Zan Mitrev Clinic одбележува денес 20- годишен јубилеј

Почитувани,

За среќата се вели дека е единствената работа која се множи кога се дели, а ние сме пресреќни што токму денес ќе можеме со вас да споделиме уште еден убав момент, убав настан со убав повод.

Денес, на 1 март 2020 година е датумот на кој „Zan Mitrev Clinic“ ќе го одбележи својот 20-годишен јубилеј, па по тој повод во хотелот „Александар Палас“ се предвидени низа активности со кои ќе биде одбележан овој за нас мошне значаен датум и јубилеј. Активностите ќе почнат точно напладне со симпозиум на тема: „Развој на кардиоваскуларната хирургија во последните 20 години“, а во кој учество ќе земат низа врвни стручњаци од оваа област: проф. д-р Марко Турина, поранешен директор на клиниката за кардиоваскуларна хирургија при Универзитетската болница во Цирих, Швајцарија и поранешен претседател на Европското здружение за кардиохирургија; проф. д-р Мартин Костолни, директор на одделот за клинички услуги за кардиоторакална хирургија, Грејт Ормонд стрит – болница, Лондон, Англија; проф. д-р Џорџ Е. Саррис, директор на Институтот за срцева хирургија Атина, Грција; проф. д-р Стивен Бибевски„Џо Димаџио“ детска болница институт за срце, трансплантација на срце и механичка срцева поддршка, Холивуд, Флорида, САД; проф. д-р Слободан Илиќ, директор на одделот за кардиохирургија при Универзитетска детска клиника “Тиршовa”, Белград, Србија; проф. д-р Дитмар Шранц, Детска кардиологија, Универзитет „Јохан-Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија; проф. д-р Сотириос Прапас, директор на одделот за кардиохирургија „Хенри Дунант“ болнички центар, Атина, Грција; проф. д-р Иван Кнежевиќ, директор на центарот за трансплантација, оддел за кардиоваскуларна хирургија, Универзитетски клинички центар Љубљана, Словенија; проф. д-р Јорг Бабин Ебел, Клиника за кардиоваскуларна хирургија, „Бад Нојштадт“, Германија, проф. д-р Бојан Биочина, директор на одделот за кардиохирургија при Универзитетска болница „Ребро“, Загреб, Хрватска; д-р Милан Миовиќ, општа болница „Медигроуп“,Белград, Србија; проф. д-р Антон Мориц, поранешен директор на одделот за кардиоваскуларна и торакална хирургија на Универзитетската клиника за торакална и кардиоваскуларна хирургија во Франкфурт, Германија. Честа да го заокружи симпозиумот ќе му припадне на акад. д-р Жан Митрев, директор на „Zan Mitrev Clinic“.

По завршувањето на симпозиумот (по 17 часот) за сите гости е предвидена коктел-забава со богата програма, во чии рамки дружењето продолжува во неформална и опуштена атмосфера, со срца отворени за размена на мислења, насмевки и убава енергија за која дополнително ќе се погрижат музичкиот виртуоз, уникатниот Павле Камилоски во придружба на камерен оркестар, како и музички хирург Влатко Стефановски, кој заедно со својата придружба ќе ја зачини славеничката атмосфера.

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

Тест за детекција на корона вирусот во Zan Mitrev Clinic

Нашата Лабораторија за генетика и персонализирана медицина е единствената која Ви нуди детекција на новиот смртоносен коронавирус (SARS-CoV-2) со RT-qPCR тест според протоколот на CDC (https://www.cdc.gov/).

За повеќе информации јавете се на телефонскиот број +389 2 3104 921.

Тестирањата се вршат исклучиво со преходно закажување на термин на телефонскиот број.

 

Zan Mitrev Clinic на меѓународна конференција за медицински туризам во Атина

Во Атина од 12 до 14 февруари се одржа меѓународна конференција и работилница за медицински туризам. На конференцијата нашата клиника беше претставена со своите претставници, Викторија Дојчиновска раководител на администрација и д-р Елена Амбаркова Виларова медицински директор.

