Дијагностицирање и третман на сексуално преносливи болести

Грижата кон Вашето генитално здравје ја манифестирате преку редовни гинеколошки прегледи и контроли кај Вашиот гинеколог( барем еднаш годишно). Сите сексуално активни девојки и жени треба да бидат и добро информирани дека редовните прегледи може да спречат понатамошно ширење на одредена сексуално пренослива болест преку правилно дијагностицирање и соодветен третман и терапија.

Кои се сексуално преносливи болести?

Сексуално преносливи инфекции се болести кои се пренесуваат преку сексуален контакт, од партнерот кој има сексуално пренослива инфекција.

СПБ се добиваат преку секој вид на сексуална активност, а бидејќи се сериозни болести бараат посебен третман од докторите. Сепак, некои од нив, како ХИВ, се неизлечиви и се смртоносни.

Сексуално преносливи инфекции вклучуваат:

Генитален херпес
ХИВ / СИДА
Гениталните брадавици
Хепатит Б
Хламидија
Сифилис
Гонореа
Трихомонас
Симптоми

Се случува овие инфекции да бидат и без никакви симптоми. Ако симптомите се присутни, тие може да вклучуваат: чешање, непријатна миризба и променет вагинален секрет. Вагиналниот секрет е секогаш присутен. Но, доколку е пообилен и е со променета боја и непријатен мирис, а проследен и со друга симптоматологија како силен јадеж, црвенило и печење, упатува на генитално заболување кое треба да се лекува. Останата симптоматологија која може да се јави доколку имате сексуално пренослива болест се:

рани, израстоци, брадавици на устата, анусот, пенисот или вагината
осип на кожата
болки при мокрење
губиток на тежината, ноќно потење
болки, температура и треска
пожолтување на кожата
крварење од вагината, освен за време на менструација
болни сексуални односи

При било каква промена на вагиналниот секрет задолжителна е посета на гинеколог. Во нашата клиника ќе ги добиете сите потребни информации и соодветни иследувања за овие заболувања, и секако адекватен третман и здравствен совет.

Максимално посветени кон оправдување на очекувањата од нас

Трета недела по ред, во рамките на Центарот за едукација- Жан Митрев Клиника, студентите од првата група кои се на тримесечна обука за средно медицински персонал ги следат предавањата и практичните вежби во болницата. Нивните едукатори, искусни и главни медицински сестри во болницата, од понеделник до петок низ теоретски предавања и практични вежби во секој од одделите,  ја водат групата од десет студенти. Сите се со заокружено формално образование за медицнски сестри или се студенти на Високата медицинска школа. Во согласност со програмата, на крајот на работната неделата полагаат устен, а во понеделник писмен дел од поминатиот материјал од таа седмица. За време на паузата, по завршувањето на вториот писмен испит, меѓусебно дискутираа и разменуваа мислење за тежината на последниот тест.

„Се подготвуваме многу за овој тест, прашањата беа од материјалот кој го изучувавме и сме задоволни од напишаното. Се надеваме дека и нашите едукаторки ќе бидат задоволни“, во еден глас зборуваа сите.

За нивните импресии, очекувања и постигнато до сега, ни споделија неколку размислувања… “ Концептот на изучување е на едно високо, светско ниво. Ова е повеќе од очекуваното и за мене е навистина привилегија што сум дел од оваа група на студенти. “Сакам да ја оправдам оваа можност која ни ја дадоа д-р Жан Митрев и менторките кои се навистина посветени кон нас, кои несебично и темелно се насочени кон едукацијата. Сето она што тие го собрале низ  годините, преку работата се трудат максимално да ни го пренесат“. “Ова е посебен вид на обука, која вклучува повеќе професионални методи. Условите се врвни и се надевам дека после завршувањето на едукацијата ќе бидам вработена во болницата“… “Голема благодарност до нашите едукаторки, сметам дека нивните очекувања се големи за нас, а ние со посветеноста кон едукацијата ќе се обидеме да ги оправдаме“…

Несебичната посветеност и професионален пристап кон пациентите кои се специфика за главните медицински сестри кои се ангажирани во Центарот за едукација се пресликуват и во односите кон идните колешки и колеги, секојдневно, низ предавањата и практичните вежби. “Нашата мисија е да ги воведеме  во работата, да им пренесеме сето она што сме го собрале како искуство низ долгогодишната работа. Да го извлечеме есенцијалното, суштинското и да им го пренесеме. Затоа што тоа треба да им биде стабилна база од каде ќе почнат ново вработените. Да ги сублимираме работите, да ги прилагодиме за нив, но и да оцениме колку од  нив се подготвени да се приклучат на нашиот тим. Иако тоа не е едноставно, сепак проверката на знаење на неделно ниво и евалуација на предавањата на дневно ниво, многу ќе помогне во крајниот избор. Сметам дека овој  концепт ќе им помогне како на ново вработените, така и на нас, да имаме слика за нивните капацитети и знаења“, изјави Александра Темелковска, главна сестра во клиниката и одговорна на Центарот за едукација.

