Излегувајќи во пресрет на пациентите кај кои е препорачано изведување на кардиохируршка операција, а пред тоа, предоперативна коронарографија, едно потсетување: предоперативната коронарографија во Клиничка болница Жан Митрев и понатаму е бесплатна. Коронарографијата претставува златен стандард во кардиодијагностиката и служи за да се откријат заболувања на срцевите артерии и да се утврди нивно стеснување или запушување.
Истата ја изведува нашиот искусен тим интервентни кардиолози во ангиографската хибридна сала во клиниката опремена со најновиот ангиограф Philips Azurion 7 кој се одликува со добра резолуција, јасен приказ на артериите и ниска доза на зрачење.
Процедурата е релативно безболна, безбедна и трае десетина минути. Се работи најчесто преку артерии на раката, под локална анестезија со контрастно средство и е неопходна за секој пациент кај кој се планира операција на срцето.
Врз основа на актуелниот договор со ФЗОМ секоја коронарографија која претходи на операција на срцето во Клиничка болница Жан Митрев е бесплатна, и се изведува по направен преглед од нашите кардиолози.
За информации и закажување јавете се на 02/3091-484.
Латералното кинење на менискусот е повреда на коленото која влијае на ‘рскавицата на надворешната страна од зглобот на коленото. Оваа ‘рскавица всушност делува како еден вид амортизер и помага во стабилизирањето на коленото. Кинењата може да се појават поради ненадејни движења на извиткување, извртување, особено при спортување. Но, може да биде и од абење поврзано со стареењето.
Симптомите вклучуваат: болка на надворешната страна на коленото, оток, чувство на кликање или пукање и тешкотии при целосно исправување или свиткување на коленото.
Причини може да има повеќе:
1) Трауматски повреди Ненадејните движења кои вклучуваат извиткувања или извртувања, особено додека стапалото е фиксирано, може да предизвикаат странично кинење на менискусот, што е вообичаено во спортови како фудбал, тенис и кошарка. 2) Дегенеративни кинења Со возраста или поради состојби како артритис, менискусот може да се истенчи да стане поподложен на кинење од помали движења, дури и од секојдневни активности. 3) Комбинирани повреди Латералните кинења на менискусот може да се појават и во комбинација со повреди на други структури на коленото, како што е преден вкрстен лигамент.
Симптомите се карактеризираат со:
Болка – обично локализирана на надворешната страна на коленото, потенцијално протегајќи се до задниот дел на коленото, која се чуствува особено при ниски чучњеви или кога коленото е во положба „фигура-четворка“.
Оток – коленото може да отече, почнувајќи од благ до значителен оток.
Механички симптоми – пациентите може да доживеат кликање, пукање или заклучување во коленото и тешкотии при целосно истегнување или свиткување на коленото.
Нестабилност – некои лица може да чувствуваат дека коленото е нестабилно или дека попушта.
Дијагноза
За да се постави точна дијагноза потребно е да се направи:
Физички преглед при кој лекарот ќе го процени коленото за чувствителност, опсег на движење и стабилност.
Снимање со РТГ кои можат да исклучат други состојби и МРИ скенирања кои даваат детални слики од менискусот и околните ткива со цел да се потврдат/исклучи кинење.
Мекмареј тест – овој тест вклучува свиткување и ротирање на коленото за да се провери болка или кликање, што може да укажува на кинење на менискусот.
Третмани
Конзервативен третман: Одмор, мраз, компресија и подигнување, лекови против болки и физикална терапија често се прва линија на третман за помалку тешки кинења.
Хируршка интервенција која може да биде артроскопско скратување (менискектомија) или поправка, во зависност од видот и локацијата на кинењето и нивото на активност на пациентот. Кинењата во надворешната третина од менискусот понекогаш можат сами да заздрават поради подобро снабдување со крв.
Опоравување
При нехируршки/конзервативен треман, закрепнувањето може да трае неколку недели, со постепено враќање на активностите како што се подобруваат симптомите. При хируршки третман, закрепнувањето може да трае неколку месеци, а физикалната терапија игра клучна улога во враќањето на силата и опсегот на движење. Истата може да биде комбинирана со апликација на ПРП која го забрзува заздравувањето.