Настанот беше одлично организиран од страна на компанијата EUROEVENTS на глобално ниво со бројни гости од оваа индустрија. На работилницата беа одржани повеќе средби и состаноци со професионалци кои се занимаваат со медицински туризам.  Претставници од Грција, Белгија, Германија, Кипар, Египет, Италија, Романија, Русија, Украина, Хрватска, Израел, Индија, Малезија, Шведска, Швајцарија, Англија, Турција, Обединети Арапски Емирати, Америка добиа повеќе информации за Zan Mitrev Clinic и можностите кои ги нуди во насока на развивање на медицинскиот туризам во иднина.

 

Агендата на конференцијата беше распоредена во два дена со усни презентации и еден ден работилница B2B (business to business). Се зборуваше за теми поврзани со улогата на јавната политика во унапредувањето на индустријата за медицински туризам како и за безбедност на пациентите како приоритет на давателите на здравствена нега. Исто така се разговараше и за филозофијата на делување наречена „Пациентот на прво место- од филозофија до пракса“ што всушност е правило на делување на нашата клиника од почетокот на своето постоење.

Новите маркетинг пристапи за добивање на нови пациенти како и дигитална комуникација и маркетинг на искуството на клиентот во здравството исто така добиа значајно внимание на конференцијата.

 

На средбите беше потенцирано дека медицинскиот туризам или медицинско патување, глобална здравствена грижа, е процес во кој пациентите патуваат во друг регион или земја за медицинска или здравствена услуга. Се повеќе луѓе ширум светот ги заобиколуваат нивните локални даватели на медицински  услуги и одбираат да патуваат илјадници километри за здравствена нега. Тоа го прават од неколку причини:

 

–        За подобар квалитет (пациентите бараат искусни лекари и објекти, како и врвна медицинска технологија)

–        За заштеда (бараат опции за помалку скапа медицинска нега)

–        брз пристап (сакаат брзо закажување на третмани и прегледи, организирано патување и престој)

–        достапност (процедури кои не се извршуваат во нивната земја)

20 години „Zan Mitrev Clinic“: Две децении кардиоваскуларна хирургија, две децении максимална посветеност на здравјето и потребите на…

Почитувани,

1 март 2020 година е датумот на кој „Zan Mitrev Clinic“ ќе го одбележи својот 20-годишен јубилеј. По тој повод, токму на 1 март во хотелот „Александар Палас“ се предвидени низа активности со кои ќе биде одбележан овој за нас мошне значаен датум и јубилеј.

Одбележувањето ќе започне точно напладне со симпозиум на тема: „Развој на кардиоваскуларната хирургија во последните 20 години“, а во кој учество ќе земат низа врвни стручњаци од оваа област, и тоа проф. д-р Марко Турина, поранешен директор на клиниката за кардиоваскуларна хирургија при Универзитетската болница во Цирих, Швајцарија и поранешен претседател на Европското здружение за кардиохирургија; проф. д-р Мартин Костолни, директор на одделот за клинички услуги за кардиоторакална хирургија, Грејт Ормонд стрит – болница, Лондон, Англија; проф. д-р Џорџ Е. Саррис, директор на Институтот за срцева хирургија Атина, Грција; проф. д-р Стивен Бибевски – „Џо Димаџио“ детска болница институт за срце, трансплантација на срце и механичка срцева поддршка, Холивуд, Флорида, САД; проф. д-р Слободан Илиќ, директор на одделот за кардиохирургија при Универзитетска детска клиника “Тиршовa”, Белград, Србија; проф. д-р Дитмар Шранц, Детска кардиологија, Универзитет „Јохан-Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија; проф. д-р Сотириос Прапас, директор на одделот за кардиохирургија „Хенри Дунант“ болнички центар, Атина, Грција; проф. д-р Иван Кнежевиќ, директор на центарот за трансплантација, оддел за кардиоваскуларна хирургија, Универзитетски клинички центар Љубљана, Словенија; проф. д-р Јорг Бабин Ебел, Клиника за кардиоваскуларна хирургија, „Бад Нојштадт“, Германија, проф. д-р Бојан Биочина, директор на одделот за кардиохирургија при Универзитетска болница „Ребро“, Загреб, Хрватска; д-р Милан Миовиќ, општа болница „Медигроуп“,Белград, Србија; проф. д-р Антон Мориц, поранешен директор на одделот за кардиоваскуларна и торакална хирургија на Универзитетската клиника за торакална и кардиоваскуларна хирургија во Франкфурт, Германија.

