Одржана еднодневна работилница за филери за усни

Викендов во нашиот центар за естетска дерматологија, беше одржана едноденевна практична работилница наменета за усовршување на техника за филери за усни под менторство на специјалист дерматолог д-р Анџелка Илиева која е ментор и едукатор за дермални филери во нашата земја. Се работеше со брендот Белотеро и сите модели си заминаа задоволни од сработеното. Секако за сите посетитeли на работилницата беа доделени сертификати.

„Жан Митрев Дијагностик“ на нова локација во Битола

Од 1-ви октомври ланската година Битола го има најсовремениот центар „Жан Митрев Дијагностик“. Станува збор за нов комплетно пренаменет објект со проширен капацитет и дејности. Распространет е на површина од околу 250 метри квадратни, а се наоѓа на ул. Север и југ бр.3, спроти стариот објект на битолската касарна или поранешниот објект на саланот „Симпо“.

„Се поголемиот обем на работа кој го имавме ја наметна потребата за проширување на нашите капацитети и потребата на специјалистички услуги кои што ги даваме и сакаме да ги даваме на населението од Пелагонискиот регион. Започнавме со работа во 2012 година во стариот објект, тогаш како „Филип Втори“, меѓутоа сега се ребрендиравме и нашата поликлиника сега го носи името „Жан Митрев Дијагностик“ како составен дел на нашата централна болница во Скопје „Жан Митрев Клиник“, при што проширувањето значеше не само просторно проширување, полесна достапност за пациентите, туку и значително зголемување на бројот на услугите коишто сме спремни да ги даваме на пациентите од Пелагонискиот регион на секое ниво. Нашата нова локација сега е на ул.Север и југ бр.3, спроти стариот објект на битолската касарна или тоа беше бившиот објект на салонот „Симпо“, рече д-р Милан Марковски, специјалист по интерна медицина.

Овај центар е најсовремен дијагностички центар во регионот, кој располага со најнова технологија во голем број на области. Има и биохемиска лабораторија и дневна болница. Нудат широк спектар на медицински услуги, специјализирани во кардиохирургијата, но се и промотори на нови современи услуги кои треба да ги превенираат болестите на 21 век.

„Просторот е на околу 250 квадратни метри изграден во комплетно ист стил екстериерно и ентериерно како нашата централна болница во којшто е сместена најсовремена апаратура, како што се поголем број на ехо-апарати, донесен е најсовремен повеќе слоен комјутер за повеќе слојна комјутерска томографија, ренген апарат, ендоскопска лабораторија комплетно опремена со најсовремени апарати за ендоскопски испитувања и комплетно нова лабораторија во која што може да се вршат практично сите лабораториски испитувања.

Апаратурата која што е донесена и е на располагање во овај дијагностички центар се состои од повеќе ехо-апарати, апарати за ултразвучна дијагностика коишто ни овозможуваат квалитетна проценка кај пациентите со кардиоваскуларни болести, кои се соствен дел на современата дијагностика на болестите на срцето и на крвните садови, најсовремен апарат за повеќе слојна комјутерска томографија, ренген апарат, лабораторија односно кабинет за едоскопска дијагностика со апарати коишто овозможуваат дијагностицирање на заболување на желудник и на дебело црево, како и најсовремена лабораторија. Овие апарати се мошне квалитетни и практично се работи за комплетно нова опрема, една голема инвестиција од Академик д-р Жан Митрев која што треба да ги оправда очекувањата на граѓаните од овај регион,“ рече д-р Марковски.

Целта за отворањето на „Жан Митрев Дијагностик“ е да се гарантира нивото и квалитетот на услугите кои ги нудат во овај регион, за да им помогнат на пациентите да се чувствуваат подобро, посигурно и посреќно.
„Главната цел е да даваме квалитетни услуги во дијагностиката на пациентите од областа на кардиоваскуларните болести, значи интерната медицина, од ортопедијата, гастроентеролошки прегледи исто така вклучително и ендоскопски испитувања, а исто така се вршат и ендокринолошки прегледи каде што се работи патологија на штитната жлезда и на шеќерната болест.