Резонантната магнетофореза е нова неинвазивна метода која користи специјален апарат – генератор на магнетно поле (ELF) со екстремно ниски фреквенции (<100 Hz) и низок интензитет (<100 Гаус), што ја зголемува пропустливоста на клеточната мембрана. Овој нов инструментален третман, со помош на специфичниот уред за магнетофореза, врши локално воведување на прочистен колаген во длабочина и до 3 сантиметри под кожата. При ова, се избегнува инвазивниот начин на администрирање на колаген со игла.
Апаратот GUNAPHORESIS (GPH) со кој се спроведува оваа метода, овозможува апсорпција на колаген до 99% и за разлика од инвазивната метода при која пациентот треба да биде боцнат до 8 пати при еден третман за да се аплицира соодветна доза колаген, овде, истата доза се внесува со помош на уредот за само 15 минути и навлегува преку кожата на максимална длабочина до 3cm преку до ткивата или зглобовите.
За што може да помогне оваа терапија?
болки во зглобовите и мускулите,
дископатија,
артритис,
спортски повреди,
исчашувања,
невролошки заболувања
рехабилитација по мускулно-скелетни повреди,
постоперативна рехабилитација
козметички дефекти
лузни
изгореници
Предности:
Се нанесува директно на погодената област.
Висока ресорптивност на колагенот до зглобовите и мускулите.
Нема топлински ефект (површински или внатрешен) – може да се примени при остеосинтеза на метали и ендопротези.
Не го нарушува интегритетот на кожата бидејќи низ ткивата не се спроведува електрична струја што ја прави методата пријатна и без ризик од горење на кожата.
Хипоалергена е, не предизвикува алергиски реакции.
Може да се комбинира со други лекови.
Може да се комбинира и со други физиотерапевтски техники.
Може да се третираат спортски повреди, без да се влијае на резултатот од допинг тестовите кај спортисти.
Контраиндикации:
бременост;
отворени рани;
присуство на малигни формации.
Колку третмани се потребни?
Оптималниот број е 10 процедури кои се применуваат секој ден во текот на 10 дена, по што може да се прават процедури за одржување еднаш месечно и/или курс за одржување од 5 или 10 процедури (во зависност од состојбата на кожата) еднаш годишно. Ефектот на гунафорезата може да се забележи по третата постапка (а во некои случаи дури и од првата постапка), и продолжува со текот на времето. Причината за тоа е стимулацијата на природното производство на колаген во кожата, кое продолжува по завршувањето на текот на процедурите. Во случај на болка, ефектот на ублажување на болката се јавува повторно во првата до третата процедура. Гунафорезата е брза процедура која може да се изврши дури и за време на паузата за ручек. Времетраење на процедурата е 15-20 мин за една регија. Не се појавува црвенило или оток, клиентот може директно да излезе на отворено без оглед на надворешната температура или сончевата светлина. Цена на една терапија со два колагена е 3000 денари за една регија.
Примената на GUNAPhoresis е претпочитана метода за третман на остеоартритис, повреди на мускулите, тетивите и фасциите, болки во ‘рбетот од различно потекло и спортски повреди и секако во естетската медицина. За да се информирате и закажете јавете се во нашиот контакт центар 02/3091-484
Современото општество и медиумите често наметнуваат нереални стандарди за убавина, што особено влијае врз младите. Сè повеќе млади девојчиња – дури и на возраст од 6 години – изразуваат незадоволство од сопствениот изглед. Оваа опсесија со телесниот изглед може да доведе до сериозни нарушувања во исхраната.
Најчести нарушувања во исхраната:
Анорексија нервоза – свесно и опасно ограничување на храната, со цел губење на тежина.
Булимија нервоза – повторувачки циклуси на прејадување, проследени со повраќање или употреба на лаксативи.
Овие нарушувања најчесто се јавуваат меѓу 14 и 20 години, а честопати се поврзани со професии кои бараат одржување „совршен“ изглед, како што се манекенство, балет, гимнастика и пливање. Атлетската анорексија е чест случај кај спортистки кои го намалуваат внесот на храна под влијание на притисоци од тренерите и општеството. Девојките кои се занимаваат со манекенство пред значајни ревии пијат само вода и јадат памук бидејки тој е чиста целулоза и не е хранлива материја туку само поминува низ стомакот намалувајќи ја гладта.
