Здружението за кардиоваскуларна хирургија го одржа второто годишно собрание
„Основањето и активната работа на Здружението за кардиоваскуларна хирургија покажува дека и во Македонија може да се организира и спроведе врвна медицина. Веќе не станува збор за учење туку за размена на знаења и достигнувања. И понатамошната работа на Здружението треба да придонесува кон стимулирање токму на овој напредок во постојаната надградба. Фактот што тука се присутни доктори од земјава и странство, од јавните и од приватни установи, универзитети и болнички центри покажува дека сите сме единствени во намерата, максимално да одговориме на потребите на пациентот, кој секогаш е и треба да биде на прво место“, изјави претседателот на Здружението д-р Жан Митрев.
(Скопје, 5.10.2012) – Македонското здружение за кардиоваскуларна хирургија на Р. Македонија во хотелот Александар Палас го одржа второто годишно собрание со цел размена на знаења, теории и искуства за полесен пристап до проблемите на пациентите.
Покрај македонските експерти на еднодневниот собир гости и предавачи беа еминетни имиња од европската докторска фела од областа на кардиологијата и кардиохирургијата. Професорите од клиниката за кардиологија и кардиохирургија од Бад Нојштад и универзитетската болница Гисен, проф. Др. Кербер, доц. Др. Денеке и проф. Др. Мосдорф, кои беа прогласени за почесни членови на здружението.
Во тек на работниот дел на собирот беа презентирани најновите достигнувања од областа на кардиологијата поточно ритмологијата, проф.Денеке ги изнесе најновите ставови за третман на атријалната фибрилација од аспект на кардиологијата и кардиохирургијата, проф. Кебер даде осврт на улогата на тимот за срце во третманот на кардијалните болни. Познатиот кардиохирург Моздорф зборуваше за новините во семиинвзивните техники за третман на аортната стеноза.Академикот др Митрев даде осврт на 12-годишното постоење и постигнати резултати на полето на кардиохиургијата во Македонија. На крај состанокот беше завршен со краток осврт кон последните медицински водичи за кардиохируршки третман од областа на бајпас и валвуларната хирургија.
Присутни беа гости од домашните, приватни и јавни здравствени установи.