Минимални корекции, за максимален ефект

Индивидуалниот пристап во освежување на волуменот давајќи форма на усните, е клучен за природен и сензуален изглед. Хијалуронската киселина од брендот Maili ни го овозможува саканиот ефект без формирање на грутки и минимални шанси за мигрирање на филерот.
Искористете ги Новогодишните акциски цени и закажете термин кај д-р Илина Гаџевска Томулевска супспецијалист по пластична, реконструктивна и естетска хирургија. 02/3091-484

Кога и зошто прв ортопедски преглед кај новороденчето?

Често пати голем дел од родителите првиот ортопедски преглед го мешаат со ортопедскиот преглед кој се прави во родилиште. Но, тој преглед е општ преглед за состојбата на колковите и локомоторниот систем и не е ехосонографски направен од ортопед.

Во првата година од животот кај бебињата треба да се направат неколку редовни ортопедски прегледи: првиот најдоцна до 6-7 неделна возраст (околу 2 месеци), вториот на околу 6 месечна возраст и третиот по проодување.

Зошто е важен првиот ортопедски преглед и кога треба да се направи?

Ортопедскиот преглед кај специјалист треба да се направи во првите 6-7 недели од раѓањето. Целта е рана дијагностика и третман на можни деформитети.

Затоа клучно е уште при напуштање на родилиштето, родителите да бидат информирани дека треба новороденото да го однесат на ортопед на возраст од околу два месеца.

Од секојдневната пракса, гледаме дека голем дел од бебињата ги носат на ортопедски преглед доцна, по 3-от месец, а некогаш дури и по 7-от месец. Во вакви случаи може да се пропушти точна и навремена дијагноза и ран третман за дисплазијата на колкови кои се неопходни за да се избегнат подоцнежните оперативни корективни интервенции.                                     

Затоа бебињата мора да бидат прегледани ехосонографски веднаш по раѓањето, односно колку порано толку подобро, а најдоцна до 6-та недела.

Во земјите од ЕУ, овој тип на преглед на новороденчињата, е задолжителен и регулиран со закон, така што се спроведува во временска рамка до 6-та недела од животот.

При првиот ортопедски преглед новороденчињата и доенчињата се прегледуваат целосно, односно се прави преглед на општата состојба на локомоторниот систем дали има присуство на одредени деформитети. Се даваат насоки на родителите, на што да внимаваат и како правилно да го вежбат и стимулираат новороденчето, исто така и насоки за витамин Д3 профилкаса која е многу важна за коските.

Освен клинички преглед, се прави и ехосонографски преглед по методата на Рајнхард Граф (Prof. Dr. Reinhard Graf), која е научно докажана и златен стандард кога станува збор за ехосонографски преглед на колковите.

Зошто е важен ехосонографскиот преглед?

Колкот кај новороденчињата и доенчињата во првите месеци од животот е рскавичен и поради тоа ехосонографијата е идеална и безбедна метода за користење.

Ехосонографскиот преглед се прави за рано дијагностицирање на развојните дисплазии на колкот (плитки колкови, исчашени колкови и нестабилни колкови).

Со точна дијаноза и ран третман можеме да ги избегнеме подоцнежните корективни интервенции  и последици.

Раниот ехосонографски преглед е неопходен за навремено дијагностицирање!

Проверка што може да спаси живот

МР – магнетната резонанца на срце е неинвазивна безболна дијагностичка метода, при која се користат моќни магнетни и радио бранови со цел да се направат детални слики од вашето срце. Овие слики ја прикажуваат неговата структура, функција, проток на крв и околните крвни садови без употреба на зрачење.

МР помага во откривање на срцеви заболувања, проценка на оштетувања од срцев удар, проверка на функцијата на залистоците и следење на состојби како воспаленија или тумори.

Ова снимање сега е достапно со акциска цена од 14,500 ден. За да закажете термин 02/3091-484

Отворена нова сала за минимално инвазивни интервенции

Новата комплетно опремена сала е наменета за интервенции од областа на пластична и реконструктивна хирургија, максилофацијална и орална хирургија, дерматолошки и естетски интервенции.

Во оваа сала ќе се применуваат сите видови анестезии и седации за кои ќе се грижи нашиот анестезиолошки тим.

Истата веќе е во функција и се наоѓа на 3 кат во склоп на Центрите за стоматологија, естетика и офталмологија.

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Водени од посветеноста кон потребите на клиентите, ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје и ПЗУ „Жан Митрев Дијагностик“ Струмица во соработка со УНИБанка АД Скопје, ја претставуваат новата и исклучително поволна можност за финансирање медицински услуги преку наменски потрошувачки кредит со 0% камата, достапен за клиентите на УНИБанка.

Во услови кога здравјето е највисок приоритет, Жан Митрев Клиника на своите клиенти им овозможува финансирање преку УНИБанка од максимален износ до 600.000 денари, со рок на отплата до 48 месеци, под исклучително поволни услови. Кредитот е со 0% каматна стапка, без надомест за одобрување, без трошоци за предвремена отплата и без потреба од жиранти или дополнително обезбедување, а постапката за аплицирање е едноставна и прилагодена на потребите на клиентите.

