Викендов во просториите на естетската дерматологија при Клиниката ZAN MITREV во соработка со Merz Aesthetics успешно беше завршен Master Class за апликација на дермални филери. Работилницата беше водена од КОЛ тренерот д-р Гордана Бијелиќ и нашиот дерматолог д-р Анџелка Илиева. Им благодариме на присутните и на моделите.
Автор: zmc_piksel_dev
Дали сте чуле за тендoнитис?
Тендoнитис: симптоми, причини и третман
Тендoнитис познат и како тендинитис е воспаление или иритација на тетивите, тенките сврзници кои ги поврзуваат мускулите со коските. Обично се јавува по повторливи повреди на зглобовите онкретно зглобовите или глуждовите.
Иако тендонитисот може да биде предизвикан од ненадејни повреди, тој најчесто се појавува поради повторување на истото движење со текот на времето. Затоа, обично се јавува и во колената, потпетиците, лактите или рамената.
Кои се симптомите?
Симптомите на тендонитис обично се појавуваат на местото каде што тетивата се прицврстува на коската. Овие се најчестите:
- Чувствителност
- Оток
- Болка, особено при движење на зафатениот зглоб
- Ригидност
Кои се ризик фактори за појава на тендонитис?
- Возраст – со возраста, тетивите ја губат флексибилноста, што ги прави повеќе склони кон повреди.
- Професија: тендонитис обично се појавува во професии кои бараат повторување на движењата, голем физички напор или непродни пози.
- Спортот – спортови како кошарка, тенис, пливање, атлетика или голф често се поврзуваат со тендонитис. Всушност, познати се различни видови на тендонитис во зависност од спортот што можеби ги предизвикал, како што се „тениски лакт“ или „пливачко рамо“. Во овие случаи, многу е важно да се следат правилните техники со цел избегнување на појава на тендонитис.
- Болести како што се дијабетес или ревматоиден артритис.
Кој е третманот?
Тендонитисот треба да се третира што е можно поскоро за да се спречи поголема повреда на тетивата и да предизвика нејзино пукање.
Повеќето случаи на тендонитис може да се третираат со одмор, физикална терапија и антиинфламаторни лекови за намалување на болката и отокот. Меѓутоа, во потешки случаи, може да бидат потребни и други третмани како што се операција или стероидни инјекции.
Доколку симптомите се присутни неколку дена и влијаат на вашите секојдневни активности, се препорачува да одите на лекар, со цел да се направи прецизна дијагноза преку вашата медицинска историја, физички преглед и радиолошки снимања.
Службата за ортопедска хирургија и трауматологија во Клиничката болница Жан Митрев е составена од неколку медицински тимови кои имаат искуство во примената на најнапредните третмани. Пациентите добиваат персонализиран пристап за време на процесот на дијагноза, третман и рехабилитација.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484.
Tesla Former – Уште еден новитет во центатрот за естетска дерматологија при Жан Митрев Клиника
Уште еден новитет во центатрот за естетска дерматологија при Жан Митрев Клиника.
Имате потреба од:
- Обликување на телото
- Намалување на целулитот
- Подобрување на микроциркулацијата
- Забрзување на протокот на лимфа
- Зголемување на мускулен тонус
- Затегнување на кожа
- Зацврснување на мускулатурата
- Опуштање на мускулатурата
Ние го имаме вистинското решение за вас!
Третманите со Tesla Former се изведуваат по предходно спроведена бесплатна физиотерапевтска проценка која вклучува: мерење обем на екстремитети, BMI (индекс на телесна тежина), анамнеза, прибирање на информации за болни состојби, проверка за сите индикации и контраиндикации според протоколот за употреба на Tesla уредот.
Бројот на третмани е од 8 до 10 за една иста регија. Истите се спроведуваат секој втор ден бидејки е потребно еден ден одмор на мускулите помеѓу два третмани на иста регија.
Третманот може да се спроведува и секој ден, но само доколку се третира друга регија, при што бројот на третмани треба да се зголеми со цел секоја регија да добие соодветен број на третмани и за да може да се постигнат очекуваните резултати.