Целта е да даваме европски здравствени услуги, стандард кој што е далеку од оној кој што го знаеме во нашата држава. Кон тоа сме тежнееле уште од самиот почеток на нашето доаѓање овде. Мене ми е особено мило што дочекав да се развиеме во ваков центар, бидејќи нашата работа е етаблирана во овај регион. Сметам дека уживаме солиден глас во нашиот однос кон пациентите, квалитетот на услугите што ги даваме, квалитетот на услугата што нашата централна болница ги дава на оние пациенти коишто од овде се упатуваат за оперативен третман.

Сакам да нагласам, нашите пациенти треба да знаат дека сите интервенции кардиохируршки, тоа значи операции на срце и на крвни садови коишто се вршат во нашата болница во Скопје се покриени од Фондот за здравствено осигурување и пациентите тоа треба да го знаат за да можат во дадена ситуација да имаат во предвид дека тие услуги им се платени од страна на Фондот,“ вели д-р Марковски.
Велат пациентот е во центарот на нивното внимание. Дијагностиката, лекувањето и грижата за него е суштината на сите нивни активности. Моментално сите нивни услуги се со промотивни цени, односно -50% од регуларната цена.

„Промотивно како одбележување на отворањето на овај нов дијагностички центар „Жан Митрев Дијагностик“, практично после 10 години наша работа тука во Битола, нудиме попуст на сите услуги, значи на сите прегледи како и лабораториски испитувања, 50% од регуларната цена. Тоа е попуст кој што трае веќе од октомври месец до сега, веројатно ќе продолжи и понатаму, како би можеле на тој начин да ја промовираме уште повеќе нашата работа, да привлечеме поголем број на пациенти за да можат да уживаат во услугите коишто ние ги даваме,“ рече д-р Марковски.

Извор: Tera.mk

Центарот работи секој работен ден во две смени од 7 до 15 часот прва смена, од 12 до 20 часот втора смена. Работат и во сабота и во празнични денови.

 

Интервентна кардиологија одблиску – Ѕирнете во ТАВИ процедурата

Што е ТАВИ?

TAVI е кратенка за поставување на аортна валвула преку катетер (Transcatheter Aortic Valve Implantation) . Таа претставува минимално инвазивна процедура која помага да се замени оштетената аортна валвула на вашето срце.

Зошто ми е потребно да направам ТАВИ?

Вашиот лекар може да ви ја препорача оваа процедура доколку имате проблем со аортниот залисток и имате превисок ризик за да ви биде изведена операција на отворено срце.
Вашиот аортен залисток е еден од четирите главни вентили во вашето срце. Како што чука вашето срце, тој се отвора и затвора, дозволувајќи крвта да тече од вашето срце кон остатокот од вашето тело во една насока.
Како што стареете, на залистокот на срцето може да се акумулираат наслаги кои го прават потврд и подебел. Како резултат на тоа, вашиот аортен залисток не може да се отвора правилно, а тоа го принудува срцето да работи понапорно за да ја испумпа крв низ стеснетиот премин. Ова е состојба наречена аортна стеноза или стеснување.

Аортната стеноза може да доведе до губење на здивот, болка во градите, замор и вртоглавица, губиток на свест и животозагрозувачка аритмија.
Постапката TAVI всушност се спроведува за да се корегира вашата валвула/залисток.
За време на зафатот преку рез во делот на препоните се вметнува мрежичка која служи за да го одржува отворот на валвулата во оптимално потребна ширина. Може да се изведе со локална или општа анестезија.

Кои се ризиците од TAVI?

TAVI е минимално инвазивна процедура, што значи дека се изведува преку многу мали засеци – наместо еден голем. Минимално инвазивната хирургија обезбедува подобри шанси за побрзо закрепнување по вашата операција. Сепак, како и со секоја процедура, постојат можни ризици.

