ТОРАКАЛНА ХИРУРГИЈА
Дијагностика и хируршки третман на заболувања на органите во градниот кош, вклучително бели дробови, медијастинум, трахеја, дијафрагма, тироидна жлезда и дојка.
Преглед на одделот
Одделот за торакална хирургија обезбедува дијагностика и хируршки третман на заболувања на органите во градниот кош, вклучително бели дробови, медијастинум, трахеја, дијафрагма, тироидна жлезда и дојка.
Се третираат бенигни и малигни состојби, како и повреди и деформитети, со индивидуален пристап и соработка со други специјалности.
Хируршкиот третман се изведува со класични и минимално инвазивни методи, во зависност од состојбата на пациентот.
Болести и состојби
Во одделот се дијагностицираат и третираат:
Вродени деформитети и повреди на градниот кош
Заболувања на белите дробови – инфекции, тумори и други состојби
Заболувања на медијастинум – бенигни и малигни промени
Повреди и заболувања на дијафрагма и трахеја
Заболувања на тироидна жлезда – јазли, аденоми, карциноми
Заболувања на дојка – маститис, фиброаденоми и карциноми
Дијагностика
Во одделот се применуваат современи дијагностички методи за прецизна проценка на заболувањата на белите дробови, медијастинумот, тироидната жлезда и дојката, како и за планирање на хируршкиот третман.
Сеопфатна проценка на капацитетот и функцијата на белите дробови, особено кај пациенти со хронични белодробни заболувања, отежнато дишење или пред планирана хируршка интервенција.
Мерење на протокот и волуменот на воздух во белите дробови, со цел откривање на опструктивни и рестриктивни нарушувања. Се користи кај пациенти со хронична кашлица, ХОББ, астма и предоперативна проценка.
Проценка на вкупниот капацитет на белите дробови и резервата на белодробната функција, што е особено важно пред хируршко отстранување на дел од белите дробови.
Проценка на способноста на белите дробови за размена на кислород и јаглерод диоксид, како и нивото на оксигенација на крвта.
Основна радиолошка метода за откривање на тумори, воспаленија, течност, колапс на бел дроб или други структурни промени.
Детална анализа на белите дробови, плеврата, медијастинумот и околните структури. Овозможува откривање и проценка на тумори, метастази, лимфни јазли, крвни садови и планирање на хируршкиот пристап.
Дополнителна метода за проценка на меки ткива, медијастинум, тироидна жлезда и дојка, особено кога е потребна подетална анализа на распространетоста на промените.
Директен преглед на дишните патишта со можност за земање биопсија, бронхоалвеоларен лаваж и откривање на тумори, стеснувања, воспаленија или крвавење.
Хируршка процедура за проценка на медијастинумот и лимфните јазли, особено кај пациенти со белодробен карцином или суспектни медијастинални промени.
Земање примерок од белодробно ткиво, лимфни јазли, тироидна жлезда или дојка под контрола на ултразвук или КТ, со цел поставување на точна дијагноза.
Проценка на јазли, цисти, тумори и други промени, како дел од дијагностичкиот процес пред хируршки третман.
Третмани
Во одделот се изведуваат современи хируршки интервенции на органите во градниот кош, со избор на минимално инвазивен или класичен пристап, зависно од состојбата на пациентот.
Оперативен третман на заболувања на белите дробови, плеврата, медијастинумот, тироидната жлезда и дојката, според типот, локализацијата и стадиумот на заболувањето.
Зависно од големината и локализацијата на промената, се изведуваат:
- клинеста ресекција – отстранување на мал дел од белодробното ткиво.
- сегментектомија – отстранување на еден сегмент од бел дроб.
- лобектомија – отстранување на цел лобус.
- пулмектомија – отстранување на цел бел дроб.
Овие операции може да се изведат на 2 начина:
- Mинимално инвазивна хирургија (VATS) – Video-Assisted Thoracoscopic Surgery, при која операцијата се изведува преку мали резови со помош на камера и специјални инструменти. Овој пристап овозможува помала болка, пократок престој во болница и побрзо закрепнување.
- Kласични операции (торакотомија) – хируршки пристап со поголем рез, кој се применува кога е потребен поширок пристап до органите во градниот кош, особено кај сложени или обемни заболувања.
Отстранување на тумори, цисти или зголемени лимфни јазли во медијастинумот.
Делумно или целосно отстранување на тироидната жлезда кај јазли, тумори, гушавост или други заболувања.
Отстранување на бенигни тумори, делумно или комплетно отстранување на дојката при малигни заболувања.
Внимателно следење на пациентите по операцијата, со контрола на болка, респираторна поддршка, физиотерапија и следење на заздравувањето.
Технологија и опрема
Одделот располага со современа технологија за прецизна дијагностика и безбедно изведување на хируршките интервенции.
Современи операциони сали со напредна хируршка опрема
овозможуваат безбедно и ефикасно изведување на интервенции на белите дробови, тироидната жлезда и дојката, со континуиран мониторинг и анестезиолошка поддршка.Опрема за минимално инвазивна хирургија (VATS)
видео системи со висока резолуција, специјални инструменти и камера за операции преку мали резови.КТ и MRI дијагностика
детална визуелизација за проценка на тумори, лимфни јазли и околните структури, како и за планирање на хируршкиот третман.Мамографија и ултразвучна дијагностика
современи системи за откривање и следење на заболувања на дојка и тироидна жлезда.Опрема за бронхоскопија и биопсија
овозможува прецизна дијагностика на дишните патишта и земање примероци за патохистолошка анализа.Мониторинг и респираторна поддршка
современи системи за следење на виталните параметри и поддршка на дишењето за време и по хируршката интервенција.
Специјалисти
Патот на пациентот
Консултација
Преглед и проценка врз основа на симптоми или медицинска документација.
Дијагностика
Спроведување на лабораториски и дополнителни испитувања по потреба.
План за третман
Дефинирање на соодветен хируршки или друг пристап.
Интервенција
Изведување на планиран хируршки третман.
Следење
Постоперативна грижа и редовни контроли.