Подготвивме специјална цена за пакет од 10 третмани за 15 000 денари. Поединечен третман чини 1800 ден.
За да закажете термин и проценка јавете се на 02/30104-910
Има решение за непријатната апнеа и ‘рчење
Опструктивната слип апнеа е состојба која претставува сериозно нарушување на спиењето. Во суштина се работи за недостаток на воздух при спиење што го нарушува самиот процес на одмор и редовното снабдување на мозокот со кислород. При постоење на слип апнеа се случува краток прекин на дишењето кој се повторува постојано во текот на спиењето.
Симптомите на опструктивна апнеа вклучуваат:
- Прекумерна дневна поспаност
- Гласно ‘рчење
- Забележани епизоди на паузи во дишењето при спиење
- Грубо будење со задишување или гушење
- Се будите со сува уста или болка во грлото
- Главоболка наутро
- Потешкотии во концентрацијата во текот на денот
- Промени во расположението, како што е депресија или раздразливост
- Висок крвен притисок
- Ноќно потење
- Намалено либидо
Кои се причините за појава на опструктивна апнеа?
Апнеа при спиење се јавува кај околу 25% од мажите и кај речиси 10% од жените. Апнеа при спиење како состојба, може да влијае на луѓето од сите возрасти, вклучувајќи ги бебињата и децата. Особено се погодени луѓето на возраст над 50 години и оние кои имаат прекумерна тежина.
Одредени физички и клинички карактеристики се вообичаени кај пациенти со опструктивна ноќна апнеа. Тие вклучуваат прекумерна тежина, голем врат и структурни абнормалности кои го намалуваат дијаметарот на горните дишни патишта, како што се назална опструкција, ниско обесено меко непце, зголемени крајници или мала вилица со надгриз.
При појава на апнеа телото останува лишено од кислород, а со тоа се појавуваат неволни рефлекси кои имаат цел да го разбудат организмот. При будењето пулсот има тенденција да забрза, а крвниот притисок да се зголеми. Овие промени можат да зачестат и да изнесуваат и над 30 пати во текот на еден час, што придонесува за егзацербации на висок притисок, аритмии, тахикардии и други состојби.
Како да се дијагностицира?
Дијагноза се поставува со Оториноларинголошки преглед и полисомнографски тест.
Како да се третира?
Со цел да се реши оваа непријатна состојба се користи специјален апарат. Cellon Elite е апарат кој генерира радиофрекфентни бранови за прецизна ткивна коблација на субмукозното меко ткиво во нос и грло.
Со помош на оваа неопаритивна техника, во амбулантски услови, се поставуваат електроди во мекото ткиво на грлото и носот, со што се пушта прецизно дозирана, радиофрекфентна топлинска енергија. Оваа енергија прави коагулација или преструктуирање на мекото ткиво со цел да се редуцира неговата големина.
Времетраењето на процедурата е неколку минути, се изведува амбулантски, при локална анестезија и лесно се поднесува од пациентите.
Вистинскот ефект се постигнува по три недели од изведувањето на процедурата, т.е. по заздравувањето на третираните структури.
Доколку вие или некој од вашите блиски се соочува со овој проблем слободно јавете се и закажете ОРЛ преглед на 02 3091 484.
-50% на гинеколошки пакет
Здравствените потреби кај секоја жена се менуваат во текот на животот, бидејќи самиот гениталниот систем е подложен на промени. Затоа континуираното одржување на здравјето на репродуктивните органи е од клучно значење.
При клиничката болница Жан Митрев на располагање ви се гинеколози со долгогодишно искуство кои можат да ви пружат комплетни амбулaнтни и болнички услуги. Гинеколошки прегледи, следење на бременост, супспецијалистички урогинеколошки прегледи, амбулантни интервенции, оперативни гинеколошки процедури, микроинвазивна гинеколошка и урогинеколошка хирургија се само дел од она што го нудиме.
Ние овозможуваме професинализам, врвна грижа и индивидуален тераписки план за секоја од вас.
Тимот на гинеколози кај нас е подготвен да го следи и контролира Вашето здравје од првиот менстурален циклус, до менопаузата, и по неа. Ние знаеме дека совршена грижа вклучува и разговор со пациентката за нејзините физички, психички, емоционални и социјални потреби, во опуштена и комфорна средина, како и примена на најнови дијагностички процедури, и напредно следење на здравствената состојбата преку посебни индивидуални програми и консултации за секоја пациентка.
Ние, како ваши гинеколози имаме една цел: Вашето здравје!
Д-р Ирена Андонова
Специјалист по гинекологија и акушерство
Проф. д-р Васил Илиев
Специјалист по гинекологија и акушерство
Супспецијалист по урогинекологија
Здравиот начин на исхрана во превенција и третман на шеќерната болест
Шеќерната болест е состојба на долготрајно покачено ниво на шеќер во крвта како резултат на недоволно излачување на инсулин од панкреасот или смалена осетливост на ткивата кон самиот инсулин.
Доколку оваа состојба не се дијагностицира на време и не се третира правилно, може да доведе до сериозни микро и макро васкуларни промени и компликации од страна на таргет органи и тоа кардиоваскуларниот систем, очите, бубрезите, мозокот и нервниот систем.
Шеќерната болест добива епидемиски размери во целиот свет независно од пол, раса, возраст и социјален статус. Во светот, 382 милиони возрасни луѓе имаат дијабетес тип 2.
Компликациите од овој вид на дијабетес се главна причина за смрт кај пациенти под 60 годишна возраст.
На секој ново откриен пациент со дијабет има по еден неоткриен.
Затоа посебно е значајно редовно правење скрининг тестови помеѓу индивидуите кои спаѓаат во ризични групи за добивање на дијабет тип 2.
Тука спаѓаат индивидуи кои имаат блиски роднини во семејството со дијабет тип 2, жени кои во бременоста развиле гестациски дијабет, индивидуи кај кои е поставена дијагноза за метаболен синдром или инсулинска резистенција, индивидуи со прекумерна телесна тежина и недоволно практикување на физичка активност.
Со цел подигнување на свеста за сериозноста на оваа болест и нејзините компликации секоја година на светско ниво се превземаат и спроведуваат кампањи со различни таргетни групи. Но во основа најважно е навремено превенирање и лекување на шеќерната болест со стекнување здрави животни навики, здрав начин на исхрана и редовна физичка активност.
Целта е секако да се најде најефикасната комбинација во начин на исхрана и физичка активност.
Индивидуалниот пристап во оваа насока има голема улога и важност.
Каква исхрана се препорачува за пациенти кои боледуваат од дијабетес мелитус тип2?
Повеќе студии ја покажаа ефикасноста на режимот на исхрана со малку јаглехидрати во правец на подобрување на регулација на телесната тежина и подобра контрола на шеќерот во крвта.
Генерално јаглехидратите во исхраната може да се поделат на едноставни и сложени . Едноставните јаглехидрати, како што се шеќерот, белото брашно и белиот ориз, покажаа дека го зголемуваат ризикот од дијабетес тип 2.
Во таа насока се препорачува зголемен внес во исхраната на зеленчук, мешунки, овошје, млечни производи со малку маснотии и цели зрна за сметка на продуктите кои ги содржат едноставните јагленихидрати.
Кафеавиот ориз и производите од интегрални житарки треба да ги заменат производите од бела пченица.
Постојат различни типови на диети со ограничен внес на јаглехидрати.
Некои од нив ги ограничуваат јаглехидратите на многу ниски нивоа без да ги ограничуваат протеините или мастите во исхраната (на пример, диетата во стилот на Аткинс). Други пак, дозволуваат умерен внес на јаглехидрати заедно со умерен внес на протеини и масти (на пример, Саут Бич и Зона диетите).
Диететските насоки во последните 5 години промовираат локална здрава исхрана, здрава медитеранска исхрана и здрава вегетаријанска исхрана.
За пациентите со дијабетес мелитус тип 2, препораките се за умерен внес на јаглехидрати (44%-46%) од вкупниoт калориски внес во тек на денот.
