Во тек се повеќе огласи за врботување за различни работни позиции во Zan Mitrev Clinic.
Можете да аплицирате на следниов линк.
00389 2 3091 484
Во тек се повеќе огласи за врботување за различни работни позиции во Zan Mitrev Clinic.
Можете да аплицирате на следниов линк.
Кардиоваскуларните болести се најчеста причина за тешки животни компликации, инвалидитет и смрт за огромен број на луѓе. Поради специфичностите на болеста, разните кардиоваскуларни состојби се тешко сфатливи за многу медицински профили. За пациентите и нивните најблиски пак тоа претставува загадочна енигма и тешко можат да ја разберат суштината на проблемот, но и јасната насока во неговото можно решавање.
Преку многу слики, а со малку придружен и едноставен текст, преку јасно опишани случаи на одредени медицински состојби, во книгата јасно се дадени и можните решенија.
Книгата е достапна на amazon, bookaroo и kupikniga.
Оперативната хистероскопија е феноменален напредок во решавањето на гинеколошките проблеми и здравјето на голем број на жени. Таа е интервенција во која под директна визуелизација со камера на шуплината на матката можеме да решиме многу проблеми што ги засегнуваат жените, за кои предходно беше потребна операција. Абнормалното утерино крварење е симптом кој најверојатно влијае на 40% од жените кои доаѓаат во гинеколошките ординации. Некои од нив се третираат со хормонска терапија, но кај голем дел од нив постои промена во шуплината на матката , која денес ја решаваме микроинвазивно како еднодневна хирургија со минимален период на опоравување. Денес многу жени чии професионални обврски наложуваат брзо да се вратат на работа, бараат алтернативни модалитети на класичната хирургија.
Опертивната хистероскопијата е денес златен стандард за отстранување на полипи од шуплината на матката, миоми кои се видливи во внатрешноста на матката, аблација на ендометриум, која ја користиме кај жени кои завршиле со репродукција, и кои имаат обилни менструации кои пак доведуваат до анемија, и општа слабост.
Покрај примена во третирање на интраутерина патологија пратена со абнормално и обилно утерино крварење, хистероскопијата има примена и во решавање на проблемот со конгениталните аномалии на утерус, како и инфертилитетот со ресекција на преграда на матката.
Денес хистероскопската хирургија има значајно место во секојдневната гинеколошка пракса носејќи со себе голем напредок во третманот на жените.
Д-р сци Ирена Андонова
Zan Mitrev Clinic
Риниса уште на својот прв ден во животот се соочи со огромен проблем, проблем кој за неа значеше живот или смрт. Не по своја волја таа уште во првиот миг кога го доби животот почна да се бори за него, да се бори со сите сили во борба во која беа важни дури и секундите.
Риниса е родена на 1 август во општата болница во Струга а веќе на 2 август беше донесена во нашата клиника. Итноста на состојбата не дозволуваше никакво одлагање ниту пак колебање што да се направи. Веднаш било утврдено дека таа е зависна од кислород и тоа било првичниот мотив да се префрли во Клиниката за детски болести во Скопје. Таму после направената анализа и ехокардиографија е утврдено дека има сериозна вродена срцева мана т.е. транспозиција на големи крвни садови по што веднаш е префрлена во Zan Mitrev Clinic. Уште во првиот миг од пристигнувањето во нашата клиника нашиот докторски тим веднаш почна со подготовки за реализација на оперативен третман.
– Веднаш реагиравме соодветно оти таа состојба, таа срцева мана, веднаш бара реакција бидејќи ако не се реагира веднаш може да заврши фатално. По доаѓањето кај нас веднаш се започна со терапија по протокол за да може да се дојде до оперирање. Тоа е една специфична терапија која беше спроведена и со сите предоперативни анализи коишто треба да се реализираат за да може детето итно да се внесе во сала. Следниот ден се влезе во сала и се направи исклучително тешка операција којашто беше исклучително успешно изведена од нашиот тим. После оперативниот третман ние како тим имавме голем предизвик затоа што ова е сериозна вродена срцева аномалија којашто има многу мал процент на преживување и тоа во светот во сериозно развиени кардиохируршки центри. Со големи предизвици се сретнавме и постоперативно и ние како педијатри. Меѓутоа нашиот максимум даден изминатиов период вроди со плод така што Риниса дочека не само да си оди дома туку тоа да го направи во супер состојба. Таа е сосема здрава, весела среќна со покачена телесна тежина, со уредни витални параметри. Да напомниме дека таа кај нас беше примена со сатурација од 60% а сега ја пуштаме со кислородна сатурација од 100%. Таа сега е многу пргаво и весело бебе на општо задоволство на сите нас и секако посебно за родителите кои се тука и со нетрпение чекаат да си ја однесат дома. Останува да ја следиме на нејзините редовни контроли и да не почествува со нејзиното присуство, да ја гледаме како расте – вели Јорданка Маџоска педијатар во нашата клиника.