Тие може да вклучаат:

  • Крварење или васкуларна повреда
  • Абнормален срцев ритам (аритмии) – понекогаш е потребен пејсмејкер
  • Блокирана коронарна артерија и следствен срцев удар
  • Аортна регургитација- големо враќање на крвта према срцето
  • Бубрежно оштетување
  • Мозочен удар
  • Смрт

Вашиот лекар детално ќе ви ги објасни ризиците пред да се согласите на операцијата. Имајте предвид дека за какви било прашања или грижи можете да разговарате со него. Од вас ќе биде побарано да потпишете формулар за согласност за да се согласите со постапката.

Како да се подготвам за ТАВИ?

Прашајте го вашиот лекар за земање на вашите вообичаени лекови – особено ако земате лекови за дијабетес или лекови за разредување на крвта. Ако земате лекови за дијабетес, ќе треба да се договорите со вашиот лекар пред операцијата.
Не јадете – најмалку шест часа пред да започне вашата процедура
Не пијте бистри течности четири часа претходно. Во бистрите течности и пијалоци спаѓаат вода и чај
Пред да започне вашата процедура, ќе биде побарано да го отстраните накитот и да носите болничка наметка.

Што се случува за време на TAVI?

Процедура TAVI се одвива во просторија која изгледа како операциона сала. Ќе ве одведат во просторијата за процедури на количка и ќе ве замолат да легнете на соодветна површина намената за овој зафат. Интервенцијата се прави воопшта анестезија а анестезиологот ке ја води истата ќе ви даде лекови кои ќе ви помогнат да се опуштите, заспиете и повторно разбудите.

За време на процедурата:

Областа е вкочанета и се дава или локален анестетик со седација или општа анестезија. Ова ќе биде дискутирано со вас пред процедурата.
Балон катетерот се вметнува во артерија во делот на препоните или под вашата клучна коска.
Балонскиот катетер се води во вашето срце и се поставува во отворот на аортната валвула.
Лекарот нежно го надувува балонот за да го отвори вентилот- ова се прави, како и целата процедура под рентген скопија.

Лекарот вградува нова аортна валвула со помош на метална мрежеста цевка која го одржува вентилот на место – новиот вентил или се шири сам по себе или се шири со помош на балонот, во зависност од видот на користениот вентил.
Новиот вентил е позициониран така што ја турка настрана вашата оштетена аортна валвула
Балонот се издува и лекарот го отстранува балон катетерот.

Што се случува по ТАВИ?

По вашата процедура TAVI, лекарот внимателно ќе ве следи и ќе ви каже колку време треба да останете во болница. Запомнете дека вашиот тим е посветен на обезбедување на најдобриот можен исход за вас, и тие ќе бидат тука за да го поддржат вашето закрепнување на секој чекор од патот.
Пред да одите дома, ќе ви бидат дадени детални инструкции за тоа како добро да се опоравите и да се вратите на добро здравје – и многу е важно да го следите овој совет. Ако продолжите да чувствувате какви било знаци или симптоми кои ве прават да се чувствувате загрижени, закажете консултација со вашиот лекар.

TAVI процедурите во Жан Митрев Клиник ги изведува искусен тим и истите се покриени од ФЗО.

Подолу можете да погледнете кратко видео како изгледа TAVI процедурата.

Недела на борба против срцево садови заболувања!

Tрадиционално и оваа година Неделата на борба против срцево садовите заболувања ја организира тимот психолози при клиниката, доц. д-р и лиценциран психотерапевт Кристина Егуменовска и лиценциран психолог и специјализант по психотерапија Марија Аџиоска.

Дел од активностите се и бесплатните кардиолошки прегледи кои во текот на оваа недела ги правиме за пациенти од ранливи категории и тоа, од дневниот центар за стари лица, бездомни лица и лица под меѓународна заштита во Р.Македонија.

