост. И тогаш кога ќе дојде до тоа, треба да се најде адекватно хигиенско социјално прифатливо место за да се испразни мочниот меур.

Друга карактеристика на мочниот меур која што е многу важна, а која луѓето не ја осознаваат, е дека тоа е мускулен орган. А, мускул кога се полни тој треба да направи реaкција, да се стегне. Инервацијата прави да тој издржи одредена количина на наполнетост без да се стегне, без да контрахира и да изврши празнење. На пример, срцето е мускулен орган исто така но, тоа штом прими крв веднаш се контрахира и ја проследува понатака во циркулацијата. Тоа е една компарација колку е сложена целата софистицирана неуролошка парасимпатична и симпатична инервација на мускулот на мочниот меур која се вика детрусор. Тоа е исклучително важна консталација.

Дури  26-27% девојки – гиманзијалки имале момент на неволно истекување на урина.

Терапевтските модалитети за решавање на проблемот со инконтиненцијата се поделени на:

  • конзервативни и
  • оперативни.

Конзервативните се состојат од т.н. Кегелови вежби кои допринесуваат за јакнење на мускулатурата на карлицата.

Оперативниот модел за решавање е поделен на:

  • абдоминален и
  • вагинален пристап.

Абдоминалниот пристап е класичен и решавањето се прави со отворање на абдоминалната шуплина или со отварање на абдоминалниот зид, и се влегува во делот каде што треба да се постават суспензиони шавови и да се обезбеди добра потпора на мочниот канал во неговата дислокација при напор.

Вагиналниот пристап исто може да се подели на класичен и модерен.

Класичниот се подразбира во тие супуретрални потпори што се ставаат, но за жал успехот е 37%. Денеска во хирургијата која јас ја практикувам е прифатлив пристап од редот на МИНИМАЛНО ИНВАЗИВЕН ХИРУРШКИ ПРИСТАП. Тоа подразбира вагинален отвор од 9мм и поставување на полипропиленска трака која се поставува на местото под уретровезикалниот спој, која што се инкорпорира и го имитира сфингтерниот механизам, појачувајќи го тој механизам, и служи како потпора кога доаѓа до таа урогенитална дислокација.

Оваа операцијата има успех над 93%, и пациентот веднаш или за еден ден си оди дома – нема резови, не се отвора абдоменот и спаѓа навистина во минимално инвазивни процедури.

Тоа е најадекватен пристап и денес во светот важи за златен стандард – процедура за решавање на стрес инконтиненцијата на урината.

Редовниот преглед е единствен начин за рано детектирање на уринарна и фекална инконтиненција, пролапс на гениталните органи…

Закажете:

1. Бесплатен гинеколошки преглед + ПАП тест – цена на пакет 1500 денари – (редовна цена 3500)
2.Бесплатен гинеколошки преглед + 30 % ПОПУСТ на ехо тест – цена на пакет 1680 денари – (редовна цена 4400)
3. Бесплатен гинеколошки преглед + 45 % ПОПУСТ на ПАП и ехо тест – цена на пакет  2200 денари – (редовна цена 5900)
* промоцијата важи од 01.03-31.03.2019
Dr_Vasil_Iliev_ginekologija_ZanMitrevClinic

Одржан симпозиум на трансфузиолози на РМ

Здружението на трансфузиолози на РМ во аудиториумот на нашата клиника на 27.02.2019 го одржа својот симпозиум под мотото „Предизвици и новини во третман на хемофилија А“.

Многу излагања и дебати на темата која предизвика голем интерес кој продолжи со неформално дружење во рестотанот „Пулс“, во склоп на ZMC.

7 Прашања и Одговори Кои Секоја Жена Треба Да Ги Знае

1. Колку често треба да се прави ПАП тестот?

– Еднаш годишно

ПАП тестот е цитолошки брис земен од површината на грлото на матката. Ако клетките се нормални, тогаш треба да го правите еднаш годишно, но доколку лекарот ви пронајде атипични клетки, потребни се понатамошни испитувања кои ќе ви ја дадат потребната дијагноза.

Со чести прегледи имате поголема можност да ги откриете на самиот почеток сите заболувања и инфекции, и во тој случај, ракот на грлото на матката е 100% излечлив ако се открие на време.

