Револуционерен пристап за лекување на дијабетични рани на стaпалото и спречување ампутации

Третманот на пациенти со дијабетес, покрај основната терапија за одржување на нормална гликемија, треба да вклучува и рана детекција на невропатијата. Исхемијата, невропатијата и инфекциите претставуваат три основни фактори кои придонесуваат за развој на дијабетични улкуси на стапалата. Често, инфекцијата која настанува како последица на веќе присутна невропатија и исхемија води кон ампутација. За да не се случи тоа потребо е да се реагира навремено и соодветно.

Дијабетесот е глобален здравствен предизвик со сè поголема инциденца на светско ниво. И покрај континуираните напори за развој на нови лекови и стратегии за одржување на нормални гликемиски вредности, потребно е внимателно следење на можните компликации на оваа болест.

Кај дијабетичарите, хроничната хипергликемија доведува до акумулација на сорбитол во нервните клетки, што резултира со задржување на вода и оток на нервот. Кога едематозниот нерв минува низ тесни анатомски структури, како што се нервните тунели, тој е подложен на компресија, што доведува до периферна невропатија – еден од главните фактори за појава на дијабетични улкуси. Покрај тоа, кај овие пациенти е зголемен ризикот од периферни васкуларни заболувања, оштетено заздравување на раните и намалена способност за справување со инфекции.

Тарзалниот тунел, лоциран на внатрешната страна на глуждот, е анатомски ограничен простор кој е формиран од коските на стапалото и цврстиот флексорен ретинакулум. Внатре во него се наоѓаат и неколку значајни структури нерви, тетиви и мускули.

Задниот тибијален нерв (N. tibialis posterior) е главниот нерв што минува низ тарзалниот тунел и е одговорен за сетилната инервација на стапалото и глуждот. Движејќи се низ овој анатомски простор, тој се разгранува на неколку сензитивни гранки кои инервираат различни региони на стапалото. Покрај сензорната функција, задниот тибијален нерв (N. tibialis posterior) и неговите гранки играат клучна улога и во моторната контрола на стапалото. Кај пациенти со дијабетес, невропатските оштетувања на овие нерви можат да доведат до губење на чувствителноста, со што стапалото станува подложно на механички повреди и појава на дијабетични улкуси. Намалената перцепција на болка кај овие пациенти често резултира со ненавремено препознавање на повреди, што дополнително ја влошува состојбата и доведува до компликации кај веќе присутните улкуси.

Современите истражувања и искуства од водечки медицински центри ја нагласуваат важноста на декомпресијата на тарзалниот тунел во подобрување на функцијата на нервите и микроциркулацијата. Затоа, раната детекција на невропатијата кај пациенти со дијабетес е од суштинско значење за превенција на тешки компликации. Покрај контролата на гликемиските вредности, неопходно е редовно следење на состојбата на кожата на стапалото и присуството на невролошки симптоми како што се болка (со проценка на нејзиниот интензитет и локализација), парестезии, вкочанетост, чувство на пецкање, губење на моторните вештини и судомоторни нарушувања.

Методот на Делон

Ова е ефикасен метод воведен од д-р Делон (Dellon) професор по пластична и неврохирургија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор – САД, инаку истакнат хирург и научник, кој се смета за еден од пионерите во хирургијата на периферни нерви поради воведените бројни техники и постулати во оваа област. Овој негов метод се користи за декомпресија на тарзалниот тунел и се применува кај пациенти со дијабетична невропатија. Бидејќи дијабетесот е системско заболување кое, меѓу другото, ги зафаќа и периферните нерви, кај пациентите често се развива невропатија, особено во пределот на стапалата. Ова води до намален сензибилитет, чувство на тежина, нестабилност при одење, чувство на горење и зголемен ризик од развој на дијабетични улкуси. Овие улкуси често се хронични и тешко заздравуваат, а нивната инфицираност може брзо да напредува, што во многу случаи доведува до потреба од ампутација на погодениот екстремитет.
Токму благодарение на соработката со него и личната подршка, овој метод се применува во Македонија.
Секако клучно за постигнување на оптимални резултати кај лица со дијабетична невропатија е дали тие одговараат за оваа процедура. За важен клинички показател за периферна невропатија се смета позитивниот Тинел (Tinel) знак, со 92% позитивна предиктивна вредност кај дијабетична невропатија и 88% кај идиопатска невропатија. По успешна декомпресија на тарзалниот тунел, често се забележува негативизирање на овој знак (Слика 2).