Мамогрaфија, ултразвук (ЕХО) и магнетна резонанца (МР) на дојка

Различни технологии, една цел: попрецизни резултати

Кои се разликите?

Студиите покажуваат дека рутинскиот скрининг за рак на дојка може да ја намали смртноста за една третина, а според најновите испитувања овој процент се зголемува и до 40-50%. Раното откривање на рак на дојка може да спаси животи и да помогне да се избегнат високоинвазивни третмани.

Додека здравствените власти често издаваат опсежни упатства, реалноста е дека не постои еден универзален пристап кој би се применил кај сите видови испитувања за рак на дојка. Затоа лекарите за да донесат одлука кој вид испитување за рак на дојка да применат, земаат во предвид низа фактори, како што се семејната и медицинската историја и секако густината на ткивото на градите.

,,Генералната препорака е секоја жена да направи проценка на ризикот за рак на дојка уште на 30-годишна возраст. Таа проценка ќе помогне да се одреди нивниот личен ризик и согласно тоа да се обмисли и препорача распоред за следни испитувања кои одговараат на конкретната жена,,- вели д-р Лидија Вељаноска-Кириџиевска.

Значи, без разлика дали правите рутински скрининг, сте нашле грутка, или чувствувате необјаснета болка, лекарите користат цела палета на опции кои комбинирани заедно помагаат за откривање на рак во најраните фази кога е најлесно за лекување.

Неколку од најдискутираните методи:

Мамографија Скрининг мамограм е тест кој вклучува снимање со ниски дози зрачење, кој им помага на лекарите да ги забележат промените во ткивото на дојката. За време на 10 минутната процедура, техничар ги поставува вашите гради – една по една – помеѓу две површини за снимање. Со примена на притисок врз плочите се добива подетална слика со помала доза на зрачење. Здравствените власти, вклучително сите домашни, но и светски организации кои се борат за навремено откривање, превенција и лекување на канцер на дојка, препорачуваат жените да започнат со годишен скрининг мамограф на возраст од 40 години.

Но, и во рамките на мамографијата, постојат опции:

2D мамографија: 2Д дигиталната мамографија прави две рендгенски снимки на дојката. Една во горен ракурс т.е одозгора и една од страна. Ова се дводимензионални слики, што значи дека ткивото што се преклопува може да скрие абнормалности што би можеле да бидат знаци на рак. „2D мамограмите се сè уште важни како методологија, особено за зголемување и карактеризирање на калцификациите кои вообичаено се појавуваат во ткивото на дојката“, вели д-р Магделена Поповска-Цветкова

3D мамографија или дигитална томосинтеза на дојка: Со 3Д мамографија, системот за снимање се движи во лак над градите, земајќи повеќе рендгенски слики од различни агли. Со помош на 3Д мамографија радиолозите добиваат 200 до 300 слики, во споредба со само четири со 2Д технологија.

,,Жените треба да размислат за 3Д мамографија, особено ако имаат гради со густо ткиво“, вели д-р Мимоза Толевска

3Д скрининг мамографијата може да ја зголеми стапката на откривање на рак во некои случаи, а студиите сугерираат дека исто така може да ги намали повторените прегледи на пациентите до 30%.

Ако имате опиплива грутка, локализирана болка во градите или сте забележале промени на кожата/брадавицата или исцедок од брадавиците, вашиот лекар може да наложи дијагностички мамографија. Со дијагностички мамограм, радиолог нарачува специјализирани 2D и/или 3D мамографски прегледи, како што се зголемување и компресија на место, и ги прегледува сликите во реално време. На тој начин, доколку е потребно дополнително снимање, тоа се случува во моментот на вашиот преглед.