2. Кога е најдобро да се направи ПАП тест?

– Било кога, освен во периодот на менструалното крвавење и ден-два пред и по него.

Порано препораките беа врзани со средината на циклусот, затоа што тогаш брисот е најчист, но заради усовршувањето на техниките, денес тоа не игра голема улога.

Ако жената која прави ПАП тест нема никакви симптоми и болки, а се најде неуреден ПАП брис, веројатноста за нејзино оздравување е високо, дури до 92%.

3. Кога треба да се направи тест за ХПВ?

– Ако резултатите од ПАП тестот не се уредни

Денес се смета дека поголем број од жените имале контакт со ХПВ вирусот, но кај само 3 до 10 проценти од нив перзистира вирусот. Останатите успеале да создадат антитела и така да го елиминираат заболувањето во текот на 2 години.

Ако вирусот опстојува подолги години во телото, може да доведе до рак на грлото на матката. Тоа најчесто се случува кај лицата заразени со високо ризичните типови. Познати се околу 120 типови, од кои повеќе 40 се високо ризични.

4. Каде се чувствува болката која е поврзана со здравјето на јајниците?

– Во долниот дел од карлицата, во ниво на колковите

Јајниците се мали органи кои се наоѓаат во малата карлица, лево и десно од матката. Болката во тој предел може да биде предизвикан од јајниците, заради можно воспаление, тумори или цисти.

Најчесто овие болки се појавуваат заради бенигни цисти на јајниците, кои се честа појава и најчесто не побаруваат посебни терапии. Само во 5% од сите случаи се работи за сериозни тумори и цисти, кои најчесто се појавуваат кај повозрасни жени.

5. Кои симптоми никако не смеат да се игнорираат?

– Крвавење по или во текот на сексуалниот однос, како и секое крварење надвор од менструалниот циклус

Крвавењето по сексуалниот односот е еден од знаците за промена на грлото на матката. Често се работи за сексуално преносливи инфекции.

Белиот секрет е исто така причина за грижа, и болката при односот дефинитивно не е нормална појава. Затоа, проверете!

6. Дали се јавува меланом на интимната зона?

– Да, возможно е

Околу 3% од меланомите кај жените се на интимната зона. Меланомот се воочува со промени на пигментацијата, крвавење, чешање и болка. Често пати овие симптоми се игнорираат затоа што се слични со некои инфекции, па се дијагностицира многу доцна.

7. Кое е најважното гинеколошко прашање кое треба да си го поставите себеси?

– Дали оваа појава е нормална за мене?

Секое прашање е важно, но само откако ќе го запознаете своето тело и ќе ја воочите промената која настанала во него, ќе бидете способни да си го поставите.

Ако на прашањето немате соодветен одговор или пак тој гласи кратко и јасно „не“ време е да си закажете термин кај гинеколог.

Во Zan Mitrev Clinic тимот на гинеколози проф. д-р Васил Илиев, д-р Ирена Андовска и д-р Гордана Кипровска ви стојат на располагање за секакви консултации и прегледи.

Закажете:

1. Бесплатен гинеколошки преглед + ПАП тест – цена на пакет 1500 денари – (редовна цена 3500)
2.Бесплатен гинеколошки преглед + 30 % ПОПУСТ на ехо тест – цена на пакет 1680 денари – (редовна цена 4400)
3. Бесплатен гинеколошки преглед + 45 % ПОПУСТ на ПАП и ехо тест – цена на пакет  2200 денари – (редовна цена 5900)
* промоцијата важи од 01.03-31.03.2019

 

 

Екс претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, на средба со доктор Жан Митрев

Екс претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ со свои соработници ја посетија Клиничката болница „Жан Митрев“ каде што имаа средба со првиот човек на клиниката, доктор Жан Митрев. Гостите од Хрватска се информираа за сите достигнувања на нашата клиника како од аспект на медицинскиот третман на пациентите така и од техничката и стручна опременост на болницата. Идната соработка и пријателските односи останаа идни планови кои несомнено ќе се развиваат во секој поглед и на секое ниво а за што и до сега говореа еден дел од нашите специјалисти кои имаат поминато еден период од својот работен век токму во пријателска Хрватска.