Честа да го заокружи симпозиумот ќе му припадне на акад. д-р Жан Митрев, директор на „Zan Mitrev Clinic“.

По завршувањето на симпозиумот за сите гости, чија бројка со оглед на веќе пристигнатите потврдни одговори, ќе биде навистина импозантна е предвидена коктел-забава со богата програма.

20 години  „Zan Mitrev Clinic“: Новата ера во македонската кардиоваскуларна хирургија почнува да се испишува на 1 март 2000 година

„Zan Mitrev Clinic“ на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје. Официјално, болницата беше отворена на 1 март 2000 година, а медицинското стартување е одбележано со првата бај-пас операција во Република Македонија, водена од академик д-р Жан Митрев. Токму на тој 1 март 2000 почнува да се пишува историјата во македонското здравство, новата ера во македонската кардиоваскуларна хирургија. Две години подоцна, односно во 2002 година е направена и првата операција на отворено срце врз буден пациент.

Интересот за оваа установа почнува секојдневно да расте, а со тоа потребата од нови услови за работа. Потребите за згрижување на пациентите иницираат уште едно реновирање, а стариот оддел, истата оваа 2002 година, е заменет со модерен и современ оддел. Веќе следната година стартуваат третманите на вродени срцеви заболувања. Успешно е поставен првиот АСН occluder, и тоа на преткоморен дефект кај 4-годишно момче. Во 2008 година стартува со работа новиот, софистициран дијагностички центар кој стана еден од водечките центри во регионот, со работно време 24/7.

Десетгодишнината од основањето на болницата, 2010 година, беше одбележана со бројка од 10 000 операции. Денес „Zan Mitrev Clinic“ не само кај нас, туку и во регионот е препознатлива како софистициран, современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќето медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега.

Успешната приказна не завршува тука, напротив. Научните достигнувања низ годините носеа и соодветни звања и награди. Така, во 2002 година, д-р Митрев беше промовиран за Академик на плато. Активностите на тимот на д-р Жан Митрев се промовираа и презентираа на повеќе светски конгреси, од каде се враќаа како добитници на бројни награди и признанија. Од многубројните признанија добиени овде и во странство би ја издвоиле престижната наградата од EUROPE BUSINESS ASSEMBLY и Сократ комитетот, од областа на здравството, „Најдобар здравствен менаџер и најдобра болница“.

Приказната добива нова димензија пред четири години, односно на одбележувањето на 16-та годишнина од формирањето кога е отворен новиот објект кој е со пет пати поголем капацитет и го носи името „Zan Mitrev Clinic”. Изграден е според највисоки стандарди, со уникатен ентериер, врвна медицинска опрема, комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух и максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите. Потврда за успешното работење е престижната награда за најдобар менаџер и болница со најдобар квалитет на здравствени услуги, која му припадна на академик д-р Жан Митрев, во конкуренција со здравствени центри од Европа и Блискиот Исток. „Zan Mitrev Clinic“, во ноември 2017 година, го доби и златниот печат за квалитет и безбедност од Joint Commision International и со тоа стана првата болница, која за неполна година, влезе во семејството на најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет. Продолжи и развојот на детската кардиохирургија, која функционира од самото основање на болницата, а во декември 2018 година, како врв на медицинскиот развој, ја стартуваше и ја разви и програмата со механичка циркулаторна поддршка за третман на срцева слабост. Во април истата година „Zan Mitrev Clinic“ ја доби државната акредитација за квалитет од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

После две децении исполнети со максимална посветеност на здравјето и потребите на нашите пациенти, и понатаму ќе продолжиме да работиме со истото темпо и според највисоките медицински стандарди, секогаш во чекор со модерната технологија.

