Деменција – како да ги препознаете симптомите

Во моментов над 55 милиони луѓе ширум светот имаат деменција, од нив над 60% живеат во земји со низок и среден приход. Секоја година оваа бројка се зголемува со речиди 10 милиони нови случаи.
Деменцијата е резултат на различни болести и повреди кои влијаат на мозокот. Алцхајмеровата болест е најчеста форма на деменција и може да придонесе за 60-70% од случаите.
Деменцијата моментално е седма водечка причина за смрт и една од главните причини за инвалидитет и зависност од грижа кај постарите луѓе на глобално ниво.

Деменцијата е термин за неколку болести кои влијаат на меморијата, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните активности. Болеста се влошува со текот на времето. Деменцијата главно ги погодува постарите луѓе. Секако, не сите луѓе кои стареат страдаат од оваа болест.

Кои се главните фактори кои придонесуваат за појава на деменција?

  • Возраст (почесто на возраст од 65 години или постари)
  • Висок крвен притисок (хипертензија),
  • Висок крвен шеќер (дијабетес),
  • Прекумерна тежина односно дебелина,
  • Пушењето,
  • Пиење премногу алкохол,
  • Физичка неактивност,
  • Социјална изолираност,
  • Депресија.

Деменцијата е синдром кој може да биде предизвикан од голем број на болести или штетно однесување кое со текот на времето ги уништуваат нервните клетки и го оштетуваат мозокот. Овие оштетувања обично доведуваат до влошување на когнитивната функција (т.е. способноста за обработка на мислата) повеќе од тоа што може да се очекува од вообичаените последици од биолошкото стареење. Свеста не е засегната, оштетувањето во когнитивната функција е обично придружено, а понекогаш и претходи, со промени во расположението, однесувањето, мотивацијата или емоционалната контрола.

Деменцијата има физички, психолошки, социјални и економски влијанија, не само за луѓето кои живеат со деменција, туку и за нивните негуватели, семејства и општеството во целина. Често постои недостаток на свест и разбирање за деменцијата, што резултира со стигматизација и бариери за дијагноза и нега.

Што е тоа што може да укаже дека лицето боледува од деменција?

Промените во расположението и однесувањето понекогаш се случуваат дури и пред да се појават проблеми со меморијата. Симптомите се влошуваат со текот на времето. На крајот, на повеќето луѓе со деменција ќе им треба помош од други за извршување на секојдневните активности.

Раните знаци и симптоми се:

  • Заборавање на работи или неодамнешни настани,
  • Губење или погрешно поставување работи,Ггубење при одење или возење,
  • збунетост, дури и на познати места,
  • Губење на чувството за времето,
  • Гешкотии при решавање проблеми или донесување одлуки,
  • Проблеми при разговор или проблеми со наоѓање зборови,
  • Тешкотии при извршување на познати задачи,
  • Визуелно погрешно проценување на растојанијата до предметите.

Вообичаените промени во расположението и однесувањето вклучуваат:

Чувство на вознемиреност, тага или лутина поради губење на меморијата,
Промени на личноста,
Несоодветно однесување,
Повлекување од работа или социјални активности,
Помала заинтересираност за емоциите на другите луѓе.

Деменцијата влијае на секој човек на различен начин и зависат од основните причинтели за појава, други здравствени проблеми и когнитивното функционирање на лицето пред да се разболи.

Повеќето симптоми се влошуваат со текот на времето, додека други може да исчезнат или да се појават само во подоцнежните фази на деменција. Како што болеста напредува, потребата за помош за лична нега се зголемува. Луѓето со деменција можеби нема да можат да ги препознаат членовите на семејството или пријателите, да развијат потешкотии при движењето, да изгубат контролата врз мочниот меур, да имаат проблеми со јадење и пиење и да доживеат промени во однесувањето, како што се агресија кои се вознемирувачки за лицето со деменција, како и оние околу нив.

Вообичаени форми на деменција

Деменцијата е предизвикана од многу различни болести или повреди кои директно и индиректно го оштетуваат мозокот. Алцхајмеровата болест е најчеста форма и може да придонесе за 60-70% од случаите. Други форми вклучуваат васкуларна деменција, деменција со тела на Луи (абнормални депозити на протеини во нервните клетки) и група на болести кои придонесуваат за фронтотемпорална деменција (дегенерација на фронталниот лобус на мозокот). Деменцијата може да се развие и по мозочен удар или во контекст на одредени инфекции како ХИВ, како резултат на штетна употреба на алкохол, повторливи физички повреди на мозокот (познати како хронична трауматска енцефалопатија) или недостатоци во исхраната. Границите меѓу различните форми на деменција се нејасни и мешаните форми често коегзистираат.