При клиничката евалуација на пациент со дијабетична невропатија на стапалото, често се забележуваат симптоми како болка, вкочанетост, чувство на печење и тежина во стапалото. При проценка на болката, посебно внимание се посветува на нејзиниот интензитет, локализација и отпорност на стандардна аналгетска терапија.
За објективна проценка на сензорната функција на периферните нерви на стапалото, се користи уредот така наречен Делонов дискриминатор (Dellon discriminator), со кој се изведува тестот за дискриминација во две точки (Two-Point Discrimination). Овој тест се спроведува на три специфични сензитивни региони на стапалото: медијален плантарен (MP), латерален плантарен (LP) и калканеален регион. Овие региони се инервирани од различни гранки на задниот тибијален нерв, што овозможува детален увид во состојбата на нервната функција. (Слика 3)

Слика 4: Процедурата на Dellon за декомпресија на постериорниот тибијален нерв
Стапало, лекувањето на хронични рани и долгорочната превенција на ампутации на долните екстремитети кај пациенти со дијабетес. (Слика 5)

Оваа процедура во нашата клиника ја применува д-р Софија Пејкова која како гостин предавач сподели свои искуства на годишната конфереција на Американската Асоцијација на Периферни Нерви (АСПН) која се оджа во јануари годинава

Презентација на нашите искуства од примената на техниката Делон за декомпресија на тарзалниот тунел кај пациенти со дијабетична невропатија на годишната конфереција на Американската Асоцијација на Периферни Нерви (АСПН).

Брза дијагностика на белодробна емболија

Белодробна емболија претставува болест која се карактеризира со згрутчување на крвта кое го блокира, запира протокот на крв во белодробните артерии кои ги снабдуваат белите дробови. Во повеќето случаи, згрутчувањето на крвта започнува во длабока вена на ногата и патува до белите дробови, и тогаш зборуваме за венски тромбемболизам. Но постои белодобрна емболија која настанува ин ситу, без предходна длабока венска тромбоза и тогаш најчесто се работи за генетски пореметувања во коагулацијатана крвта.

Бидејќи е можно едно или повеќе згрутчувања да го блокираат протокот на крв во белите дробови, белодробната емболија може да биде опасна по живот. Сепак, навременото дијагностицирање и навремено започнато лекување во голема мера го намалува ризикот од смрт.

Како да препознаете дека имате белодробна емболија?

Симптомите на белодробна емболија може да варираат во зависност од тоа колкав дел од вашите бели дробови се засегнати, големината на згрутчувањето и дали имате друга белодробна или срцева болест.

Вообичаените симптоми вклучуваат:

-Губење здив, задишување – овој симптом обично се појавува ненадејно, присутен е и кога се одмарате и се влошува при физичка активност.
-Болка во градите – можеби ќе се чувствувате како да имате срцев удар. Болката е често остра и се засилува при длабоко вдишувње, а може и да ве спречи да земете длабок здив. Може болката да ја почувствувате и кога кашлате, се наведнувате или се свиткувате.
-Несвестица – може да се онесвестите ако ненадејно ви падне пулсот или крвниот притисок. Ова се нарекува синкопа.

Други симптоми кои можат да се појават со белодробна емболија вклучуваат:

-Кашлица која може да вклучува крвава или крвава слуз
-Брзо или неправилно чукање на срцето
-Зашеметеност или вртоглавица
-Прекумерно потење
-Треска
-Болка или оток во нозете, или и двете, обично во задниот дел на потколеницата
-Бледило или модра кожа на лицето, наречена цијаноза

Сите овие симптоми ги среќаваме и кај други заболувања, особено срцеви, заради што може да се случи да бидете несооодветно дијагностицирани и лекувани. А всушност, кога се работи за венски тромбоемболизам, лекувањето е специфично. Затоа, мора да споменеме дека брзото започнување со соодветна, ефикасна антикоагулантна терапија може да овозожи целосно излекување на болеста.

Кога да одите на лекар?

Белодробната емболија е болест која  е животозагрозувчка. Побарајте итна медицинска помош ако почувствувате необјаснет губиток на здив или отежнато дишење, болка во градите или несвестица.

Кои пациенти се склони кон развој на белодобрна тромбоемболија?