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

Бесплатен педијатриски преглед за новороденчињата од општина Центар


Денеска 
Zan Mitrev Clinic додели 87 ваучери на новороденчиња од општина Центар. Акцијата за доделување на вакви ваучери е согласно меморандумот за соработка што нашата клиника го има потпишано со општината Центар. 
Станува збор за педијатриски преглед за новороденчињата кои треба да го искористат во наредните три месеци од доделувањето. Нашите педијатриски служби ги очекуваат родителите на телефонскиот број 02 / 3091-484 за да закажат преглед за своето бебе.
На настанот освен родителите со нивните деца присуствуваа и претставници од локалната самоуправа предводени од градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој од страна на општината на семејствата на новороденчињата им подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари.
Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар, а од минатата година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија, меѓу кои се најде и Zan Mitrev Clinic, кои на овие семејства им донираат свои производи и услуги.

Епилепсија – како се живее со неа?

Според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО), епилепсијата е дефинирана како мозочна хронична болест која има различни етиологии и која се карактеризира со рекурентни кризи врзани за ексцесивно празнење на мозочните неврони.

Епилепсија е едно од најчестите невролошки нарушувања кое погаѓа различни луѓе на различни начини. Таа се јавува во вид на повторувани епилептични напади. Нападот наликува на внатрешна бура со грмотевици. Се јавува одеднаш, без најава и предупредување.

Не постои едноставно објаснување и често не е лесно да ја наведе причината зошто некој добива епилептичен напад и зошто нападите се повторуваат. Нашите мисли, чувства и постапки контролирани се од клетки во мозокот кои меѓусебно комуницираат преку електрични импулси, и при ненадајна навалица на поголема електрична активност доаѓа до напад. Тие се појавуваат во различни интервали, и обично се препознаваат по карактеристичните симптоми.

Меѓутоа, за нивното разликување од другите состојби од огромно значење е ЕЕГ (електроенцефалографија). Со овој метод може да се открие посебен вид на абнормалност во мозочните клетки кои доведуваат до појава на напади.

Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите на нападите и наодите на електроенцефалограф (ЕЕГ). Лекарот обично не е во можност лично да го види нападот , и му е потребен детален опис на нападот и околностите во кои тој се појавил. Многу важно е сведочењаето на очевидците зашто лицето кое има напад често поради нарушувања на свеста не е во состојба точно да опише што точно се случило. Во речиси сите случаи, потребно е да се направи ЕЕГ и МР (магнетна резонанца) или КТ (компјутерска томографија) на мозокот, ЕКГ (електрокардиографија) и лабораториски испитувања.

Конечната дијагноза ја поставува лекар специјалист кој има соодветни теоретски и практични знаења. Обично невролог или неуропедијатар. Епилепсијата е нарушување што е придружено на различни болести и состојби. Затоа можностите за лекување се многу различни и зависат од конкретните околности кои доведуваат до епилепсија. Меѓутоа, при анализа на резултатите од лекувањето на голем број на луѓе со различни форми на епилепсија, што може да се рече дека нападите не се јавуваат кај повеќе од 2/3 од оние кои редовно се на терапија., односно околу 75% од лицата со епилепсија имаат контролирани напади.

Во целиот свет е прифатено мислењето дека, иако епилептичните напади се многу сложени, тие обично спаѓаат во две категории: делумни или жаришни, од една страна, и општи, од друга страна. Делумните или жаришни напади почнуваат во еден дел од мозокот [односно во жариште во мозокот] и влијаат врз оној дел од телото што тој дел од мозокот го контролира. Општите напади го зафаќаат целиот мозок па затоа влијаат на целото тело.

Дали епилепсија може да се излечи?

Под поимот излекувано се смета состојба во која е целосно исчезнато, и малку е веројатно да се повтори. Кога се зборува за епилепсијата ситуацијата е малку поинаква. Постои голем процент на лица со епилепсија, особено деца, каде епилепсијата се “излекувала“ односно нападите исчезнале, а терапијата по препорака на лекар е прекината. Во просек 80% од останатите луѓе со епилепсија можат да ги контролираат своите напади со лекови, што значи,можат да водат нормален живот. Успехот зависи од видот на епилепсијата, точната дијагноза, изборот на лекови, евентуални оштетувања кои ги предизвикала епилепсијата и социјални проблеми.