 

 

 

Осми конгрес на Европската федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега

Во периодот од 13 до 16.02.2019 година во Љубљана, Словенија, се одржа Осмиот конгрес на Европската федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега. Мотото на оваа федерација „Working together Achieving more“ (Работејќи заедно постигнуваме повеќе) беше искористено во буквална смисла затоа што споделувањето на искуства, истражувања и практики од секојдневното работење со пациентите и нивните семејства ни помогна на сите да се споредиме со другите и да научиме за подобрите начини во негата на пациентите и поддршката за нивните семејствата, потенцираше Жанета Богоевска – Митева, дипл. мед сестра, специјализирана за интензивна нега и лекување, одговорна на одделот за интензивна нега и лекување во нашата клиника која беше наш претставник на овој конгрес.

На овој конгрес имаше 152 прифатени апстракти од 26 земји во Европа и пошироко. Имаше 16 тематски сесии со по 5-6 предавања, 10 интерактивни работилници и еден симпозиум. Од тематските предавања посебно внимание беше посветено на сестринската нега, вклученост на фамилијата, справување со делириум, храна и течности, болка и дискомфорт, рана мобилизација…

На конгресот активно учество со свои пленарни предавање зедоа и проф. Џон Албаран, Гилиан Греј, Катлин Волман и Петер Нидахл познати имиња во сестринската професија

– Нашето здружение на сестри за интензивна нега од Клиничка болница „Жан Митрев“ е полноправен член на оваа федерација веќе неколку години. Како претставник учествував со постер презентација на тема:

„Од почетник до експерт – Едукациски концепт за медицински сестри: Наше искуство“ и со предавање на тема: „Побрзо опоравување на пациентите на интензивна нега користејќи перкутана ендоскопска гастростома за ентерална исхрана“. Интересот и за двете беше голем но со посебно внимание беше следена презентацијата за исхраната затоа што ние сме еден од ретките ако не и единствен центар кој користи блендирана исхрана за пациентите за задоволување на нивните калориски потреби. Исто така посебна чест и задоволство ми беше претседавањето со сесија на тема: Болка и дискомфорт – изјави сестра Богоевска – Митева.

На маргините на овој конгрес беше одржан и состанокот на одборот на EfCCNa со своја агенда.

Редовен стручен состанок

Здружението за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија, го одржа својот редовен стручен состанок во просториите на Клиничката болница „Жан Митрев“. Околу 140 претставници од јавното здравство и од приватните здравствени установи беа дел од овој состанок каде што беа презентирани стручни теми од аспект на минимална инвазивна хирургија во гинекологијата и во урогинекологијата.

Состанокот, кој инаку беше акредитиран во склоп на медицинска едукација при МЛД и ЛКМ отвори многу аспекти во вид на дискусии за перспективите на развојот на струката во нашата земја.

Доктор Јасна Анастасовска дел од тимот на Zan Mitrev Clinic

Од денес во нашата клиника со работа започна примариус д-р Јасна Анастасовска специјалист педијатар ревматокардиолог. Д-р Анастасовска има 30 годишно искуство во делот на детската ревматокардилогија. Се едуцирала во Хрватска, Србија и Бугарија и учествувала на бројни стручни европски и светски конгреси од областа на детската ревматологија и кардиологија.

Д-р Јасна Анастасовска ќе биде дел од тимот на детската кардиохирургија што од први февруари започна да работи во склоп на Клиничката болница „Жан Митрев“.

Нејзината амбуланта ќе биде отворена за сите деца со проблеми со срцето, комплетно финансиски покриени од ФЗОМ.

Поставено првото вештачко срце

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ беше поставено првото вештачко срце Total Artificial Heart (TAH). Апаратот Syncardia – TAH вештачко срце за третман на глобална- десна и лева коморна слабост се користи кај пациенти со срцева слабост, на кои им е потребна механичка поддршка на работата на десната и левата комора на срцето, обезбедување на адекватна циркулација, како премостување до трансплантација.

Оваа поддршка се користи како мост до трансплантација, кај оние пациенти каде за да може да преживеат до трансплантација е неопходно да им се обезбеди механичка потпора и обезбедување на циркулацијата.

