Современ хируршки третман на политрауматизиран пациент

Современ хируршки третман на политрауматизиран пациент

Пациент на 22 годишна возраст донесен е во Специјална болница за хируршки болести “Филип Втори” од друга здравствена установа со возило на брза помош поради повреди задобиени на работно место.Повреден е кога машина тешка околу 350 килограми паднала врз него.Пациентот е примен со јаки болки ,отоци и неможност за движење на левата рака и нога.Двишењето е оневозможено поради постоење на тешки скршеници на левата потколеница и левата подлактица со рачниот зглоб и со придружни мекоткивни оштетувања и рани на кожата.После предоперативните иследувања пациентот е опериран во општа анестезија ,направени репозиции и остеосинтеза(спојување на коските) на раката и ногата со најсовремени импланти и обработка на раните на кожата . За време на престојот во болницата примаше антибиотска ,антикоагулантна терапија и аналгетика.Пациентот првиот ден започна со брза рехабилитација ,беше вертикализиран и со тимски пристап на медицинскиот персонал после 7 дена беше пуштен на домашно лекување.

Креативна работилница здрав дух во здраво тело – како да бидеме подобри спортисти

Креативна работилница здрав дух во здраво тело – како да бидеме подобри спортисти

Последното предавање во кампот„Кирил Лазаров 7“ бешереализирано преку креативна работилница „Здрав дух во здраво тело како да бидеме подобри спортисти“.Во современото динамично живеење спортувањето е најдобриот начин на кој може да го зачуваме здравјето. Но едновремено спортот претставува и извор на стрес. Што значи да се биде тимски играч, како да се дојде до победа и како да бидеме најдобри во она што го правиме?

Како да го намалиме притисокот пред натпревар? Низ креативна работилница која ја водеше Фросина Ристовска психолог од Специјалната болница Филип Втори најмладите на кампот имаа можност да научат за тоа како самите функционираат во тим, да искусат што се случува кога меѓусебно не се координирани и да научат како најдобро да се подготват пред секој тренинг. Дополнително имаа можност да споделат како секој од нив се поддржува пред натпревар преку редовно спиење, здрава храна, посветеност на вежбањето и избегнување на стрес преку техники кои ги релаксираат. За да се биде добар спортист неопходно е оптимално психофизичко здравје, развиена рутина и максимална посветеност.

„Филип Втори“ го одржа првото предавање во кампот „Кирил Лазаров 7“

„Филип Втори“ го одржа првото предавање во кампот „Кирил Лазаров 7“

Што е здрава храна,колку оброци на ден треба да се внесуваат, во кој временски период и слично.Ова беа само дел од прашањата кои беа одговорени преку интеракција со децата од кампот „Кирил Лазаров 7“. Ова беше прво од предвидените три предавања кои „Филип Втори“ ќе ги одржи во рамки на кампот.Темата „Здрава исхрана“,ја подготви м-р Тина Коцова инженер по прехрамбена технологија во болницата.Таа со својот професионален пристап ги анимираше децата преку еден забавно-едукативен начин да дискутират за храната и она што тие секојдневно го имаат како оброци и ужинки во текот на 24 часа.Од страна на м-р Коцова акцентот беше ставен на правилната исхрана за деца кои имаат поголема физичка активност. Кои видови на храна и нутриенти се потребни и како треба да биде организирано дневното мени за млади спортисти. Кои витамини и минерали се неопходни, распоредот на оброци, внесот на течности.Иако постојат општи препораки сепак менито се прави на на индивидуална база.

Некои од општите карактеристики се следни:
Последниот оброк треба да биде три часа пред физичката активност. Да не е масен и да нема премногу дијатетски влакна.
На секој 15 до 20 минути во текот на физичката активност треба да се внесува по минимална количина вода(капка по капка)
максимум 300 мл на 20 минути.После физичката активност се зема литар и пол вода на килограм загубена телесна маса може и повеќе во зависност од тежината на тренингот.
Се препорачува да се зема и солена храна после тренингот заради задршка на течноста за подобра рехидратација(на пример супа)
Во текот на тренингот може да се земаат и спортски напитоци кои што содржат електролити и шеќери за надополнување на течностите.После тренингот се препорачува храна богата со јаглени хидрати и протеини. Добар избор тука се легуминозите(грав леќа,боранија).
Избалансираната храната овозможува правилен раст и развој на децата.Предавањето беше наменето за деца од 10-14 години.