Ова е огромен успех пред сè за самиот спасен живот, за нашата клиника, за тимот доктори и целиот персонал што работи тука а секако и за целата наша држава бидејќи се изедначуваме со врвни светски центри кои долго време работат детска кардиохирургија.
– Токму така, ова е уште еден доказ дека работиме одлична кардиохирургија и одличен постоперативен програм кој резултира со тоа што по еден месец од една ваква комплексна операција едно мало бебенце здраво си оди дома. Zan Mitrev Clinic е во рангот на врвните светски кардиохируршки центри – додава Маџоска.
Родителите се секако пресреќни што нивното првенче и покрај огромните ризици и проблеми здраво и насмеано си заминува дома.
– Благодариме на целиот тим и посебно на доктор Жан Митрев кој го спаси нашето дете. Поминавме тешки мигови. Сепак, длабоко во себе знаевме дека сме на вистинското место каде што ќе се даде комплетната здравствена заштита, грижа и нега на нашето дете. Оваа болница ја гледаме како второ родилиште на нашата ќерка. Таа еднаш се роди во болница во Струга по што повторно и се даде живот токму тука во клиничката болница „Жан Митрев“. Ние сме пресреќни што конечно си одиме дома со нашето најмило – ни изјави мајката пред да го напушти одделението каде што беше сместена Риниса.
Постурата претставува начинот на кој го држиме нашето тело. Постојат два вида:
Сигурно не можеме да замислиме еден ден без мобилен телефон. Тоа стана дел од нашиот секојдневен живот, кога стануваме зависни во многу ситуации. Но, она што многу од нас не го знаат е дека прекумерната употреба на мобилните телефони предизвикува оштетување на нашето тело. Експертите сè повеќе зборуваат за оваа тема и не можеме да ги игнорираме бидејќи нашата цел е да обезбедиме удобност и квалитетен живот за луѓето преку ергономијата.
Во најголем број од случаите проблемите настануваат од погрешната позиција на телото при користење на мобилниот телефон.
Најчести проблеми кој се јавуваат со прекумерното користење на смартфоните се:
Од илустрацијата може да се заклучи дека ’рбетниот столб се подложува на сила според положбата на главата.
Во неутрална положба со агол од нула степени имаме оптовараување од 6 килограми што би било тежината на нашата глава, но со зголемување на аголот оптоварувањето врз ’рбетот се зголемува.
Најчестата положба што ја заземаме е околу 30 степени што е околу 18 килограми тежина.
Вообичаено трошиме во просек 2 до 4 часа дневно користејќи ги нашите смартфони што значи дека нашето тело е изложено врз огромен притисок.
За да ги избегнеме овие проблеми и да си го зачуваме нашето здравје мораме да научиме како да ги користиме уредите без да го оптоваруваме нашето тело.
Потребно е секогаш телефонот да го држиме на ниво на очите и така ќе се принудиме да ја држиме главата, вратот и рамената во подобра положба.
Периодично да ја движиме главата од едната на другата страна за протегнување на мускулите.
Застанете на вратата, истегнете ги рацете и наведнете го градниот кош. Ова ќе помогне да се релаксираат мускулите кои се фиксираат во една положба при долго користење на паметниот телефон.
Неправилната позиција на телото може да го намали капацитетот на белите дробови за дури 30% со што се зголемуваат шансите за кардиоваскуларни болести.
За да не дојде до нарушување на постурата потребно е секојдневно да вршиме физичка активност трчање, пливање, вежби за истегнување и јога
Денеска Zan Mitrev Clinic додели 101 ваучер на новороденчиња од општина Центар. Станува збор за педијатриски преглед за новороденчињата кои треба да го искористат во наредните три месеци од доделувањето. Нашите педијатриски служби ги очекуваат родителите на телефонскиот број 02 / 3091-484 за да закажат преглед за своето бебе.
Инаку, акцијата за доделување на вакви ваучери е согласно меморандумот за соработка што нашата клиника го има потпишано со општината Центар.
На настанот освен родителите со нивните деца присуствуваа и претставници од локалната самоуправа предводени од градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој од страна на општината на семејствата на новороденчињата им подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари.
Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар, а од оваа година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија, меѓу кои се најде и Zan Mitrev Clinic, кои на овие семејства им донираат свои производи и услуги.
Тимот на физиотерапевти при Zan Mitrev Clinic по повод одбележаниот ден на физиотерапевти, 8 септември, се вклучува во кампањата за одбележување со спроведување на физиотерапевтска проценка / прегледи на локомоторниот апарат со 50% попуст. Акцијата ќе трае од 10 до 30 септември 2019.
Закажување за промотивен физиотерапевтски преглед може да се направи на следниот телефонски број 02/3091500 или 02/3091 484 – секој работен ден од 8 – 20 часот.
Врз основа на спроведен физиотерапевтски преглед секој пациент добива индивидуални препораки за понатамошен третман или дополнителна дијагностика.
Мултидисциплинарниот пристап за третман на мускулни скелетни заболувања како и достапност до најсовремена брза дијагностика во комбинација со долгогодишна клиничка пракса се можност за навремен и ефикасен третман.