Индикација за поставување на SynCardia TAH вештачкото срце е срцева слабост од која било етиологија каде има настанато десна и лева коморна слабост, и според причината која довела до настанување на истата не се очекува подобрување на срцевата работа. По операцијата 38 – годишниот пациент е во стабилна состојба и се наоѓа во состојба на постоперативно закрепнување, информира доктор Жан Митрев.

– Оваа операција се изведува со една посебна техника која е практично трансплантација каде што се вади срцето на пациентот коешто не функционира и се заменува со механичко срце. Тие технологии се во пракса веќе 20-30 години, меѓутоа, технолошки до сега постои само една фирма која го доведе тој производ до таа совршеност за да може тие механички срца да се вградуваат клинички. Тоа во последните години полека зазема пошироки размери. Вкупно во светот има направено околу 1000 вакви операции. Изведувањето на една ваква операција е поврзано со многу додатни технички но и финансиски, за жал, работи, бидејќи таа технологија е сè уште многу скапа. Сепак се смета и се очекува во иднина таа технологија да стане достапна за поширок круг на пациенти. Ова е технологија која за вакви пациенти е единствено нешто што може да се направи во Македонија и со ова практично се почнува и програмот за трансплантација бидејќи овие пациенти се млади и за нив овие пумпи се привремено решение. Сега оваа пумпа работи така што организмот на пациентот ќе се закрепне и ако после половина години или година се добие адекватно срце тогаш неговата шанса за преживување е многу голема – објаснува доктор Митрев.

Водени од нормалната анатомија на човековото срце SynCardia привременото Total Artificial Heart (TAH) е пулсирачки дивајс кој се состои од две комори и четири валвули, што ја пумпа крвта и ја обезбедува циркулацијата низ целиот организам. SynCardia TAH е направена од специјална биокомпатибилна пластика, која обезбедува висок степен на долготрајност, и квалитетен пулсатилен проток на крвта низ човековиот организам.

– SynCardia TAH е дивајс со фиксирана срцева фреквенција, каде бројот на удари во минута е константен, без разлика на физичката активност на пациентот. Вообичаено е да се постави фреквенцијата на 125 удари/мин. Кога пациентот е физички активен, со активирање на мускулатурата се зголемува венскиот повраток и дотур на крв во вештачкото срце, и со тоа се обезбедува повеќе крв да се истиснува во циркулацијата.

Постојат две димензии на SynCardia TAH вештачкото срце: 70 цм3 и 50 цм3, и димензионирањето се врши според големината на пациентот. Со вештачкото срце од 70 цм3 се пумпа до 9,5 литри на минута, додека со 50 цм3 околу 7,5 литри на минута. За споредба нормално човечко срце на пациент од 70 кг тежина пумпа до 5 литри во минута. Вештачкото срце ја заменува десната и левата комора и ја презема нивната функција. Овој дивајс се употребува како премостување до трансплантација или за оние кои се возрасни и како дестинацијска терапија – појаснува доктор Тања Анѓушева – супспецијалист кардиолог.

За реализирање на една ваква комплексна операција за тимот на нашата болница значеше огромна посветеност, дообука, едукација…

– За нашата клиника ова значи огромен исчекор напред, технолошки но и во секој поглед. Нашите вработени беа на едукација во Берлин, Германија, па потоа едукациите продолжија кај нас. Имавме еден убав додатен стимул за сите вработени кој се надогради со посебни критериуми и за нега и за следење на тие пациенти пред и постоперативно. Пациентот е пред два дена опериран а сега е буден, свесен, се наоѓа во тој постоперативен период на следење и подесување, сепак тоа се механики и пумпи кои треба да се подесуваат и да се приспособат на неговата функција. За сега се оди во најдобар ред, немаме некои компликации или проблеми и се надевам дека така ќе биде и понатаму. Пациентот е многу соработлив, тој беше добро информиран за целата постапка. За операцијата се подготвуваше три недели во нашата болница. Претходно имаше многу проблеми со сите органи така да цело време беше на едно интензивно лекување и подготовки по што целата операција помина технички добро, немаше некои крвавења и со сето тоа шансите за негово закрепнување се многу големи – заклучува доктор Жан Митрев.