Современ и клинички супериорен пристап во кардиохирургијата: Во Клиника Жан Митрев изведена минимално инвазивна операција на срце без сечење на градната коска
Во Клиника Жан Митрев, кардиохируршкиот тим предводен од д-р Митрев, успешно изведе современа минимално инвазивна операција на срце, позната како MIDCAB (минимално инвазивен директен коронарен артериски бајпас).
Операцијата се изведува преку мал засек меѓу ребрата, без сечење на градната коска и без употреба на апарат за вонтелесна циркулација. Со оваа техника се постигнува реваскуларизација, односно се подобрува крвотокот кон срцето, додека останатите стеснувања се третираат со поставување стентови за максимален ефект и безбедност, со што се овозможува сигурно лекување на коронарната болест.
Овој пристап значително ја намалува инвазивноста и го зголемува нивото на безбедност, а истовремено обезбедува одлични функционални и клинички резултати. За пациентот овозможува побрзо закрепнување, помала болка и пократок престој во болница, како и помал ризик од компликации. Дополнителна предност е и подобриот естетски резултат со минимален и дискретен постоперативен белег.
Изведбата на вакви хибридни процедури кои ги комбинираат предностите од двете интервенции бараат високо обучен мултидисциплинарен тим, напредна медицинска опрема и прецизно интраоперативно следење. Со соодветна селекција на пациенти, овој вид на минимално инвазивни операции претставува безбеден, современ и клинички супериорен избор во кардиохируршката пракса.
Со примена на најсовремените методи и технологии, Клиниката продолжува да поставува високи стандарди во лекувањето на срцеви заболувања.
Минатата недела, во присуство на голем број заинтересирани за оваа тема, нашите доктори:
Д-р Вилма Ампова Соколов- спец. по интерна и супспецијалист по кардиологија
Д-р Ирена Андонова- спец. по гинекологија и акушерство
Д-р Емилија Горгијева-спец. по неврологија
Д-р Џулијана Михајловска-спец. по ендокринологија
Д-р Магдалена Поповска Цветкова-спец. по радиодијагностика
Д-р Петар Угуров-спец. по кардиологија
зборуваа за мигрената од повеќе аспекти.
Трибината беше интерактивна со прашања од публиката што ја направи особено атрактивна за сите присутни.
Предноста на овие отворени тибини е интердисциплинарниот пристап односно дискусијата која вклучува информации и препораки за нарушувањето од невролошки, кардиолошки, хормонален, ендокринолошки и радиолошки аспект.
Оваа процедура всушност претставува примена на мапирање на коронарните артерии (coronary road mapping) со цел стентирање со употреба на минимално количество на контрастно средство.
Имено, најсовремениот ангиографски апарат PHILIPS AZURION 7 со кој е опремена нашата клиника, ја вклучува и оваа опција со што се овозможува стентирањето кај пациентите да биде извршено со минимално количество на контрастно средство и зрачење. Предноста на оваа метода е особено корисна за пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција кај кои употребата на поголемо количество на контрасно средство може да доведе до акутно влошување на бубрежната инсуфициенција.
Со комбинација на прецизност, намалена употребa на контраст и зрачење, овие системи поставуваат нови стандарди за безбедност и ефикасност во катетеризационите лаборатории.
Во Центарот за офталмологија при нашата клиника, во соработка со Промедика офталмологија до крајот на 2025 година овозможуваме -50% на комплетниот офталмолошки преглед 👁️ 👁️
Овој преглед опфаќа мерење на рефракција, одредување видна острина, мерење на очен притисок, преглед на преден сегмент на очите, слика на очно дно, B-scan и оптичка кохерентна томографија (OЦТ).
Здружението за борба против ракот „Кики“ во соработка со Клиничката болница „Жан Митрев“ организираат бесплатна едукативна трибина на тема мигрена. Настанот ќе се одржи на 4 декември, четврток, во 17:00 часот, во нашата клиника на 3 кат – Аудиториум сала. Трибината е наменета за сите кои сакаат подобро да ја разберат мигрената, причините зошто настанува, начинот на дијагностицирање и современите начини на третман. Настанот е отворен за јавноста.