16 години после сложената операција Божиновски им пркоси на сите животните предизвици

За себе си вели дека е во групата на среќни пациенти… Затоа што, кога во 2001 година му се слошило, докторите кои го прифатиле во друга болница му давале уште 3 часа живот…  А тој, после операцијата со 7 бајпаса и 2 операции на каротиди, направени од д-р Жан Митрев, 16 години живее нормален живот…

„Јас сум 301-от пациент на д-р Жан Митрев. И ако животот знае да биде многу непредвидлив, да носи со себе добри и лоши денови, пријатни и непријатни ситуации, кај мене тасот навалувал повеќе кон непријатните, најтешките за еден родител“, го совладаа емоциите 75 годишниот Божин Божиновски.

Тој, заедно со својата фамилија беше дојден на редовна контрола. За него, докторите велат дека е дисциплиниран пациент. Од редовни контроли до терапии и континуирани консултации, што е позитивно и многу важно за еден пациент на кој му е извршена тешка и сложена операција. „Да не беше д-р Жан Митрев, Божин ќе го немаше. Од 3 часа кои му ги „даваа“ во друга клиника, нашиот доктор успеа да го врати во живот и благодарение на него сега е со нас. 7 часа траеше неизвесноста околу операцијата, но надежта не ме напушти во тие тешки моменти. И сега, 16 години потоа, неговото срце е добро, а Божин е витален и добро ги извршува редовните, секојдневни обврски“, се надополни неговата сопруга. Таа заедно со Божин беа на преглед во болницата, а откако го завршија се сретнаа и со „нивниот доктор“, како што го нарекуваат д-р Жан Митрев. Задоволни дека ќе споделат со него вести за нивната здравствена состојба неизбежно беше да продолжат со разговорот и за тоа како ги минуваат деновите во старост, со нивните внуци…

По многу години талкања, со вас ѝ се врати вербата за живот на ќерка ми

Битката со болеста ревматoиден артритис С.В. ја води од нејзината десетгодишна возраст, а семејство ѝ е најверната потпора во изминатите 22 години. Во потрагата по решение за нејзината болест наидувала на многу препреки, се соочувала со тешки моменти, некогаш погрешни чекори во дијагностиката или несоодветна терапија, затворен однос доктор-пациент, а болеста прогресила… “На кратки патеки болеста ќе се стабилизираше, но погрешната дијагноза поставена на десетгодишна возраст и терапијата која и го ослабна имунолошкиот систем си го направи своето“, почна да раскажува нејзината мајка Васка. Болница по болница, од доктор до доктор, од Штип до Скопје, немало подобрување… Се додека на инсистирање на мајката не направиле уште едно испитување на Клиниката за детски болести во Скопје. Тогаш и поставиле вистинска дијагноза за јувенилен ревматoиден артритис. Но, претходната терапија си го направила своето и имала големо влијание врз ослабнување на имунитетот. Десет години скитања по болниците, една по друга терапија, зглобот на коленото почнал да ослабува и операција била неизбежна. Првата операција на С. В. ѝ ја направиле во Клиниката за ортопедија во Скопје. Иако операцијата била успешна, раната тешко заздравувала, па морале да продолжат да прават редовни преврски во родниот град. После неколку месеци раната зараснала, но болеста продолжила да ја разнишува стабилноста и на другите зглобови и коски. “Моето дете целосно ја изгуби вербата во докторите. Така живееше 7,8 години, со помали или никакви подобрувања од првата операција. Тогаш дознавме дека и во болницата кај д-р Жан Митрев се прават ортопедски операции. Со првиот преглед кај ќерка ми од страна на ортопедот и првата успешна операција на колк, кај нејзе се врати вербата за живот. Тоа за нас беше голем импулс иако беше големо финансиско преоптоварување и бараше големи жртви… Но, радоста и подобрувањето на здравјето кај моето дете е највредно, неспоредливо со било кои материјални издатоци кои ги имаме за операции, терапии, преврски итн. Таа болницата ја доживува како свој втор дом, сите ги чувствува како дел од едно големо семејство, кои се премногу љубезни и блиски со неа“…

Од тогаш до денес, на С. В. ѝ се направени уште 5 операции од страна на д-р Сашо Младеновски. Васка ја потенцираше стручноста, но и исклучително пријателскиот однос и посветеноста на докторот“. Д-р Младеновски е секогаш достапен за нас, има прекрасен однос кон својата пациентка, што многу значи. Но, болеста е толку лоша што и покрај успешните операции, сепак коските не може долго да ги држат протезите и беше препорачно да се направи нова операција. Овде, сакам да ја потенцирам хуманоста на д-р Жан Митрев за неодамна направената последна операција на скочен зглоб. Се помина во добар ред, a докторите споменале и за озон терапија, која доколку даде позитивни резултати ние би биле најсреќните луѓе на светот. Неизмерно сум благодарна на д-р Жан Митрев, кој согласно можностите секогаш ни излегувал во пресрет. Тој е посебен човек, не само поради стручноста, туку и воопшто, кај него има голема човечност што е реткост во денешно време“, емотивно дополни Васка…

Оценети со 5-ка од учениците од Струмица

Дологодишната соработка на СОУ “ Димитар Влахов“ од Струмица со болницата продолжи и годинава со денешната посета на учениците од втора година, здравствена струка.   Над триесетеина ученици и нивните професорки ги пречека главната сестра Александра Темелковска и организирани во групи тргнаа во обиколка по болницата.

Професорката Емилија Котеска, која е од самиот почеток вклучена во програма, кога учениците организирано ја посетуваат болницата, вели дека секоја година има нешто ново, посебно што се прави овде. “Но, она што посебно ме фасцинира е континуираниот квалитет и професионализмот, од самиот почеток до ден денес. Тоа е за почит“, изјави таа. “Со овие посети учениците имаат можност да направат разлика во работа во државна и приватна болница. Исто така, имаме долгогодишна соработка  со изведување на  практична настава на нашите ученици во Поликлиниката во Струмица“, додаде таа и го оцени како вредно искуство за нивните ученици.

Ова им е осма година по ред како ученици од ова училиште доаѓаат да се запознаат со новитетите во болницата, а денес дознаа повеќе за дијагностичките процедури, како фунцинира и е организирано секое одделение, слушнаа за новитетите кои доаѓаат од генетската лабораторија, добија информации и за новите методи и софистицирана опрема и условите во кои се работи во болницата.

Пред заминување ги прашавме со која оценка би не оцениле? “5-ка за условите, за професионалноста, софистицираната опрема, љубезниот и посветен однос на персоналот кон пациенти, но и други лица, дијагностичките методи, но и хигиента и континуираниот квалитет во испораката на услугите“… За крај порачаа дека, по завршување на образованието би сакале да работат овде, да учат од професионалци, да се грижат за здравјето на луѓето токму во ваква современа болница!

Кога си во вистински раце, постои втора шанса за живот

Четири месеци после заминувањето дома, Бранко Рајко од Умаг, Хрватска допатува во Македонија за да го направи првиот контролен преглед по неодамнешната васкуларна операција во Жан Митрев Клиниката. Не можеше да ја прикрие возбудата од средбата со д-р Жан Митрев и нетрпеливо чекореше пред неговиот кабинет, држејќи ги резултатите со себе. Сакаше да сподели со д-р Митрев за неговото позитивно искуство, по успешната операција. Да му раскаже дека ако до пред пет месеци бил со сомнежи за неговиот живот, сега тој е жив и среќен што се се враќа во нормала. Неговата сопруга која го придружуваше, преку разговорот со нас се обидуваше да го анимира и да ја амортизира неговата трема. „Д-р Жан Митрев е спасителот на Бранко. Благодарение на него, на неговата исклучителна стручност тој е жив и нормално ги извршува секојдневните обврски. За нашата приказна многу слушнале и прочитале, така што ни се јавуваат сограѓани за да им дадеме контакт од болницата. Тоа е најмалку што можеме да направиме за некој кој бара помош и му треба вистинска информација за потенцијално решение на неговиот здравствен проблем“, зборуваше таа.

