Доктор специјалист по дерматовенерологија со повеќе од десет години искуство во областа на клиничката дерматологија, дермоскопијата, трихоскопијата, третманот на хронични рани и естетската дерматологија.
Моментално ја извршува функцијата раководител на Одделот за дерматологија и центар за естетска дерматологија во Клиника „Жан Митрев“, Република Северна Македонија. Поседува долгогодишно искуство во следење на пациенти со меланом, дијагностика на карциноми на кожа, напредна дермоскопија, воспалителни заболувања на кожата и естетска дерматологија.
Меѓународно е усовршувана преку клинички и научноистражувачки престои на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција, под менторство на проф. д-р Аимилиос Лалас, еден од водечките светски експерти во областа на дермоскопијата и дијагностиката на карциномите на кожа.
Активен истражувач во областа на карциномите на кожа, со особен интерес за епигенетските биомаркери, мултиомските анализи на cfDNA и предикторите за одговор на имунотерапија кај меланом.
Член и национален претставник на International Dermoscopy Society (IDS), меѓународен предавач, едукатор, член на меѓународни наставни тимови (Faculty) и клучен експерт (Key Opinion Leader) во областа на естетската дерматологија.