Респираторните вирусни инфекции ги зафаќаат различните делови од системот за дишење како што се носот, грлото, синусите, бронхиите, бронхиолите и белодробниот паренхим. Настинката и грипот се најчестите вирусни инфекции во нашето поднебје. Тие стануваат актуелни во есенскиот и зимскиот период со намалување на надворешната температура. Овие инфекции може да ја афектираат било која старосна група, но почести се кај децата поради нивниот послаб имунитет.
Најчести респираторни вируси се инфлуенца А и Б, респираторниот синцициелен вирус, параинфлуенца вирус, аденовирус, риновирус, корона вируси (вклучувајќи го и Ковид-19). Овие инфекции се карактеризираат со висока заразност и со брза трансмисија, односно лесно се пренесуваат по капков пат преку секретите од кашлање, кивање или со близок контакт на здраво со болно лице, како и преку предмети кој се наоѓаат во непосредна околина на болниот. Затоа овие респираторни инфекции лесно се шират во затворени простории каде што престојуваат поголем број на деца и возрасни, како што се колективните установи, градинките и училиштата. Како дополнителни фактори кои придонесуваат во нивно ширење се влажноста на воздухот и аерозагадувањето.
Симптоми
Симптомите кај овие инфекции се многу слични и само врз база на истите не може со сигурност да се каже за која вирусна инфекција се работи. Респираторните вирусни инфекции најчесто ги зафаќаат горните дишни патишта и клинички се манифестираат како воспаленија: ринит, тонзилит, ларингит, синусит, а можат да ги зафатат и долните респираторни патишта кои одат со клиничка слика на бронхиолит, бронхит и пневмонија.
Најчести симптоми на респираторни вирусни инфекции се:
течење на нос
затнат нос
црвени очи кои созлат
болка во грлото
кивање
кашлање со или без искашлување
покачена телесна температура, трески
малаксаност, болка во мускули и зглобови
главоболка, раздразливост
намален апетит
тешко дишење со визинг
Симптомите се развиваат акутно, со различен интензитет и зависат од индивидуалната подготвеност на имунолошкиот систем да се бори против инфекцијата. Респираторните инфекции кај возрасните најчесто се манифестира со благи симптоми, додека кај новороденчињата или доенчињата може да предизвикаат и компликации. Симптомите вообичаено трааат една до две недели. Доколку симптомите се задржат подолго и се проследени со влошување на општата состојба како повторен пораст на телесната температура и појава на дополнителни симптоми, треба да се земат предвид и можни компликации. Тогаш се наметнува и потребата од доплнителни иследувања и консултација со матичниот лекар. Компликациите се почести кај малите деца, бремените, лицата постари од 65, години и лицата со хронични заболувања. Вирусната инфекција често доведува до влошување на веќе пристуните хронични белодробни заболувања како што се астмата и опструктивниот бронхит.
Лекување
Лекувањето на вирусните инфекции најчесто е симптоматско. Кога се во прашање вообичаени и познати вирусни инфекции, најдобар третман за лекување е да се остане дома и да се мирува, што овозможува имунолошкиот систем да се бори против вирусот. За време на мирувањето, важно е да се пијат доволно течности. Земањето течности е исто така важно поради загубата на вода од телото за време на покачена температура. Наместо вода, за надополнување на течности може да се користат чаеви, незасладени овошни сокови и производи за рехидратација, доколку е потребно. Се препорачуава балансирана исхрана која соджи витамини и минерали. Мирувањето и одморот помагаат во закрепнувањето.
Зголемената телесна температура преставува прв одбранбен механизам на организмот во борба против инфекцијата. При покачување на температурата на 38-38,5 °C се активираат имунолошки механизми кој учествуваат во одбрана на организмот. Доколку дадеме антипиретик на температура под 38,5°C доаѓа до послаб одговор на самата инфекција и инфекцијата може да трае подолго. Поради тоа антипиретик се дава само доколку температурата е над 38,5 °C, а по некои препораки и 39 °C. Вирусните инфекции никогаш не се третирараат со антибиотици.