Третман и нега

Не постои лек за деменција, но може да се направи многу за да се поддржат и луѓето кои живеат со оваа болест и оние кои се грижат за нив.

Луѓето со деменција можат да преземат чекори за одржување на квалитетот на нивниот живот и промовирање на нивната благосостојба со:

  • Одржување на физичка активност
  • Учество во активности и социјални интеракции кои го стимулираат мозокот и ја одржуваат секојдневната функција.
  • Примена на лекарства кои го успоруваат процесот на напредување на деменција.

Грижата за металното здравје започнува и пред да се појават симптоми за некое душевно страдање. Може да закажете консултација или психијатриски преглед кај д-р Марија Костадиновска, специјалист по психијатрија на: 02/3091-484.

Најчести здравствени проблеми во летниот период

Секоја сезона има свои особености кои влијаат позитивно или негативно на здравјето. Летото не е исклучок и тоа со себе носи непријатности кои најчесто се последица на зголемени температури, патувањата и поминување повеќе време на отворено.
Дознајте кои се најчестите здравствени проблеми во лето и како да се справите со нив.

Стомачен вирус. Докажано е дека во лето почесто се појавуваат стомачни вируси кои се карактеризираат со повраќање и дијареа. Причинители за појава на стомачен вирус се бактериите присутни во храната, количински зголемен внес на храна и алкохол и консумирање расипана или несоодветна храна. Најчесто стомачниот вирус претставува сериозна состојба и затоа треба да внимавате на исхраната и да земате пробиотици.

Алергија. Зголемувањето на случаите на алергија во лето обично се должи на проширување на листата на храна со разновидни и егзотични јадења како дел од летното мени, но и поради јадење надвор од домот за времена летните патувања. Ако се појави блага алергиска реакција, доволно за ставање под контрола е антихистаминската терапија. Сепак не заборавајте дека при појава на алергиска реакција важно е да се консултирате со специјалист за да се открие потеклото на реакцијата.

Конјунктивитис. Тоа е болест на очите и се состои од воспаление предизвикано главно од вируси или бактерии. Карактеристични симптоми се чешање и иритација на очите. Обично трае најмногу една недела. Тоа е заразна болест и бара медицинска помош и изолација за да се избегне ширење на заразата.

Изгореници од сонце. Во лето, изложувањето на сонце се зголемува и вообичаено е оваа изложеност да биде прекумерна и да предизвика изгореници од различни видови на различни делови од нашето тело. Неколку часа подоцна, погодената област покажува црвенило на кожата и болка при допирање. Тоа се обично изгореници кои не се сериозни, но бараат време да исчезнат и бараат постојана хидратација. Во одредени, доколку изгорениците се сериозни, потребно е да се оди на лекар за да се добие здравствена заштита.

Габична инфекција. Овој здравствен проблем се состои од воспаление на кожата и често ги погодува стапалата. Таа е предизвикана од влагата од потта или од неправилно сушење после туширање или пливање во море или базен. Се карактеризира со многу здодевно чешање и бара медицински третман.

Инфекции на увото. Една од најчестите болести е таканаречениот надворешен отитис или пливачко уво. Ова е инфекција на надворешниот слушен канал. Најчеста причина е таложење на вода во увото по пливање. Влагата што останува во увото го поттикнува размножувањето на одредени бактерии. Друга честа причина се оштетувањата на ушниот канал настанати од ставање прсти или одредени предмети во увото. Поретки се инфекциите предизвикани од вируси или габи и изложеност на контаминирана вода. Почетниот третман обично се прави со капки и често е доволен за да се врати во нормала во рок од неколку дена. Во потешки случаи, треба да се користат антибиотици секако по преглед и препорака од доктор.

Настинка. Во лето тие се многу чести особено поради постојаните температурни промени на температурата кои се случуваат при движење од прекумерна топлина надвор кон пониската температура на климатизирани простори. Повеќето случаи се благи, но може да се појави потреба за контрола на состојбата и симптомите со лекови.

