ОРТОПЕДИЈА И ТРАВМАТОЛОГИЈА

Дијагностика и хируршки третман на заболувања и повреди на мускулоскелетниот систем.

Преглед на одделот

Одделот за ортопедија и травматологија обезбедува дијагностика и хируршки третман на заболувања и повреди на мускулоскелетниот систем.

Се третираат состојби на коски, зглобови, мускули и тетиви кај пациенти од сите возрасни групи, со современи и минимално инвазивни техники.

Болести и состојби

Одделот е фокусиран на дијагностика и третман на следните ортопедски и трауматолошки состојби:

  • Трауматски повреди и фрактури
    скршеници на коски, лигаментарни повреди, дислокации и посттрауматски состојби.
  • Дегенеративни зглобни заболувања
    остеоартритис, артроза на колк, колено и други зглобови.
  • Спортски повреди
    повреди на лигаменти (ACL), менискус, тетиви и мускули.
  • Вродени мускулоскелетни состојби
    деформитети, дисплазии и нарушувања во развојот на коскено-зглобниот систем.
  • Тумори на коски и меки ткива
    Бенигни и малигни промени кои бараат хируршки или комбиниран третман.
  • Деформации на ’рбет и екстремитети
    Сколиоза, кифоза, деформитети на стапало и оска на екстремитети.
  • Хронични болни состојби
    Болка во зглобови, грб и мускулоскелетен систем.

Дијагностика

Во одделот се применуваат современи дијагностички методи за прецизна проценка на коскено-зглобниот систем:

Клиничка проценка на подвижност, стабилност, болка и функционален статус на зглобовите.

Основна метода за откривање на фрактури, деформитети и дегенеративни промени.

Детална анализа на коскени структури, сложени фрактури и предоперативно планирање.

Прецизна визуелизација на меки ткива (лигаменти, менискус, тетиви, ’рскавица).

Проценка на воспаленија, изливи и повреди на тетиви.

Проценка на воспалителни и метаболни состојби кои влијаат на коските и зглобовите.

Анализа на биомеханика и опсег на движење.

Овие методи овозможуваат рано откривање на заболувањата и прецизно планирање на третманот.

Третмани

Во одделот се применуваат конзервативни и хируршки методи, зависно од состојбата на пациентот:

  • Конзервативен третман
    медикаментозна терапија, имобилизација, ортози и физикална терапија.
  • Артроскопска хирургија
    минимално инвазивни процедури за третман на колено, рамо и други зглобови.
  • Реконструкција на лигаменти
    третман на ACL и други лигаментарни повреди.
  • Хирургија на менискус
    парцијална ресекција или репарација.
  • Ендопротеза (вештачки зглоб)
    замена на колк, колено и други зглобови кај напредна артроза.
  • Третман на фрактури
    оперативна фиксација со плочки, завртки или интрамедуларни клинци.
  • Корективна хирургија
    исправување на деформитети на коски и зглобови.
  • Хирургија на тетиви и мускули
    реконструкција и третман на руптури.
  • Третман на ’рбетни состојби
    конзервативен и хируршки пристап кај одредени индикации.
  • Постоперативна рехабилитација
    индивидуален план за враќање на функцијата.

Технологија и опрема

Во Клиника Жан Митрев, одделот за ортопедија и трауматологија користи најсовремена технологија и опрема, според европски стандарди:

  • Современи операциони сали
    опремени за комплексни ортопедски интервенции со висок степен на безбедност.
  • Артроскопска опрема
    високорезолуциски камери и инструменти за минимално инвазивни операции.
  • Импланти и протези од најнова генерација
    за стабилна фиксација и долготрајни резултати.
  • Навигациски и прецизни хируршки системи
    подобрена точност при поставување импланти.
  • КТ и MRI дијагностика
    детална анализа и планирање на хируршки интервенции.
  • Рехабилитациска опрема
    поддршка за рана мобилизација и побрзо закрепнување.

Оваа технологија овозможува минимално инвазивен пристап, намалување на ризикот од компликации и побрзо враќање на пациентите во секојдневните активности.

Специјалисти

Патот на пациентот

  • Kонсултација
    Oртопедски преглед и проценка на симптомите.
  • Дијагностика
    Спроведување на потребни снимања и испитувања.
  • План за третман
    Дефинирање на терапевтски или хируршки пристап.
  • Интервенција
    Изведување на планиран третман.
  • Следење
    Постоперативна грижа и рехабилитација.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин