Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

ПСИХОДИЈАГНОСТИКА

ПСИХОДИЈАГНОСТИКАТА вклучува тестирање со помош на психолошки тестови кое е наменето за дијагностицирање и разјаснување на прашањата кои се однесуваат на цртите на личност, однесувањето, расположението, емоционалното функционирање и когнитивните процеси на индивидуата.

Се употребува во ситуации кога е потребно разјаснување на дијагнозата, кога постои историја на трауматски искуства, кога има злоупотреба на субстанци, при проблеми во интерперсоналните релации итн. Дополнително се употребува и како поддршка во процесот на психотерапија.

Со помош на психолошкото тестирање пациентот добива детални информации за себе, а психологот изработува објективен психолошки наод.

Во оделот располагаме со преку 30 психолошки тестови на проценка:

  • Клиничките тестови,
  • Тестови на интелигенција и личност,
  • Тестови за проценка на органицитет,
  • GDV апаратура и
  • Bio feedback- апаратурата.