Циститис. Станува збор за блага уринарна инфекција која настанува, меѓу другите причини, и од долготрајно носење мокра облека. Предизвикува непријатност при мокрење која не е многу интензивна, но доколку не се лекува може да настане сериозна инфекција која предизвикува треска. При лесни симптоми препорачливо е често пиење вода. Доколку е посериозно треба да се консултирате со специјалист гинеколог бидејќи може да биде неопходно да се земаат антибиотици.

Убоди/каснување од инсекти. Во лето има многу повеќе инсекти отколку во остатокот од годината. Затоа луѓето се поизложени на убоди/каснувања, при што сериозноста зависи од видот на инсектот. Најчестите убоди (комарци, пчели или оси) обично не предизвикуваат сериозни проблеми освен ако не сте алергични. Кога планирате патување во странство, треба да се информирате каков тип на инсекти има, дали нивниот напад може да предизвика некакви здравствени проблеми и што треба да направите доколку тоа се случи.

Да се доближи здравствената професија до децата е благородна задача

Во рамки на летениот камп организиран од Тинкер Лабс Македонија (интернационална СТЕАМ франшиза за изучување на природни науки за деца на возраст од 3 до 14 години), имавме посета на 20 деца и неколку учителки кои одблизу се запознаа со професијата доктор, сестра, лаборант и имаа прилика да видат како функционира здравствена институција. Се надеваме дека побудивме интерес и им помогнавме да одговорат на прашањето Што сакам да бидам кога ќе пораснам?

Се што треба да знаете за миоми на матката

Миоми (фиброми) на матката се неканцерозни израстоци на мускулното ткиво на матката. Може да е еден или повеќе со различни големини.

Неколку генерални карактеристики

  • Вообичаено ги погодуваат жените на возраст меѓу 30 и 40 години.
  • Доколку се појавиле на помлада возраст, миомите растат побрзо.
  • Постоење на миом кај член од семејството, укажува на зголемен ризик за вас.
  • Прекумерната тежина (дебелината) и високиот крвен притисок, се дополнителни ризик фактори кои ја зголемуваат можноста да ви се појави миом.

Симптоми

Миомите (фиброиди) можат да предизвикаат многу благи симптоми, воопшто да немате симптоми, но и да бидат сериозни како:

  • Притисок врз мочниот меур или ректумот
  • Често мокрење
  • Инконтиненција на урина (неволно, неконтолирано подмочување)
  • Запек и/или ректална болка
  • Болка во долниот дел на грбот и/или стомакот
  • Надуеност, болна непријатност во пределот на вашиот стомак
  • Промени во менструалниот циклус, обилни крварења

Што ги предизвикува миомите?

Сеуште нема конкретен одговор што точно што ги предизвикува миомите. Утврдено е дека нивниот раст е поврзан со женските хормони естроген и прогестерон. А студиите покажуваат дека поголема е веројатноста да добиете миом доколку менструалниот циклус ви започнал на помлада возраст.

Компликации

  • Анемија. Некои жени со миом кои имаат невообичаено обилно крварење за време на менструацијата и/или пред/потоа. Ккао резултат на тоа стануваат анемични, со чувство на замор и недостаток на енергија, а во сериозни случаи, до проблеми со срцето.
  • Проблеми со плодноста и бременоста. Во некои случаи, миомите може да ги блокираат јајцеводите или ако растат долж внатрешниот ѕид на матката може да го отежнат закачувањето на оплодената јајце клетка.
  • Поголемите миоми може да трпат внатрешен распад чии продукти како непожелни се разнесуваат во општата циркулација во организмот на жената.

Кога да се обратите на лекар?

  • Обилно крварење за време на менструацијата
  • Циклуси кои станале поболни од претходно
  • Често мокрење или неможност да го контролирате протокот на урина
  • Промена во времетраењето на менструацијата
  • Нова, долготрајна болка или тежина во долниот дел на стомакот или карлицата
  • Планирање на бремености пoстоење на миом
  • Анемија

Ново во Клиника Жан Митрев!

Ново во Клиника Жан Митрев! Единствeно во Македонија на одделот за естетска дерматологија пристигна – Nordlys најмоќниот и технолошки најнапреден ласер од американскиот премиум бренд Candela. Оваа ласерска платформа 5 во 1 за прв пат достапна во клиниката, овозможува вистинско решение за дерматолошки и естетски проблеми како:
• трајно отстранување на влакна,
• брчки,
• лузни и стрии,
• хиперпигментации,
• розацеа,
• телеангиектазии,
• хемангиоми,
• капилари и вени,
• бенки,
• брадавици,
• габични инфекции на нокти и уште многу други.