Ефекти од диетите со намален внес на јаглехидрати при дијабетес тип 2
Во повеќе студии биле следени пациенти со дијабет од тип 2 и ефектите од смалениот јагленохидратен внес во однос на параметри добиени од крвта и тоа гликолизиран хемоглобин А1Ц , гликемија на гладно и гликемија мерена 2 часа по оброк.
Во една од студиите, биле вклучени обезни пациенти кои боледувале од дијабет тип 2 со цел да бидат следени ефектите од исхраната со намален јаглехидратен внес.
Студијата објавила подобрени 24-часовни профили на шеќерот во крвта.
Кај истите пациенти било утврдено намалување на гликолизираниот хемоглобин A1Ц од 7,3% на 6,8%.
Сензитивноста кон инсулинот, исто така, се подобрила.
Друга студија спроведена во тек на 2019 година кај пациенти со дијабет тип 2 кај кои бил спроведен режим на исхрана со високо-протеински внес, а намалена количина на јаглехидрати била споредена со изо-енергичната конвенционална диета за дијабетес, за да се видат ефектите врз контролата на гликемијата и ефектот во намалување на кардиоваскуларни ризик во текот на шест месеци.
Пациентите примале ист број на калории , со тоа што поголема количина од јагленохидратите од конвенционалната диета препорачана кај пациенти со дијабет тип2 биле заменети со протеини. Заклучоците кои произлегле од студијата се дека, во споредба со конвеционалната диета,диетата со високо протеински внес ги намалува нивоата на гликолизираниот хемоглобин A1Ц и нивото на гликемија на гладно.
Студијата покажa исто така дека замената на јаглехидратите со протеини без зголемување на калориите за шест недели го намалува нивото на холестерол во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2.
Земени заедно, овие две студии укажуваат на придобивките од замена на одреден внес на јаглехидрати со протеини.
Препорачано е внесот на јаглехидрати да се замени со протеински извори од растително потекло (грав, мешунки, соја, јаткасти плодови). Посно месо и риба може да бидат здрави извори на протеини и масти за оние кои јадат животински производи.
Замената на јаглехидратите со протеини од животинско потекло го зголемува ризикот ја влошува контролата на гликозата кај пациентите со дијабетес тип 2.
Намалувањето на внесот на јаглехидрати може да биде здрава стратегија за губење на тежината и контрола на шеќерната болест, се додека јаглехидратите се заменуваат со растителни извори на протеини и масти.
Д-р Јасмина Зафировска
Специјалист интернист
Промо цени – направете нешто повеќе за себе ова лето
Летото е период кога најмногу размислувате за одмор и релаксација. Ова лето погрижете се и за своето здравје, направете нешто повеќе за себе. Во периодот од 1 јули до 31 август, во Жан Митрев Клиник:
-30% на сите радиолошки услуги.
- КТ(компјутерска томографија),
- МР (магнетна резонанца на било која регија),
- РТГ (рентген),
- мамографија (2Д и 3Д)
- ехо на дојка и
- остеодензитометија.
• -50% на гинеколошки пакет (преглед+ПАП)
• Бесплатна крвна слика со секој извршен преглед:
- кардиолошки,
- уролошки,
- гинеколошки,
- ортопедски,
- ендокринолошки,
- ОРЛ,
- пулмонален,
- абдоменален,
- гастроинтестинален и
- педијатриски.
Не чекајте, закажете го вашиот преглед на 02/3091-484. Превентивните прегледи спасуваат живот.
Кои се причинителите на низок крвен притисок?
Најпрво да разграничиме кои се вредностите на крвниот притисок кој се смета за низок. Општо земено, се што е под 90mm Hg како горна бројка (систолен) и 60mm како долна бројка (дијастолен) се смета за низок крвен притисок. Но, сепак она што за едни луѓе е низок притисок за другите може да е ОК. Понекогаш нискиот крвен притисок не дава никакви симптоми, но може да се манифестира и со вртоглавица и несвестица.
Нискиот крвен притисок, е подеднакво опасен како и високиот. Причинителите можат да варираат, од дехидратација па до сериозни медицински состојби, затоа е важно тие да се идентификуваат и да се знае што се случува во телото при намален крвен притисок.
