НУТРИЦИОНИЗАМ
Персонализиран пристап кон исхраната како клучен фактор за здравје, превенција и третман на различни состојби.
Преглед на одделот
Одделот за нутриционизам и диететика нуди персонализиран пристап кон исхраната како клучен фактор за здравје, превенција и третман на различни состојби.
Преку стручна проценка и индивидуално креирани нутритивни програми, се овозможува постигнување на одржливи резултати и подобрување на квалитетот на живот.
Болести и состојби
Во одделот се работи со пациенти со:
Прекумерна телесна тежина и потхранетост
регулирање на телесна композиција.Дијабетес и инсулинска резистенција
контрола на гликемија преку исхрана.Кардиоваскуларни заболувања
намалување на ризик преку нутритивен пристап.Дислипидемија
регулирање на масти во крв.Дигестивни нарушувања
хеликобактер, опстипација и дијареја.Анемија
нутритивна поддршка за корекција на дефицити.Алергии и интолеранции на храна
прилагодени нутритивни планови.Ендокринолошки и бубрежни заболувања
специјализирана исхрана.Имунолошки состојби
поддршка на имунитет преку исхрана.
Дијагностика
Во одделот се спроведува детална и сеопфатна нутритивна проценка, со цел да се утврди моменталната здравствена состојба, нутритивниот статус и индивидуалните потреби на пациентот.
Прецизно мерење на процентот на масти, мускулна маса, вода во организмот, висцерални масти и базален метаболизам. Анализата овозможува подобро разбирање на составот на телото и следење на промените во текот на третманот.
Mерење на телесна тежина, висина, BMI, обем на струк и колкови, како и проценка на ризикот од кардиоваскуларни и метаболни заболувања поврзани со прекумерна тежина или неухранетост.
Детална анализа на навиките во исхраната, внесот на храна и течности, физичката активност, спиењето и животниот стил. Се проценуваат и специфични симптоми, нетолеранции, апетит и постоечки заболувања кои влијаат на исхраната.
Проценка на витамини, минерали, шеќер, масти, железо, хормони, воспалителни параметри и други показатели за метаболниот и нутритивниот статус. Ова овозможува рано откривање на дефицити, анемија, инсулинска резистенција и други нарушувања.
Рана детекција на ризик од неухранетост, губење на мускулна маса, саркопенија или дефицит на одредени хранливи материи, особено кај пациенти со хронични заболувања, по операција или во постарa возраст.
Анализа на генетски фактори кои влијаат на метаболизмот, реакцијата на различни типови храна, толеранцијата на јаглехидрати и масти, потребата од одредени витамини и склоноста кон прекумерна тежина.
Третмани
Во одделот се изработуваат индивидуализирани нутритивни програми и долгорочни планови за подобрување на здравјето:
Индивидуални нутритивни планови
персонализирана исхрана прилагодена според возраста, здравствената состојба, лабораториските резултати, физичката активност и целите на пациентот.Нутритивни програми за специфични заболувања
посебно креирани планови за пациенти со дијабетес, инсулинска резистенција, хиперлипидемија, хипертензија, дебелина, гастроинтестинални заболувања, хронични заболувања на бубрези, срце и црн дроб.Програми за намалување или зголемување на телесна тежина
контролирано и безбедно намалување на телесната тежина, со зачувување на мускулната маса, како и програми за пациенти со неухранетост или губење на тежина.Нутригенетски пристап
персонализирана исхрана според генетски профил, со избор на тип на исхрана и препораки кои најдобро одговараат на индивидуалниот метаболизам на пациентот.Програми за деца и адолесценти
нутритивна поддршка за правилен раст и развој, превенција и третман на прекумерна тежина, селективна исхрана и нутритивни дефицити кај деца и тинејџери.Имунолошки нутритивни пакети
нутритивна поддршка за зајакнување на имунитетот, особено кај пациенти со хронични заболувања, по операции, инфекции или онколошки третман.Алтернативни нутритивни модели
советување и адаптација на медитеранска, вегетаријанска, веганска, low-carb или други режими на исхрана, со цел тие да бидат безбедни, балансирани и прилагодени на потребите на пациентот.Едукација и поддршка
континуирана едукација за правилен избор на храна, читање декларации, планирање оброци и одржување на здрави навики на долг рок.
Технологија и опрема
Одделот располага со современа опрема за прецизна нутритивна проценка и персонализирано следење:
Body InBody анализатор
напреден систем за анализа на телесната композиција, кој обезбедува детални информации за масти, мускулна маса, вода, висцерални масти и базален метаболизам.Системи за нутригенетика
генетски анализи кои овозможуваат персонализација на исхраната според генетскиот профил на пациентот и неговиот индивидуален метаболизам.Лабораториска дијагностика
современи лабораториски анализи за проценка на метаболни, хормонални и нутритивни параметри, вклучувајќи витамини, минерали, липиден профил, гликоза и воспалителни маркери.Системи за следење на напредокот
редовно следење и споредба на резултатите со цел проценка на ефектот од нутритивниот план и негово прилагодување доколку е потребно.
Специјалисти
Патот на пациентот
Консултација
Запознавање со потребите и поставување цели.
Дијагностика
Детална нутритивна анализа и мерења.
План за исхрана
Персонализиран и применлив пристап.
Имплементација
Практични насоки и континуирана поддршка.
Следење
Редовни контроли и прилагодување на планот.