Препорака: ако се вакцинирате против КОВИД-19 или грип, закажете ги вашите скрининг прегледи пред првото вакцинирање или четири до шест недели по втората доза на вакцина. Вакцинацијата може да предизвика привремено отекување на вашите лимфни јазли. Додека отечените лимфни јазли од вакцината укажуваат на силен имунолошки одговор, тие може да се појават на мамограмите и да биде потребно дополнително снимање и следење. Не одложувајте никаков дијагностички скрининг поради која било друга причина.

Ултразвук Ултразвукот користи звучни бранови за прегледување на градите. Ултразвукот може да биде особено корисен кај поединци кои имаат густи гради, но не треба да се користи како замена за мамограф. Лекарите обично ја користат оваа метода кај жени помлади од 40 години. Тие препорачуваат таргетиран дијагностички ултразвук кога наодот на мамографија бара дополнително истражување, или како дополнителен скрининг метод во комбинација со мамографија кога имате грутка, локализирана болка во градите, промени на кожата/брадавицата или исцедок од брадавиците.

Постои уште еден тип на преглед за дијагностика на дојките. Тоа е Магнетна резонанца (МР)

Технологијата на МРИ се потпира на магнетното поле и радиофреквентните бранови за да произведе слики. Со овој скрининг за рак на дојка, лекарите добиваат слики од градите пред и откако ќе примите интравенски контрастен раствор кој помага да се подобри изгледот на абнормално ткиво.

„МР на дојка е исклучително чувствителна метода за откривање на рак на дојка, поради што ја користиме како дополнителна алатка за скрининг за оние кои имаат генетски зголемен ризик од рак на дојка и оние кои имаат лична историја или силна семејна историја на рак на дојка. “, вели д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска. Лекарите исто така може да нарачаат МР на дојка за да се разјаснат несигурните наоди од мамограм или ултразвук.

За жал, како самостојна алатка за скрининг, МР ги зголемува шансите радиолози да детектираат сомнително ткиво кое не е канцерогено, што може да бара дополнително тестирање.

Што ако скринингот открие сомнителен наод?

Без разлика дали вашиот скрининг вклучува мамографија, ултразвук или МР – или некоја комбинација од сите три – може да откријат сомнителен наод. Но не секогаш се работи за рак. Некогаш станува збор и за лажно позитивни наоди. Лажно позитивен наод е оној при кој пациентот бил повикан на понатамошно испитување за наод кој на крајот не потврдува рак.

„Шансите за лажно позитивен резултат се поголеми при направен само основен мамограм. Истражувањата покажуваат дека жените кои претходно направиле мамографија за споредба имаат помалку лажни позитивни резултати“, велат докторките. „Дополнителните мамографски испитувања не се невообичаени, но многу мал дел од бројот на случаи што ги доиспитуваме се покажува како рак“„

Овие лажни наоди се исто така почести кај пациенти кои:

  • Се на возраст меѓу 40 и 49 години
  • Имаат густи гради
  • Имаат направено претходна бенигна биопсија
  • Имаат семејна историја на рак на дојка
  • Земаат заменски хормони  

Доколку се случи да ве повикаат повторно на подетални или повторени испитувања, ќе добиете дополнителна снимка за да бидете сигурни дека немате рак.

Хиперпигментација – Како да ја препознаете?

Сите се стремиме кон идеалот здрава, мазна кожа со рамномерен тен. Но, на кожата со текот на времето можат да се појават темни дамки. Тие се резултат на нарушената синтеза на кожниот пигмент – меланинот. Ова се случува главно од следните причини:

  • Изложување на сонце
  • Загадување
  • Хормонален дисбаланс
  • Возраст
  • Генетски предиспозиции
  • Лузни од акни
  • Бременост

Хиперпигментацијата ги засега и жажите и жените без оглед на типот на кожа. Хиперпигментацијата може да се појави во различна форма и големина на опфатена провршина. Сепак, постојат 3 основни типа хиперпигментација:

  • Мелазма
  • Лентиго
  • Пост-воспалителна хиперпигментација

Мелазмата е уште позната како ,,трудничка маска,, и најчесто се појавува кај жени во бременост. Но може да се појави и кај мажи и жени кои не се бремени. Предизвикана е од генетски промени, хормонален дисбаланс и сончево зрачење.

