ОНКОЛОГИЈА
Дијагностика, третман и следење на малигни заболувања, со индивидуален пристап кон секој пациент.
Преглед на одделот
Одделот за онкологија обезбедува дијагностика, третман и следење на малигни заболувања, со индивидуален пристап кон секој пациент.
Се работи со современи дијагностички методи, системска терапија и генетско советување, со цел прецизна дијагноза и оптимален третман.
Болести и состојби
Во одделот се дијагностицираат и третираат:
Малигни заболувања на различни органи и системи
солидни тумори од различна локализацијаНапреднати форми на малигни заболувањa
состојби кои бараат системски третманРецидиви на малигни болести
повторна појава по претходен третманМетастатска болест
ширење на болеста во други органи
Дијагностика
Во одделот се применува современа онколошка дијагностика со цел прецизно поставување на дијагнозата, одредување на типот и стадиумот на болеста и избор на најсоодветен третман.
Минимално инвазивна процедура при која со тенка игла се зема примерок од тумор или сомнителна промена, најчесто под контрола на ултразвук или компјутерска томографија. Се користи за проценка на тумори на дојка, лимфни јазли, тироидна жлезда, бели дробови и други органи.
Земање поголем примерок од ткиво со специјална игла, што овозможува подетална патохистолошка анализа и прецизно одредување на типот на туморот, неговата агресивност и чувствителност на терапија.
Ултразвук, компјутерска томографија (CT) и магнетна резонанца (MRI) за откривање, локализација и проценка на распространетоста на туморот. Овие методи се користат и за следење на ефектот од терапијата и евентуално појавување на нови промени.
Обработка и анализа на земените примероци во соработка со референтни лаборатории, со цел прецизно утврдување на видот на малигното заболување и неговите карактеристики.
Дополнителни анализи кои овозможуваат откривање на специфични маркери и рецептори на туморот, важни за избор на таргетирана или хормонска терапија.
Тестирање на генетски промени и мутации поврзани со одредени типови на канцер, со цел избор на таргетирана терапија и персонализиран третман.
Третмани
Во одделот се применуваат различни форми на системски и локален онколошки третман, секогаш индивидуално прилагодени според типот, стадиумот и биолошките карактеристики на болеста.
Системски третман со цитостатици, прилагоден според видот и стадиумот на малигното заболување. Терапијата се планира индивидуално и може да се дава како самостоен третман, пред операција, по операција или во комбинација со други онколошки методи.
Најчеста форма на апликација, при која лековите се даваат преку венски пристап. Се применува кај различни типови на солидни тумори и хематолошки заболувања.
Апликација на терапија директно во ликворот, кај пациенти кај кои постои зафатеност или ризик за зафатеност на централниот нервен систем. Во одделот се применуваат лекови како метотрексат и трастузумаб според клиничката индикација.
Локализирана апликација на терапија во плевралниот простор кај пациенти со малигни плеврални изливи или туморски промени на плеврата. Најчесто се применуваат цисплатин и таксани.
Апликација на цитостатици директно во абдоминалната празнина кај одредени тумори и перитонеални метастази. Во зависност од индикацијата, се применуваат оксалиплатин, цисплатин и таксани.
Локален третман кај тумори на мочниот меур, при кој лекот се аплицира директно во мочниот меур. Најчесто се користи гемцитабин.
Третман за намалување на несаканите ефекти од хемотерапијата, вклучувајќи терапија против гадење, болка, инфекции, анемија и нарушувања на имунитетот.
Изборот на терапија се базира на клиничката состојба, патохистолошките резултати, генетските анализи и индивидуалните карактеристики на пациентот, со цел постигнување на најдобар можен ефект и минимизирање на несаканите реакции.
Технологија и опрема
Одделот располага со современа технологија за безбедна подготовка и примена на онколошката терапија:
Биобезбедносен кабинет (ниво 2)
специјализирана опрема за безбедна подготовка и разредување на хемотерапија, која обезбедува заштита и за пациентот и за медицинскиот персонал.Инфузиони и шприц пумпи
прецизна и контролирана апликација на онколошките лекови и поддржувачката терапија.Дијагностичка поддршка (ЕХО, CT, MRI)
современи методи за следење на големината и распространетоста на туморот, како и проценка на одговорот на терапијата.Лабораториска и генетска поддршка
континуирано следење на крвната слика, биохемиските параметри и генетските карактеристики на туморот, како основа за избор и прилагодување на терапијата.Опрема за апликација на локални терапии
системи и инструменти за интратекална, интраплеврална, интраперитонеална и интравезикална апликација на лекови.
Патот на пациентот
Консултација
Иницијална проценка и насочување.
Дијагностика
Утврдување на точна дијагноза и стадиум.
План за третман
Избор на најсоодветна терапија.
Третман
Спроведување на планираниот пристап.
Следење
Редовни контроли и проценка на ефектот.
Координација
Соработка со други специјалности кога е потребно.