Оваа иницијатива е креирана со цел на пациентите да им се овозможи навремен, сигурен и непречен пристап до врвна здравствена грижа во рамки на Клиника Жан Митрев, без финансискиот аспект да претставува пречка за носење важни одлуки поврзани со здравјето. Кредитот може да се искористи за широк спектар на медицински услуги и третмани во клиниката, вклучително и услуги во Центарот за стоматологија, Центарот за мајка и бебе, Центарот за естетската дерматологија, како и останатите оддли, а согласно потребите на пациентите.

Со ова партнерство, Клиника Жан Митрев уште еднаш ја потврдува својата мисија да обезбеди современа, квалитетна и достапна здравствена грижа, додека УНИБанка, преку конкретна поддршка за своите клиенти, покажува дека финансискиот сектор може да има значајна улога во унапредувањето на здравјето и благосостојбата на граѓаните.

За дополнителни информации околу можностите за кредитирање обратете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484, во УНИБанка на 02/3111-111, или посетете ја најблиската експозитура на УНИБанка. Тимовите ќе Ви помогнат ефикасно да ја завршите процедурата и да ја добиете потребната финансиска поддршка во најкраток можен рок.

Ослободете се од грижите, посветете се на лекувањето!

Во Клиника Жан Митрев изведена минимално инвазивна операција на срце без сечење на градната коска 

Современ и клинички супериорен пристап во кардиохирургијата: Во Клиника Жан Митрев изведена минимално инвазивна операција на срце без сечење на градната коска 

Во Клиника Жан Митрев, кардиохируршкиот тим предводен од д-р Митрев, успешно изведе современа минимално инвазивна операција на срце, позната како MIDCAB (минимално инвазивен директен коронарен артериски бајпас).

Операцијата се изведува преку мал засек меѓу ребрата, без сечење на градната коска и без употреба на апарат за вонтелесна циркулација. Со оваа техника се постигнува реваскуларизација, односно се подобрува крвотокот кон срцето, додека останатите стеснувања се третираат со поставување стентови за максимален ефект и безбедност, со што се овозможува сигурно лекување на коронарната болест.

Овој пристап значително ја намалува инвазивноста и го зголемува нивото на безбедност, а истовремено обезбедува одлични функционални и клинички резултати. За пациентот овозможува побрзо закрепнување, помала болка и пократок престој во болница, како и помал ризик од компликации. Дополнителна предност е и подобриот естетски резултат со минимален и дискретен постоперативен белег.

Изведбата на вакви хибридни процедури кои ги комбинираат предностите од двете интервенции бараат високо обучен мултидисциплинарен тим, напредна медицинска опрема и прецизно интраоперативно следење. Со соодветна селекција на пациенти, овој вид на минимално инвазивни операции претставува безбеден, современ и клинички супериорен избор во кардиохируршката пракса.

Со примена на најсовремените методи и технологии, Клиниката продолжува да поставува високи стандарди во лекувањето на срцеви заболувања.

Одржана отворена едукативна трибина на тема: Мигрена-причини, дијагноза и третман

Минатата недела, во присуство на голем број заинтересирани за оваа тема, нашите доктори:

  • Д-р Вилма Ампова Соколов- спец. по интерна и супспецијалист по кардиологија
  • Д-р Ирена Андонова- спец. по гинекологија и акушерство
  • Д-р Емилија Горгијева-спец. по неврологија
  • Д-р Џулијана Михајловска-спец. по ендокринологија
  • Д-р Магдалена Поповска Цветкова-спец. по радиодијагностика
  • Д-р Петар Угуров-спец. по кардиологија

зборуваа за мигрената од повеќе аспекти.

Трибината беше интерактивна со прашања од публиката што ја направи особено атрактивна за сите присутни.

Предноста на овие отворени тибини е интердисциплинарниот пристап односно дискусијата која вклучува информации и препораки за нарушувањето од невролошки, кардиолошки, хормонален, ендокринолошки и радиолошки аспект.

За прв пат во нашата болница изведена процедурата позната како ,,Бесконтрастно коронарно стентирање,,

Оваа процедура всушност претставува примена на мапирање на коронарните артерии (coronary road mapping) со цел стентирање со употреба на минимално количество на контрастно средство.

Имено, најсовремениот ангиографски апарат PHILIPS AZURION 7 со кој е опремена нашата клиника, ја вклучува и оваа опција со што се овозможува стентирањето кај пациентите да биде извршено со минимално количество на контрастно средство и зрачење. Предноста на оваа метода е особено корисна за пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција кај кои употребата на поголемо количество на контрасно средство може да доведе до акутно влошување на бубрежната инсуфициенција.

Со комбинација на прецизност, намалена употребa на контраст и зрачење, овие системи поставуваат нови стандарди за безбедност и ефикасност во катетеризационите лаборатории.