Како изгледа? Симетрични дамки крупни, со неправилни, но јасно дефинирани контури, се појавуваат на лицето и вратот изложени на сонце

Лентигото почесто познато како ,,дамки од сонце,, или ,,старечки пеги,, се појавуваат кај 90% од белата и азијатската популација. Резултат е на надворепните влијанија како загаден воздух, изгореници од сонце и прекумерно изложување на сонце.
Како изгледа? Ситни дамки по лицето, рацете, рамењата и останатите делови изложени на сонце. Број и големината на хиперпигментните дамки се зголемува со стареењето. Најчесто се појавуваат по 50 година од животот.

Пост-воспалителна хиперпигментација се појавува кај жени и мажи без оглед на возраста или типот на кожа. Најчесто кај луѓето со средно темна и темна кожа.
Како изгледа? Неправилни и нејасни контури кои се појавуваат по кожни иритации и лезии од состојби како рани, изгореници, убоди од инсекти, после правени есетски процедури. А можат да бидат и тесно поврзани со акните.

Во нашиот центар за естетска дерматологија на располагање ви се голем број третмани кои ќе ви помогнат да ја подобрите или излекувате хиперпигментацијата. Секако по преходна дијагностика и совети од нашите искусни дерматолози.

Закажете го својот термин на 02/3104-910

Кога и зошто се препорачува мануелна лимфна дренажа?

Лимфедема или лимфна обструкција е долгорочна состојба во која вишокот течност се собира во ткивата што предизвикува оток (едем). Предизвикана е од блокирање на лимфниот систем т.е лимфен застој. Најчесто влијае на една од рацете или нозете, во некои случаи двете раце и двете нозе. Некои пациенти може да доживеат оток во вратот и главата, гениталиите или градите.

Болеста поминува низ четири стадиуми:

  • Во првиот стадиум отокот само се појавува.
  • Во вториот стадиум, отокот се појавува но изчезнува.
  • Во третоит стадиум едемот е траен
  • Во четвртиот стадиум се зголемува и доаѓа до деформации на засегнатите екстремитети.

Лимфедемата е неизлечива, но со правилен и континуиран третман може да се контролира. Основен конзервативен метод во борба против лимфедемата е мануелната лимфна дренажа (MLD), комбинирана со компресивна терапија и нежни терапевтски вежби. Нејзината способност да го намали отокот во засегнатите делови од телото е многу добро докажана.

Причини

  • Генетски предиспозиции
  • Рак хирургија
  • Терапија со радијација
  • Инфекции
  • Воспалителни состојби
  • Повреда и траума

Мануелна лимфна дренажа

Лимфната дренажа е специјализирана техника на масажа, базирана на анатомијата на лимфниот систем која е дизајнирана да го намали отокот преку подобрување на лимфната дренажа.Таа овозмжува да се пренасочи течноста од областите каде што е присутен отокот, кон функционалните лимфни јазли. Во MLD се применува специфични движења на рацете на површината на кожата и се следат анатомските лимфни патишта на телото за да се промовира дренажа од погодениот екстремитет. Тоа вклучува нежно пумпање на кожата. Како резултат на тоа, лимфниот проток низ телото се зголемува, без зголемување на филтрацијата, со што се намалуваат лимфните стази и симптомите на лимфедем.

Мануелната лимфна дренажа се обидува да го охрабри природното движење на лимфата преку лимфниот систем со помош на неколку различни техники за движења на рацете. Овие движења се поделени во две главни фази:

  • работна фаза или фаза на расчистување со примена на нежен притисок во областа и нејзино поттикнување на движење.
  • фаза на одмор или реапсорпција.

