Тимот на Клиника Жан Митрев со нов меѓународен натпревар во шутбал – walking football

Меѓународниот натпревар во шутбал – walking football се одигра меѓу екипите на Клиника Жан Митрев „Wild hogs” и хрватскиот клуб „Mladi Starci“ од Загреб во присуство на лица од дипломатскиот кор на Хрватска, делегацијата на Здружението ‘‘Сриједе Вриједе‘‘, авторизиран претставник на Хрватската фудбалска федерација за промоција на овој вид спорт и публика. Двете екипи приредија инспиративен натпревар кој уште еднаш ја потврди силата на спортот да обединува, а средбата заврши во вистински фер-плеј, со нерешен резултат од 2 : 2, а притоа, најголем победник беше самата идеја за шутбалот, новата спортска дисциплина која ја добива својата заслужена видливост и поддршка и во Македонија.

Настанот се одржа во организација на Клиника Жан Митрев, која е основоположник на овој спорт во нашата земја. Преку овој проект, Клиниката потврдува дека медицината и спортот можат да одат рака под рака кога целта е промоција на здравјето, физичката активност и инклузивноста. Со оваа средба, Македонија и Хрватска уште еднаш покажаа дека спортот е најдобар мост за пријателство и соработка, а шутбалот – новиот симбол на здравје и заедништво.
Дополнително, во просториите на Клиника Жан Митрев се одржа широк аудиториум за состојбите и условите во кој се развива овој спорт, а кој во светот добива неверојатна експанзија и се шири многу брзо. Беа разменети мислења, искуства и поставени се темели за посериозно понатамошно развивање на овој спорт , кој во Македониј навистина има голем потенцијал со оглед на тоа дека ова е спорт за лица во поодминати години и луѓе кои што сакаат да „стареат здраво“.

Walking football, познат и како шутбал, претставува револуција во спортот: игра без трчање, со акцент на одење, рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален избор за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани лица и за сите кои сакаат да водат активен и здрав животен стил
Екипата на Клиника Жан Митрев „Wild hogs” WILD HOGS е веќе редовен учесник на меѓународни турнири, претставувајќи ја Македонија во овој спорт како основоположник, борец за развој и промотор на нешто што во европски и светски рамки е во апсолутна експанзија создавајќи свои национални лиги и федерации.

Со поддршка од FIFA и UEFA, овој спорт бележи глобален раст и станува препознаен како здравствено корисна и безбедна алтернатива на традиционалниот фудбал. Преку ваквите меѓународни натпревари, Клиника Жан Митрев ја зајакнува својата мисија, да создаде движење што ќе ја шири културата на спортот и здравиот начин на живот во Македонија и регионот.

Респираторна физиотерапија

Респираторната физиотерапија може да им помогне на пациентите кои имаат тешкотии со дишењето. Третманот се нуди на лица со основна хронична белодробна болест, како што се хронична опструктивна белодробна болест (емфизем и хроничен бронхитис), бронхиектазии, белодробна фиброза, астма и постоперативни ателектази.

  • Физиотерапевтска проценка – 1800 денари.
  • Респираторна физиотерапија – 2000 денари.
  • CPAP – 1800 денари.
  • Респираторна физиотерапија + CPAP – 3000 денари.
  • Мотомед терапија – 1800 денари.

Респираторните состојби можат да имаат значително влијание врз вашата физичка активност и врз независноста во спроведувањето на секојдневните активностиа воедно може да се одрази на вашата емоционална благосостојба. Третманот и неговите резултати ќе зависат од вашата индивидуална состојба и симптоми. Вашиот физиотерапевт ќе ја прилагоди програмата според вашите индивидуални потреби во консултација и препораки на вашиот лекар .
Ако страдате од респираторни нарушувања, физиотерапијата може да ви помогне подобро да се справите со:

  • Чувство на замор поради недостаток на воздух
  • Практични интервенции / перкусиона / вибро терапија
  • Постурална дренажа
  • Вежби за помош при искашлување / чистење на секрети
  • Помош за подобрување на ефикасноста на дишењето
  • Вежбање и стремеж кон подобрување на физичката кондиција и зајакнување
  • Совет за самоменаџирање
  • Подобро разбирање на состојбата.

Нашата клиника има 25 годишно искуство во спроведување на респираторната физиотерапија. Закажете го вашиот термин на 02 3091 484

Биди здрава, биди силна!

Во месецот на женското здравје темите кои ги засегаат жените се многубројни, како од физички така и од ментален аспект.
Најголемиот страв доаѓа секако од можна појава на канцер на дојки или јајници. Но, тука се и проблемите поврзани со сексуално преносливите болести, хормоналниот дисбаланс, болестите на срцето или тироидната жлезда, како и менталното здравје.
Во тој контекст важно е секоја жена да одвои време за себе со цел превенција и справување со можните заболувања.
Ние во клиничката болница Жан Митрев овој месец имаме специјална понуда која опфаќа превентивни и дијагностички прегледи.

За да дознаете повеќе и за да закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/30 91 484.

Едноставно е – ПРЕВЕНИРАЈ!

Забрзаното животно темпо, загадениот воздух, намалената физичка активност и неправилниот начин на исхрана се дел од факторите кои влијаат на нарушување на нашето здравје. Но, што и да се случува во организмот, навеменото откривање на проблемот значи и побрза реакција и повеќе опции за решавање на истиот. Затоа не чекај, закажи превентивен преглед по акциска цена 📞02/3091-484.