Биди здрава, биди силна!

Во месецот на женското здравје темите кои ги засегаат жените се многубројни, како од физички така и од ментален аспект.
Најголемиот страв доаѓа секако од можна појава на канцер на дојки или јајници. Но, тука се и проблемите поврзани со сексуално преносливите болести, хормоналниот дисбаланс, болестите на срцето или тироидната жлезда, како и менталното здравје.
Во тој контекст важно е секоја жена да одвои време за себе со цел превенција и справување со можните заболувања.
Ние во клиничката болница Жан Митрев овој месец имаме специјална понуда која опфаќа превентивни и дијагностички прегледи.

За да дознаете повеќе и за да закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/30 91 484.

Едноставно е – ПРЕВЕНИРАЈ!

Забрзаното животно темпо, загадениот воздух, намалената физичка активност и неправилниот начин на исхрана се дел од факторите кои влијаат на нарушување на нашето здравје. Но, што и да се случува во организмот, навеменото откривање на проблемот значи и побрза реакција и повеќе опции за решавање на истиот. Затоа не чекај, закажи превентивен преглед по акциска цена 📞02/3091-484.

Клиника Жан Митрев дел од Регионалната школа за срцева слабост

Во Скопје се одржа Регионалната школа за срцева слабост, настан кој обедини врвни професори и експерти од Европа со цел размена на знаење и најнови практики во областа на кардиологијата.

После завршување на две годишната школа за срцева слабост во Лондон која е под раководсво на проф. д-р Томас Лушер, доц. д-р Тања Анѓушева дел од организаторите на школата за срцева слабост и во нашата земја член на Македонското здружение по кардиологијa заедно со претседателот проф. д-р Јорго Костов и организациониот одбор ја организираа реализацијата на школата. Регионалната школа по срцева слабост беше подржана од Асоцијацијата за срцева слабост (Heart Failure Association – HFA) и реномираните центри London Heart House и Zurich Heart House кои неколку децении наназад традиционално ја одржуваат оваа школа. Истата е акредитирана и во Европсакиот Акредитацијски совет за континуирана медицинска едукација. Клучни предавачи на школата беа еминентниот проф. д-р Томас Ф. Лушер претседател на Европскот здружение по кардиологија, проф. д-р Марко Метра претседател на Европската асоцијација за срцева слабост, проф. д-р Петар Сеферовиќ поранешен претседател на Европското здружение по кардиологија, проф. д-р Јакопо Оивиото лидер во третманот на хипертрфичната кардиомиопатија, проф. д-р Филипо Креа одогворен за едитирање на стручни списанија при Европското здружение, проф. д-р Јадранка Стојановска лидер во Магнетната дијагностика, и многу други страни и домашни предавачи.

Клиничката болница Жан Митрев имаше активно учество преку предавањето на доц. д-р Тања Анѓушева, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија, кoja e еден од директорите на Школата. Експозето на доц. д-р Анѓушева беше на тема „Справување со акутна срцева слабост“ во сесијата наменета за Акутна и напредна срцева слабост. Свое учество имаше и проф. д-р Милка Клинчева, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија на тема „Магнетната резонца на срце во дијагностика на срцевата слабост“.

Конференцијата дополнително ја збогатија и предавачи од Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Холандија, Словенија, Шведска, Норвешка, Србија и Бугарија, кои со 250 кардилози како присутни споделија искуства и најнови сознанија, отворајќи нови перспективи за третман и истражување. На школата имаше пријавено слушатели и од Холандија, Италија, Турција и Грузија.

Денес нашето срце чукаше малку побрзо – но од радост!

По повод Светскиот ден на срцето – 29 септември, клиника „Жан Митрев“ со големо задоволство беше домаќин на малите истражувачи од групата „Стапалчиња“ при ЈДГ „Весели Цветови“ – Скопје.

Дваесет деца на возраст од 3 до 4 години, заедно со своите воспитувачки и директорката на установата, ја посетија нашата клиника и одблиску да се запознаа со работата на лекарите, значењето на здравото срце, хуманата мисија на медицинскиот тим, како и со возилата за „брза помош“.

Преку едукативна и забавна програма, најмладите научија основни информации за тоа како чука срцето, зошто е важно да се грижиме за него и како изгледа секојдневието на оние кои го посветиле својот живот на спасување други животи.

На овој начин, заедно ја поттикнуваме љубопитноста и свеста кај најмалите бидејќи здравите навики почнуваат од најрана возраст.

Превенирај – Закажи кардиолошки преглед по промотивна цена

❤ Во пресрет на 29 септември – Светски ден на срцето, а со цел подобро здравје и навремена превенција, кардиоваскуларниот пакет е со акциска цена од 4000 денари. Овој специјалистички преглед вклучува:

  • ЕКГ и консултација
  • Ехо преглед на срце
  • Доплер на крвни садови на врат
  • Доплер на периферни крвни садови
  • Преглед на аорта.