Меѓутоа, во некои поединци, нападите продолжуваат и покрај правилниот третман. Овие луѓе, чии епилептични жаришта се наоѓаат во посебена “регија” на мозокот, нападите може да ги спречат со хируршки лекување. Секојдневното земање лекови под редовни лекарски надзор, може да ги спречи напади. Каде што е можно, лекарите користат само еден лек при третманот. И по прекинувањето на нападите, треба да се продолжи со земањето лекови, уште неколку години, но само со насоки и контрола на лекар, кој ја третира епилепсијата и може да почнесо нивно исклучување.

Нагло прекинување на лековите, може да доведе до посериозни напади, серија на напади (еден напад по друг) или статус епилептикус (продолжен напад, со отсуство на свест меѓу нападите), кои можат да го загрозат животот на пациентите. Обезбедувањето на подобар квалитет на живот е главниот мотив на севкупниот развој и огромните истражувачки напори во областа на медицината.Терапиското третирање на болните од епилепсија е од кардинално значење за нив токму поради оваа причина.Притоа треба особено да се внимава да се земе точно определената доза од лекарот и тоа во точно определеното време,бидејќи предозирањето со овие хемикалии кои ја контролираат мозочната активност може да доведе до опасни последици.

Мануелна лимфна дренажа

Што е лимфен систем?

Лимфниот систем е вториот циркулаторен систем покрај крвоносниот и е од отворен тип.Се состои од лимфни садови,лимфни јазли и лимфоидни органи низ кои постојано циркулира лимфата. Главната улога на лимфниот систем е да се собере вишокот течност од ткивата,да се прочисти и да се врати во крвотокот. Оваа е важна улога бидејќи многу супстанции континуирано истекуваат од капиларите во крвта во околните ткива. Кога лимфниот систем не може да успее да ги измие овие вишок течности,тие можат да се акумулираат, да предизвикаат оток и потенцијално да го зголемат ризикот од инфекција. Ефикасен лимфен систем помага да го одбрани телото од бактерии,вируси и габи кои можат да предизвикаат болест. Лимфниот систем ја исфрла течноста во специфични региони на телото како што се пазуви и препони,каде што има концентрација на лимфни јазли.Лимфните јазли содржат лимфоцити(вид на бели крвни клетки) и некои од овие лимфоцити содржат антитела кои се борат против бактериите и ја спречува инфекцијата од ширење низ телото. Лимфната дренажа го забрзува текот на лимфата во лимфниот систем и нејзиниот капацитет да се бори против болестите и вирусите,отстранува отрови и отпадни материи, го намалува отокот, ја филтрира лимфната течност и крв што води кон подобро здравје.

Што е лимфедем?

Лимфедема или лимфна обструкција е долгорочна состојба во која вишокот течност се собира во ткивата што предизвикува оток (едем). Предизвикана е од блокирање на лимфниот систем т.е лимфен застој. Најчесто влијае на една од рацете или нозете,во некои случаи двете раце и двете нозе. Некои пациенти може да доживеат оток во главата, гениталиите или градите. Лимфедемата е неизлечива, но со правилен третман може да се контролира. Болеста поминува низ четири стадиуми:во првиот стадиум отокот само се појавува. Во вториот, отокот се појавува но изчезнува. Во третоит стадиум едемот е траен и во последниот стадиум се зголемува и доаѓа до деформации на засегнатите  екстремитети.

Разликуваме примарна и секундарна лимфедема.Примарната лимфедема е доста редка и може да биде предизвикана од мутации во некои од гените вклучени во развојот на лимфниот систем. Овие погрешни гени интерферираат со развојот на лимфниот систем, поткопувајќи ја неговата способност правилно да ја исцеди течноста.

Секундарната лимфедема има неколку можни причини, вклучувајќи:

Рак хирургија.Ракот може да се шири низ телото преку лимфниот систем.Понекогаш хирурзите ги отсрануваат лимфните јазли за да го спречат ширењето.Постои ризик да влијае на лимфниот систем, што доведува до лимфедема.