Информирајте се 072/262-385 и бидете самоуверени со вашиот најдобар изглед.
Сите третмани се со летен попуст од 10%.

Совети како да се справите со вагинални инфекции во лето

Летото е период кога всушност вагиналните инфекции можат да зачестат. Затоа информирајте се како да останете безбедни. Гинеколошките прегледи за соодветна дијагноза и навремен третман се клучни.

Зошто во лето има повеќе епизоди на вулвовагинална кандидијаза?

Главната причина за вулвовагинална кандидијаза во лето е влажноста. Поминувањето долги часови на плажа или базен со влажен костим за капење може да ја промени природната pH вредност на таа зона, поттикнувајќи ја појавата на овие инфекции. Покрај тоа, потта, предизвикана од високите летни температури, исто така може да предизвика раст на габи и бактерии во вагиналната област.

Да е потсетиме што претставува вулвовагиналната кандидијаза и кои се симптомите?

Вулвовагиналната кандидијаза (VVC) е подмолна габична инфекција која погодува 3 од 4 жени во одреден период од нивниот живот.
Најчесто, вагиналната кандидијаза е предизвикана од интестинална контаминација. И, иако не се смета за сексуално пренослива болест, редовната сексуална активност за прв пат може да го зголеми ризикот од вагинална габична инфекција. Исто така, се смета дека инфекциите може да се поврзани со контакт помеѓу устата и гениталиите, односно оралногенитален однос. Други фактори на ризик за развој на вулвовагинална кандидијаза се: исхрана богата со шеќер, бременост или постојана влага во зоната на гениталиите (носење влажен костим за капење долго време).

Симптоми на вулвовагинална кандидијаза

Симптомите на вулвовагинална кандидијаза може да се движат од благи до умерени и вклучуваат:

  • Чешање и иритација на вагината и вулвата.
  • Чувство на печење, особено при сексуален однос или при мокрење.
  • Црвенило или воспаление на вулвата.
  • Рани, како што се пукнатините во вулвата.
  • Вагинална болка и непријатност.
  • Густ, бел вагинален исцедок без мирис.
  • Воден/течен вагинален исцедок

Image by freepik

Неколку совети за спречување на вагинални инфекции во текот на летото

Во лето, важно е секогаш да ја одржувате вашата интимна област сува. Доколку често имате епизоди на кандидијаза, се препорачува често да ја менувате вашата долна облека и вашиот костим по секое капење.

Препорачливо е да користите чиста, сува крпа специјално за интимната зона.
Особено во текот на летото, важно е секогаш да носите памучна долна облека.
За време на престој на плажа избегнувајте да седите директно на карпи или песок, бидејќи овие површини, кои обично се ладни и влажни, можат да поттикнат појава на инфекции.
Се препорачува да се користат соодветни производи за интимна хигиена кои ја зачуваат вагиналната pH вредност.

Пијте многу течности. Водата помага да се елиминираат токсините и бактериите преку урина.
Во летниот период додавајте на вашата исхрана боровинки, цели зрна, ѓумбир, маслиново масло и лук. Оваа храна може да помогне во борбата против кандидијазата.

Во клиниката Жан Митрев нашиот долгогодишен тим на гинеколози ви стои на располагање за сите ваши гинеколошки проблеми.

Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Уникондиларна ендопротеза на колено


Уникондиларна ендопротеза на колено е минимално инвазивна процедура во однос на тоталната ендопротеза, при која што само оштетениот дел на коленото се заменува со имплант.
Се нарекува уште и парцијална , односно делумна ендопротеза на колено.

Гонартроза претставува хронично, дегенеративно оштетување на рскавицата на коленовиот зглоб која предизвикува болка, воспаление и ограничување на движењата. Симптомите се јавуваат постепено и со текот на времето се интензивираат. Во почетокот се изразени при одење, качување односно симнување по скали, а со напредување на болеста болката се јавува и во мирување. Може да се јави оток на коленото како и вкочанетост на зглобот. Често се јавува и деформитет на коленото во облик на О (варус) или Х (валгус) нозе.

Коленовиот зглоб е поделен на 3 компартмани (делови) : медијален (внатрешен), латерален (надворешен) и пателофеморален компартман.

Тоталната замена на коленото е индицирана кај тешки облици на артритис каде што се заменуваат сите оштетени делови на коленото.