Превентивно давање на антибиотици не се препорачува. Прекумерната употреба на антибиотици доведува до развој на резистенција на бактериите. Антибиотиците дополнително го ослабуваат имунолошкиот систем и негативно делуваат на заздравувањето. Антивирусните лекови против грип се покажало дека не само што го скратуваат времето на симптомите, туку може да го намалат и ризикот од тешко заболување и смрт, а имаат најголема придобивка ако се земат веднаш по појавата на првите симптоми.
Превеннција
За да се заштитиме од респираторните вирусни инфекции, зимно време потребно да се избегнува престој во затворени простории, како што се: трговски центри, детски игротеки, кино сали. Треба да се избегнува посета на болни лица, а просториите мора често да се проветруваат. Болниот треба да ја покрива устата и носот при кивање и кашлање. Исто така потребно е да се применува правилно одложување на марамчињата кои ги употребува болниот. Неопходно е доследно спроведување на хигиена на рацете по допир со контаминирани материјали и дезинфекција на контаминираните површини. За зајакнување на одбрамбените механизми потребно е да се внесувава исхрана богата со протеини, витамини и минерали – витамин Ц и Д и да се престане со пушењето. Одморот и физичка активност на чист воздух исто така придонесуваат за зајакнување на имунитетот.
Пред почнување на сезоната на грип примањето вакцина против грип го намалува ризикот од инфекција. Сепак ефикасноста од вакцината зависи од времето кога ќе се прими вакцината и колку добро таа е прилагодена на доминантните видови на грип во сезоната. Вакцинацијата поритив грип особено се препорачува на постарите лица и болните од хронични заболувања.
Хидронефрозата, уште позната како блокиран бубрег е состојба при која поради пречки во бубрежниот канал, бубрегот не може да ја испразни урината од своето корито и доаѓа до застој, до степен на преполнување.
Симптомите зависат од степенот и начинот на преполнување и може да бидат акутни или хронични, парцијално или целосно затнати. Може да се манифестираат во форма на нагони за гадење и повраќање, покачена температура или треска, зачестена повремена и силна болка во слабината која се движи кон стомакот. Понекогаш може и да нема никаков симптом. Оваа состојба не смее да се занемарува. Задолжителен е третман, бидејќи долгорочниот застој придонесува за намалена функција и оштетување на бубрезите.
Причините за блокирање на бубрегот може да се од различно потекло. Најчесто е предизвикано од постоење на камен во мочните патишта или чести уринарни инфекции. Понекогаш блокадата може да е вродена, или да станува збор за Ормондов синдром. Но можно е да е предизвикана и од тумори. Стеснувањето на мочоводите како резултат на третман со зрачна терапија во абдомен или мала карлица исто така предизвикува застој во бубрезите.
Доколку оваа состојба настане и во двата бубрега, тогаш се смета за ургентна состојба и мора итно да се третира, најпрво поради зачувување на бубрежната функција, но и поради навремено исфрлање на течностите од телото кои инаку би се задржале во нозете, белите дробови или абдоменот.
Во минатото оваа состојба секогаш се третирала со отворена хирургија, но по воведувањето на ендоскопските техники, третманот се врши преку природните отвори. Се мести т.н. џеј-џеј стент (J-J stent), односно цевче кое води од бубрегот до мочниот меур и има за цел да го празни блокираниот бубрег. Оваа метода која вклучува вградување на ваков стент во нашата болница се применува без пациентот да почуствува болка.
Во краткотрајна интравенска анестезија пациентот заспива и не чуствува ништо. Со цистоскоп се навлегува преку природните патишта. Откако ке се најдат отворите на уретерите (мочоводите од бубрегот до мочниот меур) се инстилира контраст во нив, при тоа со рентген се прават слики со цел да се визуелизира цел уретер. Со оваа снимка доста често можат да се видат и причинителите кои го затнуваат бубрегот.