Хипотензијата или нискиот крвен притисок всушност спречува органите да ја добијат потребната количина крв за да функционираат нормално. Акутното намалување на крвниот притисок, може да резултира со шок синдром, додека долготрајната хипотензија може да доведе до летаргија, замор, слабост, вртоглавица, несвестица и слично.
Бидејќи артерискиот притисок се одредува со срцевиот минутен волумен, венскиот притисок и системскиот васкуларен отпор, намалувањето на која било од овие варијабли може да резултира со хипотензија. Така, нискиот крвен притисок може да биде резултат на следните причини:
- намален срцев минутен волумен,
- прераспределба на волуменот на крвта,
- хиповолемија,
- намален системски васкуларен отпор и/или
- васкуларна опструкција.
Хипотензија поради намален срцев минутен волумен
Срцевиот минутен волумен, кој може да се дефинира како количина на крв испумпана од срцето, може да се намали како резултат на три главни состојби, вклучувајќи аритмии, структурни болести на срцето или хиповолемија. Постарите пациенти се особено изложени на ризик од хипотензија, бидејќи процесот на стареење дополнително ја намалува усогласеноста на срцевите комори и последователно ја намалува неговата контрактилност.
Брадикардија, или бавен срцев ритам, предизвикана од ниска синусна стапка или атриовентрикуларен блок, го намалува срцевиот минутен волумен. Од друга страна, тахикардијата може да резултира и со намален срцев минутен волумен со намалување на времето на полнење на коморите со последователно големо намалување на волуменот на ударот. Вентрикуларната фибрилација доведува до длабока хипотензија со опаѓање на срцевиот минутен волумен на нула.
Структурните болести на срцето, како што се кардиомиопатиите, може да ги попречат и систолните функции, како што е мускулната контракција на срцето, но и дијастолната функција, која го претставува вентрикуларното полнење. Како резултат на тоа, овие болести можат да го намалат и срцевиот минутен волумен и артерискиот притисок. Перикардна болест, залистоци и вродени дефекти, исто така, може да го компромитираат вентрикуларното полнење или нето протокот напред со истата последица.
Исхемичната срцева болест предизвикана од атеросклероза или тромбоемболизам, исто така, има негативен ефект врз вентрикуларната функција и често резултира со хипотензија индуцирана од вежбање. Примарната пулмонална хипертензија, која е абнормално висок крвен притисок во артериите на белите дробови, може да доведе до слабост на десната комора и за возврат, нарушено полнење и излез на левата комора.
Хиповолемија, која е типично резултат на хеморагија, и ортостатските промени во волуменот, исто така, може да го намалат срцевиот минутен волумен со намалување на централниот венски притисок и вентрикуларното полнење, што и двете ја нарушуваат способноста за пумпање на срцето. Прекумерната загуба на вода или дехидрација, предизвикана од обилно потење, ограничен внес на вода или употреба на диуретици, исто така може да доведе до хиповолемична состојба.
Хипотензија од васкуларно потекло
Хипотензијата може да биде и од васкуларно потекло. Во овие ситуации, хипотензијата генерално е предизвикана од прекумерна системска вазодилатација, што е намалување на системскиот васкуларен отпор. Оваа состојба може да биде резултат на анафилакса, сепса, дисфункција на автономниот нерв како што е дијабетична невропатија, невроген шок, што може да се појави при повреда на ‘рбетниот мозок, на пример, или по администрација на различни видови вазодилатативни лекови.
Втората васкуларна причина за хипотензија е опструкција (на пример, белодробна емболија) која го намалува венското враќање во левата комора, а со тоа го намалува нејзиниот излез. Кај такви пациенти треба да се користи тромболитичка терапија; сепак, ризикот од крварење на пациентот треба адекватно да се процени.
Васкуларниот ендотелен фактор на раст (VEGF) индуцира хипотензија кај нормотензивните субјекти поради вазорелаксација зависна од ендотелот, што се смета за главен несакан ефект за третман на исхемични заболувања. Дополнително, хипотензијата по успешна ангиопластика со стентирање може да биде смртоносна компликација.