☎️За да закажете, јавете се во нашиот контакт центар 02 3091 484

Подигнување на веѓи со Direct brow lift техника

Тимот предводен од д-р Илина Гаџевска Томулевска, супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија во нашата Клиника изврши естетска операција, подигнување на веѓи со Direct brow lift техника. 

Direct Brow lift е иновативна оперативна техника која овозможува подигнување на веѓите, а со тоа  овозможува да го вратиме свежиот и млад изглед. Оваа хируршка техника е сѐ поприфатена и популарна поради брзото опоравување и веднаш видливите резултати.

Со процесот на стареење доаѓа до спуштање на веѓите, насобирање на вишок на кожа што натежнува на горните очни капаци и знае да предизвика покрај естетски и функционален проблем. Потешкотиите во видот, брзиот замор се чести причини пациентите да го бараат ова решение. 

Благодарност до пациентката која ни дозволи да ги споделиме фотографиите. Само неколу дена постоперативно пациентката се чувствува одлично и задоволна од резултатот.

Гордост и признание за нашата медицина!

Д-р Синоличка Џамбазова, специјалист по ортопедија, на покана од Италијанската асоцијација за хирургија на рака и Научно-истражувачкиот центар ICLO во Верона, ја презентираше својата иновативна оперативна техника, која беше наградена со прво место на светско ниво.

Ова признание претставува голем успех не само за докторка Џамбазова, туку и за современата македонска хирургија која практично се применува во клиника Жан Митрев. Благодарение на иницијативата на проф. Franco Bassetto, воспоставена е нова рамка за соработка со Италијанската асоцијација за реконструктивна хирургија, со цел продлабочување на стручната и научната соработка, размена на знаења и искуства како и заедничко учество во сложени интервенции.

Ова партнерство отвора нови можности за развој на современи хируршки практики и унапредување на здравствените услуги на меѓународно ниво.

Нашата д-р Џамбазова – синоним за инспирација, иновација и посветеност за подобро здравје!

Дали некогаш сте помислиле дека постои директна врска меѓу желудникот и мозокот?

Овие два органи се во постојана комуникација и тоа не е само субјективна сензација. Науката докажа дека постои директна врска меѓу она што се случува во нашиот дигестивен систем и нашата емоционална, когнитивна, па дури и имунолошка состојба. Во прилог ви ја објаснуваме оваа фасцинантна врска и како таа влијае на вашето целокупно здравје.

Оската црева-мозок е информациски суперавтопат

Цревата и мозокот се поврзани и остваруваат двонасочна комуникација која ги вклучува централниот нервен систем, ентеричниот нервен систем и имунолошкиот систем. Оваа врска е исто така посредувана од цревниот микробиом-збирот на микроорганизми што ги населуваат нашите црева.
Затоа, емоциите како што се стресот, вознемиреноста или тагата можат да го нарушат варењето на храната, а во исто време, цревната нерамнотежа може да влијае на нашето расположение или да предизвика ментален замор.

Микробиомот е невидливиот актер што менува сè

Цревната микробиота игра клучна улога во оваа врска. Иизбалансираниот микробиом може:

  • Да ја подобри меморијата и концентрацијата
  • Да ја намали анксиозноста и депресијата
  • Да го подобри сонот и целокупната благосостојба
  • Да го зајакне имунолошкиот систем.

Од друга страна, неврамнотежениот микробиом (дисбиоза) може да се поврзе со невропсихијатриски заболувања како што се оние од аутистичниот спектар на нарушувања, Паркинсонова болест или Алцхајмерова болест, како и дигестивните нарушувања како што е синдромот на иритабилни црева.

Како да се грижите за здравјето на цревата (и воедно, за здравјето на мозокот)?

Ви препорачуваме практикување на навики кои ја подржуваат оваа здрава врска:

  • Исхрана богата со растителни влакна и пробиотици, како што се јогурт, кефир, кисела зелка, банани или мешунки.
  • Намалување на стресот преку вежбање, техники на дишење или јога.
  • Добар сон, бидејќи одморот ја регулира и функцијата на мозокот и дигестивниот систем.
  • Избегнувајте непотребни антибиотици, кои го нарушуваат микробиомот.

Доколку чувствувате постојана дигестивна непријатност, необјасниви промени во расположението или продолжен замор, не двоумете се да се консултирате со медицинско лице. Во Клиника Жан Митрев, располагаме со специјалисти за дигестивни заболувања, неврологија и ментално здравје кои ќе ви помогнат да го пронајдете потеклото на проблемот и да го подобрите квалитетот на вашиот живот.

Здравјето на цревата не само што влијае на варење на храната: тоа влијае и на вашиот ум, вашите емоции и вашата целокупна благосостојба. Не заборавајте, доколку се грижите за здравјето на вашите црева, истовремено се грижите и за вашиот мозок.