Потоа се поставува хидрофилна жица, односно жица тенка колку влакно од коса за да може да ги надмине сите опструкции по патот, а воедно да не направи повреда по самите мочни патишта. Потоа по патот на жицата се поставува џеј-џеј стентот. Зафатот трае меѓу 30 минути и 1 час. По завршената интервенција пациентот си заминува дома. Оваа метода може да се примени и кај трудници. Во тој случај или кај пациент ксј кој постои огромно стеснување, интервенцијата се прави со уретерореноскоп. Најпрво со мала камера се гледаат мочоводите и рачно камерата се води до бубрегот, воедно се гледаат и причинителите за настанување на стеснувањето, а потоа низ камерата се вметнува џеј-џеј стентот.
Доколку уринарните патишта се целосно блокирани и не постои никаква можност за воспоставување на пат до затнатиот бубрег тогаш понатамошниот третман опфаќа класичен хируршки зафат, каде со отворена метода се одвојува блокадата и се креира нов мочен пат на бубрегот со мочниот меур.
Постои и уште една метода која може да се примени. Тоа е перкутаната нефростома, односно привременото формирање на надворешен отвор на кожата низ кој блокираниот бубрег ќе се празни. Оваа метода се изведува во локална анестезија под компјутерска томографија при што со игла се доаѓа до блокираниот бубрег. По патот на иглата се вградува ,,моно-џеј стент,, (MonoJ stent) или цевче преку кое бубрегот ќе се празни.
По ослободувањето на блокираниот бубрег, клучно е соодветно да се следи состојбата, односно да се прават редовни уролошки контроли со цел да се намалат ризиците за појава на инфекции, енкрустрации или непосакувани миграции на стентот.
Со одбележувањето на Светскиот ден на предвремено родени бебиња, 17 ноември, Клиника Жан Митрев повторно се придружи кон глобалната иницијатива за поддршка на најмалите борци и нивните семејства. Во пресрет на меѓународниот ден, фасадата на клиниката беше осветлена во виолетова боја, симбол на чувствителност, посебност и надеж за сите предвремено родени деца ширум светот.
Годинава, одбележувањето се одвива под мотото „Силни почетоци за надежна иднина“ (Strong beginnings for hopeful futures), со што се нагласува важноста од обезбедување квалитетна неонатална грижа уште од првите моменти на животот. Целта е да се овозможи секое предвремено родено бебе да има здрав почеток, можност за правилен раст и услови за успешна иднина. Предвременото раѓање претставува глобален здравствен предизвик, едно од десет бебиња се раѓа пред 37-та гестациска недела, а последиците можат да бидат сериозни и долгорочни, особено за развојот на мозокот, белите дробови и видот. Затоа Светскиот ден на предвремено родени бебиња е посветен на кревање свесност за овие предизвици, на промовирање мерки за превенција и на унапредување на пристапот до современа и семејно ориентирана неонатална нега.
Овој ден ги обединува институции, медицински персонал, родители и заедници ширум светот во повик за подобри политики, постојан пристап на родителите во неонаталните интензивни оддели (NICU) и создавање услови во кои секое бебе може да преживее, да расте и да напредува. Во Центар за мајка и бебе, кој располага со современа опрема и високо обучен тим, како и Оддел за неонатална интензивна нега (NICU), кој обезбедува третман и згрижување на предвремено родени и ризични новороденчиња, досега се родени над 170 бебиња, природно и со царски рез од кои 20 пред наполнета 37 недела. Центарот нуди целосна грижа пред, за време и по породувањето, овозможувајќи безбедност и поддршка за секоја трудница и новороденче. Освен симболичното осветлување, Клиника Жан Митрев и оваа година низ месец ноември спроведува активности насочени кон поддршка на семејствата и промовирање на раната нега и едукација.
Со заедничка посветеност и континуирана грижа, можеме да создадеме силни почетоци за сите бебиња родени пред време, почетоци што ќе водат кон надежна и сигурна иднина.