Терапија со радијација: Употреба на радијација за уништување на канцерогено ткиво понекогаш може да оштети здраво ткиво во близина, како што е лимфниот систем и може да резултира со лимфедема.

Инфекции: Силната целулитис инфекција може да го оштети ткивото околу лимфните јазли или крвните садови.Некои паразитски инфекции, исто така, може да го зголемат ризикот од лимфедема.

Воспалителни состојби: Условите кои предизвикуваат ткивото да се издува (стануваат возпалени) може трајно да го оштетат лимфниот систем, како што се ревматоиден артритис, дерматитис и егзема.

Кардиоваскуларни болести: Овие се болести кои влијаат на протокот на крв. Некои пациенти со кардиоваскуларни болести имаат поголем ризик од развој на лимфедема, како што се DVT (длабока венска тромбоза), венски чирови на нозете и проширени вени.

Повреда и траума: Поретко, тешки изгореници на кожата или нешто што резултира со прекумерни лузни може да го зголеми ризикот од развој на лимфедема.

Лимфедемата е неизлечива, но со правилен и континуиран третман може да се контролира. Основен конзервативен метод во борба против лимфедемата е мануелната лимфна дренажа (MLD), комбинирана со компресивна терапија и нежни терапевтски вежби. Нејзината способност да го намали отокот во засегнатите делови од телото е многу добро докажана.

Што е лимфна дренажа?

Лимфната дренажа е специјализирана техника на масажа, базирана на анатомијата на лимфниот систем која е дизајнирана да го намали отокот преку подобрување на лимфната дренажа.Таа овозмжува да се пренасочи течноста од областите каде што е присутен отокот, кон функционалните лимфни јазли. Ова е важен принцип во менаџментот на лимфедемата. Во MLD се применува специфични движења на рацете на површината на кожата и се следат анатомските лимфни патишта на телото за да се промовира дренажа од погодениот екстремитет.Тоа вклучува нежно пумпање на кожата.  Како резултат на тоа, лимфниот проток низ телото се зголемува, без зголемување на филтрацијата, со што се намалуваат лимфните стази и симптомите на лимфедем

Историјат

Д-р. Емил Воддер  со својата сопруга д-р. Естрид Воддер од Данска се првиот медицински тим во почетокот на 20 век кои пројавиле интерес поблиску да ја испитаат работата на лимфниот систем, следејќи ги отечените лимфни јазли кај луѓето со настинки. На крајот ја измислуваат мануелната лимфна дренажа, исто позната како лимфна масажа. Формираат школа во 1967 год. за едукација на медицински професионалци заинтересирани за учење на MLD и имаат поставено стандард за практика. Иако во овие денови методот се користи првенствено за лекување на лимфедемата, нивните техники продолжуваат да се изучуваат непроменети. Понатамошното разбирање на лимфниот систем инспирираше појава на варијации врз оригиналните методи, сепак Воддер методот останува најшироко користен.

Мануелната лимфна дренажа се обидува да го охрабри природното движење на лимфата преку лимфниот систем. Се фокусира на областите што задржуваат вишок течност и се обидува да го стимулира лимфниот проток со помош на неколку различни техники за движења на рацете. Овие движења се поделени во две главни фази:

– работна фаза или фаза на расчистување со примена на нежен притисок во областа и нејзино поттикнување на движење.

фаза одмор или реапсорпција.

Овие движења се бавни и повторувачки во сесија која трае од 45мин до 90 мин, изведени од страна на професионални лиценцирани MLD терапевти. Тие ги определуваат  бројот на сесии и нивното времетраење во зависност од тоа како телото реагира на масажата и колку бргу се реапсорбира течноста. Факт е дека периодот на опоравување е долг но за среќа третманот е безболен и делува пријатно и релаксирачки врз пациентот и се покажал како најдобар метод во контрола на лимфедемата.

Предности

Активирање на циркулација на течности, зголемување на контракцијата на лимфните садови, цедење на токсини, макромолекули, масти и стимулирање на имунолошкиот систем, намалување на мускулни грчеви, стимулирање на парасимпатичкиот систем, подобар квалитет на спиење и најважно намалување на едемата(отокот).