Сите оние кои имаат елементи од Вирхофовата тријада: стаза, хиперкогулабилност и повреда на крвниот сад, се склони кон развој на венски тробоемболизам. Оваа состојба може да се појави и како компликација од други различни заболувања на организмот.  

Засегнати се старите изнемоштени лица и бремените жени, односно сите оние кои поради друга причина се легнати во кревет, неподвжни, лица кои работат долго во седечка положба (заседнати), обезни и пациенти со разни видови на карцином кои имаат хиперкоагулабилност на крвта, како и луѓе со генетски проблеми на коагулација на крвта.

Дијагностика

Откривањето на белодробна емболија може да биде тешко, особено доколу имате други заболувања на белите дробови и срцето. Но добрата вест е дека искусен кардиолог може брзо да постави дијагноза и да даде соодветни насоки за лекување. Вообичаена пракса во нашата клиника е: земање анамнеза, комплетен ултрасонографски преглед на срце и крвни садови и крвна слика со Д-Диметри кои служат за исклучување на ВТЕ. Понекогаш се потребни и дополнителни тестови и испитувања како РТГ на белите дробови, КТ на белите дробови, Пулмоангиографија или МР на бели дробови. Во нашата клиника сите овие видови испитувања се веднаш достапни, а искусната д-р Снежана Бонгард – специјалист кардиолог е достапна за прегледи и консултации на оваа и сите останати кардио теми

Опуштено и безболно породување со „гасот за смеење“ диазотен оксид

Единствено во Клиника Жан Митрев во Центарот за мајка и бебе се спроведува безболно, природно породување со помош на седација со диазотен оксид или попознат како гас за смеење. Седацијата односно инсертирањето на гасот диазотен оксид се прави преку апаратот Master Flux Plus Device for Sedation што клиниката го набави токму за оваа намена. Овој метод на природно породување е првпат возможен во Македонија и прави породилните болки да поминат незабележано и породувањето да биде полесно и безболно.
„Седацијата со диазотен оксид е помалку инвазивна техника која носи помал ризик од несакани ефекти споредено со епидуралната аналгезија. Тоа е мешавина составена од диазотен оксид и кислород во еднаков сооднос и ја намалува болката, анксиозноста и нервозата, а тоа делува и врз рефлексот за породување, родилките се поопуштени и полесно оди породувањето. Поради ефектот на смеење кој го предизвикува, диазотниот оксид се нарекува и гас за смеење а во акушерство погоден е поради брзото дејство, брзата елиминација од телото по прекин на употребата“, вели д-р Драгица Везенкова Вучкова, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување.
Гасот се користи за аналгезија и анксиолиза и за помали акушерски интервенции но и при други болни процедури како стоматолошки, кардио интервенции, кај деца и кај популацијата со специјални потреби, но може да се употреби и како дополнителна терапија за хронична болка кај онколошки пациенти.
„Овозможува многу предности за пациентите, го редуцира стресот, ја намалува перцепцијата за болка и овозможуваа брзо опоравување. Покрај тоа може да се примени на сите пациенти со максимална безбедност и го редуцира времетраењето зафатот. Некои жени претпочитаат да користат диазотен оксид за време на контракции, а други претпочитаат да го користат за да се релаксираат помеѓу контракциите“, дополнува д-р Везенкова Вучкова.
Гасот се внесува преку мала маска за да се вдише гасот и откако ќе се отстрани маската, ефектите на диазотен оксид брзо исчезнуваат.
Диазотниот оксид е гасовито соединение кое се користи како аналгетик во медицината. Откриен во 18 век, неговата поширока употреба започнува во средината на 20 век по конструирањето на анестезиолошки апарат за самостојна примена на инхалациони анестетици. Се смета дека аналгетските и анксиолитички ефекти на N2O гасот се постигнуваат со ослободување на ендорфин во централниот нервен систем и модулацијата на патеките на болка преку дејствување на различни јонски канали и рецептори.

Агорафобија

Дали сте доживеале страв при одење низ плоштад? Дали доживувате срцебиење и се препотувате или имате чувство на недостиг на воздух и гушење додека се возите во автобус, влегувате во трговски центар или можеби додека сте на концерт? Сте се соочиле ли со застрашувачка помисла дека не може да се справите со состојбата? Или пак имате близок човек кој постојано бара да го придружувате за да излезе од дома?
Доколку одговорот на погорните прашања е потврден, станува збор за состојба на вознемиреност, силен страв, односно вид на анксиозно растројство кое се вика Агорафобија.