Блаже Арсов физеотерапевт од Специјалната болница„Филип Втори“ одржа предавање

Блаже Арсов физеотерапевт од Специјалната болница„Филип Втори“ одржа предавање на тема „Здрав и балансиран активен живот“

Преку интересни споредби, конкретни примери и анализи беше одржано предавање на тема „Здрав и балансиран активен живот“.

Физиотерапијата го следи спортот на сите спортски терени,таа е составен дел од него .Физиотерапевтите со специјални физиотерапевтски техники можат да им помогнат на спортистите (во нашиот случај ракометарите) полесно да го поминат периодот при повреда а воедно и да им помогнат при превенција од најчестите ракометни повреди(рачен зглоб,скочен зглоб,колено,рамен зглоб и повреди на прстите).Прва физиотерапевтска помош на сите спортски терени е R.I.C.E методот(мирување,мраз,компресија,и елевација).Во подоцнежниот третман на повредата можат да се применат и други мануелни техники или електротерапија.Во предавањето децата имаа можност да дознаат и на кој начин работи човековото срце и колку е голема важноста на кардиоваскуларниот систем особено за спортистите.Специјалната болница „Филип Втори“ како медицински партнер на кампот подготви 3 предавања во насока здрав живот.

Физеотерапевтот Арсов пред децата на возратс од 12-17 години од кампот „Кирил Лазаров 7“ зборуваше за балансирањето помеѓу основните здрави навики и секојдневните активности. Колку сериозно децата можат да го разберерат значењето на сопственото здравје и што се треба да направат за секојдневно одржување на организмот во добра психо-физичка состојба. Акцентот беше ставен на влијанието на нездравата исхрана врз кардиоваскуларниот систем и физичката подготвеност на децата.Според светските стандарди за физичка активност на деца на оваа возраст доволни се 60 минути умерено темпо физичката активност(пливање, трчање, пешачење, возење велосипед и некои групни игри).Спортските активности како што е ракометот треба да бидат присутни 3 пати седмично со поинтензивно темпо. Спортот е сериозна работа и секој кој одлучил да се бави професионално мора да инвестира во сопственото здравје за да ја постигне својата цел.Тие здрави навики се стекнуваат кога ги имаме годините на деца со постојано нивно применување.Насочувањето кон спортот не треба да значи запоставување на училишните обврски туку напротив преку физилката активност се подобрува концентрацијата и севкупниот успех во училиште.

Четврти ден од кампол„Кирил Лазаров 7“

Соработката со „Филип Втори“ голем придонес за кампот

Четврти ден од ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“.Секој ден приказна за себе во која најмногу се раскажува за ракометот.Практичниот дел од овој атрактивен спорт овде во кампот се реализира два пати на ден. Преку утрински и попладневни тренинзи. Децата се поделени во 5 групи, според возраста. Тренирани од врвни имиња во ракометот. Лазаров дел од тренинзите на сите 150 деца.Организаторот на кампот,КМГ Спорт ја има осмислено секоја минута на децата. Изблансираноста помеѓу физичката активност и одморот прават деновите да поминуваат лесно и брзо. Покрај одличната организација кампот добива на атрактивност со присуството на нашите репрезентативци, Стоилов, Ристовски, Манасков, Ојлески,потоа вардаровецот Дибиров и гостинот од Србија, Дејан Периќ. Специјалната болница „Филип Втори“ е задолжена за медицинскиот надзор и помош на децата.Но и за добрата исхрана на идните ракометари, преку изработката на 7 дневното мени.Соработка која продолжува, во таа насока Лазров ни изјави:

„ Со организирање на кампот на овој начин мислам дека направивме една нова и огромна работа. Радува присуството на деца од цела Македонија.Идејата на овој камп е да се обидеме да ги „разбудиме“ сите делови од земјава каде што ракометот е замрен, повторно да ги оживееме преку нашето знаење и вложување во континуиран развој на ракометот.Бидејќи тоа е спорт за кој децата пројавуваат огромен интерес. А ние ќе направиме се за да го учат, научат и да напредуваат покрај нас. Да станат добри ракометари,а преку поединечниот учинок во колективната игра да го изградат и својот карактер.Огромно е значењето на Специјалната болница „Филип Втори“ како медицински партнер на кампот. Му благодрам на д-р Митрев за соработката и се надевам дека истата и во иднина ќе продолжи. Присуството на лекарскиот тим од „Филип Втори“ овозможува сите повреди кои се настанати во текот на овие денови да се санираат навремено и професионално. Нивниот третман кон повредите на децата, придонесува во максимално краток рок да се вратат на терен“.

Лекарскиот тим на „Филип Втори“ го предводи д-р Сузана Јанчевска специјалист ортопед.Еве го најкратко билтенот на повреди во изминативе денови:„Лекарскиот тим кој е овде здравствено ги згрижува децата од утро до вечер, имаме импровизирана амбуланта која се наоѓа веднаш до терените во кампот.Нашиот ангажман е 24 часовен здравствен мониторинг на сите присутни во кампот.Во изминативе 4 дена кај децата најчесто се работеше за истегнување на мускулатури, дистензии на одредени зглопчиња на прстите,на дланката и на скочниот зглоб. Неколку деца се пожалија и на дехидратација. Овде сакам да потсетам дека треба да земаат повеќе течности за да го надополнат она што го губат за време на тренингот.Се чуствува малку замор кај децата, има по некоја исеченица, набиеници и разни буички како резултат на притисок од носење на несоодветни обувки,патики.Постојано сме активни“.

Остануваат уште 2 предавања на теми од здравјето на децата кои ќе се случат утре и задутре. Во сабота кампот ќе го посети и медицинскиот директор на болницата д-р Тања Анѓушева, која како дел од тимот на „Филип Втори“ даде огромен придонес за успешноста на соработката со најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров.

Специјалната болница „Филип Втори“ подготвена за стартот на кампот „Кирил Лазаров7“

Специјалната болница „Филип Втори“ подготвена за стартот на кампот „Кирил Лазаров7“

Сцпецијалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ комплетно е подготвена за 150 -те деца кои се дел од кампот „Кирил Лазаров 7„ .Околу досегашните подготовки зборува медицинскиот директор на болницата д-р Тања Анѓушева:

„Филип Втори “ направи комплетна подготовка на целокупниот медицински материјал што е неопходен за обезбедување комплетна медицинска заштита на децата кои што ќе учествуваат на летниот камп„Кирил Лазаров 7“. Предходно е направен систематски преглед на вкупно 150 деца. Сите деца се добри и подготвени за редовни тренинзи. Исклучок се само две дечиња кај кои навреме беа откриена промени во работата на срцето и за жал неможат да бидат дел од кампот. Со прегледите се овозможи навремено откривање и навремен третман на некои промени на срцевите заболувања кај дечињата.Филип Втори како тим обезбеди медицинска екипа во состав на доктор Сузана Јанчевска специјалист ортопед која има долгогодишно искуство од областа на ортопедијата и трауматологијата, но и во работата на брза помош и интензивни лекување така што ќе биде комплетно способна да ги згрижи евентуално ново појавените здравствени проблеми кај дечињата. Потоа медицинската сестра Трајанка Стојановска-Дамевски , како и физиотерапевтот Блаже Арсов . Овој летен камп нема да биде замислен само во смисила на активно спортување, туку децата ќе имаат и адекватна едукација од областа на здравиот живот .За таа цел „Филип Втори“ како установа обезбеди кратка едукативена програма , од областа на здрава исхрана , децата ќе се запознаат со тоа што е здрава храна , што треба да преферираат во исхраната ,како да си го сочуваат своето здравје преку здравата храна , потоа имаме предавање од областа на здрав живот, тука комплетно се опфатени компонентите на здрава храна, здрав живот , физичка активност , ментално здравје кај децата. Кратко запознавање ќе имаме и за одговор на прашањата : Што е срце , што е кардио васкуларен систем,како срцето и кардиоваскуларниот систем заедно со органите за дишење се непоходни, за едно правилно спортување, правилен развој на детската возраст . Последниот едукативен дел ќе биде посветен на психологијата , колку е битно психичкото здравје кај децата и како истото да го обезбедат . Тоа нема да биде класично предавање , истото е замислно како дел од една интерактивна работилница каде што дечињата ќе ги потенцираат своите проблеми, истакнувајќи што е правилно, што неправилно во животот за да може низ игра и разговор да се откријат некои евентуални конфликтни ситуации во самите нив . Ова искуство од недела дена ќе даде голем плод за подобрување на здравиот живот кај младата популација. Оваа соработка со тимот на Кирил Лазаров ќе стане традиционална со што ќе допринесеме за идни здрави генерации во Македонија“.