Несакани ефекти и мерки за претпазливост

Лимфната дренажа треба да се избегнува кај лица со конгестивна срцева слабост, воспаление или инфекција на лимфните садови, активни крвни згрутчувања (ДВТ) или длабока венска тромбоза, кожни инфекции, висока фебрилност . Во секој случај пред да почнете со терапија посоветувајте се со вашиот терапевт и дискутирајте за вашата медицинска историја и за било какви промени кои ке се појават во периодот на лекувањето.

Ивана Костадинова

Дипл.Кинезитерапевт

Тел.02/3091484

Моб.078386554

Е-маил: ivana.kostadinova@zmc.mk

Се одбележува Светскиот ден на ракот под мотото „Јас сум и Јас ќе “


Денеска се одбележува Светскиот ден на ракот. Тој има за цел да спречи милиони смртни случаи секоја година преку подигање на свеста и едукација за канцерот со влијание врз владите и поединците ширум светот да преземат акција против оваа болест.

2020 година е средината на 3-годишната кампања „Јас сум и Јас ќе“.

„Јас сум и Јас ќе “ е моќен повик за акција повикувајќи на лична обврска и ја претставува моќта на индивидуалните активности преземени сега да влијаат врз иднината.

 Ракот претставува голема група на болести, кои вклучуваат неконтролиран раст на клетките. Клетките се делат и растат неконтролирано, формирајќи малигни тумори. Ракот може да се прошири на околните ткива, а исто така, може да се прошири и на подалечни делови на телото преку лимфниот систем или крвотокот. Сепак, не сите тумори се канцерогени.

Ракот предизвикува 20% од смртните случаи во Европскиот регион. Секоја година, со повеќе од 3 милиони нови случаи и 1,7 милиони смртни случаи, ракот е најважната причина за смрт и морбидитет во Европа по кардиоваскуларните заболувања.

Се проценува дека бројот на смртни случаи од рак двојно ќе се зголеми во следните 20 до 40 години, со најголем пораст во земјите со низок и среден приход, односно оние земји кои имаат помала можност да се справат со социјалното и економското влијание на болеста.

Ракот во многу случаи може да се избегне, а раното откривање значително ја зголемува можноста за лекување. Веќе доволно се знае за причините за канцер за да може да се спречи најмалку една третина од сите видови на рак, а некои од најчестите видови – вклучувајќи рак на дојка, колоректален и цервикален карцином – може да се излечат ако се откријат рано.

 

На глобално ниво, повеќе од 70% од сите смртни случаи од рак се јавуваат во земјите со низок и среден приход, кои имаат малку или никакви ресурси за превенција, дијагностицирање и лекување на ракот.

Без оглед на нивото на ресурси, сите земји можат да ги имплементираат четирите основни компоненти на контрола на ракот:

– превенција,

– рано откривање,

– дијагностицирање

– лекување и палијативна нега

Со тоа може да се избегне појавата на многу нови случаи на рак, многу случаи да се излекуваат, како и да се намали страдањето на заболените од рак.

Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Во Македонија после болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2018 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 179,8%000 во 2018 година.

Во периодот 2010-2018 година стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години бележи надолен тренд и се движи од 881,1 во 2010 година до 805,1 во 2018 година на 100000 население.

Кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2018 година е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 66,9 во 2014 година и 68,3 на 100 000 мажи во 2018 година.

Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2018 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 26,4 во 2018 година на 100 000 жени.

Клучни факти за канцер

  • 9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година.
  • Најмалку една третина од честите форми на рак може да се спречат.
  • Ракот е втората водечка причина за смрт во светот.
  • 70% од смртните случаи од рак се јавуваат во земјите со низок и среден приход.
  • До 3,7 милиони животи може да се спасат секоја година со спроведување на соодветни стратегии за превенција, рано откривање и третман.
  • Вкупната годишна потрошувачка за ракот се проценува на 1,16 трилиони американски долари.

( Информации од Институт за јавно здравје )