На само една недела после враќањето дома, како што ни раскажа Бранко, веќе без проблеми го возел автомобилот и самостојно ги извршувал секојдневните обрвски. Додека ни објаснуваше за искуствата кои ги имал по враќањето дома, на врата се појави д-р Митрев и природно фокусот на интерес веднаш беше пренасочен кон свежиот изглед на Бранко, кон неговата здравствена состојба… Ги оставивме да разговараат за начинот на одржување на здравјето, следни чекори, совети..

За првпат секвенционирање на човечки гени во Македонија и регионот

“Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, за само три месеци постави цврсти темели за развој на македонската генетика. Со ова истражување, каде што направивме анализа на цели геноми, предвремено утврдиме ризик од одредени заболувања кај овие лица. Уште пред да се појават симптоми за одредени болести се утврди потенцијалниот ризик од развивање на рак, дијабетес, срцеви заболувања и др. Исто така, утврден е и нивниот одговор на стрес, одредени лекови, исхрана.. “. Ова денес го изјави д-р Горан Кунгуловски и на конференцијата пред новинарите, на која обраќање имаше и д-р Иван Кунгуловски проф. д-р Мирко Спироски. Тие објаснија за значењето на проектот кој беше посветен на  секвенционирање на неколку човечки геноми и десетици човечки егзоми (дел од геномот кој кодира за протеини), нешто што е за прв пат направено во регионот.

“Иако ова е едно од најголемите достигнувања на македонската наука, ние не застануваме тука.  Нашата интенција е во наредниве неколку години да започнеме проекти што ќе се викаат “1000 македонски геноми” и “Геном за секое новородено бебе” со што персонализираната медицина ќе се демократизира и ќе стане достапна за сите“, објасни д-р  Горан Кунгуловски.                                                                                                                                               Секвенционирањето на првиот човечки геном во 2003 година е едно од најголемите достигнувања на цивилизацијата. Проектот за човечкиот геном (Human Genome Project) започнал во 1990 година, траел 13 години, и изнесувал 2.7 милијарди долари, во кој биле вклучени стотици научници од различни институти и приватни компании. Со развојот на нови и напредни технологии за ДНК секвенционирање, брзината и цената на овие анализи се драстично намалени, а истовремено прецизноста е за многу пати зголемена. Секвенционирањето на целосни геноми и егзоми е првиот чекор кон еден нов пристап во медицината, што се вика персонализирана медицина. За разлика од стандардната медицина којашто е реактивна, овој пристап е проактивен, односно однапред се откриваат потенцијалните ризици за развивање на болести како рак и срцеви заболувања и слично, уште пред да се појават нивните први симптоми. Исто така однапред се утврдува и нашиот личен одговор на одредени лекови лекови, најсоодветната исхрана и слично.

Стручноста на гинеколозите од аголот на задоволна пациентка

“Кога се работи за здравје, кај мене не постојат алтернативи во избор на доктори… Здравјето е примарно, а во изминативе  неколку години, во болницата кај д-р Жан Митрев сум имала само позитивни искуства. За моја среќа, тоа се потврди и овој пат“. Драгица Митковски од Скопје (67), го истакна нејзиното задоволство од успешната операција на матка и јајници, од страна на искусниот гинеколошки тим од  проф. д-р Васил Илиев и д-р Ирена Андонова.

Со текот на времето, Драгица почнале да ја мачат гинеколошки проблеми. Искуството со другите клиники во однос на недоволна грижа при интервенции, долг период на чекање и неизвесност при лекувањето, и овој пат ја упатиле кон професионалците од тимот на д-р Митрев. Нејзиниот проблем со матката беше решен само за 5 дена. Ниту во еден момент немала сомнежи дека се ќе помине во ред, пред се поради сигурноста која ја имаат докторите, а индиректно ја пренесуваат на пациентите.

На четвртиот ден од операцијата, Драгица чекаше да помине редовната визита од медицинскиот тим и беше во исчекување на информации за нејзината состојба… Се вративме во нејзината соба по визитата, а загриженоста на лицето која ја имаше претходно беше заменета со насмевка… “ Се подготвувам за заминување дома. Се е во ред, ми потврдија докторите. Сега сум смирена и среќна“, изјави Драгица.

Пред заминување дома, Драгица не штедеше пофалби за д-р Жан Митрев, за проф. д-р Васил Илиев и д-р Ирена Андонова, како и за другиот медицински и немедицински кадар. Нејзината порака е: Негувајте ја пожртвуваноста и професионалноста кон пациентите, ние тоа го цениме и препознаваме…