Кои се вистинските карактеристики на ова растројство?

Агорафобијата се карактеризира со анксиозност или страв во различни ситуации кои произлегуваат од помислата дека тешко може да избегате од дадена ситуација или дека тешко може да ви се помогне во даден момент или состојба. Овој страв често се фокусира на можноста да се доживеат симптоми слични на паника или други срамни или онеспособувачки епизоди.
Заради ваквите застрашувачки моменти најчесто лицата со агорафобија имаат тенденција да ги избегнуваат овие ситуации или бараат придружник за поддршка. Во тешки случаи на агорафобија, поединците може да остат константо врзани дома во 4 ѕида или пак се зависни од други лица за основните потреби, што го зголемува ризикот од депресија.

Кога велиме дека некој страда од агорафобија?

Лицето треба да доживува изразен страв или вознемиреност во најмалку 2 од следните 5 ситуации: користење јавен превоз, престој на отворен простор, престој во затворен простор, да стои во ред или да се наоѓа во гужва или да биде сам надвор од домот.
Во овие ситуации скоро секогаш лицето доживува непропорционален страв или анксиозност, што го наведува активно да ги избегнува истите, што потоа резултира со клинички значајна вознемиреност или функционално оштетување. Притоа, овој страв или вознемиреност не може да се припише на реална закана, социокултурни фактори, употреба или последица од прекин на употреба на психоактивни супстанции.
Симптомите мора да перзистираат најмалку 6 месеци за да се потврди дијагнозата на агорафобија.

Кои се причините за појава на ова растројство?

Причините за агорафобијата најчесто останува нејасна, но постарите истражувања сугерираат дека генетските фактори може да играат значајна улога, при што проценките за наследноста се движат од 48% до 61%. Ова особено се истакнува кај оние форми на агорафобија кои се поврзани со панично растројство, додека агорафобијата без панично растројство не покажува семејна поврзаност.
Исто така постојат и фактори кои придонесуваат за развојот на агорафобијата и тоа: негативни настани од детството, како на пример недостаток на родителска топлина, прекумерна родителска заштита, стравови од детството, рани искуства на тага или жалост и несреќно или трауматично детство.
Кај дел од лицата кои страдаат од ова растројство, се смета дека одредени елементи од карактерот се поврзани со агорафобијата, а истите вклучуваат: невротичност, чувствителност кон анксиозност (верувањето дека физичките симптоми на анксиозноста се опасни), и лица кои имаат одредени избегнувачки особини.

Третман

Ефективните стратегии за справување со агорафобијата вклучуваат рана идентификација на симптомите, брз пристап до психијатар, отворена комуникација со пациентите и соодветен третман преку психотерапија и/или фармакотерапија.
Првиот чекор е да се оствари психијатриски преглед за да се процени сериозноста на состојбата во моментот на преглед на пациентот.
Поединците и членовите на нивните семејства се едуцираат дека агорафобијата е анксиозно растројство кое се карактеризира со страв и избегнување на ситуации кои може да доведат до чувство на заробеност, беспомошност, засраменост или паника.
Психофармаколошкиот третман вклучува лекување со антидепресивни лекарства. Се препорачува и когнитивно-бихејвиоралната терапија. Иако агорафобијата може да доведе до чувство на страв и изолација, симптомите може ефикасно да се менаџираат со соодветен третман.

Компликации

Агорафобијата е поврзана со значителна вознемиреност и нарушување на секојдневното-животно функционирање, вклучувајќи намалена работна способност, зголемени денови за боледување и намалена веројатност за брак кога започнува рано. Во тешки случаи, поединците може целосно да се врзат за домот и да се потпрат на други лица за основните животни потреби. Ова може да доведе до „само-лекување со алкохол и седативни лекови“, односно нивна злоупотреба.
Состојбата сама по себе не поминува и нелекуваната форма е поврзана со зголемен ризик од развој на коморбидни состојби како што се големо депресивно растројство, перзистентно депресивно растројство и нарушувања на употребата на психоактивни супстанции. Дополнително, лицата со агорафобија се изложени на поголем ризик да искусат самоубиствени мисли или однесувања.

Прогноза

Науката го карактеризира типичниот тек на агорафобија како „упорен и хроничен“, при што целосната ремисија е ретка без третман или интервенција. Од посебно значење е дека лицето треба да се упати на доктор за побрзо утврдување на состојбата, и да се превенира развој на коморбидни состојби како што се анксиозни нарушувања, депресија, растројства на личноста или нарушувања со употребата на психоактивни супстанции.