Физички и психички последици
Нарушувањата во исхраната влијаат на целиот организам:
Анорексија нервоза:
Драстично губење на тежина (BMI<17.5)
Прекинување на менструалниот циклус
Сува, жолтеникава кожа
Остеопороза (губење на коскена маса)
Намален сексуален нагон и чувствителност на студ
Булимија нервоза:
Ерозија на забите
Потечени жлезди
Електролитен дисбаланс и дехидрација
Гастроинтестинални проблеми
Рани и иритации на усната шуплина
Рана интервенција е клучна: Брзото препознавање и дијагноза овозможуваат поефикасно лекување и превенција на долгорочни последици. Лекувањето е мултидисциплинарен процес и вклучува:
Медицинска стабилизација
Нутритивна поддршка
Психолошка терапија
Контрола на телесната тежина на здрав начин на исхрана
Во тешките случаи се препорачува хоспитализација, а доколку пациентот одбива терапија и неговото здравје е сериозно загрозено, можно е и присилно лекување.
Нутритивна поддршка кај нарушувања во исхранатa
Излезот од порочниот круг на изгладнување, депресија, анксиозност и телесна слабост е можен – но бара стручна поддршка и индивидуално прилагоден нутритивен план. Исхраната кај лица со анорексија или булимија мора да биде внимателно испланирана и следена од лекар и нутриционист.
Цели на нутритивната терапија:
Враќање на телесната тежина во граници на нормална телесна тежина
Воспоставување на редовни, балансирани оброци
Корекција на нутритивни дефицити (електролити, витамини, минерали)
Намалување на анксиозноста поврзана со храната
Обнова на хормоналната и гастроинтестиналната функција
Зошто е важна правилната исхрана?
Кај лица со нарушувања во исхраната, телото страда од сериозен недостаток на енергија и хранливи материи. Поради тоа може да се јават гастроинтестинални проблеми (опстипација, рефлукс, болки), нарушен метаболизам, оштетени органи, хормонален дисбаланс и ослабен имунитет.
Што значи нутритивен успех?
Нормализирање на телесната тежина не значи само бројка на вага. Таа води кон:
Нормализирање на хормоните (лептин, естроген, гонадотропини),
Враќање на менструалниот циклус,
Подобрување на менталната состојба и енергија.
Самолекувањето или импровизирани режими на исхрана може да предизвикаат дополнителна штета. Од таа причина потребен е индивидуализиран нутритивен план под супервизија на стручно лице – нутриционист, и мултидисциплинарен тим од специјалисти доктори поткрепено со психолошка или психијатриска поддршка зависно од индивидуалната состојба на пациентот.
Контактирајте нè и закажете консултација со нашите психолози, нутриционисти и медицински тим.
И оваа година, седумнаесетти пат по ред, традиционално, во организација на Одделот за психологија и психотерапија при нашата клиника, се одржа Летниот камп наменет за децата со вродени срцеви маани, кои беа придружени од своите родители.
Во соработка со Црвен Крст на Град Скопје беа реализирани креативни психолошки работилници и физиотерапевтски вежби чија цел беше да се поттикне целокупниот развој кај децата по направената операција или интервенција на срце. Сите активности, вклучително игрите, забавата и дружењето се одвиваа под раководство и стручен надзор на тимот психолози доц. д-р Кристина Егуменовска, Александра Петроски и физиотерапевтот Блаже Арсов. Годинава ни гостуваше и нашиот специјалист кардиолог д-р Тања Анѓушева, која одржа интерактивна работилница со дечињата, а преку пригодна презентација обезбеди одговори на големиот број прашања од родителите. Летниот камп за деца со вродени срцеви мани МОЕТО СРЦЕ ВО СИТЕ БОИ секоја година ги исполнува нашите срца!
Високите температури, топлотниот удар станува вистинска опасност, особено за децата, постарите лица и оние кои се занимаваат со физичка активност на отворено. Раното препознавање на знаци на топлотниот удар може да направи голема разлика.
Што е топлотен удар?