Движењата се бавни и повторувачки во сесија која трае од 45мин до 90 мин, изведени од страна на професионални лиценцирани MLD терапевти. Тие ги определуваат бројот на сесии и нивното времетраење во зависност од тоа како телото реагира на масажата и колку бргу се реапсорбира течноста. Факт е дека периодот на опоравување е долг но за среќа третманот е безболен и делува пријатно и релаксирачки врз пациентот и се покажал како најдобар метод во контрола на лимфедемата.

Во комбинација со овој третман се препорачува бандажирање на засегнатата регија со специални сетови со еластични завои непосредно по изведувањето на мануелната лимфна дренажа за да се превенира можно враќање и повторно наталожување на течноста назад од местото од каде се акумулирала.
Исто важно е дневна рутина да бидат лесни актвни вежби за екстремитети кои се изведуваат спроти земјина гравитација со предходна обука за начинот на спроведување и дозирање од страна на вашиот терапевт.

Предности

Активирање на циркулација на течности, зголемување на контракцијата на лимфните садови, цедење на токсини, макромолекули, масти и стимулирање на имунолошкиот систем, намалување на мускулни грчеви, стимулирање на парасимпатичкиот систем, подобар квалитет на спиење и најважно намалување на едемата(отокот).

Несакани ефекти и мерки за претпазливост

Лимфната дренажа треба да се избегнува кај лица со конгестивна срцева слабост, акутни инфламаторни процеси, активни крвни згрутчувања (ДВТ) или длабока венска тромбоза,малигни тумори, кожни инфекции, висока фебрилност, бубрежна инсуфициенција. Во секој случај пред да почнете со терапија посоветувајте се со вашиот терапевт и дискутирајте за вашата медицинска историја и за било какви промени кои ќе се појават во периодот на лекувањето.

Ракот не познава граници. Секој може да е засегнат!

Не чекајте, закажете преглед по намалени цени

Сигурни сме дека веќе знаете дека ракот се вбројува во 10-те најголеми закани за глобалното здравје на човешвото. Само во 2021 година околу 10 милиони луѓе ширум светот починале од рак. Но не е само предвремената смрт она што загрижува. Тука се изгубената продуктивност, здравствените трошоци, изгубените примања, намалениот квалитет на живот, попреченоста.

Затоа секој 4-ти февруари, Светскиот ден на карциномот го привлекува вниманието во светот кон ракот и неговата превенција, дијагностицирање и лекување, признавајќи ја посветеноста на организациите, заедниците и индивидуите за намалување на глобалното влијание на болеста.

Да не ја потценуваме моќта на колективната свест, да дадеме сите придонес кон подигање на свеста дека голем процент (30 до 50%) на сите видови рак можат да се спречат доколку се преземат мерки навреме. Денес, има 43.8 милиони луѓе кои се живи и 5 години по нивната дијагноза.

Преку инвестирање, поголем пристап до информации, навремена дијагностика и лекување се зголемуваат шансите за преживување канцер.
Ние во Жан Митрев се приклучуваме кон иницијативата за информирање и навремена дијагностика по намалени цени. Во периодот од 7 февруари заклучно 31 март прегледите: ехо на дојка, 2Д, 3Д мамографија, компјутерска томографија на бели дробови и видеодермоскпското мапирње на кожата се на половина цена.

Не чекајте, закажете го вашиот преглед на 02/3091-484

Направете се што е во ваша моќ за да го намалите ризикот од канцер, потрудете се да ги применувате следните совети:

  • Правете редовни прегледи, тие се клучен фактор за спасување животи, бидејќи ја спречуваат можноста за заболување од рак или пак го намалуваат ризикот од предвремена смрт
  • Ограничете го користењето на алкохолни пијалоци и тутун бидејќи тие ги зголемуваат шансите за заболување од рак.
  • Адаптирајте се на поздрав начин на живот.
  • Бидете физички активни. Намалете го времето кое го поминувате седејќи.
  • Избегнувајте изложување на сонце. Користете заштита за сонце.
  • Преземете мерки за одржување здрава телесна тежина.