Страбизам – причини, симптоми, дијагноза и третман

Страбизам е состојба при која очите меѓусебно не се правилно насочени и немаат синхронизирана подвижност. Тоа обично вклучува недостаток на координација на очните мускули, што онеовозможува насочување на погледот на двете очи во една иста точка, а со тоа и правилен вид. За појава на страбизам има повеќе причини. Ризик фактори за појава на страбизам меѓу другото се: како поминала бременоста, дали имало проблеми при породувањето, развојот на бебето, прележаните болести и др. Генетските предиспозиции исто така може да бидат причина за страбизам. Доколку во семејството има страбизам, големи се можностите на појава на страбизам и кај другите членови. Една од главните причини за страбизам е намалениот вид (поради далекувидост или кратковидост, мрзливо око – амблиопија, вродена катаракта, или и други состојби на окото).

Како симптоми на страбизам може да се јават: губење на паралелната поставеност на очите, солзење и болки во очите, главоболки, двојно гледање, губење на тродимензионалниот вид, заматено гледање, вртење на главата или лицето на една страна. Некои типови на страбизам што се јавуваат кај бебињата и во детскиот период се лажни. Лажното кривење на очите е оптичка илузија која се појавува поради ширината на носот и очните капаци. За целосно дефинирање на оваа состојба задолжителен е очен преглед.

Постојат повеќе типови на страбизам кои се именуваат според правецот на кривење на окото: страбизам кон внатре (Езотропија), страбизам кон надвор (Егзотропија), страбизам кон горе (Хипертропија) и страбизам кон долу (Хипотропија). Постојат и некои посебни видови на страбизам како што е страбизам во поодминати години, кој настанува поради причини поврзани со нервите кои ги контролираат движењата на очите (невролошки проблем, повреда, дијабет, кардиоваскуларни заболувања, хипертензија, разни инфекции, тумори и др).

Страбизмот поврзан со рефрактивни проблеми (далекувидост, кратковидост астигматизам) може да се лекува на повеќе начини:

  • Очила – Некои типови на страбизам настануваат поради присуство на рефрактивна аномалија. Со користење на очила страбизмот го снемува. Кај овој тип доволно е користењето на очила.
  • Оклузија (затварање) – Оваа метода во лекувањето може да се користи и при мрзливост на окото.
  • Ортоптика – се применува и за подобрување на видот на двете очи и за стекнување на чувство за длабочина (бинокуларен и стереоскопски вид). Овие две функции овозможуваат паралелно држење на очите и се многу важни во нашето секојдневие. Тие ни овозможуваат да бидеме поуспешни при возење, играње кошарка, тенис и други спортови кои бараат временска синхронизација и прецизност.
  • Операција – Кај страбизмот од раѓање по правило нема потреба од очила и потребна е операција во рана фаза (од 6 месеци до 1 година). Поголемиот дел од кривењата се јавуваат помеѓу 2-3 годишна возраст и вообичаено се корегира со користење на очила. Сепак за страбизмот кој не се корегира и покрај користење на очила, потребна е хирушка интервенција. Се претпочита еден период на чекање од 6 до 8 месеци, но во овој период на чекање може да се примени BOTOX методата со цел намалување на двојното гледање.
  • Хируршки третман на страбизам – Операциите за страбизам кај деца се вршат под општа анестезија, кај возрасни е можно и само со локална анестезија. Основниот принцип на операција е намалување или зголемување на силата на мускулите кои ги движат очните булбуси.

Со раното дијагностицирање и лекување на страбизмот може да се спречи појавата на мрзливост на окото и да се овозможи тродимензионален вид. Поради ова при појавата на сомнеж дека детето има страбизам, потребно е офталмолошки преглед и идивидуална проценка за терпевтски третман.

За да закажете термин кај нашите специјалисти офталмолози јавете се на: 02/3091-484

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Направена е сложена хибридна процедура – имплантација на биолошка валвула на митрална позиција (валвула во валвула) на 74 годишна пациентка во тешка општа состојба со нарушена функција на бубрезите и поставена на апарат за дијализа.