Топлинскиот удар се јавува кога телото се прегрева и не може правилно да се олади, обично поради продолжено изложување на сонце или интензивен физички напор во топли средини. Може да биде опасен по живот ако не се реагира/третира брзо.
5 знаци на топлотен удар
Висока телесна температура (над 39-40°C) Ова е најјасен знак. Телото ја губи способноста да ја регулира својата температура, а таа почнува опасно да се покачува.
Топла, црвена и сува кожа Топлата, црвена и сува кожа предизвикана од топлина е сериозна медицинска итна состојба особено ако е придружена со други знаци како што се конфузија, гадење или главоболка. Важно е веднаш да побарате медицинска помош. Додека чекате помош, клучно е лицето да се премести на ладно место и да се нанесе влажна крпа или ладна бања.
Силна главоболка и вртоглавица Мозокот е исто така засегнат од прегревање. Главоболката е често силна и може да биде придружена со конфузија, дезориентација или дури и несвестица.
Гадење и повраќање Кога дигестивниот систем се менува /иритира од екстремна топлина, вообичаено е да се чувствува гадење или повраќање.
Забрзан пулс и отежнато дишење Телото се обидува да ја компензира топлината со побрзо пумпање крв. Ова се манифестира како тахикардија и чувство на екстремен замор.
Како да спречите топлотен удар
Останете хидрирани: Пијте вода дури и ако не сте жедни. Избегнувајте прекумерен алкохол и зашеќерени пијалоци, бидејќи тие можат да ве дехидрираат.
Избегнувајте изложување на сонце во текот на шпицот: помеѓу 11:00 и 16:00 часот, кога сончевите зраци се најсилни. Барајте сенка или ладни места во овие периоди.
Лесна, светла облека: Изберете лабава, дишечка и светла облека за да ја рефлектира топлината.
Не оставајте никого во затворено возило: не ги затворајте децата или домашните миленици во кола дури ни за многу кратко време. Температурата во затворен автомобил може да надмине 50°C за неколку минути.
Правете паузи ако вежбате или работите на отворено: правете чести паузи и пронајдете проветрени или засенчени места.
Што да се прави во случај на топлотен удар?
Веднаш јавете се на службите за итни случаи.
Преместете го лицето на ладно место.
Ставете ладни крпи или вода на телото но не мраз за да избегнете преголема температурна разлика
Не давајте течности ако лицето е во несвест или дезориентирано.
Топлиот удар е медицински итен случај, но е целосно спречлив. Слушањето на вашето тело, одржувањето на хидратација и заштитата од сонцето може да ви помогне да го избегнете.
Брачниот пар Голабоски од Охрид доживеа вистински кошмар при патување кон Маврово. Додека се возеле во нивното возило влегла пчела која ја каснала сопругата Соња алергична на пчелни убоди. Поради состојбата која брзо се влошувала, нејзиниот сопруг Владимир веднаш одлучил да се вратат назад упатувајќи се кон охридската болница.
За среќа, на патот кон Охрид ја пресретнале мобилната единица на Клиниката Жан Митрев. Нашата екипа сестра Весна Наумоска – анестетичар и колегата шофер Тони Антониевски, иако со друга задача, без размислување застанале да ја укажат побараната помош. Со брза и стручна интервенција, веднаш биле преземени неопходните чекори за спасување на сега веќе пациентката Соња Голабоска.
,,Не направив ништо посебно. Постапив онака како што сум обучена и како што треба да направи секој човек. Своето знаење и опремата и средствата кои ми беа на располагање во амбулантното возило ги употребив за спасување и стабилизирање на жената,,- објаснува сестра Весна.
По убодот на инсектот веќе биле видливи отоци и имало трнење на ногата. ,,Немавме време да ја чекаме брзата помош која доаѓаше од Охрид, затоа одлучивме веднаш да ја ставиме во нашето возило и се упативме кон Охрид. Во меѓувреме аплицирав антиалергиски лекови и постојан мониторинг додека брзавме кон болницата,, – ни објаснува Весна која додадва дека вакви случаи се чести кога се патува со амбулантно возило.
Семејството Галабоски изрази огромна благодарност до нашиот медицински тим, чија подготвеност да се стават на располагање на граѓаните не штедејќи се себе и ресурсите кои им се на располагање уште еднаш покажа дека животот е скапоцен.