„Филип Втори“ заврши со прегледите на децата и тренерите од кампот „Кирил Лазаров 7“

„Филип Втори“ заврши со прегледите на децата и тренерите од кампот „Кирил Лазаров 7“

Болницата го изработи и менито по кое ќе се гови во кампот
Во Специјалната болница „Филип Втори“ денеска завршија прегледите на децата како и на врвните имиња во македонскиот ракомет, Бошковски , Брестовац, Марковски, Соколески и Петковски кој се дел од кампот „Кирил Лазаров 7“. Иницијативата за систематски прегледи кои вклучуваа ЕКГ, ЕХО, стрес тест и лабораторија беше на д-р Жан Митрев, како и транспортот на децата .

Во изминатиов месец со добра организација и покриеност на сите делови од Македонија прегледите освен во болницата во Скопје се правеа и во поликлиниките на „Филип Втори“ во Струмица и Битола. Од страна на одличниот лекарски тим констатирно е дека децата здравствено се подгтвени за престојниот камп и сите спортски задачи кои ќе им бидат дадени од Лазаров и негвиот тренерски тим.
Специјалната болница „Филип Втори“ го изготви и менито по кое ќе се подготвува храна за децата. Истото е направено според дневните потреби за внес на витамини, минерали, протеини и се она што е неопходно за здрави деца кои се физички активни.

Лекарскиот тим кој ќе замине во Охрид е составен од медицински лица од “Филип Втори“ од Скопје и поликлиниката „Филип Втори“ од Битола. Предавањата ќе се одвиваат во вторник, четврток и сабота од страна на нашите психолози, а ќе бидат на едукативни теми прилагодени за возраста на децата . Со сите свои капацитети Специјалната болница „Филип Втори “ ќе ја оправда довербата да бидеме медицински партнер на кампот на најдбриот десен бек и стрелец на планетава Кирил Лазаров.

„Кога изгубив секaква надеж дека моето срце ќе остане во мене го сретнав Д-р Митрев , благодарение

„Кога изгубив секaква надеж дека моето срце ќе остане во мене го сретнав Д-р Митрев , благодарение на него јас сум жив“

Она што не се нафати да го направи ниту една болница во светот , ниту еден кардиохирург успешно го направи Академик д-р Жан Митрев и Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“. Некогашниот претседател на сплитски Хајдук г-динот Јосип Грбиќ беше успешно опериран и спасен од тешко заболување на неговото срце. Од врвните светски кадриохирурзи на клиниките во Загреб, Хјустон, Париз му било кажано дека состојбата му е толку сериозна што мора да се направи трансплантација на срце, за да живее. Грбиќ не можел да ја прифати таа сурова вистина а прашањето кое потојано му се вртело во глава и кое секојдневно го поставувал на својата сопруга било „ Љубена моја па како јас ќе те сакам со туѓо срце“. Од свој пријател слушнал за болницата „Филип Втори“, една средба со д-р Митрев му внела силна верба дека може да му помогне и да го спаси неговото срце. Фудбалскиот стратег воопшто не размислувал и како што вели за 5 минути ја донел одлуката живот да го довери во рацете на д-р Митрев. Ова е дел од сторијата која е објавена во тиражниот хрватски весник „Јутарњи лист“. Ви ја пренесуваме во целина ТУКА.