Овој мини-инвазивен метод на замена на протеза на митрална валвула е реткост во светски рамки а во Клиника Жан Митрев е спроведена на 74годишна пациентка. Тимот составен од кардиохирурзи, интервентни кардиолози и анестезиолози, направи успешна процедура со ТМВИ (Transcatheter mitral valve implantation procedure) имплантација на валвула, без класична операција.

„Денеска имаме еден посебен случај, екстремно сложен зафат на екстремно тешка пациентка. Овие навидум невозможни мисии со кои се продолжува животот на пациентите со години и декади, кај нас, во Клиника Жан Митрев стануваат возможни и се почести со што ги поместуваме границите на кардиохирургијата и во светски рамки. Тимот на Клиника Жан Митрев 25 години поставува нови стандарди во целосната здравствена нега и изнаоѓање начини како да помогне на што повеќе пациенти. Со современата апаратура, со примена на напредна технологија создаваме животни можности за нашите пациенти и ја оправдуваме вистинската функцијата на медицината“, истакна д-р Митрев.

Протезата на митралната валвула е поставена преку врвот на срцето во митралната позиција, без пациентката да биде класично оперирана. Разликата меѓу класична операција и оваа интервенција е што има само мало отворање на градниот кош – 5см од левата страна преку кое се пристапува до врвот на срцето и со помош на посебен катетер се вметнува новата во постоечката валвула, без притоа да се употреби вонтелесна циркулација.

„Ваквите кардиохируршки дострели укажуваат на големиот потенцијал на здравството во Македонија. Иновативниот начин на спроведување на зафатот, минимално инвазивен, безбеден за пациентот пред се, го олеснува опоравувањето на пациентот и заштедува болнички денови. Овој зафат е овозможен со пристапот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за пакет за највозрасни пациенти, кој вклучува и овој тип на интервенции и нивно значително зголемување за 2025 година, потоа поддршка на нови зафати/интервенции, како и на комплементарноста на јавниот и приватниот сектор“, истакна Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Тимот кардиохирурзи и интервентни кардиолози беше предводен од д-р Митрев, заедно со доц. д-р Оливер Бушљетиќ, специјалист по интерна медицина, супспецијалист кардиолог и д-р Вилма Ампова Соколов, специјалист по интерна медицина и супспецијалист по кардиологија.

„Пациентката претходно двапати била оперирана и имаше потреба третпат да се оперира, бидејќи протезата на митралната валвула беше комплетно пропадната. Успеавме да поставиме протеза на митралната валвула, преку врвот на срцето, во митралната позиција, без да биде пациентката класично оперирана и да биде изложена на дополнителен ризик, операција којашто таа сигурно немаше да може да ја издржи. Овој тип операција е релативна новина во применета за замена на аортна валвула, а за митралната протеза, ова се исклучително ретки случаи. Обично ваквата процедура се работи за аортна валвула, а кај митрална многу ретко. Кај оваа пациентка, бидејќи два пати претходно и бил отворан градниот кош, ова беше единствена опција за да и го спасиме животот. Ова беше единствена шанса за позитивен исход за пациентката“, истакна д-р Бушљетиќ.

Пациентката првпат била оперирана во 1994 година на ВМА во Белград, а вторпат во 2011 година во Клиника Жан Митрев каде е направена реоперација за замена на митралната валвула со биолошка протеза. Со двете операции претходно, првата на 43 години во Белград, втората по 17 години (2011) и сега по 14 години, пациентката добива 30 години живот што е доказ за борбата на докторите и соодветна примена на модерна медицина во функција на спасување и продолжување на живот.

Акцијата продолжува

На барање на нашите пациенти, специјалистичкиот офталмолошки преглед повторно со поволна цена.

Центарот за офталмологија при клиника Жан Митрев во соработка со Промедика офталмологија ви овозможува -50% на специјалистички офталмолошки преглед кој опфаќа мерење на рефракција, одредување на видна острина, мерење очен притисок и преглед на преден/заден сегмент на око.
Превенцијата за вашите очи е добредојдена, особено во зима

Закажете го вашиот преглед на 📞02/3091-484

Успешно отстранет тумор со големина на топка кај млад пациент

Г-дин Благојче Тошески дојде во нашата клиника со дијагностициран ретроперитонеален тумор кој не реагирал на применетиот хемиотераписки третман. Поставеноста на истиот претставуваше дополнителен предизвик за нашиот тим кардиоваскуларни хирурзи предводиени од д-р Никола Христов кој успешно се справи со истиот. Туморот беше изваден, а г-дин Благојче е веќе дома.