Уникондиларната ендопротеза е хируршка опција кај пациенти кај кои што дегенеративните промени зафаќаат само еден дел од коленото (најчесто внатрешниот), додека останатите зглобни површини се интактни-незасегнати, однoсно не се оштетени.
Индикација за овој тип на хируршка интервенција се поставува врз основа на анамнестички податоци, клинички преглед и рендген графија на коленото. Во поретки случаи е потребна и магнетна резонанца на коленото. Индикацијата за уникондиларна протеза изнесува околу 50% од пациентите со гонартроза при што на тој начин се избегнува поопсежен оперативен зафат односно имплантација на тотална ендопротеза на коленото.

Кои пациенти се кандидати за уникондиларна протеза

Пациенти кај кои што дегенеративниот процес е ограничен само на еден компартман (дел) на коленото, и тоа најчесто внатрешниот. Кај истите треба да постои:

  • Стабилно колено (зачувана функција на преден вкрстен лигамент и колатерални лигаменти),
  • Добра мобилност на коленото (зачуван опсег на движења),
  • Корективен деформитет на коленото.

Кои пациенти не се кандидати за уникондиларна протеза

  • Пациенти со нестабилност на коленото (скинат преден вкрстен лигамент),
  • Пациенти со ограничени движења на коленото и контрактури,
  • Варус деформитет поголем од 10 степени и валгус деформитет поголем од 5 степени,
  • Обезни пациенти,
  • Дегенеративен процес на повеќе од еден компартман на коленото.

Хируршка процедура

Со мал рез се пристапува до оштетениот дел на коленото. Се остранува оштетениот дел од менискусот, минимално се ресецира оштетениот дел на коската на тибијата и фемурот и се поставува имплант во коленото. Не се поставува постоперативна дренажа.

Предности

  • Мал рез,
  • Зачувани лигаменти во коленотo,
  • Помала постоперативна болка,
  • Подобар обем на движења во коленото,
  • Помал губиток на крв,
  • Кус болнички престој,
  • Заменетиот оштетен дел на коленото го штити здравиот од понатамошно оштетување,
  • Краток период на опоравување и враќање на секојдневни активности

Пациентот се вертикализира на денот на операција, со оптоварување на оперираниот екстремитет. Се отпушта од болница вториот или третиот постоперативен ден во зависност од неговата општа состојба. Отстранување на конци од оперативна рана се врши на 14 постоперативен ден. Враќањето на секојдневни животни активности е 6 – 8 седмици после оперативениот третман.

Скрининг за карцином на грлото на матката, ХПВ типизација или ПАП тест?

Главна причина за појава на цервикален карцином е перзистентна инфекција со високо ризични типови на ХПВ ( хуман папилома вирус), кој е најчестата сексуално пренослива инфекција. Не секој ХПВ вирус предизвикува карцином. Такви се онкогените типови ХПВ 16 и ХПВ18 кои заедно се одговорни за преку 70 % од сите карциноми на грлото на матката.

Скрининг методи

Постојат неколку видови:

  • Молекуларен тест – тој служи за детекција на присуство на ХПВ. Познат е уште како ХПВ типизација.
  • Цитолошки тест – овде спаѓаат:

-Конвенционалниот ПАП тест и
-Liquid-based cytology (LBC)

  • Визуелна инспекција. Таа која може да се изведе на два начини:

-со помош на оцетна киселина или Lugol’s iodine
-со помош на колпоскоп или камера

Денес препораките на светските здруженија за гинекологија и акушерство поттикнуваат примена на обете методи во зависност од возраста и предходните скрининг наоди, задолжително во комбинација со визуелната инспекција.

Информации кои не смеете да ги заборавите

  • Почеток на скрининг една година по почеток на сексуални односи.
  • До 30 години скрининг со ПАП тест на 3 години доклку се негативни наодите.
  • Од 30 до 65 години постојат две опции – скрининг со цитологија секои три години или скрининг со ХПВ и цитологија на 5 години кај пациентки кои имаат негативни скриинг резултати.
  • Над 65 години скринингот може да престане кај одредена категорија на пациентки.
  • Позитивен цитолошки наод или ХПВ типизација со високо ризичен ХПВ тип – индицира понатамошни дијагностички постапки како:

-колпоскопија
-биопсија и ендоцервикална киретажа

Дефинитвна дијагноза се поставува по земање на биоптичен примерок и хистопатолошка анализа.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484